некаков (зам.) - важен (прид.)

Велат го возвишиле во некаков важен службеник. Издавал точки за штоф.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Го помина камениот мост со неговите четиринаесет свода и со двата гроба отстрана на неговите градители, и токму кога се загледа кон многуљудната врева кај Даут-пашиниот амам, пред него, пак поради некаква важна случајност, застана чуварот на мостот и му се загледа со лутина в лице, небаре Ибн Тајко имаше скриена намера нему, кој се грижи за мостот и за неговото одржување, на некој начин да му наштети.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа мене ми годеше, а и зошто не, и татко ми имаше завршено економско училиште и работеше некаква важна работа во фабриката.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А во Соколаната организирал приредби. Дури и филмови прикажувал. Богами!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)