некаков (зам.) - метод (имн.)

Бидејќи, можам добро да замислам како, почнувајќи од тој момент, почнувајќи од тој пораз објавен од постарите браќа, младиот Marcel не можеше а да не ги набљудува со сосем други очи оние на кои до вчера им се восхитувал и чии што теории ги слушал, т.е. да не види во Jacљues Villon, вечно облечен во својата аптекарска јакничка, уметник чесен но здодевен, а во Raymond некој чија што мануелна вештина требаше да се презира од истите причини поради кои Leonardo го презирал Michelangelo, бидејќи, на крајот на краиштата, скулптурата „предизвикува потење и замор”, а оној што се занимава со неа „прекриен е со мермерна прашина како пекарски чирак” (8), додека Duchamp-овата амбиција веќе тогаш беше да воспостави некаква метода, или да спои три вида на делување: сликарот, но и интелектуалецот, и конечно, универзалниот уметник, политехничар, да стане најпосле, во својот век, она што Leonardo беше во својот, човек од одреден маниризам, церебрален и меланхоличен денди, на аристократско растојание од општеството и во самотијата на една соба која е поблиску до печката на филозофот отколку до работилницата на некаков си занаетчија.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)