му (зам.) - се (зам.)

Само тиа бакшиши шо и даду виа години може двесте, триста пушки да купа и да и раздела на двесте триста наши момчиња, еве ти цел табур наша војска" — си помисли Толе и уште тука му вети на Бешот и Атанаса: — Од мене, Трајко, и ти даскале, и од дружината моа за сега имаш сто вакви пушки, — и ја удри малихерката негова.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секој ден и јас трчам зад камионите, ги прашувам ранетите деца и чупи да не слушнаа за Ристо мој... чекам книга од него, ама нема...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Европејците се потресоа и се ужасија од тие известија и зафатија да им го укажуваат нужното влијание на своите влади за да се пресече колењето на мирното население и да му се помогне на несреќното македонско жителство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Авторот се исплаши дека видливо му се вцрвенуваат образите од посраменост.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Учителот додека деновите беа убави, наставата ја држеше надвор, во природа; но кога зафатија дождливите и студените есенски денови, бараше да му се ослободат училниците за да продолжи внатре, но командантот му викаше: - Какво школо...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
што пијат, едниот слатко кафе, другиот горко, а третиот чај и не јадат сите иста сарма со месо во сооднос 700 грама јунешко, 300 свинско, бидејќи таква му е верата на едниот од нив, па треба да му се испржат јајца и тоа во тенџере, зашто до тавчињата не може да се дојде од многу нафрлани работи,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А татко му Темелко: „Да се казни со јадење: да не му се дава јадење за да му се одзеде силата, бесот...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Буш му одговорил дека треба да ја остави судбината на Арафат во рацете на Бога.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Душевниот грч му се одрази во грчот на челото а од тоа тој веќе не изгледаше млад.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се фаќаше во орото на свадбата и играше, скокаше до распаѓање; кошулата неколку пати му се натопуваше со пот и му се сушеше; го сучеше орото, а луѓето притрчуваа со плоската пијалок, му ја пикаа в уста и му ја гасеа жедта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И така, си доаѓаше, па си одеше. И сега е тука. - Тука? - Да, тука.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тогаш тој можеше да здогледа како се преметнуваат еден врз друг и како почнуваат да патуваат некаде кон југ сите тие памучни облаци, добивајќи и самите некаква потрусеност на сињак во своите израскинати параници и, уште веднаш, штом ќе му се стореше дека веќе ниеднаш нема да има над себе едно такво смирено небо, еден друг ветер, еден многу поблаг и попитом ветер, многу посилен со својата смиреност, ги земаше пред себе сите тие облаци и набргу потоа тие пак се распостилаа по сета небесна шир, питоми како јагненца и меки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Претчувството што го имаше од подолго време, навистина му се оствари: куќата во долниот кат гореше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Не е пушчен, сирома, ошче“ — си рече со умот и душата му се натажи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога си реков: до овде ти било за одење, Небеска, рацете му се отпуштија, му се олабавија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ќе се сопка на грутки, на длапки, ќе паѓа и ќе станува, дури не му се испразни душата в уста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Еј, брате, слаботија си ти. И буткајќи ја смрзнатата тупаница во големата уста, го задуши плачењето, во страв овој човек овде и мртов да не му се насмее за неисполнетата клетва.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Му се ниша и му поодува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
2.  Договорот за вработување [кој порано се викаше „договор за работа“] има две подеднакво релевантни варијанти при склучувањето: прво – тој може да се склучи за време чие траење однапред не е определено – во којшто случај станува збор за работен однос на неопределено време; и второ – да се склучи за време чие траење однапред е одредено – при што, тогаш станува збор за работен однос на определено време (чл. 14, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според Ристески, вака се однесуваат директорите во скоро сите 48 јавни претпријатија – а ние во потполност се согласуваме со ваквата констатација која досега и емпириски е потврдена.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во целата таа мака, блед, испрекинат зрак му се плеткаше во душата: што не избрза и не испрати абер во Ресен: „Барем татко ми да не црвенее пред овие...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Капата ја носи на страна. Косата му е костенлива и му се подава малку од под капата на десната страна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сето тоа ќе му се случи зашто на своите сонародници ќе се обиде да им даде на знаење дека ги замениле трите верувања (католичкото, православното и муслиманското), својствени на албанскиот народ, со сталинистичкиот марксизам, кој ќе завладее како нова религија бришејќи ги другите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
– Како бре, – велам – гризнато, по ѓаволите! Тоа се вашите смешни фантазии.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Патот за Лесново, го знаеш ли? прашала игуменијата, и веќе не можела да го стивне во себе преданието за овоземниот призрак, речиси му се предала неподвижна, сѐ уште исцибрена но без воздишка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога првпат виде комити срцето широко му се отвори.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Исто така му се чинеше дека знае што е тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— Ти ли си Бесното, ми вели, а мустаќите ко струни му свират и му светкаат од росата што му се нафатила на нив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Спијат и ‘рчат таму доле...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се обиде да стане, во својот смрзнат страв да му се спротиви со извик, но во неговото грло крикот само кркореше; ни одблизу не потсетуваше на едно липање оставено еднаш во една тешка ’ржана зрелост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сигурно не сакаше арогантни ликови, а него дури и на чело му се читаше дека е токму таков.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Шарено време, трудно: ниеден крај не му се досега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одеднаш ја позна. — „Она е, она ! ... Ами сега?“ — се праша и нозете му се потсекоа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потем упаѓаат полицајци, возбудени и зли, на секој затвореник му се вгледуваат в очи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ако не го најдеме ноќеска, ќе смрзне, сѐ може да му се случи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
— Ти, Марије, си одиш со Мушона, а? Змија лута ќе те клукне, ќе те обеса на сретсело, да знајш? — ја судеше еден ден Толе во Бзовиќ дваесеттодишната убава чупа Марија Милетова од Старавина, за која разбра дека му се подала на Мушон Евреинот што држеше дуќан во Старавина за некакви си прстенчиња, грлувчиња, мониста и други ѕрнѕурки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А и одекот да си го чуе. Не како од високите згради на кои работеше во Прага и Будимпешта кога ќе му дојдеше некоја желба од детството и кога ќе помислеше на овие краишта, ќе завикаше со сиот глас, но од бучежот на дигалките и автомобилите, гласот се задушуваше и не можеше ни тој да си го чуе, а камоли да му се врати.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Не ќе може, - се заниша ламбата од гласот на таванот и закрцка подот. – Не и не. Куќата само воздивна.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ти лично го имаш пребрано тоа гајле!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И некоја влажна кошулка почна да му се слекува преку белките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пците му се назагнаа и да не беше полно торбето со леб, ќе го симнеа од магарето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Господи, сѐ ми се чини оти некој или нешто те прогонува“, ѝ реков.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На школо, на улица, на излети, на гости - сѐ со новото палто. Шест месеци не го симна од себеси!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Снежана која од кујната го следеше разговорот, притрча мислејќи дека му се случило нешто.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Векот време седевме и си зборувавме за бакрданик, за палеж, за варена тиква. Кому што му се јаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Три години потоа, со првата измена на ЗРО (2005), од август 2008, кај овие „помали прекршоци“, чиишто број сега од шест се зголеми на седум, ако работодавачот е правно лице – ќе му се изрече глоба во износ од 1.000 ЕУР, а ако е физичко лице – глоба во износ од 800 ЕУР (чл. 27, ЗИДЗРО/авг.08). А, пак, директорот ќе биде казнет со 600 ЕУР.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
21. МОРЕТО ГО ПРЕПЛИВА, НО ТОНЕ ВО БАРА - тоа непливачот за пливач го вели зашто по рацете вакцини му се жарат со болест да му ги лечат болните цели...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
- Чорбаџи Карче... - од време почнаа вака да го викаат и да му се поклонуваат и оџата и попот во градот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И така здрвен, како да се замрзнува му се обрати на ранетиот: - Ќе треба да се делиме, синко.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Понекогаш му се чинеше дека ја загубил границата меѓу јавата и сонот. Што беше реалност?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Одрекувањето на жената му се чинеше како уште една потврда на нешто што за него веќе не беше сомневање, туку лоша извесност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На мајорот очигледно не му се допадна друштвото, па се замуабети со еден ќелав член на парламентот во црн костум.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се облекува, повремено се поднаведнува, ја крева едната рака, па другата, мрмори, како обично, дека пак му се затурил некој дел од облеката.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не е како другите Богдановото девојче, така му се чини.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Некаде на своето пропатување др. Лири се запознал со Вилијам Гибсон (William Gibson), писател на научна фантастика, комушто му се припишува дека го основал сајберпанк (cyberpunk) движењето.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Знаел зошто Куно Бунгур не може да заспие: кога Фиданка Кукникова ја донела ракијата и ја оставила дружината да пие за среќа на нејзиниот протеран маж, му се насмевнала. Нему, на тој млад и чувствителен човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му се испушта мислата и му се губи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Здравко ме загледува, ме испулува зачудено. Тоа облачето, налеиштето, лак му е во очите. Ко шушлег, ко посоп му се реси, му се таложи. Пак некаде се пренесува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа прв пат му се случи кога Рози го презеде од Кети пакувањето на кутиите за ручек.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јас су овде и владика и патрика, — му нареди Толе и му се опули на Брниклијата, кој веднаш рипна и го грабна попот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Полни му се очите со нив. Секој ден!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Останаа да се дечкаат до некое време Перевци и Борисовци, додека најпосле пред зората не ги навали сонот да продремат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да не му се прилагодуваш на времето доколку не одиш пред него, да не ги ебаваш многу новитетите па дури и ако си стар.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Бегот барал да му се плати штетата, па го пратил полјакот така да му рече на Лумана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Италијанецот или се налути, или му се слоши, стана, тргна кон вратата и при тоа ги забра чашите и чинијата од масата, ги бувна на под и излезе надвор.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кој, сака, море, нека умира роб, ама јас немам ниет роб да бида до век! — па го крена гласот повисоко, обрнувајќи му се на татко си и стрика си Кулета: — И да знајте сите: јас нема да му стоа ни на вој пес, Адема, да ме продава како стока, ни на тој ајван, новиот наш бег, да ме купуа како стока. Море, освестете се еднаш, бреј, оти сме луѓе, а не стока да не продаваат и купуваат виа пезевенци, бре!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Иако село — оддалеку личи на град. Куќите му се покриени со ќерамиди.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Набрзо потоа му се родија и внуките, Македонка и Пиринка, па тој, сиот угреан од радост, велеше: - Барем уште една да ни родеше; неа ќе ја крстевме Солунка, за сите три да ни беа заедно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Никогаш не можел да има таков однос кон работите, ниеднаш не ги посакал за себе, пред да помисли дека за секоја од нив треба и самиот да остави нешто; мислеше на убавината на едно такво имање, кога ќе можеш она да го покажеш со отворено лице пред сите, и на нечистотијата на едно онакво имање, а знаеше дека тоа го имаат во себе и повеќемината од нивната група; беа малцина оние што му завидуваа и што му се дивеа на оној.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Веројатно слушна за нашиот Бел Корпус во Белград!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дедо Геро си знаел оти тој ќе му се врати да му се одмазди и така се одметнал.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Му се стори таму се застојуваат повеќе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
При сѐ што цело време зборуваше, Живко брзаше да го домака червишот од ширденот пред да му се залои, потиснувајќи ги недоџваканите залаци со долги голтки од виното што режеше како расолница.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Долго гледа така Соколе и му се чини дека никогаш не би му се здодеало да гледа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Носеше црвени тренерки и црвени патики. На левата рака имаше огромен спортски рачен часовник. Му се насмевна со големите бели заби.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ако е така, тогаш не ни останува ништо друго, освен да му се помолиме на Господа да ги умножи македонските друштва, слични на Петроградското – „Св.Климент” насекаде каде што живеат Македонци. *Прочитано на II седница на петроградского Македонско научно-литературно другарство „Св.Климент” на 28 септ. 1903 г.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Подоцна другите слушнале како пцуе, всушност без збор ја товарел двоколката и бил намуртен колку што бил и Онисифор Мечкојад пред да се изгуби од пред нивните очи и од синот со иста обетка на увото каква што била и неговата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И се препуштаа атавистички до крајот на нивната моќ, верувајќи дека владеејќи до крајот на животот, му се препуштале на повикот на судбината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Што е убаво-о! - му се радуваше Милка и пак си замислуваше како сите ќе ѝ завидуваат на убавото маче.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Наместо нив, беше воведена одредбата според која на корисникот на старосна пензија, ако навршил најмалку една година стаж на осигурување по остварувањето право на старосна пензија, може да му се определи нов износ на пензија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кога Ангеле успеа вака да ги поколеба и Бошка и жена си, го остави својот филџан настрана, го тргна и Бошковиот и му се сврте.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ги удрија главите ничкум и се зажалаа од безизлезната положба. – Ех, било таксират, ќе се умира, деца! – за првпат му се испушти од грлото на поп Јакова кој стана и почна нервозно да шета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сакаше да ги види мајка си и татка си, а му се внуши и за црното Кате како и за неговите дечиња Трајчето и Велјанчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кому да му се жалиш? Од шалтерите работат најмногу три.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Сигурен ли си?“ му викна бегот. „Погледни го убаво ако бараш дерман.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- И после кај отиде, браче Огнене, прашува Уља, кај му се загуби посоката на Мирчета мој?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Се виде таа, џанум! — му се испушти и на Бориса; — предавство!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Поетот не успевајќи да му се наложи на другиот предел, барајќи одговор од историјата и разбирајќи дека таа не може да биде компензација за изгубената земја, одговорот ќе продолжи да го бара на неизвесните патишта на универзалниот егзил, на некој можен премин на минливоста, на премин меѓу материјалното и метафизичкото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Многу време стојал Силјан на суво фатен на штицата и сѐ му се чинело оти се носи на море.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да не му се дозволува да шета.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Масоните, поимаше, беа едни од многуте невини жртви на времето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нероден Петко се начумери. Закашла. Така стоејќи со неопределен поглед, како да го јавнале две тешки планини, челото, разгораштеното тело, му се нагроздија со пот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
На мал простор од овој роман, благодарение на вешто водените наративни стратегии кои ги користат искуствата на традиционалниот и постмодерниот роман, се покренуваат некои од клучните теми одбрани од корпусот на интересирање на балканскиот човек кому типолошките карактеристики на ликовите и на ситуационите модели по мерката на препознавање му се најблиски, но би било погрешно да се разбере Бунар само како водич за балкански менталитет и да се чита како што се читаат Андиќевите дела за да се разберат причините за балканските судири.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дарко му веруваше и веројатно ќе му се довереше ако припаѓаше на некоја од групичките на политичкото подземје, барем така резонираше Александар.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Одеднаш му се јавува објаснението: тој слушал дека некои млади се ставувале по лозјата, имало дури случај да ги фатат. Таков е сега светот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога одеше така, задникот повеќе ѝ се истакнуваше, а и се подзатресуваше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мајка му се туфкаше и пискаше и, кога ја виде Трајанка, се расплака уште повеќе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тој ѝ раскажа за необичната блискост што постоеше, или изгледаше дека постои, меѓу него и О'Брајан и за поривот што му се јавуваше понекогаш едноставно да му пријде на О'Брајан, да му соопшти дека тој е непријател на Партијата и да побара помош од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И затоа татко ми не можеше лесно да го разгатне времето на козите, да навлезе во неговата суштина, да му се потчини.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како померена, подизлезена од умот. ,А бре, Македонче, каде се спремаш", јас не знам што било што сум велела, ,нека разберат клетите фашисти", сум се мачела да пеам и само да му се истргувам на Алекса, само да го удирам по глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седеше на креветот и не се помрднуваше. Му се пристори дека во претсобјето слушна шум.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Толе го виде со две пушки и му се израдува до лудило.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во една пригода, му се пожали на Сокол Мечевски дека му треба вистинска лупа... Сокол Мечевски, на Татко, му ја подаруваше својата... Голема, јасновидна...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Носејќи ја сета бучава на својата крв в глава, сличен на подвижна карпа над која господари моќ на несопирлива вода, гледал само пред себе и сепак со секој чекор чиниш барал и каменот да му се истави од пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги внесе врзмите во племната и ја скри торбата во ланската слама, но му се виде несигурно, та преку ноќта зеде копачка и една латвица, та, потемница, ги претури од торбата во латвицата и ја закопа длабоко во истиот ќош. Не заборави да задржи и кладе во ќесето десетина парчиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одејќи околу трло, го догледала кучка Лиса и му се пуштила молкома, та го фатила за опашка.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Сигурно и поради годините во кои беше зајден па немаше енергија поради „слава“ што толку очигледно му се нудеше по улиците на Солун да си ја погали суетата против што никогаш немал ништо против.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едно друго поприште му се гледаше тогаш попримамливо во неговиот живот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Нешто меко скокотливо и пријатно му се вселува во телото и овој чуден сок - ракијата го смирува и здобрува со луѓето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таму (сонував, не е повеќе од сон, но како да го вмешува и да му се прилепува на јавето) има некој што се вика Род – или Ерод, или Родо – и тој ме тепа и јас го љубам, не знам дали го љубам, ама допуштам да бидам тепана, и така од ден на ден, тогаш сигурно го љубам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ракијата му се цедеше во танок млаз низ брадата; не ја бришеше и се клештеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ама какво ќе е тоа машко дете: топка да не игра, да не се испоти, да не се напие вода кога му се пие, да не се тепа со децата од другата зграда, никогаш да не заталка со другарите, никогаш да не направи никаква беља - и уште колку пати сѐ некакви - не... не... не...