него (зам.) - отец (имн.)

Се сретнаа недалеку од наредените црвени автобуси опседнати од шаренолика толпа и застанаа еден наспроти друг, со испитувачки погледи и затворени секој во себе. „Па здраво“, зачекори кон него Отец Симеон, гаменски исправен и со забуцани раце во длабоките џебови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Погребната поворка одеше тажно; напред децата ги носеа црковните бајрачиња, по нив питропот со крстот, по него отец Серафим, енорен свештеник од манастирот Свети Наум, по него ковчегот со мртовецот, по него семејството, роднините, пријателите, прифаќајќи го ковчегот и сменувајќи се при носењето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)