неа (зам.) - мисли (гл.)

Јас немав време да ја почувствувам во моментот сета гордост од ова признание - таа ќе настапи попосле - зашто брзав, и не мислејќи да исфрлам како без душа: „Господине, уште не дојде мајсторот за чевлите”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Наредено е и Циљка извршува наредба. Копа. Копа длабоко. И да не мисли. За неа мислат други.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А математика?... Кој ќе учи математика?... На неа мисли!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го гледа некое време Костадина и потем претпазливо вели). Сѐ за неа мислиш, синко!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
БОЖАНА: (Топло и благо). Костадине, синко! Немој, не мисли толку.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
На Стрела, која лежеше скраја, до неговото легло, ѝ даде мало парче сланина, колку да ја расположи, зашто со неа мислеше да излезе надвор, да појде до плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Всушност, кога минатата година бевме во Кан со Девојките од Челзи и кога дадов интервју за Cahiers du Cinema, на неа мислев кога реков: „Луѓето се обидуваат да ни подметнат работи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не можеше да сфати зошто за неа мислат дека се прави важна на часовите по географија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Здраво мама, - мајката ја бакна Ема по главата без да ја допре со рацете затоа што ѝ беа замачкани во нешто.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мислев, да не мислам повеќе знаев, неспремно ќе го дочекам денот посакувам парче среќа во злобата ко изгубен зрак од сонцето во снежен метеж...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)