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Имаше еден братучед Стојан, тој беше бугарски војник. Така му се паднало.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Главниот виновник беше огромниот петел на комшиите, со темноцрвена кикиришка што гневно му се тресеше на главата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На почетокот негова, како и на на останатите негови колеги кои беа во иста положба, беше идејата да се покрене тужба преку правната служба на матичната синдикална организација на „Филком“, но оваа идеја подоцна се изјалови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не ја најде Јана, но го виде него, Ивана, како му се доближува од далеку и, помалку обеспокоен од таа средба, реши да не му се тргне од пат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сиот опфатен од тоа ужасно бреме, Језекил правеше сѐ за да го победи, секогаш постојано живеејќи со надешта дека еднаш и тоа ќе пројде, дека и тоа ќе се заборави и дека ќе си му се врати нему пак онаа пргавост од некогаш, со која што тој еднаш можеше да помине и по најтенката талпа на највисокото скеле, без да трепне со очите, дека сево ова во него е само уште една проклета шега, дека и нему ќе му се насмее еднаш еден син ден, сѐ до една случка, која го исфрли од височината на скелето како партал, не водејќи притоа сметка за ништо, ни за неговите соништа, ни за неговото детство, а сепак, дури и благодарен што успеал да си ги донесе оттаму на земјата цело и своето пониско рамо, и својата судба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Иако предците му се од Ашкенази од Германија, Елеазар бен Цви е рабин во сефардската синагога Ел кал де лос Монастирлис1 во Њујорк, којашто некаде на почетоците од минатиот, 20 век ја создале имигранти пристигнати на новиот континент од градот Монастир или Битола во балканскиот дел на отоманска Турција.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога го виде Китан шишето, како господа да го виде; накреваше на него, отпиваше забрзано и го жулкаше Анка по раката што се држеше за шипките; пиеше и сѐ така го жулкаше молчејќи како нем човек; лицето му блескаше од радост; од очите му избиваше некоја чудна светлина од задоволство, од радост, од огнот што му се распалуваше во него; отпиваше од шишето забрзано како човек прежеднет во пустиња.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На дебелиот не му се брзаше.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Едно цело вирче му се собра околу стапалата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се најдов во небрана — изненадена сум невела — не чини неј — нив непара — не толку нетоп — невестински украс од тенеќија кој ја заменува короната ниа — оние нии — нив нуна — кума (делхинутив — кумица) нишан — знак нишка — нит, нитка на платно нишчелки — направа на разбој за ткаење ној— оној ногашчка — наплеток од косата обрецнам — врекнам, нависоко ќе проговорам обрус — долга везана крпа со реси од која се прави чалма на главата одер — врста кревет на столни ногари закопани в земји на кој се чуваат алиштата и покровите во визбата одвраќам вода — басна на вода за да се мени положбата во која се најдува озастра — утринава онбашија — турски војник десетар — каплар опурчак — искинат опинок кој веќе не се носи оралиште — место каде се игра оро ораџика — жена што игра оро орјатка — погрден збор за жена со која друга жена е скарана орман — густа гора оужје — накит олепела — лесна клетва осмак — мера за жито 50 оки отпуст — поповска песна пред свршетокот на извесна. служба павти — женски накит од сребро и бакар пагурче — сад за ракија пазамарка — џеб на селска кошула пајвани — ортомчиња со кои му се врзуваат нозете на коњ да оди раван — ситно парка — што ѝ е, што ѝ пречи да направи нешто паскурник — шара за шарање поскури пачавриче — книжулче, може и крпче од ткаенина пашит — без самар коњ, маска, магаре пералник — котел во кој се топли вода за перење песјачка — погрден збор за жена со која друга жена е карана петле — во онаа см. наполеон — пара златна француска со петле на неа петравил — епитрахил петреви гаѓи — горско цвеќе пинок — опинок плак — старец плетва — трева во сеидбата поврзало — врвца на торба или вреќа, како и на огламник на добиток подвеска — дел од селска облека.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Престани да ми проповедаш!“ викна оној другиот, повторно со полн глас, и тргајќи ги дланките од лицето, удри со тупаница по подот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Јас одвај чекав да стигнам дома и да му се пофалам на татко ми за тепачката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не му се спиеше, а ноќта бргу се спушташе над долината, донесувајќи засилен ветер и дожд.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сечејќи една чворлива штица некако наеднаш и изненадно му се скрши пилата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Навистина, при секое среќавање со него паѓаше понекој од аскерите, по некој се рануваше, но тие беа толку многу што на секој Толев четник броеја по цела стотица, та бимбашијата не се плашеше оти Толе ќе ги истепа сите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И за цело време, целиот ден и ноќе, додека патуваат, сѐ истото и само тоа прашање му се врти в глава и постојано со изненадување и мачна вчудовиденост, го повторува и преповторува: зарем неговиот Васил, кој меѓу првите ја нарами пушката и со себе поведе и други, дезертирал?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но, неговите сини очи блеснаа некако метално, а мускулите на рамото под нејзината рака му се стегнаа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Крсте беше млад и јак, но со Трајка не можеше да се мери, та за час се најде под него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не можам ни на лицето да му се присетам сега.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Е, но на топката не е нацртано моето куче Роско и јас сега не знам каде е тоа - во Америка, во Индија, или во некоја улица на градот.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Кучката му се одгласи од некаде со весело лаење.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Отпрвин по нешто праќаше, а после му се изгуби трагата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во утробата му навлегуваше тешкиот здив на гниење и му ја заматуваше главата. Му се повраќааше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На пешакот изгледа не му се брзаше, та последниот коњаник често се обѕираше и викаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сѐ повеќе се тетеравел со отворена уста и без здив (со секоја воздишка ножот самиот од себе подлабоко се забуцувал в месо) и со цели стапалки, тврдо, несмасно, удирал по земјата, врз која, божем таа се ниша под него, со повремени ширења на рацете се обидувал да сочува рамнотежа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На лицето кое се решило на преживување пред сѐ му се потребни лични документи. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 173
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа му се оттргна и му свика: - Јас не сум курва...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Му се стори, нејзиното рамо потрпнува во прилив на неречени желби. Што можеше тој?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ново мевце му се зафаќа околу бутчињата, му се навиткуваат прасците ко вретенца.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред самиот мрак, над илјада души четници и востаници ги исполнија ливадите и направија тркало околу самата чешма.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Требаат дрва, треба храна за добитокот, за кучињата, за мене! - се слушна Бојан себеси како зборува, како сам си одговара на бројните прашања што му се роеја во мислите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од некаде допираше неуморно и ритмичко удирање на тарабука, потоа, во исто време, на тоа тропање му се придружи чкртање на бунарски чекрег и некаков кавгаџиски баритон. „Не се кајам“, му рече и ги тргна рацете. „Сепак мислам дека веќе не ќе можеме да се сретнуваме.“ Отец Симеон се насмевна - „Не биди сурова кон бронзаниот поет.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И му се присторува само сенката на убавата жена Некогаш што си потпевнуваше во дворот Тој дури ги окопуваше овошките.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А пак тогаш: Сивокрилите ангели полека фатија да се источуваат пафтајќи со крилјата и упатувајќи се на запад, и наскоро одново се покажа сводот небесен што сега ја немаше својата, туку бојата на проклетството, а од силната војска се издвои само еден одред од Силата што го препокри градот во кој згаснуваше сѐ: и криците, и довикувањата, и трчаниците, и стравот на луѓето, та носејќи факли со сумпорен пламен се одвоија од јатотото и фатија да се спуштаат полека кон Градот...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Само му се присенуваше точката, модра а веќе црна, на челото на Нако, токму меѓу веѓите, небаре вампирски мур, а не наречнички предрек, како од навидум случаен, а всушност прицелен истрел, од куршум не однадвор ами одвнатре.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Последниот час се сврши тој ден и Неда, како лани така и оваа година, на никого во очи не му се опулуваше, та реши ни на Крстета да не му се опулува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И на тебе да му се види убавината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас сирота, ми ископни, ми се истопи детето! Ни јаде, ни спие.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Седеше врз таа проклета гума за пливање, а лицето му се изобличуваше од болка.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Подоцна ги замрази сите тие места кои му се чинеше да му се ситат потсилувајќи му ја неговата тага.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тој пцуе по сонцето, а жена му се крсти спроти сонцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нив можат да ги предизвикаат само театарски адоранти налик на оние што ги истакнувале вредностите на пиесата на Виктор Иго „Ернани“, што го исвиркале „Галеб“ на Чехов, што со стиснати тупаници му се заканувале на Мерхолд оти им го упропастил Гогољевиот „Ревизор“ или, пак, налик на оние кои извиците „Браво“ од задоволната публика ги заглушиле со силни свирежи упатени кон тенорот Роберто Алања по завршувањето на романсата на Радамес од операта на Верди, „Аида“, изведена во Миланската скала.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Димче се налути: „Ветре, врати ми ја капата!“ - помисли, но капата не му се врати.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Или, за татко ѝ Јосиф кој го нервираше со молчењето, но кој со тоа покажуваше дека почнал да му се плаши, зашто неговиот сурат не е веќе сурат на чирак?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кон мене лазеа нивните искинати шепоти и сплетки во чија горчина се насладуваа, му се враќаа на животот со врела крв, бабреа од внатрешна сила.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Жените влегоа во црквата, запалија свеќи пред иконата на свети Наум, клекнаа на гробот, му се помолија, оставија дарови и си заминаа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Гостинот му се претстави на Татко, кој му појде во пресрет: - Јас сум Климент Камилски, бев редовен професор на Универзитетот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Војна е. А господата избегаа“, рече некој и нему тој глас му се стори непознат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ми е страв. Ако разбере Јон мој, коските ќе ми ги искрши, в раце ќе му се прошетам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пред тоа минувале еден по друг крај старчето спружено на веленце врз сено на разнишан колесник со две тркала, сите со поглед кон ситното лице до очи завиткано во шамија под која, кога ќе ја поткренел ветар, се појавувала врз расечената жила на челото мала темна месечина со капка крв без вистинска боја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако конечно никому ништо нема да му се случи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се погледна во огледалото за да си ја поправи фризурата. Му се допаѓаше како изгледа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Логотетот погледна изненадено во отец Пелазгиј, а на овој му се смрзна насмевката на устата, и веќе миг потоа отец Пелазгиј ги триеше сервилно рацете пред логотетот и мрмореше: „Убава парабола кажа Филозофот, логотету.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Синовите на Гури Порадеци, со различна среќа му се препуштија на бизнисот, а најмалиот стигна да стане и член на посадата на еден вселенски брод на НАСА, што кружел околу планетата земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
До никаде не му се слуша гласот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оваа запрашаност ќе го следи поетот, венценосецот Махмуд Дарвиш на заедничката поетска молитва во заедничкото присуство (Рене Шар) на сите обединети гласови на човештвото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Не можев, вели не можев за тепањето да му се жалам на оној што ме натепа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пополека му се вселуваше очаеност, слабост ги зафаќаше зглобовите и целата снага.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Додека Лазор полека се иставаше од местото на борење, едно Арнаутче истрча од џганот и му удри нож во левата слабина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не се чувствуваше најдобро. Беше изморен од претераното напрегање, на грбот го чувствуваше студенилото од кошулата натопена со пот, а и нозете му беа мокри од снегот што му се истопи по чорапите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Исто и добриот примаш - си го знае ли занаетот, игра ли мајсторски со гудалото по жиците од виолината, - никој не праша, дали му е кадрава косата, дали му се бели забите, и дали му е колосана кошулата, - кај него е главна музиката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сигурно слават си рече и почувствува како му се надига нешто од градите и го дави во грлото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не паметеше тоа да му се случило порано.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од пукотите, од детонацијата, почнаа да му се јавуваат пукнатини на куќата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Нежна пареа одземена од сонцето на сонцето што му се враќа.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ја прекина мислата, ама таа му се мешаше со другата, со недопирливата, која во мигот не сакаше да ја сподели со Татко.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Најпосле го догледа и даскалот Бина, стиснат до Ташковиот ѕид и како да се поразведри, му се приближи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Постапката за заштита на уставните и законските права на граѓаните пред Народниот правобранител се покренува со поднесување претставка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Н.С. седеше до лозата и чекаше некого. Или го очекуваше токму него за да му се јави.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ќерка му се превртува во својата постела и залипува, а човекот не знае - на сон ли плаче или таа е будна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И луѓето тие денови забораваат на гробиштата, истрчуваат пред селото и го пречекуваат Лоте со музика, со свирки, шиштат свирачите околу него со свирките што им ги купи за да свират весели песни, а не тажни и погребни; им лепи Лоте на челото пари, шетаат шишињата со пијалок од уста на уста, ги шири Лоте рацете како птица кога лета, одѕвиваат песните, до небо се креваат; излегуваат луѓето по прозорците и балконите, го поздравуваат Лотета, му мавтаат со раце, истрчуваат и му се придружуваат, се множи распеаната врволица и селото добива весел и празничен изглед.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му се потчинував на тоа по повела на некој неминовен ритам заложен во моето раздвижено суштество, и ако само малку ја нарушев правилноста, поради расејаност или поради каква било моментна пречка, го чувствував тоа како непростима грешка, и ми идеше да се вратам назад да си ги приберам нишките на своето одење.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Божем мене ми велеше а како да му се обраќаше некому, но не можев да видам кому.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Паун Радевски бара ракија, на Силјана Лилјаков му се тресат рацете...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гласот му доаѓал од далечина и од минатото во кое еден друг Мечкојад сѐ уште во темна пештера глода коски на ѕвер и во кое тројца болни од проказа му се молат на господа да им ги земе душите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми ѕвонеше тој три дена, не му се јавував.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во неа се истакнува дека „е одлучено дека ние би требало да ги подмитиме протогеровистичките елементи, но под два услова: никому да не му се открие фактот дека средствата за подмитување доаѓаат од страна на Владата на Нејзиното Височество, освен на примачот и и дека нема да прифатиме политички обврски“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Јадеше стоејќи. Ги истресе трошките од рацете и му се обрати на командирот на командниот центар кој стоеше настрана: - Ќе може ли со џип да се оди до Лабаница? - Тешко... Падната е карпа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Внатре, чудното чувство го напушти и довербата му се врати.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Некому цела глава му се преместува на туѓи рамена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дедото рече: - И мене ми испадна единствениот заб кога му се карав на Димче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Молчи да не му се изеде устата. Веќе и од мува се плаши да се брани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Павле ги забодува лактите и се завлечува напред. Му се слошува нешто.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му се обрна на Андона, кого го познаваше од порано.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Професорот се насмевна и му се врати на текстот: …
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Фати пладнина време. „Кој ќе издржи до мрак?'се прашаше секој четник во себе, а бимбашијата се плашеше да не се замрачи, та и оттука да му се извлечкаат комитите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа му се предаде мека, топла, порочна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Блажена и горда усмевка му се разлеа на лицето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Коле се поткрена од клупата и нерешително, збунето, се обиде, од името на сите, да рече нешто: - Учителе... ве молиме - му затреперија усните, а очите му се премрежија со солзеста пајажинка.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не ја прифати, кога таа му се нудеше од светлата страна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како убаво што зборувате така убаво да работите, топ не разбиват ни вас ни нас жими вера, — стана од столот и му се приближи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А бре каде, ефенди; (за рајата сите Турци беа ефендии) носа еден важен абер на муљазимот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Близу пол саат што одел, и кога дошол до една тумбичка, се качил на неа и чул од луѓе зборови; арно ама ништо не разбирал од тие зборови, така му се чуло, како кога да кљакаат штркови.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тој мирис на сеното, тие звуци што навечер никнуваа наоколу, во самата плевна, во буковата корија, во папратот зад плевната, тие ѕвезди што се гледаа низ отворот на вратата, тој чуден опивлив ноќен планински воздух што го дишеше и му се насладуваше и ти се чини дека сѐ е вечно, нема почеток и нема да има крај, и ти се живее и ти се постои и би сакал да бидеш насекаде, со сешто, засекогаш...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Па дури да се простат со посестримките. Не му се оставаат аловите прегачи и чорапи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога тоа најпосле ќе му се случи, треба да извика: Шуга, а допреното дете трга да лови други деца.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Голтајќи го студот со отворена уста, тој се сети на нејзините допири, илјадници нежни трансфузии на вистинска човечка блискост што му ги даваше додека тој крвавеше, несвесен за тоа што му се случува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, секако, има и друга небеска сила која му се спротивставува на душманлакот и тоа трае како вечна борба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Врати му се еднаш, да видиш како ќе дуваат и ќе бегаат — го куражи Толе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
7. НЕ СЕКОЈ ПРЕД ИКОНА САКА ДА СЕ КРСТИ - за на светецот да почне и да му се моли, некој така ќе ги стокми трите свои прсти за со туѓа ситна памет себеси да се соли...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Всушност, сѐ уште му се спротивставувал на стравот и се калел за дни во кои еднаш или повеќе од еднаш и самиот ќе стои под сенката на смртта и се сеќавал на суровите подбиви на некои од дружината со престарениот Симон Наконтик (така е, старецот престарел во тие дни), а пред тоа ги гледал шегаџиите како со насолзени клепки се молат пред манастирскиот олтар за мртвите, за Дмитар-Пејко, Неделко Шијак, Јане Крстин, Пеце Дановски, Борис Калпак и, секако, за запалениот Крум Арсов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му се одзема дозволата за живеење в град и сета имовина што ја има и се протерува в поле.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И поп Петко затоа излезе: да го дочека Ѓура како шура, да му се извини нешчо ако згрешил што им зел на децата и жената некоја пара повеќе, за некое и друго кило жито а повеќе да го пречека и да си го прибере Крчето, да му благодари на Ѓура што го доведе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И таа можност започна да вее од секој предмет што ќе го слушне, види, рече или помисли.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
