некаков (зам.) - матен (прид.)

Тоа што сакаа да го видат цело време беше некаде потаму од она што го гледаа, но и не можеа добро да видат зашто прозорците беа од бледожолтеникаво провидни каучукови плаки опшиени во мушамени рамки, така што изгледаа како исплакнати во некаква матна вода.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ти мене самата ме вовлекуваш во некаква матна, леплива, ниска ситуација на чувствата. А јас не сакам!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И пак како онаа бубачка со многу очи виде сѐ што беше околу него - облак, сив и гол полжав, се прикрадува кон високите покриви на трите нови и бели источни згради и некаква матна посребреност на далечните грбави планини, брзи гулаби, згуснати во својот лет над камените ребра на мостот, околу кој се плеткаше лута и матна вода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Арсо полека тонеше и се губеше во слабост и некакво матно задоволство го обземаше за тоа што чезне и гасне во магловина...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)