Орото го води невестата Видуша, до неа зетот Богдан, до него татко му, мајка му, дедо му, роднини и пријатели и завршува со неколку деца кои го искривиле орото како опашката од гуштер.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Снегот уште не беше разгазен па одевме сасмо по една дира; дедо ми напред, по него татко ми, зад него Јоле, Николче па јас; зад мене мајка ми и зад неа, последна, баба ми Ѓурѓа.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Змејко беше едно од децата и стоеше со сите разбудени ѕидари на една проѕирка и гледаше низ неа по цели ноќи, сѐ додека не дојдеше по него татко му и не го одведеше до леглото.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)