Та Чана знае дека таа кога и да се седне да се јаде, остава полна чинија и за него која на крајот ја изобуваат внучињата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Знаеја тие дека фустанчето што го носи е донесено директно од Париз, ама не знаеја дека претходната вечер го теснеа тука, во Скопје, по две педи од страна, зашто толкав и беше стомакот пред да го пометне детето, па под сликата на гламурот, никој не можеше да прочита колку тага се крие под тој фустан, голема како и празнината под него која, како по законот на Архимед, беше еднаква на истиснатиот волумен.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Подоцна тој заклучи дека знаците за кои тој уште не беше свесен спотнаа некоја соодветна сила во него која толку многу се раздвижи што тој мораше да стане свесен за нив.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)