Кога непријателот навлезе наваму, жандармите ја напуштија куќата и се сневидоа некаде, а луѓето што сметаа дека од вратите и прозорците ќе имаат некаква полза - им ги удрија копачите и скепарите, па ги исподигаа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Како Русија, така и европската дипломатија, би не ослободиле ако има од тоа некаква полза или ако беа присилени тоа да го направат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тогаш кога Симон ми зборуваше за стрелањето што го извршил Борко и дека тој го потопил Долнец, не заради некаква полза за земјоделието и за напредок на земјата, туку за да се спаси ако може себе си од тешкиот товар на злосторот, да го скрие и да оневозможи тој злостор да излезе на видело, во тие моменти на повреденост и изгубеност кога се вртев наоколу и по својата глава барав со кого би можела да зборувам, до телефонот го забележав името и бројот на Владе историчарот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)