неа (зам.) - остане (гл.)

Откако го направува тоа, левата рака со тутурката ја положува на земја, а со десната полека, претпазливо, почнува да ја одвиткува тутурката и кога сосема ја одвиткува, на неа останува една друга помала тутурка и исто заврзна со црвена панделка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не престана да ја сака; неговите чувства кон неа останаа исти.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На неа остана да му донесе смисла на новото вознемирувачко секојдневие.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
А над неа остана, кружно да надлетува, црна голема птица.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тие во неа останаа такви ко што беа: пролетен повеј, стокмен убавец.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Драга Бреза, веројатно мајка ти ти раскажувала за нашето верување во реинкарнацијата и за животот по смртта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас би можел моето да го измерам според бројот на килимите што ги има исткаено мојата пријателка Миру и според големината на празнината што зад неа остана откако таа замина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Колата завртува зад последната куќа; зад неа останува тапо тропање на тркала и поткови, гаснејќи полека и оставајќи зад себе глува празнина во пустата улица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зад неа останува само трага на парфем.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сè што влезе во неа остана запишано како моја официјална приказна, која ги засенува сите други можни сеќавања што можеби сум ги имал.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)