V Танаил каменоделкачот, работејќи долги години на својот занает, ги познаваше камењата во детали, на секој камен што го обработуваше му ја знаеше душата; ќе го пофатеше, ќе го испревртеше со рацете или со лостот, ќе го потчукнеше со чеканот неколку пати од сите страни, како железничарот што ги проверува тркалата на возот дали се пукнати, и ќе узнаеше какво му е срцето: здраво или не; ќе му биде ли верен до крајот на обработката или ќе му откаже на полпат; ретко му се случуваше да се излаже, да го делка некој камен, да го дотерува, да го обликува со денови, со недели, а често и со месеци - и на крајот да му пукне, да му расипе сѐ; а кога ќе му се случеше понекогаш тоа, - Танаил го фрлаше чеканот и глетото и налутено седнуваше крај каменот, неверувајќи дека навистина му откажал, распукал; врвеше со прстот преку пукнатината како преку рана, како преку болка; стоеше така долго време загледан во пукнатината и сиот ифрит, јад, не земаше веднаш друг камен да работи; ќе испушеше цигара, ќе се напиеше чашка-две ракија, и откако ќе му поминеше маката и лутината, започнуваше да одбира друг камен вртејќи го долго време пред да го направи првиот удар со чеканот и глетото на него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Поделкај чини, поделкај, па плукни си во дланките за да не му се лизга рачката од секирата. И секирата само свирка и светка и летаат деланки од крај неа. 14
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Причина човекот да му се предаде на касметот! коментира Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не можеше ништо да каже. Му се чинеше дека срцето му е смрзнато.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од некои добиваше одговор, од некои не; некои му се восхитуваа и го тераа да продолжи, а некои не го сваќаа, не го разбираа и му велеа дека има само бујна фантазија, особено по прашањето да создаде жива материја по вештачки пат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Множество од еротски детали меѓу него и Рози му се појавуваа во имагинацијата - интимности кои за него имаа значење и квалитет на побожни тајни.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не можеше да поверува како можело да му се случи досега воопшто да не се сети да го отвори локалниот телефонски именик и да види дали не ќе најде и уште некој Едо Бранов. Овде, во сопствената земја.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му се јавив на Брус Стерлинг во Тексас, и му реков, „Дечкото се модифицира; може да прави традиционални стимуланси. Кажи, што може да добие?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И Мирче се сврте со навлажени трепки кон селото. Очите му се подзаматени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со големите волчи заби гризеше камен за да не му се замрзнат разглобените вилици.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тогаш Аким шикај му рече на својот врсник да дојде со него, време му е, достатно му се нашол на светот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пред зори, слушајќи шушкање, Вадим се разбуди.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Раскажуваа дека Неделко Шијак му се пожалил со влажни очи - синовите ќе го остават без каменен крст кога ќе сконча, и зетот му ветил со клетва дека самиот ќе изделка крст поголем и од игуменските во дворот на манастирот Свети Никита, на крстот ископано име со букви - овде лежи божиот човек Неделко Шијак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, онаа нежност без размислување, што ја чувствуваше под лесковиот џбун, додека го слушаше пеењето на дроздот, не му се врати сосем.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па и како е можно да се биде со некој што се дуе, што сака сите да му се поклонуваат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Препушти му се на заборавот, па ќе те нема вчера, ќе те нема денес и утре ќе те нема...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој имаше обичај да почне одоздола со ред, од Балевото анче и до крај до Петка Спасев да тргне по едно дваесетипет, та до дома ќе му се стореше таман сто драма и доста му беше како на стар човек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога и да му се пожалам дека ме боли глава, или дека имам несвестица, ќе рече незаинтересирано, ништо не ти е, не си болна, такви ти се годините, и никогаш не се согласува да ме однесе на работа, во клиниката и да ми направи подробни испитувања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Препуштени сами на себе, како добиток пуштен слободно по висорамнините на Аргентина, тие му се вратија на еден начин на живеење што изгледаше како да им е вроден, како на еден вид прадедовски модел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога по завршувањето на претставата, во гардеробата ќе ја праша зошто така лошо го интерпретирала ликот на Јулија, таа му се исповедала: „Вечерва прв пат во животот, ја проѕрев шупливоста, лагата, будалаштината на празната приредба...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мислеше на далечната планинска земја Босна (отсекогаш при помислата на Босна имаше кај него нешто темно), која и самата светлост на исламот можеше делумно да ја осветли и во која е животот, без каква и да е питомост, сиромашен, штур и одвратен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Сакам сега син“, ѝ беше рекол дрско. „Мисли му се ако излезе пак ќерка.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Некој кашлаше, чудно, од самата утроба. Неговото лице умираше, потоа пак му се враќаше на животот, помодруваше и се грчеше.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сакав да им кажам дека светот ќе биде обеспокоен од писмата на фантомите од подземниот град но на Кузмана му се заколнав дека ќе молчам и јас молчев.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Истата вечер, Марија беше запишана во регистарот на пациентите со посебен сериски број и со површен коментар за нејзиното мистериозно доаѓање и за двоумењата околу нејзиниот идентитет.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Реалните топоними, од расказ во расказ, ја исцртуваат топографската карта на Скопје, градот- лавиринт, непознат и никогаш до крај „видлив“, дури ни за самиот автор, кој, патем речено, поседува извонреден сенс, слух за нервот на градскиот живот и вриеж: „Како што му растеше стажот на таксист, така му се откриваше и Скопје, како октопод, несогласен со своите краци, некаде осветлени, некаде завлечени во темни пукнатини, невидливи за самото животно“(„Влијанието на Хорацио Цвикало врз растот на шарените анти-упатства, III“).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Седи со здравје. Гајрет! (Очите му се наполнуваат со солзи).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Му се стори дека извесно време Џулија е премногу мирна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На ова Гоше кивна, нешто му се измеша во желудникот, се наведна, се фати за устата со левата рака и, држејќи се со десната рака за газот, блед и разбушавен се стрча кон спачекот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа ги врза со уздите еден за друг, му се качи на средниот и ги спотера сите три по патот низ селото; коњите испијанети и потсилени од камшикот што им плускаше крај ушите, јуреа низ селото како бесни, креваа прав зад себе, газеа кокошки, патки, мачиња, кучиња и секаква живинка што ќе им се испречеше на патот и опкршуваа со сета сила по сокаците; прислужникот Геро потскокнуваше на средниот коњ, ги стегаше цврсто в рака сите три узди, плускаше со камшикот и викаше силно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На отец Висарион му се отвора гушата и лицето, а му се затвора устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
имаше еден безбожник којшто призна дека кога му било најтешко, пак, на небото му се помолил, пак верувал дека нема господ, ама друг и немало до него и устата сама му се отворила да го моли господ, оти тогаш може да ти помогне само тоа што не е до тебе, тоа што не го гледаш, што не го познаваш, што не си го сретнал, господ мора да е и овдека и онаму, вели Илија Јованов, господ мора да е насекаде и затоа не можеме да го видиме и тогаш пак го гледаме офицерот, се враќа: дали сте биле војници, прашува, не, не сме биле, кажуваме, е отсега ќе бидете, вели, смртната казна ви ја заменувам со казна на прва борбена линија, вели, ќе потпишете дека доброволно се јавувате, ќе потпишеме, велиме, како не ќе потпишеме, таму барем може и да преживеете, вели, е ти благодариме, господине, велиме, ти отсега си ни господ, велиме, и одиме му ги бацуваме рацете, колената, чизмите, не бацувајте ме мене, туку потпишете овдека, ни вели, имате штастие, имаме, велиме, и среќа и штастие имаме, сигурно дека е пијан, си мислиме и нѐ одведоа во некоја касарна, ни дадоа алишта и плачките ни ги вратија после пак ни ги зедоа, ама тогаш ни ги вратија, само парите не ги вратија, пари не ви требаат, велат, оти одиме на фронт кон Турција или во Македонија. 122
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одлучија да заминат сеејќи паника со рафални пукотници, одмаздувајќи му се на народот што толку долго, вон каква било памет, ги трпел и им пуштал на волја.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Човекот во сив костим и бела кошула, оној кој и во мое присуство прилично долго се дошепнуваше со Вртанов, најпосле ја собра папката од бирото, му се заблагодари за услужноста и помошта, а потоа, поминувајќи покрај моите нозе качени на бирото, го задржа за момент својот студен и безизразен поглед на мојата дребнавост.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа зло длабеше во него и го раскинуваше, а тој не можеше ни да помисли некому да му се исповеда и да му се довери; па и кога тоа зло си ја заврши својата работа и изби на површина, никој нема да го познае; луѓето просто ќе речат: смртта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бев решил случајно ако го сретнам зошто на пример да не му се обратам?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На отец Стефан му стана лошо, жилата на вратот му се наду и тој падна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се испулува на двете страни. Сам е. Не, не е сам, тој стои лице в лице со неа, и таа му се смешка како да ѝ трепетат живи усните.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Иако тежок на чекор, навидум дури и истоштен, Јаков Иконописец не можел да биде слаб во рацете додека со опнати коленици се подавал напред со вилата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Овој чудесен град, вистински крстопат на империи и цивилизации, народи и вери, град кој силно страдал во минатото, извишуван врз урнатините од паднатите империи, катастрофалните земјотреси, кој ги имаше задржано обележјата на западните и на источните царства, во кој престојувале императори и султани, се вкрстиле војски во светски судири, му се виде достоен за да започне во него да си ја ткае семејната судбина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
-Не плаши се. Најлошото нешто е ако му се предадеш на стравот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ми зборуваше дека никогаш нема да ја заборават улогата на Тито, на Југославија, во поддршката на Палестина во најтешките моменти од својата историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога ќе заспијат навечер, таа ќе изброи по четири ноџиња во секој, а на крај своите две отечени и двете на најмалото во креветот во кујна, вкупно 16, и ќе воздивне од радост, па ќе се прекрсти и ќе му се заблагодари на Бога!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Најмногу, се разбира, беа за тоа на Лумана да му се дојде до глава, ама тој ретко доаѓаше в село и кога ќе дојдеше, никој не знаеше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Над него, од висината на коњот, стоеше стражарот, го стрелаше со очи а корбачот му се потресуваше бесно во раката, готов да засече пак во овие клапнати раменици.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Третиот ден од панаѓурот на Петрета му се причини како судбински.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ревносниот, дискретен и конспиративен Петар Иваз, никогаш не го кажуваше по телефон изворот на испратената телеграма.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На тетин ти Боге не му се допаѓаше тој и таков Голем Тодор.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Првиот услов тука го исполнија. Се заколнаа дека го напуштаат Ристоса и му се поклонија на Мухамеда, менувајќи ги своите имиња од Јане на Јунус, од Рампо на Рифат; а за вториот услов Аџи Јане – Јунус бег, предложи да им се остави рок од месец, два, најмногу до Митровден, работата ќе биде свршена.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кадијата го слушна и го изнапцу: – Не прашам тебе, бре домус! – му се врекна и пак и повтори на Анѓа: – Кажи де, кажи; што молчиш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мускулите веќе почнаа да го болат, челото му се ороси со пот, а тој со стиснати заби продолжуваше да се напнува, да се инаети, да се надминува себеси.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А еве што се одиграваше во душата на малиот водоносец: После вечерниот разговор со старецот и сонот што го сони ноќта, во него како да се скрши нешто, одеднаш му се откри пред очите што станува околу него и каков подвиг означува борбата со блатото – она подводно чудовиште што го виде на сон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Дино повторно запали цигара, но овојпат му се пиеше и кафе.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоа е веројатно чиракот од казанџиската работилница, еден жив момок кој понекогаш го сретнуваше и секогаш му се насмевнуваше пријателски.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Карабуклијата пак шмркна од пагурчето, му го подаде на дедот Петка и тој да го накваси грлото оти од многу зборување беше му се засушило, та откако се поналакти на другиот лакт, се заврте кон Доста и почна: — Арно вели побратимот, внуко, арно вели.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поклонувајќи му се на дојденикот дури доземи, човекот со разгорештени усни изусти: - Јас еднаш се зареков: Онему што прв ќе стапне во земјата Дардаванија, ќе му ги подарам сите ордени, сите родени и неродени скапоцености ...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Димче се налути: „Ветре, врати ми ја капата!“ - помисли, но капата не му се врати.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
За волја на вистината, тоа беше Струмица од којашто на авторот „срцето му се раскажуваше“ поради љубовната авантура со една „азган“ распуштеница со која соголените задници им беа направени касапана од лутите летни комарци некаде на ледините таму каде што сега во Скопје се наоѓа населбата Аеродром.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Само со користење на зборовите (односно, на симболите) како замена за она што го означуваат можеме да оствариме ограничена размена со светот што е надвор од нас.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
3. Парадокс Ако „Бог ја знае мерата“ на бесмртноста и на злото кое „расте и зрее“19 тогаш нека гугне зошто бројките се зголемуваат а бесконечното се наближува кога – о, парадокси! – „секој ден сме сѐ повеќе во загуба“20 нека објасни -богат со средства и начини- кој ги благослови човекомрсците та в оган фрлаат сѐ живо и диво да му се сотре семето на семејниот Матери?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тоа го возбудува, мислите за момент му се мешаат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа надворешна еднергија делумно влегува во човековото тело како храна, а делумно е привид што на човекот му се покажува како стварност.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На крајот на драмата, абнормалноста е превладеана и вие му се враќате на нормалното: моралното правило е обновено.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Така спремнати чекаа под конакот да се јави Челебијата, да му се поклонат и да добијат по една насмевка како секое утро.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Националното е еден вид политички камен кој на сила му се става околу вратот на човекот расположен да лета; со него се задржува човекот да остане во своето село, до својот нужник, да не отиде во светот, да не види дека постојат многу и различни светови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Логотетот беснееше, пена на устата му се јави, како кај бесен пес; а јас гледав во Лествичникот, единствен кој од зборовите на логотетот поштеден беше, и дури за пример на душа чесна и силна беше истакнат, и гледаше блажено, притворно невино, полн доблест лажна!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сѐ си велеше дека морал та затоа, ама сега кога го кажал Мирчета кутриот, не можеше да се воздржи да го најде а да не му се изнавика.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се загледа во едната, се загледа во другата, се поистави еден чекор назад, ги протрлка очите, кои му се навирија со солзи од напрегнатото ѕурење, промижурка со клепките, ги скрсти рацете, на градите, и почна да се клешти од смеа: – Ха-ха-ха-ха! Ха-ха-ха-ха!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На Зоки му е радост кога некој се смее, но тој нејќе нему да му се смеат.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Нашиот шеф, тоа неуморно добиче, кој никогаш нема време и ништо не работи, кој најскапоцените часови од денот ги минува во празно дрдорење – една до немајкаде бесмислена егзистенција – кој не се осмелува самиот себеси да си ја признае висината на долговите, кој само подметнува и блефира и ми личи на акробат кој дуе еден балон додека другиот, во истиот миг, му се распрснува: од сето тоа останува само еден одвратен гумен партал кој само миг пред тоа имал свој сјај, свој живот и своја моќ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да ја напишев првата телеграма во која јунакот ќе беше анти-херојот, картагинскиот градинар Раиз, ревносниот шифрант Петар Иваз, сигурно ќе ја испратеше шифрирана до Централата, колку и да му се видеше невозможна, невообичена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така и сториле. Она што се спротивставувало исекле и изгазиле со бесни коњи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неговата слабост кон жените не му се пише за тежок грев.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кришум, додека луѓето се собирале да го определат местото за гроб, Лозан Перуника се стрчнал со намера да ја спречи девојката да се доближи и да ја открие неговата тајна, ноќните грчења и возбуди од кои до зелените мугри на пролетта крвта му се испарувала низ облеката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На другиот крај, преку две седишта, спие Андреја. Чевлите му се собуени. Грчи.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
- Ајде... Нагло го пресече сега примашот и му се скара што уште не станува да ја исполни порачката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но се случува понекогаш на Васко да не му се спие па после секоја приказна ќе го моли деда си: - Уште една, мала...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Вака размислуваше Томо. Му се зголемуваше топлината во неговите гради.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И се исклаа како јаришта, што велеше стариот мудур Арсланбеј, на кого сега му се бркаа и тепаа едни со други, та тој си кротуваше и гледаше сеир отстрана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги слушаше речиси безгласните коментари, или така му се чинеше дека не е далеку денот кога градот ќе го завладеат козарите со нивните кози, дека не е далеку денот на белата, козја контрареволуција, кога неговата фотелја може да ја заземе козарот со титовка од козја кожа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Му се стори како да чу и придушено липтање...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му се овргали јузбашијата и нареди да го кутнат и бијат.' Списка Милан колку грло што го држеше, повеќе за да чујат четниците отколку од болките, но беше веќе доцна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Знаеш, никогаш не сум му се спротивставил на тој челник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нему раката му се лепи за туѓото, ама нему хоби му е алашверишот – и ќе украде и ќе купи само и само да препродаде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но, сега веќе тоа со секој ден носеше сѐ помалку бол. Или тоа болта стрпливо му се вселуваше в душа, станувајќи од неа дел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Павле ни малу не се растревожи. Му се изнаноси на палтото. Целото лето само со него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- И јас сум без ѕевгар. Ако сакаш ќе се здружиме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дадов отказ, се преселивме во поголема куќа, децата тргнаа на училиште.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Германија замина со директорот на пат дури кон средината на идната недела без да му се јави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ќе ми дојде да му се изнавикам, сѐ да му наблискам. Пијан е, ќе си речам, и утре не ќе знае што сум му рекла. Барем ќе знам дека еднаш и јас сѐ сум му нарекла.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И косата му се наежи од тоа што допрва ќе треба да го види.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Скокна младиот артист, а мастиката му се одлеа од чашката додека цигарата ја изгасна не во пепелницата туку во пјатото со варените јајца исечкани на тркалца и посолени со црн бибер во капка зејтин.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Пожртвуваноста на Ана... - Нејзината привлечност е во она што ти во неа го негираш, она силното во неа ти го презираш, зашто можеби, од некоја тврдоглавост, сакаш да му се спротивставиш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Извесно време стоеше над неа, па тогаш ја крена одново раката и со еден силен потег ја избриша и неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дуријата му останала залепена за десната шепа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сигурно клинците пред зградата играа брканица.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
