нас (зам.) - дојде (гл.)

Е, веќе во куќата почна да ни оди добро. Ние имавме многу волови, оравме со два–три ѕевгари, коњи, овци имавме петсто, молзници едно чудо, имавме и двајца момоци за работа, наши братучеди од Цапари, а подоцна со нас дојде да живее и нивниот татко, тој беше болен и сакаше тука да умре, при децата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ми се стори дека тој брз здив на некого што не е веќе меѓу нас дојде за да ги отстрани сите сомневања и прашања дали е тоа она: валчестолика и млада со положени раце в скут, на градите, помеѓу два брега на женскост, сребрен крст и цвеќе, најверојатно китка лилави бел алисум; рамениците се паднати, од едното се цеди сончева светлост за да истакне во заднината некакво зимзелено дрво но толку малецко за да може да биде она џуџе на Едвард Жорес.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Беа другарите?“ ме праша мама. „Беа. Врнеше. Право кај нас дојдовме. Бевме гладни. Јадевме леб и слатко од јагоди.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Бидејќи болницата беше преполнета, кај нас дојдоа само околу 50 ранети.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)