некаков (зам.) - ред (имн.)

Добро е, во космосот сепак има некаков ред време дур ѓубрето се трупа, и време кога тоа треба да се собере.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Гледаш, - си реков - и тука мора да врви по некаков ред.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога се движите низ овој град, сметате дека сообраќајот се одвива без ред, но и во тоа безредие постои некаков ред, зашто ако беше поинаку би настапила бркотница и би дошло до сообраќајна катастрофа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јас треба на сето тоа, да ставам некаков ред! Но како?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Наставникот по фискултура обележуваше кое одделение каде ќе влезе.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Автобусите веќе беа паркирани пред училиштето.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Зашто ателјето на Гого беше жива слика на општ неред, во кој исклучиво тој гледаше некаков ред или ред нему што му годи колку што му треба, па затоа за жива глава не оставаше туѓа рака да го зачисти, па макар да е тоа и неговата сопствена жена.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Па нели сме како роднини?“, се обидела Рајна да ги доведе во некаков ред работите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)