него (зам.) - допира (гл.)

Младичот, чии очи горат со фанатичен сјај, извикува нешто и силовито тргнува една од жиците.  Во дел од секунда, сосем ненадејно, рабинот на монастирлитската синагога гледа силна светлина, а по неколку еони, до него допира и звукот, заглушувачката експлозија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Винстон го слушаше телекранот. Засега од него допираше само музика, но постоеше можност во секој момент да биде емитуван специјален билтен на Министерството за мир.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некоја евтина научна фантастика или полусајберпанк, колку што се сеќава: Проект на парк од соништа, да го наречеме, од каде што и понатаму низ годините до него допираат одломки: Алура, нивната привлечна придруж­ничка низ пештерите, го повлече Фред за ракав и рече: „Сега морате да заминете!“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)