Уште од студентски денови, кога заодеа по тесниот пат на заедничкиот живот, па и кога одеа на пат или одмор, тие се пакуваа секој за себе: Кате сè здиплено и наредено, одоздола до горе, според редот на потребите; а Боге, стуткано и на купчиња, без ред и за него важечки, така што кога бараше нешто требаше да ја истресе целата торба наопаку па да собира од земјата петкамци.
               
             
           
            
            
              „Синовски татковци“
               од Димитар Солев 
              (2006)