него (зам.) - вистински (прид.)

Беше позната изреката за Кадуми според која служењето со зборот му е посилно отколку со оружјето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не сакајќи можеби да го повредат, тие всушност непотребно му го усложнуваа и загорчуваа животот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но за него вистинскиот збор без одбраната на оружјето ја губеше својата првична смисла.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога конечно ќе ја прочиташе според него вистинската книга, а таа беше секогаш последната, според распоредот на рафтовите во библиотеката и редот на читањето што само за него имаше некакво посебно значење, тој ќе си ја ставеше старата излитена вратоврска и црната паларија донесени уште од Цариград и излегуваше во старата чаршија да се види со своите најблиски верни пријатели со кои играше балкански покер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мислам оти и роднините на дед Павел, од Русија, оние што одвреме-навреме му се јавуваа со писма, намерно ја криеја од него вистинската положба.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)