И пак стрелал со своите четири пушки стискајќи секакви крпи врз раната и со матно сеќавање на мајчините прикаски за араратски осаменик што со своја крв поел некаква земја што можела да се протега и во Библијата и во Коранот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ама сите тие стравотии секогаш биле некаде далеку, далеку од нив, во некакви земји н е б и д и и.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Стрелале и го прашувале дали сѐ уште сака да има деца, а тој, антав воин, со тешки зборови им одговорил дека ништо веќе не сака, дека е од нивна пушка крвав над коленици, жив за борба но без машкост за татковски соништа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)