— Зошто машниш пците, бре ќерата? — Му се врекна остро на стариот и нанишани во Шарка, кој одеше напред пред другите пци и пред дедот Јована.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден пајдос кога Толе се накашла трипати, му се запули едно детиште во очите и му намигна со левото око, но Толе не му обрна внимание, бидејќи истото беше толку младо и толку слабо, та на Толета му беше просто неверојатно и да помисли дека тоа дете ќе може да издржи такви напори и ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Рацете му се стегнати и врзани, така што лактите му допираат под плеќи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зетот Богдан ја поткренал ногата повисоко од невестата, со цврст отсек, му се гледаат белите волнени чораби под ногавиците на бечвите порабени со гајтан; при замавот, дуплите ракави на џамаданот му се поткренале нагоре како крилја од птица; под фесот зафрлен кон тилот му стрчи парче коса како празови лисја влажна од пот; погледот му е свртен кон невестата која ја следи во играта.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Туку, во еден момент, тој запре. Погледот му се управи кон вратата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Веднаш на авторот му направија впечаток неговите оврлени костенлови-сиви очи, разиграни, како да беше со двојно поголем видокруг, со издолжено лице што кон брадата му се стеснуваше како на лисица и, очигледно, височок.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Зошто му се две столици?“ „Па за да можеш да седнеш и ти ако ти текне да го посетш“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
НЕДА: Иване, не оставај ме. (Му се фрла во прегратката на Ивана.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Џинот му се креваше од стомакот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се протна под рампата, го премина просторот до влезот на кој наоружан со револвер на појасот и со рацете на грбот стоеше чуварот кој му се испречи на патот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му ја треснала вратата и излегла заканувајќи му се со бастунот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- И велиш бездруго ќе не примат? – прашаше кој знае по кој пат Мече, вртејќи со глава како да не му се верува.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
На секого може да му се случи, а ете се докажа дека и таа не е повластена во овоземскиот, човечки живот и не е, ама баш, никаков исклучок од неговите правила.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сѐ уште се сеќавам дека му реков на Ѓурчина:"Нема да бев среќен ако морав да го сметам за брат некое копиле на таа Огнена Гулева", и тој наеднаш почна вистински да се смее.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ама не му се придружил на отпорот! Сигурно бил на страната на фашизмот!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Можеби поубави зборови за возач од оние што можат да му се упатат на Коле, не може да се најдат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Му се радував, го слушав, се согласував да крадам по бавчите со него и не сонував дека е тој најарниот ученик од школата на злосторниците во овој врел прашен град исткаен како стара черга од тесни улици, од плашливи куќарки, од џамии и од два бронзени коњаника пред стариот камен мост, двајца црвеникави кралеви: Петар - татко, и Александар - син.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Рекле така ќе биде и секој ако не му се свиде Може друга улога да избере на овој терен Што не значи дека друг гајле ќе му бере Ниту дека ќе остане до крај верен На својата кауза, ако си земе пауза.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
На тој вечен Господар му се поклонуваме ние поклониците.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
НАЦА: Е, да е Стојанка во куќава, и за нас би било арно. Уште две раце за работа.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
За него, текстурата веројатно укажувала на состојбата на топлина која е латентна во материјалот и која чека да биде ослободена со вајарскиот процес, па според тоа на животот му се нуди на располагање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако му се пожалиш на четничкиот војвода, тој веднаш за ножот - За тебе се бориме, твоја ракиичка пиеме - Ако појдеш до комесарот на другите, тој ја развлекува волчата челуст, сака да апе - Од пет ока јаболки не ќе се сотреш. Има манастирот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Му се чинеше дека нема никакво прашање што би сакал да го постави: уште помалку чувствуваше потреба да изговара бомбастични фрази.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не смеам мајка да му се кажам, што се вели, а морам нешто и некако да му зборувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го гледам и не можам да му се изнагледам, не можам да му се изнарадувам на убоста, на красотата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Марија отиде и без отпор му се предаде на животот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На Змејка дури и му се допадна таков.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му беше тешко, бараше некого со чиста душа, да му каже сѐ за тестот и за себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Црно, како од рофја јагленосано кученце, потскокнува, 'ржи, слушаш како му зрее семето, и како му се приближуваш - сенката на детето некогаш што си играше со него - исчезнува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Оваа згодна идеја му се свиде на Трајчета и праша: - И другите ли така ќе направат?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На умрениот му требало шамиче за да му се избрише крвцата од устите, другарката Оливера Срезоска со солзи го подава своето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Таа главата, аре, како однатре да му пукна, како некоја бомба и тој мозокот со крвови му се распрсна, му ги покри на Томета не само градите по кошулата и по бечвите, туку и лицето.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но, според зборовите на Х.Џ., и старото и новото раководство беа „лоши и погубни“ за работниците – затоа што на вработените, наместо плата им нудеа бонови со коишто можеа да пазаруваат прашок за перење „Гонг“ и други хемиски производи од асортиманот на АД „Охис“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Беше тоа она, што преку целиот ден го демнеше од зад стеблата, а сега можеше да излегува и да му се приближува и тој секогаш наново можеше да го наоѓа сѐ поблиску до себе, спружен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука нема музеј на Петропулакис и ниту му се знае гробот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Боите како сами да се редеа, како сами да се мешаа. Платното му се пристори нов отворен предел во кој требаше да зачекори, да исчезне.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во градите го притискаше маѓепсната замолченост на сета вештичка шума, а колку се искачуваше погоре, празнината во стомакот почна да му се извива во една тапа болка, која одвреме навреме знаеше да му го згрчи и целото негово тело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Треба да му се однесе ламба во собата, и тоа онаа убавата, порцеланската со насликан афион и со топка од матирано стакло, намерно тргната настрана за него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нивните написи, по период од една и пол година, за првпат биле проткаени со оптимизмот дека воениот удар од 27 март 1941 година во Кралството Југославија ќе претставува пресвртница во војната, потенцирајќи дека југословенската војска, по формирањето на новата југословенска влада на генералот Душан Симовиќ, ќе може да му се спротивстави на можниот германски напад.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Фелдфебелот го погледна, се прибра и со далеку помирен глас од што мислеше рече обраќајќи му се на Србина: - Госпожата ми објасни сѐ во врска со твоето име.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И гласот долго време му остана во долот, да му се слуша, да му се одзива: „оф, оф, леле, леле, оф, оф“ Едно стемнување и ќе му се крене гласот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како што на секоја стрела целта ѝ е однапред зададена според записот од предците, па она во што се нишани речиси нема никаква врска со Погодокот, така и новите песни на Поповски вежбаат тишина опасно приближивајќи му се, де на зборот, де само на вокалот каде што зборот влегува како в дом на врисоци и болки!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Дукле одново се зарадува, одново надежта му се врати.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Локаше без почивка, додека не му се поду мевот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вистина, првата ноќ, кога веќе се беше вратил во гробот, му се слоши.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Љатиф само скока и се тркала, меѓу гранките, не му се дава да каже дека го боли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со фашата в раце, му се приближи на Шишмана, му ја натопори: - Држи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Совршена едноставност која маестрално ја впрегнала најсложената сложеност на мислата (и на јазикот!) во јаремот на делничниот, обичен, најобичен збор со кој на јазикот му се враќа она што му се зело...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- И ти ли сакаш да му бидам заменик на челников?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми е страв да допојдам, да му се доближам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сомнението ги содржеше на пример и овие прашања: со кое право можеш да му нудиш помош некому кого не го познаваш и тоа во ситуација кога тој со ниту еден гест не побарал таква помош од тебе?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мачорот му се доближи, му го поттурна вратот и му мјаукаше, а Милан го стисна до себе, наоѓајќи удобност во купчето од свилесто крзно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Префрлувајќи ја водата од тушот во славината, ја измива спермата капната над коленото. – Ќе сочекаме ­– се исклештува жената и мажот, на малечката ѝ се примочка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога некој обичен човек му се обраќал на некој капиталист, тој морал да се превитка, да му се поклони, и да ја симне шапката и да му се обрати со „Сер“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Ако мислиш да му се јавиме, тоа значи дека си се премислил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но сепак, не му се веруваше оти тоа би било премногу добро за братучедите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Татко му се фрла врз него и налетува на камата) Умри, умри кога повеќе ја цениш сопствената кожа од народната!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Некој пат ќе одел на пазар, тики ако му се најдеа повечко пари, два-три дни не си идел ни во најсилната работа дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Низ него го гледаше обзорувањето и зајдувањето на денот - тоа вечно намотување бело клопче на црно, црно на бело, како што му велеше баба му; го гледаше езерото кога беше мирно и кога се преливаше во севозможни бои како бесценет камен, го гледаше кога рикаше и бучеше како ѕверки да му се бијат во утробата, го гледаше виножитото што со едниот крај се спушташе во него заслепувајќи ги очите со прекрасни бои; го сгедаше езерото кога надојдуваше и од брегот поземаше сѐ што останало на песокта:
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На зборот „нов“ на Акакиј Акакиевич му се премрежија очите и сѐ што имаше во собата почна да се врти околу него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, се стемнуваше, а на Малчо му се пријаде и реши да си оди дома.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во темнината гледаше многу малку, одеше по сеќавање, по онаа линија меѓу дрвјата која секојдневно ја гледаше низ двогледот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Томче долго, долго гледаше во забелените полиња и ридови и му се чинеше дека ја гледа најубавата претстава на природата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тие почувствуваа дури дека брадјосаниот човек ги лаже нешто исто како кога лисицата му се преправала на петлето за да му го скине вратот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сандри не сакаше да му каже на непознатиов за една чудна слика што му се појавуваше често во свеста.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сакав преку букетот да бидам поблиску до неа и да му се радувам на тоа прелестно суштество.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Верниците го слушаа зачудено. Останаа без зборови. Верскиот поглавар му се поклони на Татко.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
До овој саат фиљан ќе биде кај нас на гости како при тетка, а од тој саат натаму му се знае — главата негова ќе оди на местото од парите.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Дури и да се криви и да прави со обете раце продолжен нос потсмевајќи му се на мојот цртеж.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Мехмед-паша пак, на ибн Пајко, кога овој му се претстави, пред уште да му даде каков било одговор, му рече: „Бравос, ибн Пајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Меѓутоа, единствената личност што мене ми остави впечаток за време на ова интермецо на мојата вработеност – тоа беше кондуктерот во трамвајот кој со својата алатка за дупчење билети ми го поништуваше денот; ќе го кренеше тоа парче хартија, мојот неделен возен билет, ќе го вотнеше во отворената челуст на својата справа и некакво невидливо мастило на него ќе поништеше два сантиметра – и еден ден од мојот живот – еден скапоцен ден кој ми носеше само замор, ниту приближно со онолку пари колку што ми беа потребни за да ја продолжам таа бесмислена работа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Малодушноста го разлокуваше; му се чинеше дека и самиот испарува со својата пот во едно непостоење.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Устата му се чепотеше до ушите, откривајќи ги нималку детските челусти; и беше чудно што лешот има толку подвижна, жизнерадосна уста; клемпавите уши му се зацрвенија од приливот на претходно исцицаната крв; лиценцето го беше подигнал угоре, кон Бога; неживите очиња ги затвори и пееше внимателно, со труд, дури мртвите жили на вратот му отекоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога ќе се скрши грнето секој вистински грнчар знае дека е најлесно да направи ново ама и секој знае дека е врвно прашање на грнчарската чест да се залепи скршеното грне, да му се зацелат раните и пак да се направи нова празнина која да се наполни со нови не толку жешки тајни и не толку блеснати соништа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Турскиот судија, кајмакамот, го праша Гоцета: - Даскале, каде одиш ти ваму-таму?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Таа виде, како пред тоа, му трепереа прстите, му се тресеше брадичето, му се разигра мускулот на левиот образ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но токму сознанието за стореното, прераснуваше во чудовиште што бесрамно му се ругаше штом ќе ги затвореше очите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Секојпат кога чуварите ни велеа дека времето за прошетка во паркот е завршено и треба да се вратиме во своите соби во болницата, една девојка го прегрнуваше најблиското дрво легнувајќи на земја, и долго се бореше додека не ја одвоеја, врескајќи: „Јас сум сон на ова дрво!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Старото чувство, дека во суштина и не е важно дали О'Брајан е пријател или непријател, му се врати.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пак му се стегна нешто околу срцето бидејќи Германија не покажа нестрпливост да се видат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го давам... Клечам... Му се забивам сред месиштето... Тоа сум јас... Тоа се лигите...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Веѓите му се збраа во една линија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во романот нема наратор кому може безрезервно да му се верува, секој исказ предизвикува сомневање и на ова место Башевски вешто ги сублимира искуствата на еден Селимовиќ со искуствата на современиот прозен видокруг.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Судската постапка беше иницирана април и мај 2005, со две паралелни тужби против ЈП МЖ со кои Ристески, заедно со уште четворица негови колеги, бараше да се поништат,4 како незаконити, неосновани, необразложени и субјективно мотивирани: 1) Решението бр. 331/1 на Директорот на МЖ, од февруари 2005, со кое тој беше суспендиран т.е. отстранет од работното место5 со забранет пристап до донесувањето отказ поради кршење на работната дисциплина; 2) Одлуката бр. 02-463/1-1 на УО на МЖ, од март 2005, со која му се одбива приговорот и се потврдува првичното отказно решение; 3) Одлуката бр. 02-519/1 на УО, исто од март 2005, со која му престана работниот однос со отказ без отказен рок; 4) Одлуката бр. 02-931/1-4 на УО на МЖ, од мај 2005, со која му се одбива приговорот против претходнонаведената одлука.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- А нас не опљачкаа до игла, - дофрли една од жените.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Скараните мечки првин се погледнаа непријателски, потоа се насмевнаа, му се заблагодарија на судијата и заминаа кон пештерата.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Но, бидејќи „ние” (народот, нацијата, колективот) владее со „постоењето”, тој термин го употребувам во смисла на тоа владеење, а не на самото постоење кое му се измолкнува на секое „ние”. »» Дали ирониската дистанца е спас?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Млада невеста, пуштена сама? - не му се вклопуваше во главата ниту тоа што дојде сама, ниту тоа уверение.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се е во вашата глава и во вашето срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сакав да го прашам зошто му се убиените птици, но не се осмелив.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Темноцрнопурестите Алжирци и Тунижани и луѓе од други народности од некогашните француски колонии се вистинските господари на „Пигал“, од каде Французинот бега за да не му се прилепи срамен белег...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Постојано му се смешкаше на Здравета, но овој не го есапеше ни 2,14 посто.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Отшета од кејот на Вардар. Му се стори нечист и запустен.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ако некому тоа не му се допаѓа, нека прави што знае ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На Србина чиниш цело време му се спие. Седеше со рацете меѓу нозете собрани со колената до стомакот, со капата над очи и мижеше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Му зборува за ангели, за херувими, за светци, за дарежливоста и љубовта божја; му зборува за чудесиите небесни што око не ги видело, уво не ги чуло, умот не ги допрел; му зборува за да му се замили новиот живот, што го чека...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како да му се обраќаш на туѓинец што случајно се нашол во собата, и само слушаш како повторува: „Чорт јево! Чорт јево“!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ама, и на Љатифа му се загуби трагата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Цане имаше еден недостаток; не слушаше што му се говори и одеше само по своите мисли; затоа уште го викаа и „Шиник глава, стодрам мозок“.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Нејзините очи се сретнаа со неговите и јазикот почна да му се плетка, но погледот му остана втренчен и не можеше да се откачи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Богдан гледајќи како се витка гола и како се умножува во огледалата, му стануваше уште поубава и поопчинувачка; не знаеше на кој дел од нејзиното тело побргу и повеќе да му се изнагледа и изнарадува; му се чинеше како првпат да ја гледа, како да не е таа Марија, ами некоја самовила што маѓепсува и излудува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Почнува да пее болно како нешто од срцето да му се кине): Пилето пее, на пат ќе одам, на пат ќе одам, туѓа туѓина!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Се искривоколчила природната оска на овој човек од премногу свивање, му се разнебитил духот, препуштен на функцијата на преживувањето, во вечно променливата сталински хиерархија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Плачевме по пат во автобусот на враќање, толку многу ни беше убаво на летување што никому не му се враќаше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога Фаик Коница кон крајот на 1942 година ја насетуваше блиската смрт му се обрати со молба: „Го напуштам животот со мисла дека од сите само Вие можевте вистински да ме разберете во оваа земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Отфрлен и потценет од угледните бегови, жолтолик, жолтоок и жолтобрад, под широката облека со повеќе коски отколку што му се нужни на еден мислител, не сфаќајќи дека попусто крева глас и дека дури и селаните бегаат од него, се решил да појде во Стамбол и да ја обвини грабежливоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сакаш ли да повикам некој твој врсник? Имаме и такви, старче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не делам ордени“ , студено промрморе Отец Симеон. „Обрати му се на президиумот.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога видел сѐ што му се носи, тој Чук Нам се насмевнал со очите коси: - Сето јадење дајте го на гладните од Виетнам.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Јазикот е акустички резултат од физиолошкото работење на органите на човековиот говор, на којшто му се припишува извесно значење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Детето цица, ги подотвора очињата, потклоцнува со ножињата и една мала шурка млеко му се одблиснува на обравчето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И после го кутнавме телето, а тоа ги раширува очите и ме гледа жално, жално, солзи му се навирале.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За она што ѝ рече на мајка ми, му бев благодарен, но, за легнувањето му се налутив малку.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кажи ѝ Семјоне", вели таа и се свртува кон него со кренати пердиња се до половината, око не ѝ трепнува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„А ти сѐ така моќен и бесчувствен ги распаруваш облаците!“ му се обрна во мислите Бојан на моќниот карпест врв.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Седам и гледам како му излегува душата, му се извира. И, по недела маки, се предаде. Запре да му мрда и уста и снага.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му се фрлив преку половина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакам да кажам, нему тие крави му се допаднаа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А ете, оваа утрина се чинеше дека ќе биде токму една од тие утрини и тој сега можеше само да му се љубува на тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ќе можеш ли да ми најдеш нејзина слика? - праша Соколе тихо, а погледот му се управи молезливо на момчето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Капетанот го крена својот капетански двоглед, ја догледа уморната птица на врвот од јарболот, а под строгите веѓи лицето за час му се озрачи со топла насмевка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И во мигот на радоста, одекна зад него истрел и сети како куршумот му се зари во грбот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во таков вртеж од недомислени размисли ја додржуваше Гого главата на рамената, додека ги сложуваше боите де со четката де со шпахлата, отстапувајќи чекор - два наназад за да го одмери она што го намачкал, со едното затворено, а другото примижано око, како да беше на стрелиште, па ќе приседнеше на еден издлабен триножник колку да земе здив и да му се врати на платното, во една борба во која се вживуваше и уживаше, сѐ до неизвесниот исход кога веќе исцрпен не сакаше да знае дали излегол победник или губитник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
