Се труди, но не успева да дојде до крај на некаква улица, кадешто би влегол во некоја куќа и би поразговарал самиот со себеси - би направил краток разговор за тежината во стомакот што доаѓа од онаа немоќ тој самиот да постави рамки во кои би ја сместил околината со сета нејзина севкупност а себеси како јасно издвоена, и никако вклоплива поединост - би се оставил на страна, , надвор, или барем на крајот од светот, а тоа да не е така заради него или заради светот, туку заради природата на рамките.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)