него (зам.) - треба (гл.)

Во него требаше да се чуваат новите, но и да се трага по старите реликвии на државата, да се трага по цврстите докази за нејзиното постоење.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Болните, пред да се напијат и пред да се потурат со вода од кладенецот, во него треба да пуштат паричка, железна, и трипати едноподруго да изговорат една молитва што тука, на лице место, ќе им ја каже бабата и пак така, ноќе, потајум, никој да не ги види и да не ги сети, заедно со бабата, да се вратат во населбата во Потковицата - ако сакаат да им се фати лекувањето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не беше овој како Гога, стариот веднаш го процени тоа, кај него треба да се побуди разбирање.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На него треба да се создаде една богата училишна, научна и убава литература за да може преку нив да се рашири низ цела Македонија во вид на литературен јазик што ќе ги измести од неа јазиците на пропагандите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе речеш чекан и ќе помислиш... што ќе помислиш? - Дека со него треба да удриш по нешто или некого...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Е, токму тоа, зрното што плива, е главното и него треба да го мислиш дека е големо парче месо...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Татко се сложи и Камилски на новата средба закажана кај него требаше да реферира за турцизмот башибозук - курбан, се разбира, зборот поимот јаничарство дежураше во нивните мисли за конечно да се сложат за неговата дефиниција...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Што се однесува до Патрик Изабел ми објасни дека со него треба да бидам секој ден попладне од тринаесет до дваесет часот навечер.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Шишман одеше напред. Србин зад него требаше да внимава и да не налета на Шишмана та да го турне покопувајќи го.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На пример, тој смета дека: Зборот „конструкција” денес доведува до конфузија, за него треба да биде дадена Lock-овска или Kant-овска интерпретација. George Kelly го користи зборот во Kant-овска смисла (Rychlack 1991, стр. 85).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
11. Поп Доне со Килета се смести во одајчето во даскалницата, владичкото, како што го викавме зашто во него требаше да спие владиката ако некогаш дојде да пее во нашата црква.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
По заминувањето на пратеникот на Албанската влада, Французинот рече: - Од ова што го чувме од преставникот на Албанија и од ова што досега го утврдивме, сè повеќе се уверувам дека Манастирот и населбите околу него треба да ѝ припаднат на Албанија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ја моли Господ и за Даниел, за него треба многу молитви Ах, Рози, не плачи. Колку овој ден убав.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Само, на едниот агол од дворчето мора да има старо дрво зашто на него треба да биде закачен кристален лустер, од оние грчките, а од него светлината да паѓа врз маса направена од дрвени талпи, поминати само со една рака боја и доволно голема да собере барем петнаесеттина гости.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој е машка глава и него треба да го прашам...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Согласно вообичаениот ред, него требало да го замени друг професор.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Верував дека немам причина да го сметам за привид!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дали и него требаше да го сместам помеѓу таинствените пораки на искушенијата?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Едгар Морен, оваа состојба на месијанска идентификација на вечниот суверен со правото на владеење над судбината на народот, овој вид на делириум во владеењето, го толкува како нарушена психолошка визија на суверенот, блиска до митската интерпретација на власта од страна на вечниот владетел, особено во годините на залезот на животот, кога конечно смета дека власта која ја има му иде од далеку и оти му е доверена од бога и дека само пред него треба да одговара!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Може барем желка... минијатурно желче, за него треба малку простор, и малку храна, и малку салата и трошки леб..
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)