1. - Нема таков човек, - му објаснуваше Фоте на Боге, занесувајќи му се во лицето и служејќи се со рацете.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Јас ќе работам, ќе те почитувам, ќе те хранам и издржувам според обичајот на еврејските мажи коишто вредно работат, ги почитуваат, хранат и ги издржуваат своите сопруги.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Веројатно тој обрна внимание на тие пројави во работата на жена си кога, свесно или несвесно, му се пристори или поверува дека сето тоа секако ќе резултира со нешто одредено.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Психијатарот, ги крена рамениците, погледна кон часовникот за да биде сигурен дека времето предвидено за нивната сеанса заврши, а во мислите му се роеше идејата дека секогаш ќе има работа за таквите како него!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сѐ уште држејќи ја кваката, со блажена насмевка ги затвори очите и си помисли, како нема некој пријател, сега да му се јави и да му каже колку му е убаво.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Толе проведувајќи го времето постојано во природата меѓу животните и птиците, им го знаеше нивниот немушт говор и ги имитираше: кога ќе зарикаше како магаре, сите магариња што ќе го чуеа во селото рикаа; кога ќе замукаше, како крава, сите крави мукаа; кога ќе залаеше како куче, се одѕвиваа кучињата; кога ќе замјаукаше, се одѕвиваа мачките; кога ќе закукаше, му се јавуваше кукавица.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кревката млада кожа, оптегната преку черепот, почна брзо да се брчка, на челото му се појавија првите оросени бразди, несвојствени за неговите триесет и пет години, предвесници на староста.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Вероломен двојник кој досега се таеше скриен во него, наеднаш излегува и го води, и лукаво му се потсмевнува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се собра свет, џандари. Леле! На Славчета не му се оди в кварт, со земјата се залепи! Такси зедоа, насила да го одведат... (Смеење).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Нешто топло и мило му се разлеа во душата и тој се сети на песната: „Зора зори, ден се бели“.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ледениот поглед не му се симнуваше од очите, чиниш во секој миг ќе замрзне тоа сино море.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако не преземе ништо, телото и душата ќе му се печат на вечниот пламен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сега му се чинеше како цел свој живот да трчал по навредите и понижувањата со истата онаа своја лесно запалива нестрпливост и натчовечка сила со која постојано ги отфрлаше пофалбите и восхитот на некои луѓе кон него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не се молел. Им нудел на коските дел топлина од својата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чувствувајќи се слободен, дишејќи од свежиот планински воздух, Трајче сети како му се шират градите.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Затоа човекот треба да го држиш цел, со сите негови делови, што му се дадени, па и со страот, што му е исто така даден. Мислеше за таа можност да се плашиш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Носот му се издолжи уште толку, очите му пропаднаа, небаре во кула без пенџериња.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Додека траела операцијата, пред да го направи решавачкиот зафат, му рекол на болниот дека само по една минута ќе престанат да му се тресат рацете. И така станало.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За ништо на светот не сакаше нешто лошо да му се случи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нејзините железни делови просто му се вкопуваа во прстите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Замисли си - му се обрати на сопатникот од кола да ти го земат пиштолот, а овој си мисли дека го имам само за мустра...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Помислувам да му се смилувам и прикаската да ја срочам, така што братучедот Герман, откако ќе влезе во ходникот, да се премисли и да се врати да викне некого за да не влезе во собата кај мене сам, да биде со некого кој ќе му го држи стравот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сетне јас, не можев да трпам, му се јавив и на шумарот од Лерна, се познававме.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога започнува да копа под неа и главата му се наклонува и притисокот во градите студено се разнесува во неговата внатрешност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
АРСО: (На Поцко.) Потаму, бре, не чешај се од чорбаџијата! (Со раката зад грб му дава знак да пријде поблиску до Теодос.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Но Монтескје тврдеше дека Турчинот станува жртвен јарец на кој му се припишуваат сите гревови на Европа!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не прашувајќи го ни од каде иде ни на каде оди, Геро едноставно го грабна под рака и го поведе низ врволицата, викајќи му на уво: „Има цел век како не сме се виделе!”, како да не му се обраќаше на Ване туку на сиот оној народ што им се тргаше од патот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога виде дека сенката го моли, Карамба-Барамба навреме се тргна а и јас со него, Слонот, исплашен од едно полско глувче што се обиде да му се завлече во сурлата, потрча покрај нас и кршејќи се на својот пат се изгуби во длабочината на бескрајната џунгла.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
На мачето му се здодеало, па го подвиткало долгото меко опавче под себе и почнало да плаче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
На Паљо лицето му се издолжи, под расечената горна усна двата долги заба влажно светнаа; ја извлече бубачката од левиот џеб на закрпените панталони и болно застенка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ако ушите добри му се, тогаш јазикот согрешил; ако јазикот согрешил, согрешила и душата негова кога ме клеветел.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Му се стори како да си ги чу сите свои три зрна како се слизнаа од кожата на нерезот и како иссвиреа во воздухот, рикошетирајќи, чиниш погодиле во гол камен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Трчав и очите ги држев отворени, посебно кога трчав по западниот дел (овде сакам да му се заблагодарам на мојот пријател Павле кој за цело време ме подржуваше во трчањето).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Му се чинеше како површината на стаклото да е куполата на небото, под која е затворен цел еден мал свет, заедно со неговата атмосфера.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не сфаќав, не знаев веќе кога сум буден, кога живеам во зелени соништа, сам, на мртва земја и под мртво небо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Патрокле му се пожали на Џемал-ага.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му се јави и гласот, му се поправи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако не му биле и потаму покриени очите со павлаката на ноќта што во далечина сѐ уште го влечела својот сив опаш, откако се прекрстил кон источната светлост Онисифор Проказник забележал дека Никола Влашки поцрнел, дошол некако испиен во лицето, со многу поостри брчки околу пропаднатите очи и отколку што можел да ги има по десет години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тоа се беше случило веќе: јас со сета своја неразумност, посакав веќе двапати да му се исплазам на она затруено тутуле што стоеше пред мојата врата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
— Да ви се ногу години, ефендилер, — проговори Трајко и со длабок поклон ги поздрави двајцата султанови служители, сиот затресен од возбуда, знаејќи дека не го вика мудурот за добро.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така ќе ја залажев болеста, вели, ќе ѝ ги затворев очите да не може никого да види, никому да му се доближи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Може и во неа да го гледаше умот свој кој, секој ден, во непознати места му се преместува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Казните не се само парични туку и затворски, му се закани Шајчевска на Метакот, кој изјави дека изгледа ко шведска порно глумица од шеесетите на нејзиниот предизборен билборд.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Како е полето, враќајќи му ја копаницата, праша Мусли бег избегнувајќи, овој пат, да му се обрати по име. знароди, рече Дамче.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мора за сето време да знае дека таа е тука, но не смее, сѐ додека не стане потребно, никогаш да ја пушти да му се појави во свеста во која било форма на која би можело да ѝ се даде име.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По очајна молба, исфрлање кон оној што беда испраќа, секој збор изречен на него му се враќа.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Кога останавме сами, му се свртев на Никифор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кметскиот тешко се издиши и очите му се овлажија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но, по три години од примената на новиот ЗРО (2005), со неговата прва измена од август 2008, на директорот, за сторениот и констатиран прекршок ќе му се изречеше глоба од 1.000 евра во денарска противвредност.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ти можеше да му се опреш на овој самозадоволеник!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
После изрекувањето на конечната и мериторна одлука на Апелациониот суд, со која на работодавачот му се наложи да ги подмири сите обврски кон Костадиновска, и тоа во рок од осум дена, тој повторно ја игнорираше оваа обврска и пак не ја исплати оваа сума. Затоа, адвокатот на Костадиновска го упатува предметот до извршител (М. Николовска).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Не ми се оди веќе во гимназијата, се пофалив и се зачудив на неочекуваната смела решеност со која му се доверував на Пенча.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Едно од говедата чудно рикна. Другите се обеспокоија и му се придружија. Некои од луѓето се исправија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Убај усни има, а и очите му се маркантни, црни. Ама како те изгледа тебе!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Мајсторот Ратко просто не можеше да му се изначуди на Еда.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Неколку секунди имаше чувство како да се вратил во ноќниот кошмар што му се јавуваше одвреме навреме низ целиот живот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А некој од нив рекол: „Да го отковаме ковчегот и да видиме дали е уште цел, или нешто почнало веќе да му се одзема.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но помеѓу ноќното ловење на полуголиот господов слуга и настанот што долу, во селото, тој некако им го раскажал на ловците од Кукулино и на неколцината ранобудни лесновци, лежеле во просторот на времето полни тринаесет години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога се помазни по лицето и виде дека од убавата црна брада останале само корењето, силно се натажи, та дури и обескуражи, небарем сета сила му се зеде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред вратата ги пречека гавазот Муарем и длабоко му се поклони на господарот, правејќи темане додека неговата десна рака ја достигна земјата, и со едно „сељам а лејќум — а лејќум сељам" се поздравија двајцата Османлии, едниот наведен до крајна понизност, а другиот исправен, горд и поносен на својата висока положба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Татко го следеше секој негов поглед и на крајот очекувајќи бездруго да му се обрати, тој рече: Што имаш да кажеш против првиот предложен збор јаничарите, јаничарството, јаничаризам, за да предложиме тој конечно да биде избришан или не од употреба во балканските јазици, ако се прашаме ти или јас, односно обајцата?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така, растеа брезите, му се радуваа на сонцето, на птиците, на ветерот. Растат, шумолат, си раскажуваат.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Лели за инает, еден товар сол ќе јадам, ама не му се поклонувам.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Него го погоди сарказмот во тонот на партискиот водач, а уште пред тоа, неговата сигурност во висината на планинските врвови му се стори смешна и лекомислена.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во градот кој го сочинуваше мнозинското грчко население, покрај припадниците на други народи, постоеше и сосем одвоено еврејско гето, опколено со цврсти ѕидови, додуша наследени од минатото и уште во тоа време почувствувани за непотребни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Да му се врати шапката на дедото!“ - помисли веднаш потоа, но ни шапката на дедото не се врати.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Јаков чувствуваше дека телото му е топло и од кожата, му се стори, му испарува преостанатиот дел од дивите мириси на Ребека.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш јас им го фрлив чукалото колку што можев подалеку и тие му се пуштија.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во сонот тој се беше сетил на последниот поглед на мајка си, и во неколкуте мига од будењето цел грст од мали случувања во врска со тој поглед му се вратија во сеќавањето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој не можеше да зборне - грлото му се стегна и му трепереше. Сиот како да се стутка и да се смали.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во таква ситуација, „делови од населението, кои го сакаат тоа, би биле слободни да се префрлат преку внатрешните граници меѓу Србија и Бугарија и на српско-бугарскиот раскол може да се очекува да му се стави крај.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А ние децата, и натаму во нашите соништа трагавме по можниот пристан на нашиот загубен чун, кога стариот капетан му се враќаше на вечното Езеро, трагавме по можноста да го пронајдеме патот на јагулите, да стасаме до Америка пред нив или по нив. Секој со својата среќа…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој се сврте и избега по скалите, додека чоколадата му се лепеше во раката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Без музика и без рефлекторска блештавост, само со тоа меко, нечујно и невидено паѓање, од кое би останала само една црна сенка на плочникот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И сенката му се сопнувала по нерамнини. И токму таа сенка како да го задржувала да се оддалечи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислата бавно му се отпредува, тешко се претвора во зборови, не е она што се очекува, ама дејствието замислено со неа се претвора во очигледност пред и да биде изговорена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И ова нешто му се случи нему, на ѕидарот, на градителот на куќи, и тоа му се случи во светот во кој живееше, надвор, на периферијата од индустрискиот гигант, во рамното и еднолично село, обележано со вкрстени автопатишта и селски патишта, со бензински пумпи, што беа стратешки сместени на аглите на раскрсниците и трговските центри, таму каде што куќи никнуваа како печурки, оддалечени од нивите за компири.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Полека му се приближував, а еднаш го повикав да си играат нашите сенки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бил загатлив дивјак со куси нозе, црнките во очните глобови му биле иглести, на преширокиот врат му се протегале остри брчки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На Крстета му се расипа планот. Сакаше нејќеше, остана зимото дома да ја гледа одблизу Анѓа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Речиси гледам како му се налеваат ножињата и рачињата, се познава мешето кај му е.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На Климент Камилски, добар познавач на францускиот и на италијанскиот, просто не му се веруваше дека овие јазици извршиле влијание врз османскотурскиот лексички фонд на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неговиот другар со кого во болницата лежеа во ист кревет, со забите го кине копчето на џепчето од блузата, зашто двете раце и градниот кош му се изврзани со завои, ја вади со заби сликата на која му се жена му и син му и ја моли сестрата да му ја запне на штиците од вагонот; погледнува во сликата и испушта душа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Пола од новинарите во холот му се упикуваа во шупак на лидерот од опозицијата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Од училиште до дома само за тоа мислеше: „Ами оти пак да не му се опула, ќелешот еден? Шо може па да ми направи тој мрсолко?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не го гледаш? Кога оди по калдарма, како мачка од камен на камен стапнува.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Или пак дека како дете бил фасциниран од идеите во физиката и математиката; во средно школо и на факултет ги следел своите научнички и лингвистички интереси и му се развиваат и уметнички амбиции; ја открива својата длабока љубов кон многу композитори, особено кон Бах и Шопен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога објаснуваше некоја задача, плунка му се лепеше за десниот заб и му се фаќаше за долната уста, и како што зборуваше, така плунката, упадливо бела и пенеста, му се тегавеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Го освојуваше секое од нив споро и мачно, а кога ќе го оставаше зад себе, имаше во градите толку здив и толку радост за да продолжи да му се приближува на следното.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- На нашиов пријател до пред малку му се привидуваа фатаморгани - рече Б.С.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Китан наведе дека не се согласува да му се плати само 25% оштета.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Долната вилица му се тресела пред тоа, ја слушале ѕвечавата приказна на здравите катници и веќе без збор на надеж, рисјанско сочувство на утеха, па макар и лажна, бегале од лепливоста на неговото грлено штукање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа прикажуваше спокојно и гледаше само пред себе. На Рангела му се запалија црнките.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Ќе речеш аферим'? Ами, мислиш ли ти дека на Падишахот перјаникот му се тресе за тебе?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Оттогаш никој не се осмели да му се потсмевнува.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јас не сакав, а тој почна полека да ми вика зашто сум му се спротивставувала.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Зошто водата сѐ погоре му растеше, небаре извираше од вечен извор, та му ги зафати колениците, колковите, па мевот и папокот, и му се качуваше кон брадата за да го удави?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Нозете му се лизгаа по угорнината, непрекинато колван од клунот на јастребот, ги затвори ушите, за да не го слуша повикот на бикот Чако, препотен до гола кожа, бегаше, бегаше...
