некаков (зам.) - излез (имн.)

Гледам дека и ти си на тој пат. Но ти барем си насочен кон некаков излез.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓутоа, ако некаков излез, постоеше, можеби беше во идеите на татковите книги, кои се однесуваа на потрагата по константите на идентитетот низ троверјето, кои не завршуваа во ниту една конечна татковина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Чувството дека таквата положба не може веќе да се трпи и дека некаков излез мора да се најде, општата омраза спрема Турците, направија целото христијанско население да го прифати оној кој сега ќе му помогне или кој покажува на дело дека сака да му помогне...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Беше сигурен во себеси. Арсо требаше да најде некаков излез.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Наместо да се обиде да дојде до некоја информација што ќе содржи или барем ќе наслути некаков излез тој по втор пат ги исцедува помеѓу забите истите веќе искажани констатации: дека Загорка минатата ноќ не ја поминала во нејзината постела и дека за жал не е пронајдена нигде во кругот на болницата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Раѓањето беше некаков противудар на судбината, некаков излез, обнова на надежта, по толку умирачки.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Си правеше семожни комбинации во мислите како да дојде до некаков излез од заробеното време со затворени граници?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Требаше да се трага по смислата на неговите книги во неговата библиотека, во нивниот распоред и односи со другите книги, требаше да се трага низ еден лавиринт, за да се најде некаков излез, или влез во друг лавиринт, да се живее само низ утехите на потрагите, да се има спокој на надеж само на крстопатите на балканските лавиринти.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дали ќе се оствареше претскажувањето на Игора Лозински - дека ако стаса сталинизмот до Езерото, сигурно ќе страдаат и луѓето, и реката и јагулите, или ќе има некаков излез?!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нашата изненаденост од огромната празнина што се отвори пред нас без да ни понуди некаков излез, беше сепак различна. А за целта и да не зборувам!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И оваа книга означуваше некаков излез, излез во животот, излез од Балканот, по кој Татко трагаше со сите свои други книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)