нас (зам.) - има (гл.)

Меѓу Бугарите и нас има многу малку заеднички интереси сега.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На усните трепери прашање, но околу нас има многу луѓе, а таа е научена да прашува само кога сме сами.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Говореше онаа мала топчеста бригадирка што ја плискаше со вода оној ден, беше се распалила, а образите и вивнале в огин: – Залудно ќе ни оди сета работа, додека сред нас има саботери.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Испоседнаа еден крај друг. Молчењето траеше долго.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Старецот беше рамнодушен дури и спрема себе сличните, но се зачуди со својот исчезнувачки ум: „Нè има многу... значи, ние сме целиот свет!“ 76 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓу нас имаше еден морнар кој по ѕвездите ги откриваше насоките на светот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Арно ама, секој од нас има бујна и млада невеста, чиишто плеќи и раменици се свикнати на тежок товар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Лесно му било да го каже тоа, зашто потајно ја мразел својата млада жена и сакал да ја симне од врат за да може на нејзино место да донесе една млада Гркинка со руса коса.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
да извидиме кај се, да наслушаме што зборуваат, и ние одиме и врзуваме колчиња, за да ни веруваат, ама со нас имаше и еден Бугарин, ни го присливија, како нивни човек, ама тој страшлив, идеше до некаде и застана, јас, вели, не можам повеќе, не сакам со секој да се борам, вели, да не сакаш и душманот да ти го одбереме, велиме ние, и одиме, го помоливме да иди, и заминавме, а тој остана во нивјето, во калта и ние наближавме до теловите, до окопите, и слушаме зборување, ама ништо не разбираме, ни бегаат зборовите покрај уши, не знаеме дали се англиски или грчки,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кала шмркна со носот, очите ѝ се навлажнија: - Ах, барем уште малку да поживееше , татко... да си со нас... Цел живот нè имаше оставено...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)