неа (зам.) - сред (предл.)

Ана, се уште жива, но веќе пијана, е убедена дека навлегува во еден од нејзините диви сништа, со животни што врескаат, и со неа сред тркалезниот плоштад - распнат Леонардов човек: жена што од смелата, мазохистичка изложеност бавно се враќа во положба на заштитен фетус.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Нејзината мисла ја однесе далеку од Полчишта, далеку од Мариово, далеку од цела Македонија, во слободната Бугарија, каде што нема Турци да го бркаат нејзиниот Толе; каде што нема да го дели ни со какво црно Кате и други мариовки; каде што ќе го прегрнува и бакнува само таа и каде навистина ќе живее со него како пашица во убави сараи, со алајќи по неа сред цветните градини од сарајот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)