некаков (зам.) - полусон (имн.)

Продолжив во моето непоместување, во таа смиреност и едноличност на дишењето, не затоа што сакав да го измамам брат ми, туку затоа што не сакав да го прекинам задоволството во кое се наоѓав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во едно од неделните пладниња, откако ги ислушав зборовите на Зигмунд, измешани со тупотењето на моето срце, чувствував како дишам сѐ побавно, како очите ми се склопуваат, лежев така ни будна ни заспана, во некаков полусон, и слушнав како брат ми тивко, едвај чујно, ме прашува дали заспав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така ми се појави како во некаков полусон, полубладање - како сурогат на бессоницата, такво нешто како клиничка слика...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Наеднаш немаше желба да се бори, да се докажува, постоеше само некаква сила што го влечеше кон леглото, што постојано го држеше во некаков полусон.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)