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На Трендафил му се допадна мојата одлука да нема свадба.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Гледав по расцутениот кантарион што му се нишаше над главата, ко запалена свеќа. „Ако се смешаш со змии, велеше дедо, не можеш друго да бидеш.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа вратичето недозатворено удира и крцка и на намерникот му се присторува дека некој липти и плаче.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Клепките му се лепеа однатре - години... коњ...каков коњ?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Писмото треба в раце да му се даде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секое лице може да поднесе претставка до Народниот правобранител кога ќе оцени дека му се повредени уставните и законските права или кога се повредени начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Хм, интересно, интересни луѓе. Креативци,“ рече Тодор здогледувајќи ги Костадин и Петар кои му се приближуваа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Нареди да се симне сиот сомот од палатата и да се замени со светлива чоја која е мазна, мека и не чкрта во раката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најмногу душата му се собираше кога делкаше воденички камења; со денови вртеше околу карпата од која требаше да се издвои поголем камен од кој требаше да се изделка воденички камен: ја набљудуваше карпата, секоја нејзина жилка ја проучуваше: од каде трга и каде оди, каде се разгранува, слично на ботаничарот што ги проучува жилките на растенијата, како дрварот што го проучува дрвото од која страна да почне да го цепи; го проучуваше до каде оди цврстиот дел на каменот, а од каде почнува болниот; го обележуваше со креда, со керамитка, со врвот од глетото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но и двете раце на Арсо му се зафатени со некакви пакетчиња и цвеќиња и тој само, среќно збунет, си ја ниша главата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Поздравувајќи се со отецот, директорката и одделенските раководители му се заблагодарија и се извинија за вревата - Деца си се деца! - а тој воздржано се насмевнуваше со крената десна рака - небаре благословуваа: „Да сте ми здрави и живи! Пак да ми дојдете!“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Столот, каде што сакаше да ја спушти, изгледа не му се виде доволно сигурно место.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Запаѓал во очајание и удирал со главата во ѕид, во дрво, во сè што ќе му се најдело пред него. Го наоѓале раскрвавен, премален.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Детето изгубено гледаше во девојчињата, а од очите му се сливаа солзи и течеа низ обравчињата. И под носето му течеше.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Мислеше дека треба да биде мирен, најмирен денеска, кога од тоа зависеше дали ќе продолжи да биде гладен, и така пробиваше бесшумен нагоре, со едната рака постојано врз пушката, чиишто железни делови почнуваа да му се лепат за прстите од студот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На самата помисла на тоа, снагата му се вкочани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Двете топло му се заблагодарија на ловецот и радосни направија забава за сите луѓе и животни во шумата.“, заврши мајката.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Му се пулам ко дете. - А кога можам да ги видам, му велам, кога можам со ваша милост да ги видам?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Среќа негова, си мисли таа, што очите му се отворени па може да се простува со убавото утро и со синото платно на небото.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но едно време Мартин почна да малаксува, а и носот му се раскрвари.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Срцето му се свитка клопче на Трајка кога агата му рече: – Ете, оној конакот на кадијата наш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Жените зад грб му се потсмеваа: - Женско петле. Малку како нетокму е.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Му се лутам нему, а си мислам на Оливера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— А што е ова, бре ќерата? — му се врекна јузбашијата и го извади од џебот на блузата писмото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сигурно дека не ќе беше во ред веднаш, следниот ден, да му се фрлам во прегратка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше неуморен, сѐ додека не му се испразни ролната на филмот во камерата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„ Ќе а гледам, ќе а гледам и ќе а гледам, дури да ми се наситат очите!" — заклучи тој и заспа за да сонува: како се качува на една висока топола, на која имаше страчкино седело; во седелото мали страчила и таман кога требаше да ги ловне, сите излетаа, само едно го додржа за опашка, а страчките, и двете, му се пуштија, сакаа да му ги исколваат очите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ибн Бајко се стртка: „Па... знаеш како е. Некому дури не му се стемни, на друг не може да му се развидели“, се досети најпосле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Ами некаков иљач да му се даде? - рече татенцето, се колнам, токму така рече, иљач.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ја пие густата чорба, ѝ доаѓаат мевца и без да ги разџвакува, ги голта и се обидува да открие дали некој го заушил нејзиниот старец, дали не ќе проговори Чана дека и нему треба да му се тури од чорбата!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сега, додека стоеше пак на прозорецот, загледан во веќе речиси зарамнетата дира на оние, што заминаа, на Змејко пак му се стори како да го виде тоа зачекорено човече, поклапушено од високата јака на кожниот ќурк и пак ја сети во себе желбата нему дури и да му намавне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А чудно беше едно: на Димче не му се случуваше ништо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но, наеднаш се тргна, во паметта му се мерна болното дете. Отпушти глава...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Србин му се насмевна, а Шишман како обично се зарадува.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Така што, на испитите пред менторот и комисијата, Миха мораше многу да внимава и максимално да се совладува кога одговараше на прашањата од старата школа да не му се провлекуваат и одговори од новата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
О, ој, оф, оф, оф, пишти и се држи за очи, на својот глас му се оѕвива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да не знам кај да избегам и како да му се опулам на Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ќе му се качеше ушка и удирајќи го со палците в слабина го бодинаше низ дворот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кафулето врз една тераса му се виде привлечно, но кога се приближи, виде дека е тоа полно со џагуриња и безделници кои не можат еден од друг да се чујат поради прегласната музика што се сведуваше на обична ропотеа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Викаме така, се дереме ко померени и кроиме планови како да му се кажеме: да ни се даде пат за Југославија. Виза.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Денот му бил ноќ, се плашел од светлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Природно се очекуваше и тој еден ден да му се исповеда на Камилски за тајните на младоста, за клучните настани од цариградското време кога овде се разминуваа османската епоха и времето на нова Турција на Ататурк, кога се разминуваа верската империја на Калифатот и новата лаичка држава, кога се разминуваа арапската и латиничната азбука, старото шеријатско и модерното европско право, кога се разминуваа Европа и Азија, кога новите институции ги заменуваа старите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Покрај овој проблем во зборувањето, „р“-то не го артикулираше, туку го ’рчеше, сите вокали ѝ беа проговорени како да има кнедла заглавена во грлото, а не се ни познаваше дали вели „д“ или „ѕ“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мислата великодушно му се напрегна за да ја опфати шемата за целата работна задача, со сите нејзини меѓусебни поврзани операции, а кога целата работа му се лизна од менталната контрола, и сега стоеше загубен, се чувствуваше како да беше разбуден од сон со силен удар по глава.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И отец Пелазгиј, Асикрит мој и царски, одговорен за библиотеката, учен многу, кому деновите на животот досегашен му се двојно помалку на број од словата прочитани.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Задржаните ги притиснаа пак во еден ќош, а пред нив горе-долу по дворот шеткаше стражар на голем коњ, управувајќи го понекогаш и накај групата, кога му се чинеше дека оваа се проширила на повеќе простор одошто ѝ се полага.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Но колата ме труцка - најде причина Огнена да му се пожали.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Самочувствието му се зголеми: Палтото убаво му стоеше: ново, елегантно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Беше стар, раздрнкан, со оветвена црвена боја, и на Димче не му се допадна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
На стар човек и новото алиште е старо, вели дедо, а околу очите му се собираат брчки ко бранчиња вода.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што ќе чешлаш сега, му се смеат на Лазор Рогожаров.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Толку му рече и побегна од него како да му се гади да го гледа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Му скокаат на Џ., едно му се обесува околу вратот, го кутнуваат, го маваат, го шутираат: - Долу тиранијата! Да живее слободата!
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Скастреното мустаче на татенцето му светна, му се позлати.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Дедо му на Ибраим Ибраим, меѓу своите познат како Кара-Демир, се висхитил од долгоногиот распон, зошто му се сторило дека тој иноверник е готов да загине за султанијата па го стасал и трчал со него барабар, воинствено ревејќи сѐ додека на чекор од нив не бапнала граната.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Веројатно затоа и реши најпрвин да се одмазди, за потем со чиста душа да може да му се предаде на својот Бог.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Овој приговор е многу сложен, затоа ќе треба да му се одговара на секој дел поодделно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- А вие кој сте? - му се сврте управникот на Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Еднаш беше сум ја заборавила вратата од печалката отворена. И влегле кокошките. Му се навртеле на лебот да го колват.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во тоа време јузбашијата им ја пренесе на аскерот наредбата за ќотекот и овој ги грабна пушките за цевки и се втури во купчето народ, та почна немилосрдно да мава каде што ќе му се згодеше. Со плач и пискотници се разбегаа жени, деца, луѓе и на сретселото останаа само тепаните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Она што го доживуваме како тешка ситуација, несигурност - тоа не е абнормалност, туку перманентна човечка состојба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Затоа човекот и во работата бара и си создава другари, и во радоста му се потребни другари, зашто заедничкото радување е она вистинското радување.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Не можеш, не си кадар, од сенката му се плашиш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Факт е дека турските власти ги исползувале тие атентати за да ја обезглават и компромитираат Револуционерната организација како анархистичка и да му се одмаздат на нашиот народ кој ја имал смелоста да дигне глава во цела Македонија против режимот на султанот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Имаше секакви мислења: едни велеа да се реши никој да не му дава на Лумана ништо, па макар колел и бесел, други беа да се отепа, трети да му се стори тоа на Бошка Манев.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Накратко, никогаш не сум сретнал ниту еден заколнат математичар кому може да му се верува надвор од равенките и корените, или кој потајно не верува дека x2 + px е апсолутно и безусловно еднакво на q.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој се придигаше со мака, нозете му се тресеа, а рацете ги свиваше над глава како за одбрана. Од носот и од забите му течеше крв.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дарителот им дава бакшиш на свирачите, и влегува во црквата да запали свеќа и да му се помоли на светецот да му го возврати дарот со здравје и живот и напредок на куќата и семејството.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Доста ни е од такви Дости, вели војводата, зар и разбојници да прибираме, вели, и наредува да го врзиме, да го мочаме. И ние сите му се изредивме. Како да гаснеме запалена вреќа со ќумур.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Татко беше подготвен да му се препушти на денот во кој, конечно, требаше да стане нов социјалистички судија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во моментот кога ја виде како паѓа врз врзаната рака, му се стори како нејзината болка да ја чувствува во сопственото тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Летаат по синиот свод со своите стрелести крилја и опашки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И токму во тие години, но и порано, се сопира природната и социјалната еволуција на детето, радикално му се сече потеклото, семејната врска, му се менува религијата од христијанска во муслиманска, се станува целосно зависен од Империјата, посебно од императорот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Само една мисла му се вртеше во главата: дека мора да се наоѓа на ова место подолго отколку што мислеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Истрча во градината, се скри меѓу рибизлите и почна да размислува: млекото на неговото братче се згорче кога тој се налути дека не му го дадоа нему да го испие; забот на дедо му испадна кога за нешто му се караше, а Димче гледаше токму во тој заб и посака да му испадне; јазикот на мајка му се заврза кога тој утрово си помисли: „Да ти се заврзе јазикот!“ бабата си го поткаса јазикот кога му се караше...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Усните на Михајла трепереа нагоре-надолу и забите му се покажуваа готови да скинат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ниту еднаш не ми се јави; ниту пак јас му се јавив, оти и не знаев каде се наоѓа со циркусот, оти и не сум можела, оти циркусот е подвижен центар на светот, како што рече и самиот, оној ден, кога дојде повторно назад.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Толе и Трајко излегоа од кулата, појдоа во градинчето, му го зедоа јагнето на Бендерот и му удрија еден дипшик, за да разбере и тој дека Толе Паша со дружината влегол во Старавина и ги опљачкал чорбаџиите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога има војна секогаш зимите се длабоки, а имањето ти рика, му се јаде. Не те прашува дали имаш, ти бара. Сите сечат за козите, јас за кравата, за магарето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Второ: На секого, што и да му се случи, не смее да плаче и да се мрсулави.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Од далеку повторно ја гледа Аниса качена на коњ, на истиот коњ што е на сликата: силен бел пастув, влакното му светка на сонцето, се прелива, како скапоцен камен; гривната му се вее развиорена.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Шестото навистина го испи малку побавно, но никој тоа не го забележа, на седмото виде само Трајанка и ѝ затупка срцето што ќе излезе победник, на осмото децата почнаа да му се смеат дека не може ни колку едно женско да биде јунак, на деветтото одвај го качуваше ридот а кога дојде до половината на десеттото, којзнае како стана, но се закашла и не го допи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На Глигор му се стори дека лицето на Арсо мрдна малку налево.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тукуречи половина глава не му се гледа од преврската.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но желбата не му се исполни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Да му се исушат тие нозе”, помислува Соколе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Отпрвин некако не му се веруваше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зоврев и му се фрлив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А А , внимателно ме слушаше, беше навидум задоволен што зборувам, а огорчен што му се спротивставувам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Потклоцнува, мислиш некоја врвка е што ќе пукне, ќе му се скине.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Смеј се мори, смеј се, коа да не си видела како се гушкаат маж и жена! — пак ѝ се брецна, сега посериозно, мислејќи во моментот дека нему му се смее.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ќелавкото, и дебелата жена, и блондинката се наполно незаинтересирани за часовникот, зашто се преокупирани со гневот поради сопствената маченичка работа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
— Штираквици! — Тие му се сестри на ѓаволот, вели Наталија, и од нив се крие и сонцето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој реши да ја испрати до станицата на подземната железница, но одеднаш тоа одење по неа на студот му се стори бесцелно и неподносливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сепак, постои стравот од она што иде и што му се заканува на Ренџов дека навистина ќе дојде оној ден кога и првата песна ќе биде последна и последната песна ќе биде прва.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
На левата страна под подотворената пола на палтото му се гледаше синџирчето од часовникот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Некој од нив, воден од сочувство, одлучи да му помогне на Акакиј Акакиевич барем со добар совет, велејќи му дека тој не би пошол кај реонскиот началник, зашто може да се случи реонскиот, сакајќи да заслужи пофалба од претпоставените, и да го пронајде на некој начин шинелот, тогаш шинелот сепак ќе остане во полицијата, ако тој не им достави законски докази дека шинелот му припаѓа нему; туку дека е најдобро тој да му се обрати на едно значајно лице, дека значајното лице, откако ќе испрати писмо и ќе се поврзе со оној со којшто треба, може да направи работата да тргне поуспешно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имаше четириесет и некоја година и со секој чекор подаваше рака со лице на налутен пророк.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се опорави и дојде кај мене да ме моли за прошка. Веќе не можев да го сакам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Глоба во износ од 800 ЕУР ќе се изрече на самото место за истиот овој сторен прекршок и на работодавач-физичко лице; а, пак, на директорот, односно друго одговорно лице кај работодавачот, на самото место, ќе му се изрече глоба во износ од 600 ЕУР.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кочо застана на врата. Дека беше внатре темно, човекот, станат веќе да го среќава, му се стори како затворник.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не го познаваше човекот отаде жицата, а тој, позадинец, навикнат на крепко спиење далеку од фронтот, со врски до самоти врв и со клучот од лебот, месото, шеќерот, брашното и што ли не друго, дали сериозно ќе го разбере ако му се претстави само со името?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го снемало. Кога се вратил (можело да се види дека беневреците му се влажни на колениците) од отворениот гроб се кревале лилави чадишта и уште нешто - мирис на нагорена волна и на човечка тага.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не одеше веќе за да ги прерипа куќите; нозете му се влечеа по калта, долгите раце млако му висеа дури до коленици.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Намисли да појде кај отец Серафим да му го каже сонот, да му се исповерда, да почувствува леснина во душата, но се исплаши да не го погледа прекорно отец Серафим и да му рече: Соновите ни го кажуваат она што го мислиме...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Љупчо тргна прв. Чекореше нечујно, како пантер.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го фатив под рака мојот драг учител и, без црвенење, без премолчување и на најинтимни работи, пред никого уште не искажани и не признаени, - му се исповедав како на најблизок.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Лицето му се стегаше во спазми. Мускулите околу уста се збираа и се отпуштаа со страшна брзина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не ќе се најде ли некој, што ќе го пречека нанишан некоја вечер, без многу да му ја мисли што може да му се случи после, некој, кому ќе му биде и премногу стемнето пред очите, за да не може ни да се обѕрне на тоа; да му биде сосема сеедно тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се нишаат така, се клањаат, му се молат на бога.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но Чанга имаше стреловит ум. Вистинските зборови сами му се лепеа за душата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Широкото чело му се собираше па се отпушташе низ новите бразди на обликот на мислите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ме пуштија, а тој го отвори пликот, досието мое и почна да тревливи, да ги прекршува веѓите и да му се поткинуваат зборовите: марш, марш, марш!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одам до него и му се фрлам, го прегрнувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но знаеше дека во неговиот филџан виде уште нешто, нешто што го протолкува токму во тој миг, кога му се отвори сосема свесна дека ќе ја рани, ќе ја убие така закован во нејзината утроба.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Едмондс ќе му сугерира на Каиро Киро Георгиевски-Дејан да „престане со операциите на грчка територија“, но и самиот бил свесен дека „и тогаш веројатно регрути ќе заминуваат“ на територијата на Македонија, наместо да му се приклучат на ЕЛАС.333
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Е, нека види сега тој прч, тој бивол, што змија му се пикна в пазува!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Абре, да му се сневиди на овој животот“, нешто подоцна рече чичко Никола, расмеано, како веќе да не беше со намера на разговорот, на својата прикаска, да ѝ даде сериозен тон.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Избегнување на злото и учење како да му се спротиставиме. Само со издигнување на божјото име и волја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
— Немам ништо скршено, му се оѕвивам и трепкам ко ласица во папратта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вака, неисламизирани, може да ги држи во постојано напрегната ситуација, на исто рамниште со другата хирстијанска раја, и да ги исцедува колку нему му се сака.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа сите сакаа барем еднаш да го чујат за него и му се радуваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не му се чекаше да потпораснат за да ги продаде некаде по пазариштата за робови, а да ги истепа или исколе сепак имаше душа во него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И машко и женцко, и старо и младо да се соберете на вигнатааа...!!! - викаше телалот, ама му се истопори дедо Наќе и му се развика: - Аре, пезевенк, нели ти реков на вигната да се соберат само машките, а?!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
