Неговата уметност не претставува за него спас, затоа што таа, како и тој се наоѓаат на истата страна на”ѕидот”.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
А грозна смрт ги зафаќаше; кравите, воловите, телињата, умираа од надуени меови, со кренати нозе како на гајда; од устите им течеше пена и недоџвакано зеленило; очите им беа испопулени, ишиклени; главите ги држеа свртени кон небото како да чекаа од него спас или навалени на едната страна како да се одмораат и спијат; опашките кренати и извалкани од лепешки; пред да умрат, испуштаат издишки, јачат како човек што тешки болки го притискаат; преткаат, клоцаат со нозете како од нешто да се бранат; ако се згодиш тука крај нив, те гледаат милозливо, те молат очекуваат од тебе спас;
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)