Помалиот син, пак, веднаш по него најде некоја Висока туристичко - угостителска школа во Охрид, каде што одеше само да полага испити а инаку си седеше дома, освен кога во туристичката сезона престојуваше таму на практична работа што му доаѓаше ем нешто како летување.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во него најдоа дебела тетратка испишана со ситно читко писмо.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Под него најде еден слој црвена земја, што беше сосема сува и се раздробуваше во црвеникава прашина, а под неа се откопа сламата, од која тој внимателно ги одпретуваше компирите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Без оглед на поведението на Марка, Едо во него најде пријател каков што дотогаш немал и никогаш подоцна не ќе го најде.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)