некаков (зам.) - цврстина (имн.)

Кога ќе се гледаше во тоа лице, секогаш се имаше некаков впечаток како на него да недостасува нешто, некој свиок на некоја брчка или некаква длабочина, или можеби некаква цврстина, што би го собрала него во една целина, која што продолжува упорно да недостасува и колку да се мачеше човек да ја бара на тоа лице, загледан во него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тој судир со дрвото кое бранеше некаква сила, некаква цврстина затворена во себе, збиена во тие еден до друг вклештени јазли, Бојан добро се испоти и првпат откако беше влезен во борба со многубројните грижи и пречки што го опркужуваа, се сретна со таков лут, таков тврдоглав непријател, па мораше да го слече палтото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)