Свиен, зграгорен, нем, Андон не можеше никако да се прибере и да сфати што станува со него сега.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И него сега почна да го копка црвецот на сомневањето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Од зад него сега допираа само уште тивките потлуснувања на огнот, што продолжуваше да се шири, неговата топлина и неговото застрашување, полека и трпеливо да надоаѓа и кон неговиот пар, а по снегот, пламнувајќи, се носеа неговите одблесоци.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Нему, да признаеме, не му беше лесно: за него сега немаше ни селски празници, ни излегувања на сретсело како некогаш; мораше да седи дома плашејќи се од заслужената одмазада од луѓето кои, ако не друго, сигурно безмилосно ќе го мајтапеа онака како што умеат само селани.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Дури и оној под него сега беше отстапен по дирата надолу и сѐ, што можеше да се види од него сега, беа само фосфорните искрења на неговите очи, две џишки во мракот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)