неа (зам.) - еве (чест.)

Додека невенчаната снаа, сè уште расплакана и така неповрзано, ѝ расправаше на жена му како била на часови во Академијата, како на враќање навратила на пазар или во продавница да купи нешто за јадење, како го затекнала Нака неподвижен на троседот, како ѝ се сторило дека не дише и како избезумена сепак била толку присебна да викне Брза помош, а неа еве уште ја нема - Гого седна до синот и лесно го поттурна по рамото, како да сакаше да му каже: доста се поигрува со нив и се преправа дека му е лошо.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)