и што бех на христиани добро учинила, и кој зло ми чинеше ја не му се љутех и трпех сѐ што ми чинеха лошо, и некои што беха у жалби и неволи — и јас плачех и жалех со них барабар, или некого от греховни работи отвратих, или си задржих јазик от клетви и л’жи и от праздни зборови, — сите мои добри работи видох ги како днеска учинени и се зарадувах.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Кога му се видоа малку овие вооружени сили во Европа, Хилми побара зголемување и од преку Босфорот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
95. Значајно е што и Мисирков меѓу највидните македонски револуционери, и тоа „сепаратисти“ (со смислата што му се даваше на овој поим во тоа време), на прво место го поставува Гоцета Делчев, независно од тоа што овој не стигна да се изрази и јавно како „национален сепаратист“.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
знаеше дека пламените јазици нема да му лизнат во гордоста ниту во гумираното платно на параглајдерот, ама не знаеше дека мигум може да му се стутка платното и да се урниса како приказната за прометеј (кај се видело бронзен параглајдерист) кому никогаш нема да му се разјасни кој ѓавол го довлечка во скопје а нема да му се разјасни ни табиетот на македонците од секој оган да прават големи пожари.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Го затресе трупецот. Му се стори дека нешто внатре клапа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За ова би требало прво да поднесете молба во канцеларијата; таа би стигнала до шефот на одделението, до началникот на одделението, потоа би била предадена на секретарот, а секретарот веќе би ми ја доставил мене...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ништо не му одговори. Сети дека образите ѝ се бледи и студени, па во тешка достага му се молеше на Бога да ја упати, да ѝ каже што е должна да стори.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Му се испушти некако во веселбата кога го женевме. Јон за ова ништо не ми кажа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Многу деца настрадаа, ни рече Огнен Ѓорго и затоа не ви треба да ѓибате. Ако видите нешто, забидете го, опулете му се и заминете си. 221
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никако да му се расчисти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ќе залачкаат нивните, ќе залачкаат и нашите, — горделиво ги бодреше Андон од Дуње, кој со Толета требаше да му влезе на Арслана во конакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нему му се падна. Нему му е одредено тоа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
По оваа егзистенцијално безизлезна ситуација за него и за членовите на неговото потесно семејство кое го издржува, Х.Џ. неколкупати се обраќаше до неговите претпоставени и од нив изречно бараше да му се исплатат платите што му се должат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Инаку, оддалеку карпата личи на некој светец, на кого при зајдисонце и при испарување на водата, на врвот му се исукува голем колтук, ореол, што блеска пурпурно.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Иако не го гледаше, Аргир чувствуваше како му се приближува и сака да го зграпчи и да го задуши.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Невидлив меч му го пресече телото, како кога ќе видеше на огласната табла на факултет дека не го положил испитот или како кога некоја девојка која му се допаѓаше ќе поминеше покрај него гушната со некој дечко.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Мече ја крена десната нога, лицето му се грчеше од болка и уплав: меѓу прстите му се беше впила голема набабрена пијавица.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Никој друг не му се обрати. Беше чудно до која мера обичните криминалци ги игнорираа партиските затвореници.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зашто не верувам дека некогаш ќе стасам до оној недогледлив хоризонт зад кој можеби има некој друг живот во кој би можел да влезам и да му се приклучам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На Толета му се симна превез од очите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И ова ќе му го пишеш: Татко многу ти е лут зашто не му се јави со едно писмо од место.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Забележа дека многу му се моча и почувствува извесно изненадување, затоа што мочаше пред само два или три часа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ама, како што се доближувам, така и насмевката му се намалува. Му се повлекува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бојан го сакаше тој збир на миризби, преку кој, му се чинеше, одеднаш ги вдишува сите миризби на одминатото лето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јас се опив и плачев: велев дека ја сакам, дека не смее тоа да ми го прави (во пијанството се однесував како Луција да ми е венчана жена); потем Земанек, на мелодијата на една стара народна песна (беше жива фонотека за стари народни песни), почна да пее „Учи ме мајко, карај ме, како да земам Луција, Луција курва убава“, и јас му се придружив; бевме сосема пијани и пеевме само едно исто: „Луција курва убава“, „Луција курва убава“, „Луција курва убава“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нешто го стегна за грло, а Ѓорѓи почувствува како му се ежи косата, како ладна пот му потече по чело и лице и нозете веќе не го држат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чувството на замор му се врати и колку што повеќе возењето траеше, тој толку поизморен се чувствуваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ама си велам: ај, не чешај се, Велико, кај што не те јаде и не знам кај да му се изнагледам побрзо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неговиот комерцијален фонт наречен Pilsner почна од налепница на едно француско пиво; логото му се заглави во меморијата зошто изгледаше како „Roman фонтот облечен во црна кожа“. Маргина 36 181
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Молежливиот шепот се губи во болното офкање, замолчува, одвај се насетува неговото дишење и кога му се враќа свеста, тогаш со глас што одвај се слуша, тој пак моли, проколнува, пцуе...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не ги послуша ударите под превивката, тие јасни опомени дека е еднорак и дека на Мирона вратот може да му се свитка само со ластерка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Народот е ослепен и оглувен од страв и треба да му се каже кон кај треба да гледа и што треба да слуша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стопанот не ја сфатил веднаш несреќата, Се веднел и безизразно се пулел во легнатото тркало - токму нему ли, стопаничина, му се случило најлошото!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Те молиме оче и личниот свети Наум да му помогнете на кутриов Силко... умот да му се врати...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пукара — чукара, таман како сношти, му се фукнаа на Рожден и право кај дедот Карабуклија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога го видов првпат по смртта на Софи, брат ми седеше неподвижен, со погледот закован некаде во средината од масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но таа пак му се враќала.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мартин, срипа и, онака навреден, му се фрли на Николчета.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Па зар ова не беше пресудата на судбината, по шеесет години егзил, да му се овозможи враќањето на моето семејство во егзил, на родната грутка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Арно се сеќавам: меѓите со она село што го гледате зад блатово ни беа некаде тука; ако некому му се скршеше ралото стигаше неколку чекори да направи и да земе рало на заим од комшијата ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Не беше сигурен дека ќе го употреби жилетот, дури и ако му се укаже можност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Врне дожд Од боските на момето Не му се радувам Само јас Туку И Морето.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Тие мислеле дека таквите убави нешта, како впрочем и лошите, може да му се случат секому, ако се нацрта на вистинското место во вистински час.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Му се чинеше дека ќе може бесконечно долго вака да оди по деда си, да замавнува со косата и да остава зад себе бранови соборена трева.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојко почна да протестира.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мајка му се облекува, ја зема големата торба со која оди на пазар и излегува.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
По онаа бура, по оној гнев на Симона, повреден од тоа што Лена не му се дава, ранлив кога беше во прашање брат му Борко заради чувството дека предноста и грижата и на родителите и на другите била секогаш свртена кон него, а тој божем запоставен, а сигурно и заради внатрешната потреба да го симне од себе товарот на едно сведоштво на злостор, по таа бура, значи, по тој гром што ја удира Лена, таа го врти мојот телефонски број што бев ѝ го оставил кога летото, пред можната прослава на јубилејот на браната, ја бев посетил кратко во Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Уште во истиот ден тие го осигурија овој мост и за подобра сигурност да не премине непријателот преку река, од каде што му се даваше можност да се развие во борба по широките лаки и да победи, фатија та ги насекоа сите диреци на мостот на педа- две во водата, оставајќи ги одвај да се држат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Грлото му се исуши, не може плунката да си ја голтне, а ете Бојана, проклета Бојана, пак го праша: — Тебе те прашам, море сому, шо не кажиш кај одиш? — и пак се насмеа сама и застана пред магарето да не може да помине.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Дима му се виде лесна задачата и набрзина напиша: „Мплазе купи од Трипка скапо сес овци кози", Прсна Бино во грмовен смев кога погледна што напиша Димо и го натера да го прочита напишаното буква пo буква.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ризикував да не му се јавам, затоа што претпоставував дека ќе се врати доцна во ноќта. Уморна и сонлива, ја отклучив вратата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Послушај го оној од баракана, тргни му се од патот на прогонувачот и без да му кажуваш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но кога пропеале трети петли и ко почнало да се разденува а Бошета уште го немало да се врати, стрико Никола сиот се вомјазил да не му се сторило ништо лошо и заедно со стрина Николица и со Атанаса ги разбудиле сите домашни и сите зедно, со запалени вивки и гламни, истрчале на срецело и надале гласови, троа навистински троа од навал, за сите да чујат каква нова несреќа ги снашла и да тргнат да го бараат Бошета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како брат ми Митре, да му се миросаат коските и Господ златен да им отсече и раце и глави на тие шо го заклаа... - се прекрсти баба и потоа ја дофати фурката и почна да преде.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го потпирав челото на тупаници и пак бев во собата под слабата светлост и меѓу сенки кога влезе Борис Калпак, поточно тој веќе беше во собата кога се тргнав од чинките на мртвите за кои не запаливме ни половина свеќа во некоја црква.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Добар деееен! - ме пресече вибрато на 90-годишен старец кој пред врата се беше изложил на срамежливо сонце и кому му се чинеше неизмерно здодевно. Не знам дали одговорив.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ја гледа сликата и очите му се навлажнуваат, срцето му се стега, душата му се загорчува и му шири пукнатина во него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се прокуди човекот и не може и да зборува без ракија. Да му се урне гробот на тој што ја измисли! Ковче од ковче да му се разневиди!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сиот тој ден, со мали напливи на возбуда, мислата му се враќаше на претчувството за стравотниот пораз во Африка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Човекот- ѕвер бил поитар од животните. Еднаш, ноќе, влечен од алчност, зад гробиштата на селото тој убил свое чукаре и веднаш ја нурнал муцката во пресните дробови на добичето, на тој црн ангел за утрешни ораници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Другите, молам, на задното седиште!“ нѐ покануваше широко размавтан со рацете.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сака да се извлече... ѝ ја рашлакувам муцката... Ѝ ја затварам устата со дланките...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сега тие кози излегуваа како од под земи за да му се придружат на Чанга и на неговото разиграно стадо во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Лепливите зборови како восочни конци му се плеткаа околу јазикот: „Ти... Нека мине возот... Брат си... Важи?...“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бојс сакал да ги обвитка со постојана топлина, да ги лулка како бебиња, како што и самиот се обидувал со топлина да се заштити од внатрешната и надворе­шната болка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Жената што со него влезе во лифтот не си ти, туку комшивката Гога.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во некои примитивни култури, мажите изведуваат ритуали, со кои му се приближуваат на гушењето за да постигнат ерекција.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
По неколку дена тој влезе светнат во сопчето и му се обрати веднаш на Ордета што лежеше на кревет: - Орде, си најдов. -Што? - Љубовница, што! Нема само ти да имаш
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се заредија тешки ноќи на она циганско лето во кое природата со последни сили му се оттргнуваа на сонот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дине, онака сув, коскест, повисок од другите, црн како црниот ден, како црната кал долу, ја врти главата лево десно чиниш сега сосема си доаѓа на себе, како да се разбудува од некој долг сон што никако да го напушти па не знае дали ова е нешто ново во неговиот живот или оваа слика е стара и сега само му се повторува!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Затоа на Константин З. му се допадна мерката на неговиот министер-претседател Филов, кога е донесен прописот за задолжително обележување на лицата од еврејски происход, кој налагаше, оние меѓу нив што се заслужни за него, да носат шестоаголни ѕвезди со бела боја и значително помали димензии, наместо покрупните и жолти наменети за обележување на останатите Евреи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Денко престана да се плиска. Очите му се вжарија. - Одиме ли? - рече.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Му се намовна тогаш лицето, му се острелушија очите од изненаденост и навреда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеби сега му се шират зениците, страсно и возбудено му се влажнат носниците и во диплите на челото се цеди пот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој не смее да дозволи тоа да му се случи нему.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А сакам да ви пригода по некој сомун за пат, оти веќе време е да се разделиме и секој да си а гледа работичката, кога веќе му се издутнаме на Бахтијара вчера.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Комплимент - Здодевна тирада без Затвор - Најсигурен и најевтин стан. никакво значење.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во оваа точка го правиме отстапувањето од Дерида - кому, се разбира, пак ќе му се вратиме затоа што целиов текст всушност е рециклажа на некои негови ставови: мултимедијалноста, оној „етер“ меѓу медиите во акција, е таа деридијанска рамка, parergon.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Подзамижувам за да можам да му се приближам на гласот на Борко кој се обидува да ми дорасветли некои посебни детали од неговите љубовни доживувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Војниците безгласно го примија, нивен е ороводец, и му се тргаа од пат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ова не ќе биде волк, си велам, и мечка не ќе биде, си велам, и одам, му се придоближувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го слушаше нивното ритмичко ѕвонење и му се чинеше дека никогаш порано немал слушано поубава, попленувачка музика.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На 4 март 1946 година му се обрати на посочениот Сејфула Малешова да посредува кај албанските власти за да се исполни тестаментот на Фаик Коница.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На почетокот им ставаше крст, на кој со мастилав молив ги пишуваше имињата и презимињата на починатите, но откако еден од оние од џипот му се изнавреска пред луѓето дека е контра и дека со крстот го погани црвеното знаме на револуцијата, Пандо гробарот, така го викаат и само така го познаваат луѓето, си го скри изгризеното моливче, што го имаше украдено од офицерската чанта оставена во џипот, се затвори во себе и само кога го поздравуваат, одговара: копам, закопувам...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Преку зимата му влезе под кожа на отец Арсенија Гледајќи го Сталета, отец Арсенија се гледаше сам себе во своите млади години и му се свиде оваа волја на младото момче да стане како него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И дури вујко му Ѓуро му даваше кора и печено бравско месо да јаде и го убедуваше дека уште е малечок за комита, Крсте сѐ повеќе се намуртуваше и уста не му се отвораше — не му се каснуваше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И не се вратил по измитарената шубара што од испотеното теме му ја симнала подадена гранка на стара леска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Старче, со чемерна замисленост повтори Доце Срменков; воздивнал неутешно, лицето му се збрчкало. - Така е, старец сум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето се чудеа... Што наумил сега Чанга? Каква прослава на враќањето кога му се готви јамка, кога му се бројани дните и нему и на козите?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се нашол таму умен, кој се спротивставил велејќи дека со тоа на Чанга непотребно би му се зголемил угледот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие, значи, мајка му и сестра му се најале а за него не оставиле ништо!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Домаќинот се држеше за свои сфаќања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само очите му се тркалаат несвесно. Ножовите натискаат на градите, стомакот, слабините.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На првите истрели се збуни целата полиција, а и заптијата веќе беше ги известил муљазимот и кајмакамот и овие трчаа со сите заптии и оружани слуги што ги имаше по Прилеп.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Висеше над земјата како да е обесен за нешто додека жилавиот Андон му се плеткаше околу нозете.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Најпосле му се изгубија од погледот на Пецета.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се чинеше дека Марија созреала. Се откажа од своите соништа за актерството и му се посвети нему, како во работата така и во креветот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Му се приближи и почна да го фаќа меѓу нозете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не се гледа кај гори, но чадот му се гледа. Тука некаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И му се сака никогаш да не престане да го слуша.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сега треба да му се даде име на детето, да се запише во книгите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
САНЕ: (Обраќајќи му се на шанкерот) - Отспротива, згазнат човек.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Му се обрати со бате, а зборот сестро никако да излезе од неговата уста.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сам на масата, си мрмореше сега нешто со себе, а издадената долна рилка тромо му се стегаше и отпушташе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Застанува дедо Иван тажно и гледа. Тој гледа дека е најпаметно да земе сега да ги искорне половината, но како да го стори тоа кога ќе му се смеат луѓето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во истиот час кога станал ајдутинот, станал и Боше; Николице, ѝ рекол Боше на снаа си, стави во дисаѓите цели два леба, стави и сирење и пастрма, за да му се најдат по пат, а јас ќе го испратам до Алилово.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На далеку преку море...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
А некој од оние прости луѓе од роднините, рече: „Да го отвориме ковчегот и да го видиме уште еднаш, да видиме дали е уште цел, или нешто почнало веќе да му се одзема.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
XI Понекогаш на Мил при долго работење во лабораторијата, му се случува да му запрат мислите, да му се зачепат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но, кога внатрешниот свет накрај ќе му се предаде на просторот, внатрешната извештаченост треба да биде видена и пројавена.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Онисифор Мечкојад во тие мигови чувствувал дека нешто однатре го присилува да се исповеда некому, да бара воздишка на разбирање и збор што ќе го утеши здрвен и со болка во петиците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стомакот му беше вовлечен и околу половината му се подзавртуваа сините долго носени работнички пантолони.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А тоа беше нешто што не смееше да му се случи на еден славен мачор.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Беше едно тешко чувство, една растргана тишина, од која нему устата сама му се искривуваше, не знаејќи дали да се посмее, или пак да се скамени во тој грч што одбива.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Грубо му се закопуваа во рамото нечии прсти. И го нишкаа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
