неа (зам.) - влезе (гл.)

Дедо Крсто седнат скрзнозе, запали чибук, влечи полека, испушта миризлив чад, а баба Крстовица стави пред неа топла погача и веднаш зад неа влезе мајка со бокал топол течен пекмез.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Откако изминавме неколку улици Марина се запре пред една барака и ние со неа влеговме внатре. Баба ѝ нѐ пресретна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ако оттука дупка ископаш и во неа влезеш, од другата страна под нозете на децата ќе им излезеш.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Четвртиот ден ја отвори вратата од плевната и во неа влезе, во рацете со копач и лопата, со бургија, со кламфи и клинови, со колци и токмаци и тука чиниш во земја пропадна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Вратата од тоалетот се отвори и во неа влезе познатата фигура на Александра, придружувана од еден човек во бордо костум.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Со неа влезе, за Елена непознат, млад човек.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во неа влегле уште четири претставници на ХСС.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Биле распуштени Сенатот и Народното собрание и требало да се извршат нови избори.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По неа влезе Анѓа? младо девојче – селанче, во мариовска облека, со црна шамија подбрадено.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По неа влегол и јазоецо и се изнакркале кокошки дојунџи кадар и си ошле по работата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)