Сите тие требаа една посебна вибрација која во себе ја носи најсуптилната магија на едно фасцинантно културно миље растеретено од локализам и малограѓанштина, миље во основа длабоко космополитско,миље кое најдобро би го еманирало културниот и менталитетски феномен - ЕВРОАЗИЈА. • Дали вашиот циклус слики “Хитлери” е некаква реакција на страшно нараснатите тоталитаристички струења во бившата СФРЈ, на од формалин извадениот романтичен концепт за “национална држава”?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Потоа почна да зборува за нејзиниот брат и како тој учествувал во некој натпревар, но на Ѓорѓија тешко му одеше сфаќањето на овој дел, бидејќи таа многу се смееше и го погледнуваше во исчекување на некаква реакција, а покрај тоа говореше брзо и неартикулирано.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Додека беше помлад, Татко, храбро и без некакви реакции и двоумења, очекувани од противниците, ги примаше нивните удари, од сите страни.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)