него (зам.) - веќе (прил.)

Со последната страница, со која го поклопи ракописот, Грдан се протегна од долгото седење, но во истиот момент се сепна и ги спушти рацете, зашто пред него веќе стоеше Горда - облечена и дотерана.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Стрела со него веќе го покажува пријателството кон тебе. Погледни како го мрда.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Всушност радоста во него веќе беше секната. Ненадејно, уште при средбата со Денко на потокот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Набргу пред него веќе немаше ништо за јадење, но момчето уште седеше крај огништето, пред распалената жар.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само што ќе ни се запрат очите на некое селце лево или десно од патот, а него веќе го нема.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Занесен од својот глас, Еразмо случајно се сврте и виде дека до него веќе го немаше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Средбите со него веќе како да ми беа терет, при секое излегување нешто во мене како да се бунеше и ми велеше да не го правам тоа што навистина не сакам да го правам.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Границите на Бугарија за него веќе станале тесни.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со своите нозе, со своите раце, со оние свои темно привпламнати лица, тие луѓе го правеа ова, коешто за него веќе долго и докрај беше еднаш засекогаш загубено и недостижно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За него веќе ништо не можеше да го наполни овој ден и сета онаа белина напред; таму остануваше само еден прекрасен, но не уловен лов, а еден онаков самјак можеше да остави по себе во снегот и цели коски, можеше да направи и цела една бразда крв по должината на целата трага, а пак да не падне, пак да не биде кутнат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се будеше со вресок, испотен, со коленици што потреперуваат, мајсторите крај него си спиеја во онаа изгубена и за него веќе недостижна топлина на мирните постели и тој дури по подоста време, исправен на своето, легло, неприемчиво и змиско, немаше од кого друг ни да го крие освен од себе тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас знам каде е каменот што тој го милуваше додека шараше со очите и рацете по црниот мермер чекајќи да ѝ се придружи, а не знаеше ни како се вика тоа тело што не легнуваше во постелата до него веќе предолго, предолго за него.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За него веќе нема место во селово, а може и да е убиен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во него веќе имаше отпечатен образец за договор за работа, во кој беше внесена и обврската за чување тајни. Решив да го потпишам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Одрекувањето на жената му се чинеше како уште една потврда на нешто што за него веќе не беше сомневање, туку лоша извесност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но него веќе го забележаа, го пречекаа со повици и истиот миг сите тргнаа во претсобјето и одново му го разгледаа шинелот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во почетокот, ретко разговаравме меѓу себе, можеби затоа што се бевме заколнале дека ќе ја чуваме тајната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дури тогаш сфати колку е осамен во тој прекрасен, луд и неразбирлив град, во кој никогаш веќе нема да биде среќен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За него веќе нема враќање назад.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не сакам за ова веќе ништо да чујам! Ти него веќе никогаш нема да го видиш!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На него веќе немаше ништо суво - бил човек, станал сенка, сега ни кучињата не го забележуваат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во чантата се наоѓаше книгата, што беше кај него веќе шест дена, но тој ја немаше отворено, дури ни погледнато.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нема ништо да смениш, готово е сѐ, него веќе го нема, не знае ништо, не чувствува ништо, но, сепак, не би сакал да бидеш ваква, сигурно.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Авторот ја отвори прво предната врата спроти себе и додека се пресегаше да ја отвори и задната на седиштето до него веќе се смести најстарата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Германија за него веќе не беше тоа што беше. Конечно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кон него веќе ројот од бубачки ита мравката тревата ја напушта црвецот кората и пчелата веќе кружи над пролетното чудо.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Кога замина, за него веќе не зборуваше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сам бродеше низ небото. Огромната земја под него веќе исчезна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ваквите случувања изгледа него веќе не го возбудуваа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, дури си отишол да го угаснеш, него веќе го преболело.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не е како сегашниве: во него веќе сè е напишано, само сликички да собираш и да лепиш.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сакаше и да ме гушне пред да излезе, но за мене гушкањето со него веќе беше историја.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Само што ќе ни се запрат очите на некое селце лево или десно од патот, а него веќе го нема.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)