некаков (зам.) - имагинарен (прид.)

Постои некаква имагинарна рамнотежа, некакво согласје, можна хармонија, меѓу законитостите во природата и социјалните законитости и историјата, кои најчесто ги доведува во прашање човекот со своето однесување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше во постојано очекување на некаква имагинарна пресуда која, во секој миг, можеше да се упати против него...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И настојував, читајќи го Сјоран, да се доближам до смислата на неговата Школа на тираните во проекцијата на видениот државен удар во Тунис, подоцна во доживеаните состојби на однесувањето и на други владетели до кои се доближија моите дипломатски мисии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така, во Атеистичкиот музеј во Скадар ми беше фрлена анатемата како на непоправлив неверник во сталинската идеологија на родната земја, ми се стеснуваше стапицата на некаков имагинарен реванш без реални причини.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)