Во замена за тоа, ако еден народ добие политичка слобода или се исполни нешто друго важно за народниот живот, без негово или со мало негово содејство, тогаш кога кај него нема уште изработени народни идеали или ако се изработени не се усвоени од сите членови на народот, тогаш, во таков случај, народот не ги цени народните идеали и, како човек без определена цел и програма за работење, се фрла ту на една ту на друга страна, правејќи го тоа не затоа што е убеден оти така треба да биде, ами затоа што гледа дека има околу него луѓе што постапуваат така или инаку.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Од таа напара не го права сега тоа напарки — попреку нарилник — специјална направа која му се тура на добитокот на устата да не направи штета кога работи со него човек насадам — нафрлам снопје на гумното.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ова е најголемиот парк во Софија и во Бугарија, а можеби и на Балканот, зашто се протега со километри и зафаќа пространство нешто поголемо од 3.600 декари, и во него човек не се чувствува дека е во срцето на голем град и дека на дофат на раката е неиздржливата бучава од мотори и автомобили...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не, се колнам, не се шегувам, ќе беше од него човек, градител и слично, само ако тој ден не се опаметеше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Потајум таа бездруго се надевала дека Али Фети можеби ќе го задржи својот внук во Цариград, ќе направи од него човек, како што си велеше повеќе за себе, отколку за другите, а потоа ќе ѝ се исполни желбата животот да го заврши во земјата на своите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Замавна со големата тупаница и ме исплаши со завагледите очи - врколак е, само дење гледавме во него човек.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Јас секако, не сакам со ова да изразам дека униформата може да делува и да наредува независно од содржаниот во него човек, но ми се чини дека слободно може да се тврди, со блескава униформа дури и слабичките градоначалници - дури и тие може да бидат прифатени на служба.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Токму затоа, господа слободоумци, зашто во вршењето на државната дејност униформата, така да се рече, му претходи на човекот, а не обратно.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)