него (зам.) - таа (зам.)

Толе се изненади на неговата љубов и приврзаност, но за него таа беше бледа сенка од бело облаче, која за час исчезнуваше под светлите лачи на јулското сонце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Преку него таа ја објавува вклученоста во претставата и ја изјавува оценката за она што и го мати или бистри погледот, то ест за она што и ги масира ушите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Според него таа пропаганда била “заснована на силно антиројалистичко чувство“.328
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
При него таа се губеше сосем, гледајќи да биде што понезабележена, зашто секое нејзино послободно движење ќе го проследат преку железната рамка на очилата неговите студени и остри очи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Да знаеш дека Изабел многу ќе се израдува поради оваа наша повторна средба и да бидеш сигурна дека ќе те чека во нашиот дом со чаша коњак стар стотина години, а со него таа послужува само специални гости и во специјални прилики.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
За него таа беше онаа истата негова Срцка од средношколските и студентските денови, во која се заљуби на прв поглед и не се одљуби до овој миг.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Иако со Сања се сретна само еднаш, за него таа беше љубовница, и тој збор и помислата за неа беа израз на присноста негова кон отсутното што толку многу го сакаше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кон него таа повеќе изразуваше стравопочит (тоа можеше и да се глуми) отколку искрени интимни чувства, но со благодарност кон него секогаш беа исполнети нејзината душа и нејзината уста од која можеа да се чујат најубави зборови за сè што тој направи таа да се вклучи меѓу неколкумината соработници со врвушката на Центарот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во него таа ги услужуваше гостите што доаѓаа во Центарот и сакаа малку да се опуштат под големиот костен пред бифето, но имаше и точно утврдени дневни обврски: секое утро го вареше и го сервираше млекото за појадок на жените, а за службениците на трите стражарски места и за Гоше од осматрачницата напладне подготвуваше топол оброк.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Геле Накотник, сеедно што имаше нож, не можеше или не сакаше да стори што и да било, ништо не можеше или не сакаше да стори што и да било, ништо не можеше, ни да се фрли врз попот ни да ја задржи дојдената фрконога Јага Перуника: место него таа се фрли врз замрсеното клопче.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кај него таа е обновена, прочистена од грубите милувања на морнарите од трговските бродови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Под него таа мисла, беше вака запишана: I work for money, if you want loyalty - get a wife!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кога ѝ реков дека ќе го побарам и ќе говорам со него таа од радост ми подари и нова шамија за глава.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Како што ти сега ќе заминеш по вода така и него таа ноќ го снема“ А потоа се загледа во мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со него таа мина низ многу искушенија.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Дуда веројатно сметаше дека за да легнат туѓите прашања во моите раштимани мисли потребен е ангажман и на рацете а не само на зборовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А додека тој ја прашуваше дали се сложува со него таа ме потчукнуваше по рамото.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Баге и самиот не беше свесен од каде кај него таа жица на шегобијност?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од каде, инаку, кај него таа шилеста глава, шилести раменици, нели тоа е некој страшен, полноќен, заврзок на некоја несреќна девојка со злиот дух.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа е парадигма на современиот капитализам, која допрва ги чека своите одговори и која нужно не е цел на овој проект, иако низ него таа, на една релативно чиста општествено- економска заднина, може полесно да се воочи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во него таа најде сила и оздраве.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)