Радосен што толку бргу и лесно се сврши целата работа, него место не го држеше, додека не ја види уште момата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Обично кога се враќаа од биоскоп или театар, Павле и жената, покрај другите работи по излозите меркаа и штоф за ново палто.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Знам и за кучињата и за кравите, знам зошто вујна понекогаш ме мазни по глава, ми дава лепче со сиренце само за да излезам надвор од куќи; знам и колку го налутува тоа мое влечкање по скали добриот вујко, него место не го земаше чекајќи да излезам од куќи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Единствена деградација - знак дека палтото си го отслужило своето, - што немаше повеќе за него место во орманот и што висеше на еден клинец зад кујнската врата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)