некаков (зам.) - далечен (прид.)

„Доста!“ „Ќе го убиеш!“ „Леле, крв...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ниту во еден дел од Океанија жителите немаат чувство дека се колонијално население управувано од некаков далечен центар.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сето тоа беше некаква далечна, магловита слика, можеби настаната како плод на неговата желба да има пушка, но сакаше да верува во неа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јас него одвај и го познавам – рече мајка ми со некаков далечен глас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Додека ја смируваше својата лутина, збивајќи го острото сечило во телото на Јурукот, некаква далечна, избледена слика, или одглас на некаков разговор, за миг му прелета низ главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како низ некаква далечна магла слушав гласови на Влатко, Ташко и Дејко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дали тоа било навистина така како што го нацрта или е само некаква илузија, некаков далечен сон...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)