него (зам.) - сиот (зам.)

Султанот се наведе и со двата прста го фати за левото рамо, го исправи и го поведе кон еден од диваните и седна, a Суљо пак клекна пред него сиот затресен: – Е кажи, синко, кажи!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се врти тој се врти со него денот и мракот со него сето поле и сиот космос се движи.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Тој ја дигна, чашата и го испи оловото и со него сето она што беше шарено и нејасно.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Беше сам, а тоа стоеше во него сето време како збигорено липкање, како нешто недопроголтнато, застанато потпрено во самото грло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Удира Богдан со копачката по него сиот бесен што сега се нафрлува на ѕидот што го поправа и искрпи со малтер.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)