некаков (зам.) - глас (имн.)

Слушнав бучава на камиони, некакви гласови и нагло дигање и спуштање, на тврдо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Како да слушав некаков глас однатре: никако да не одиме во подрумот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Првиот од тие гласови бил прославен бас, вториот бил само гласче, не и некаков глас.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Еден сон што го сонував. Сонував дека сѐ ќе заврши, и еден глас што вели дека сѐ е готово; не некаков глас на кој би можел да се присетам, туку онака, глас, и ми вели како тука на земјата сѐ ќе застане.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во тоа ми помагаше некаков глас што ми идеше одовде и што ми велеше: истрај, не давај се, веќе си близу до ваму, близу си до дома, ќе стигнеш...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А требаше, та ти мораше да сториш нешто сосема друго, барем да покренеш нешто, да дигнеше некаков глас, да запрашаше, да ја испразнеше својата разгневеност во некоку прашања. А ти, ти измолче за сѐ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Времето годините низ сито ги просеало, со врескалото да се кара на басот му здодеало.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)