Грците ја уништија Охридската архиепископија затоа што се спомнуваше името „бугарска”, како историски reliquium, но го употребуваа името Бугарин за да го овоплотат во него својот презир кон сѐ словенско.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Средствата за достигнувањето на оваа цел беа чисто културни, па сепак и овој план ние не успеавме да го реализираме, бидејќи приврзаниците на идејата за „голема Србија“ го кренаа и против него својот влијателен глас”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Да му се довери на некој друг работата на желбата, верувањето, љубовта, одлучувањето - не значи одрекување, туку тоа е стратегија: правејќи ја од него својата судбина, вие оттаму ја црпите најпрофинетата енергија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И сега, кога стариот мајстор му ја откри пред него својата душа, на Веле му стана уште потешко.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Камилски знаеше дека Татко во Цариград студирал покрај правото и исламска филозофија, но тој никогаш не ја пројавувал пред него својата филозофска вокација.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Неговото срце се топлеше со љубов додека животинчињата ги креваа малите главчиња и ги насочуваа кон него своите прекрасни мали очиња што немаа капачиња.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тоа не го стори Арсо, туку молчеливо ја крие пред него својата сомничавост и умилно восхитување му лебди на лицето, а токму тоа го насрчува Етхем-паша и во неговите зборови блуди некоја горделивост што го дразни Арса и речиси, тој е дојден до крајот на своето здружување.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Виде и дека е итра, и дека сигурно одоколу ќе покаже благост, за да ја скроти пред него својата сила, која избива грдо како шурка од дупнато црево.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Младичот ги повторуваше пред него своите одговори од збор до збор, а Змејко знаеше да се испоти, сиот да пребликне од пот, вникнувајќи по некое чудо во сето тоа, можеби и недоразбирајќи го значењето на зборовите, но сфаќајќи ја многу добро тежината на сета таа игра.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој долго веруваше дека нивните напори да направат од него свој вистински потомок, своја копија, не им успеа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Да му се довери на некој друг работата на сакањето, верувањето, љубовта, одлучувањето не значи откажување, туку стратегија: правејќи од него своја судбина, вие оттаму црпите најпрефинета енергија.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)