некаков (зам.) - машина (имн.)

Тогаш Хајнрих беше скоро неподвижен, затоа што неговиот ум не можеше да му каже на телото да се придвижи – деновите ги минуваше в кревет, и само кога доаѓаше часот за одмор во парк, болничарите ќе го поткренеа, ќе го поттурнеа и тој како некаква машина се движеше сѐ додека некој го туркаше, правејќи отсечни чекори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го движеа така по ходниците до излезот, потоа го носеа до некоја од клупите, па го притискаа на рамената и тој седнуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од тој ден сите кренаа раце од него: со ноќи остануваше над масата за препишување и се okno.mk | Margina #32-33 [1996] 126 обидуваше да се сети, да ја нацрта машината што ја беше сонил.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Една ноќ сони отец Ангелариј некаква машина што сама пишува писанија и ги размножува, за час, во неброен број преписи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Другата ноќ пак, виде отец Ангелариј оти отец Лаврентиј трча по падините на Македонија; табаните му се камен, но тој трча и паѓа; виде оти носи абер, оти нема да стигне до Бело Езеро, нема да втаса да каже што видел во идни времиња и што станува со исчезнатото сочинение.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)