Малодушно измисли некаква приказна како на мајка му одеднаш требала помош.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Тука никогаш не е досадно, ниту недостасува инспирација.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Определувајќи се за таа стратегија, Милер се труди да ѝ даде опипливо значење на пропозицијата, која често ја изговараат геј-мажите во врска со раното влијание што врз нив ги имало едно или друго дело од популарната култура, дека тоа и тоа дело „ме направи геј“ (66; ова е уште еден белег на Милеровата смелост: мнозинството од нас инстиктивно би клонело од секакво објаснување на хомосексуалноста кое би било завиено во речникот на етиологијата, во некаква приказна за потеклото, стравувајќи онака како што стравуваме дека секој развоен приказ на тоа како некој станал геј задолжително подразбира некаква патолошка причина).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Парадоксално, безличен е токму затоа што во себе го впива секој лик кој ќе му се испречи на патот, и кој на тој начин дрско му се вмешува во неговото дело: го вшмукува секој здив на децата, кучињата скитници и пирошките со сирење во Луна паркот; во замислениот нотес го регистрира секој телесен гест кој укажува на наклоност помеѓу двајца - погледите разменети на соседната маса, подолги од оние кои вообичаено се фрлаат на соговорникот колку да се увериме дека е уште тука, благиот допир со раката по нечиј грб, кој треба да внесе малку утеха во чинот на разделбата, и да влее повеќе сигурност во шансите за следна средба; се обидува да го толкува и најбесмисленото дрдорење на водителот на утринската програма и со внимание да ги следи соопштенијата за безбедноста на патот; во себе собира сѐ, како фрижидер за длабоко, како количка на старо купувам, како црна јама...во сето тоа барајќи некаков заплет, некаква приказна, некаква смисла.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Седнувам на масата и гледам наоколу, секој предмет, секој агол води во некаква приказна.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)