некаков (зам.) - значење (имн.)

Се разбира, овој збор во денешната лингвистика добива некакво значење на употреба само во историска смисла, особено кога се трага по состојбите на старите јазици и се мисли на нивната поврзаност и сродство!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во гестовите имаше манири на жена од повисок ред за кои таа беше свесна, но нив им придаваше некакво значење само во врска со сознанието дека со таквото однесување за другите беше поинаква, необична и интересна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Зборувај, ништо не е без врска, се си има некакво значење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Како можеме ние на оваа сиромаштија да имаме мрсно јадење за цела година“) Значи, тука беа запишани сите празници што за него имаат некакво значење, религиозно но очигледно и економско.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Слабата светлост што паѓа од височина има некакво значење само за едниот, за Кара-Демир, зашто може да го види другиот кој личи во згрченоста на човек и на ѕвер најмногу, на сениште.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дали овие зборови - ‘трансгресија’, ‘радикална’ - имаат сѐ уште некакво значење во денешниот уметнички свет?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сведување на сопствена чиста форма, токму за тоа зборува радикалната авангарда: трансгресија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Зар сега и јагулите ќе имаат некакво значење - во воспоставувањето на Империјата на сталинизмот на Балканот?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Французите се зачетници на таа необична измама; но ако еден поим е носител на некакво значење  ако зборовите црпат некаква вредност од својата применливост – тогаш зборот ’анализа’ изразува ’алгебра’ приближно исто толку, колку што латинското ’ambitus’ означува ’амбиција’, ’religio’ – религија или ’homines honesti’ група луѓе достојни за почит.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)