Значи делењето е вештачко и од борбата со него најнапред ќе треба да се зафати нашата нова работа во понатамошниот развиток на нашето национално самосознавање.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако во мислите се вратите во педесетите години и ако замислите дека стапнувате врз територијата на Донскиот манастир низ портата на кулата што е свртена кон прехранбената продавница, она што прво ќе ви падне во очи е една маркантна личност која нервозно се шетка од железниот турски топ до стражарата на манастирскиот чувар и обратно. Тоа и е фамозниот Сухов. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 67
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
67 При средбата со него најнапред ќе се почувствувате малку непријатно, бидејќи тој, забележувајќи ве, ќе направи еден потполно ненормален израз на лицето; просто ќе имате такво претчувство дека тој човек токму сега ќе пријде и ќе рече нешто грозно, како: „Квинтилиј Вар, врати ги легиите!“
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)