По дома најверојатно му се обраќаат со некоја традиционална сложена кунг-фу именка како на пример „Мал Змеј“ или „Голема Лама“ (мада некако најмногу му лежи да го викаат „Средна Кригла“, и тоа онаа мала и дебела од цирка 0,33 децилитри).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Голите женски гради се залепија на неговиот грб, а прстите со лакирани нокти му се преплетоа на градите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На, лежи, земи го!.. . Ристе ја стегна раката. И му се сака, и му се нејќе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не е ова ни прва, ни последна...). Мајка му ќе излеташе од радост: не можеше да му се изнарадува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во душата чувствуваше како му се разлева гордост и радост.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Му се зарадуваа на сонцето, му се зарадуваа на синото небо, на облаците, на ветерот, се зарадуваа и почнаа да раснат. Ѝ се радуваа на пролетта, на летото, на есента, а кога ќе дојдеше зимата задоволно го сонуваа долгиот зимски сон.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И на службеното лице му се обрати на сличен начин како и на вратарот,(случајно да не подранил?) но сепак, успеа да додаде и нешто како: времето е умот на животот а ние, за несреќа, често заскитуваме.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И сега пак така. Како тогаш. Не знаеш како да му се опулиш, како да му речеш, како да му пригодиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Причина за ова е следна: За разлика од другите предмети кои можат лесно да се изострат, со окото тоа не е случај, тоа има округлест облик на кој треба да му се постави врв.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Еднаш, мама му се развика на Зоки: - Каде си досега, денгубо една!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Мислам дека јадам само кога ќе му се јаде нему, спијам само кога ќе ме пушти тоа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Орал маж ѝ, доорал, побарал друга нива, воздивнал Гавруш Пребонд.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На Зоки сѐ му се допадна овде.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
На началството му се свиде оваа Пегрева постапка, ги остави браќата заедно и тие први влегоа во Старавина по пробојот на фронтот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Му се доближи одзади и го испразни сиот шаржер во него. Ѓорче се поревна и падна.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
На министерот му се допаднал ставот на улавиот и тој станал завршен дел од инструкцијата од посебен стратегиски интерес која била испратена до сите француски амбасади во светот!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не го сфаќаше прашањето и гледаше во него со прегрдо лице а тој, директен како и секогаш и сигурен дека може да господари над другите кога и да сака, дообјасни: „За тебе и за него, за вашите врски.“ Му се стори дека ќе заплаче и ја сожали.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Амам: промена на смислата Не кога ќе влезеш и кога ќе те заплисне врел и непроѕирен воздух не кога ќе те поклопат капките разлеани по ѕидовите реата, мермерот, мрморењето не кога ќе те обземе вртоглавица зашеметеност од празнината на амамот, полна пот, плот и пареа не кога ќе те погоди како отсјај во сон светлината подадена низ розетата дозирано, од високо не додека студеното сонце-иње од карши ги облагородува дрвјата, релјефите, порталите, фасадите на сараите туку кога ќе потонеш гола во гротлото ко крвава рожба во исцедокот од водолијата тукушто прсната, за да може да се слизне низ пенџерето на животот (на)право во царството на немилосрдноста кога збунетото тело ќе помисли дека секое друго место е подобро ама ќе остане и понатаму - таму без да се помести кога ќе ја осетиш жешката вода како оддалечување од секојдневието, од агонијата на распадот (целото е мислена именка, далечно минато) кога ќе се престориш течен заборав божји благослов и ќе му се предадеш на телото мислејќи си ѝ се предал на психата егзотичното прелевање на смислата сѐ додека не се претвориш во прелив како таков кога ќе се испреплетат значењата едни со други и ќе се испретурат во кошницата на светогледот а ти ќе тргнеш во потрага по почетокот кога ќе сфатиш - Бизант е капија во темните агли на памтењето цела епоха е втисната како анатолиска крпенка во обичните зборови од твојот мајчин јазик во интимата на јазикот и се спровира низ капијата кон одаите и спалните дома кајшто по извесно време по извесна стварност потеклото се заташкува сродството се изобличува јазикот има свои потреби како и телото сфаќаш и тонеш во без-сознание зад јазикот, отаде нека почека ако те чека ... Истанбул, декември 2003
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мајка му на Ордета, останата вдовица со тоа единствено дете, дојде кај него и му се припрати со молби и заколнувања: „Златен нунко, ти ќе ми го водиш детено во Сосрија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се прашуваше што ли му се случува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ФЕЗЛИЕВ: Ви се молам една чиста крпа, госпоѓо. На нашиов пријател му се слоши. Јас ќе земам... (Излегува во кујната.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Лелекот на селата го извлекол тогаш ајдутот Парамон од тајна пештера во која се криел а пред тоа со нож ја убил мечката што му се испречила на пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпрвин забележал дека треварот се влече безволно и тромаво под тежината на литата гуња, лапа утрена свежест со рибја уста и ги допира со криви прсти ребрата како да пребројува на нив апежи на полски пајаци-крвопијци или како да пребарува да не му се впијат в месо клобурчиња на сивозелени крлежи што останале по нагонска зајачка игра на местото на кое спиел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во истиот пожар, во истиот потрес трепери генеалогијата растурена низ сите структури и сите подлоги за коишто зборував: Западот и историјата на филозофијата, она што ја врзува со неколку непомирливи (што и да речете) монотеистички струи, од една страна, со природните јазици и националните чувства, со идејата за демократија и со онаа технолошко-политичката, од друга страна, со бескрајното напредување на идеите на меѓународното право, најпосле, чиишто граници се укажуваат појасно од било кога - и тоа не само поради тоа што оние кои го претставуваат и го подржуваат тоа напредување секогаш ги застапуваат интересите на одредени хегемонии и затоа единствено можат непримерено во бескрај да му се доближуваат, туку и затоа што тоа се темели (а тоа и го ограничува) врз сознанијата на европскиот филозофски модернитет (нација, држава, демократија, односи меѓу парламентарните демократии на разни држави итн.) - да не го споменувам она што одвнатре ги поврзува науката, технологијата и војската со тие сомнителни содржини.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Исак Албала на световната, Хабиб на религиската функција”, му велат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но на убавиот човек само убавото му се гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој се трогна од грижата на оваа мајка и му се утврди вербата дека ќе дојде време кога самиот народ ќе трча за просвета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
18. Времето се грижи за зборот зборот што го обновува Тој што му длабеше во корењето го гради доградува и виши во куќата на светот Вербата штира не е Ни неверен е зборот Убавината да му се верува на надежта е врсник И онаа земја иловица густа раката што му ја памети се врти врти и понатаму во лика нова нудејќи ја светлината нова на говорот ризата небесна нитките што ја ткаат на несвенатиот збор И уште и натаму сега од пределите на глината над запомнатата стреа продолжува тој кон муграта да гледа со стрептеж незгаснат за повтежот на говорот да го досегне реченото
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
На најголемиот, на Ангелета, сега му се јаде за двајца. Такви му се годините.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А чудно беше едно: на Димче не му се случуваше ништо.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Вака му велеше Силјан на дуовникот и му се молеше дури со плач на очите за да го земе на Божи гроб.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А вие не престанувавте со смеењето. Му се потсмевавте на мојот страв.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
По неколку години од возбудливиот настан со сестра Ангелина, почувствував некоја чудна сила која ме тераше да го пронајдам и извадам портретот, повторно да му се навратам, да го поправам, да си го окајам гревот. Големиот грев.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Беше тоа едно многу добро, многу младо и многу пргаво јарче, ги имаше сите убавини на својот род и човек можеше само да го сака и да му се љубува на тоа како изгледаше, како порастено на оној врв, а и на сите негови инстинкти, но во следниот миг беше веќе доцна за сѐ друго, што можеше да се обиде да стори тоа со своите итри нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зборуваше само натрапникот, зборуваше сѐ едно исто, упорно обраќајќи ѝ се на старата со „братучедо”,додека на Ване не му светна дека овој мора да е младиот Курназ, ама не можеше тоа да го провери, зашто не му го знаеше ни името ни презимето, а со прекарот беше ептен некултурно да му се обрати.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Иако Рада никогаш не му се пожали за односот на неговата мајка, Томо тоа несогласување го чувствуваше во воздухот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Срцето му се стегна кога помисли на огромната сила што е построена против него, на леснотијата со која секој партиски интелектуалец би го победил во евентуална дебата, на суптилните аргументи што тој нема да биде во состојба да ги разбере, уште помалку да им одговори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Телото бараше сон, не прашувајќи за ништо друго, а тој немаше што да му се спротивстави на тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На усните му се лепеше некаква правлива материја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таму, како да му се опират на невремето, цветаат хризантемите. Ѝ велам на Билјана: - А хризантемите, а?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тој не кажува дека се плаши, ама стравот што се гледа на нас се гледа и на неговото лице. Како сенка му се мрешка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Околу него куп празни чаури. Нозете му се одвоени од трупот. Како да сакале без него да побегнат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вели: „да му се најде на татка му, ногу му се пиело винце!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А кога ќе го најдеа, бликаа од радост и го гушкаа, му се качуваа на рамењата и тој ги носеше како некој џин, како пастув.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сретна многу познати, уште од она време на крвавите воени години и се изненади - луѓето се менеа, имаа други лица и други облеки, а тој, влечејќи се по врелата калдрма, уште му се молеше на својот бог по крчмите и се кострешеше како гладен вепар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На лицето му се исцрта уплав. – Не се плаши – се насмеа Беличот, кој што очигледно беше веќе запознат со оваа тајна.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Конечно, г-нот И. и г-нот А. можат да отпатуваат, со автобус, во македонско гратче каде што не биле веќе десетина години. цртежи на местото на трите точки: часовници, бремени жени, лист, бакнеж, календар, недопуштена цигара, клуч во брава, салфетки, полуиспразнета чаша, чадор, мачка, сексуален акт во „јавачка“ положба, циркузантче со неопределен пол што балансира по жица, дланка што на Венериниот брег има хоризонтална лузна, расипана жолта неонка што со крцкање се пали и се гаси, куче скитник што лежи на персиски тепих со главата на предните шепи и мрда со опашката, медицинска сестра со старовремска капа и јаки листови на нозете, девојка со испулени сини очи во жолта фротирска машка пижама, сцена од автобусот, во кој, заедно со г-нот И. и г-нот А., се возат и еден молчалив татко со своето зборлесто девојче, кое му се обраќа со „татко Ратко“, еден испотен бизнисмен, кој постојано вика во мобилниот, нагласувајќи дека ќе биде таму најдоцна за еден саат, плус-минус пет минути, млада ромска девојка во која таа ем се кара, ем се смее: Ава карик... тева кераптуке нешто ... макелту манца... а тој ѝ се смее, и ја гушка. г-нот А. кон г-нот И., додека автобусот минува низ една клисура со бујна вегетација и брза река (дождот, сепак, не падна): Те сфаќам, љубовта не е баш секогаш фер спрема оние што љубат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И кога тој, за кого беше побегнала бегалка, ќе ја погледнеше попреку, таа му се вртеше и, со рацете на колковите, му се правдаше: „Е, не фаќа клетва од мајка, де!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тогаш се свртев и му се насмеав. Потоа се насмеа и Витомир. 74
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дубровчанецот го убедуваше дека такво нешто нема да се случи, но тој продолжи да бара знаци во сѐ, и во хороскопот, и во превртениот филџан кафе што мајка му сега редовно го вареше, и во предметите што му се испречуваа на патот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Му се стори како некоја голема порта да му се отвора и тој само треба да влета низ неа, не вјавнат врз некое нејако ждребе, туку разбашкарен во султански шестопрег и околу себе со носачите на почесните нишани, и со сета бројна послуга од собари, амамџии и готвачи, па дури и со хазнадарот кој од кожена торба вади по пет гроша и ги раздава на сиромасите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Му се чисти кожата, му се полнат празните места по ножињата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оние што знаеле нешто за настаните од егејскиот вилает можеле и да му веруваат. Молчеле и му се враќале на минатото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но поетот со нова метафора го решава проблемот на човековата судбина: Биди ѕвезда на својот живот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Томо, може ли да те прашам нешто? - овој пат беше повеќе од директна, мислејќи дека барем на овој пилиштарец може да му се обрати во прво лице.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дали му се кажа и ова на небото?!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трајанка, а и другите, чувствувајќи ја неговата слабост, сега побавно му се приближуваа и тоа не како да доаѓаат на помирување, туку како да ќе го напаѓаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Да не мислиш случајно дека нештото може да му се врати на ништото?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По оваа размисла за идеалистичкиот подвиг на Камилски и кога виде дека ништо не може да промени, освен да појде во Клиниката и да најде изговор за одложување на операцијата за други времиња, Сотир Пасакли со сосем друг тон му се обрати на својот некогашен професор, кога слегоа во холот на хотелот: Јас, почитуван професоре, имам, на крајот на краиштата, и разбирање за Вашата постапка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Или зашто џамијата одамна почна да му се гради и наскоро ќе беше готова, а нему во сон му се чинеше дека ги слуша клетвите на каурите, или прекорите на Влаинката и стариот Тајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— Јас ќе се борам со Шаќира, да видиме како го ранел царот зимава — се провикна Трајко Брниклијата, а Шаќир не дочека да му се рече двапати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакам да те видам, да ти станам пријател.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Оваа солуција нема да ги има предностите на локалната автономија (за што тие може да се расправаат дека негрчка Македонија е премногу мала и сиромашна); а како што се навестува... тоа би го зголемило стравот на Турција и на Грција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А меѓутоа треба да се каже и вистината - два дена не клал ништо в уста и поради тоа звучно му се преметкуваат цревата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зглобовите му се оптегнуваат и го тегнат сиот напред, го чувствува срцето како се прпелка во градите и сака да искочи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му се причини дека ги препозна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Прва мисла што му се родила била, кога ќе дојде времето, да одмазди за татка си.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А тополите? Влатко стои на крајот од ливадата заџарен... гледа угоре - синевина, синевина и бели облачиња порабени со бакарна светлина од сонцето што заоѓа... му се пристори дека синевината ќе се струполи врз него... па ги крева рацете за да ја потпре... ги нема тополите... ничкосаниот поглед здогледува вкоренети пенушки - небаре џиновски стапала...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тој веднаш ќе му се обрати со отворено писмо кое ќе биде објавено во бројот 95 од 26 септември 1903 година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му се случуваше светоста на книгата со нејзината моќ да ги обединува луѓето во тешките мигови на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Писменцето што го држи во пазуварката како да го гори, небаре му се прилепило како лишај на карпа и не знае како да го скрие од погледите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ги читаше Мил книгите од учителот, ги потцртуваше и ги препишуваше оние мисли што му се допаѓаа: „Науката се засновува на идеи“.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Потоа ја оттргна мислата која му се стори како прокоба.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Ууу, камен ти под јазик, Уљо, велам јас, ти поткасај си го јазикот, а нему и другата нога нека му се исуши!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
КЕВА: (Ја испраќа.) Манастир, сестро, манастир! (Се враќа.) Завали Томче, како да му се претскажа нешто.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
На игуменот му се крена косата, пламна од возбуда, од лутина, истрча на чардакот, но Наќо кога го забележа, стрча по скалите надолу да бега, се сопна, падна и се стркала по нив во дворот; игуменот го стаса.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Не знам, дали стасавме на време да му се обратиме на бога, вели поп Танаско, дали го фативме последниот час за молитва, за милост, ама наша света должност е да се молиме и да се молиме. 135
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во нозете му се виде како врабица и таа споредба што механички му падна на памет во истиот миг му се виде непристојна. Пренепристојна. Просто ја исфрли од главата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тресна во ѕид. Падна на подот и видот му се врати. Виножитата исчезнаа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Климент Камилски внимателно го слушаше Татко. Му се восхитуваше за неговата ерудицијата на албанскиот полиграф во речиси секој домен, но посебно класичниот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Погледот потполно му се вкочануваше додека цица.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бидејќи нервозен од неизвесноста, сѐ му се чинеше дека сега ако стане ќе види нешто интересно отаде на Долги Рид. Не стана, макар колку тоа да го копкаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Дотогаш патилата им ги мелел остробрад Анадолец, половина за нив, половина за прочуениот јавач и веселник Али-бег, од обете половини по неколку фесови брашно за себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Па чинам поврати се околу постелата Ѕвезданова, испули му се убаво и слези долу кај кравата, кај телото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да видиме шо прават тие пци и шо да му се праве.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
-Не, немаш право - му се здаде таа на другарот секретар - знаеш што ми рече мој Благоја кога тргна за на фронтот?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А сѐ му се гледа на лицето, сѐ што сака да каже на лице му е напишано.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Требаше ли да му се извинувам за потрошеното време со мене, требаше ли да се правдам што не го сакам, требаше ли незнам што сѐ да кажам...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
4. Што се однесува до проблематиката на социјалното осигурување, во 2005 беше предвидено дека работодавачот е должен да го пријави работникот во задолжителното социјално осигурување, во согласност со посебните прописи, а заверена фотокопија од пријавата му се врачува на работникот – во рок од три дена од денот на стапувањето на работа (чл. 13, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тој сѐ уште се клештеше со половина лице. Од едната биволска ноздра му се испаруваше крвта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Последниве години се успокои од тоа. Му се гледаше дека е така добро да си живеат и да си стареат двајцата еден покрај друг, во оваа мирна куќарка скриена меѓу дрвјата во големата бавча, две свеќи во тиха црква што си горат и ќе догорат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Бидејќи беше добар мајстор, имаше нарачки од секаде: и од селата и од градот: правеше ќошиња за куќи, лакови за прозорци и врати, скали, корита за чешми, столбови за цркви и камбанарии, плочи за споменици и гробови, воденички камења и сѐ што ќе му се нарачаше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И ќе му се поклонам на Хаџи Ташку ако е потребно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Додека видот одново му се изоструваше, тој се сети кој е и каде се наоѓа и го препозна лицето што гледаше во неговото; но некаде во неговата глава постоеше голем празен простор, како да му е извадено парче од мозокот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лозјето му се наоѓа меѓу најгорните, под самата планина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Незгодата е овде што критичката мисла засега едно дете, изведено не по свое барање да го ценат, а како што му се чини на уметникот, кој е сега готов да мине во друга крајност, некако силум привлечено во вителот на оние суетни работи околу кои се ломат амбициите на големите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
— Мори, оти да не меси, зар му се суи рацете!? — одговорија овие, наглас се насмеаја и се завртаја назад да видат дали ги гледа ќатипчето од конакот, кое веќе одамна беше ја „обесило пушката" кај Петкана Милевска.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Едниот му се пофали на другиот дека чита многу интересна книга и тоа на јазикот на кој ја напишал авторот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И јас со пиштење му се откинувам и се измолкнувам надвор. И ноќта пак ќе ја преседам на скали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никому, се разбира, не му се исплатуваше, во тие гладни години, да ги држи одделно, само за ќефот на малкуте кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Змијата им била и добрина и зло уште од далечни времиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По ова, работодавачот – иако претходно е информиран за ваквиот потег кој би следувал –  сепак, беше видно изненаден кога судскиот курир му достави примерок од тужбата, заедно со поканата за подготвително рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се ослободува од моите прегратки, си кидна кучката!... се отфрли одеднаш наназад... Да му се сневиди!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Долниот крај од антеријата му се размавта и зашушка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Додека сојот од татко му и сојот од мајка му се спојуваа во еден меѓусој, што беше тој и ништо повеќе и ништо особено.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дел од стиховите што му ги кажа г. Черингтон му се вратија во сеќавањето и тој додаде полуносталгично: „Портокали и лимон велат Ѕвоната на Св. Клемент!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едно време Витомир толку многу зина што сето јајце му се загуби во устата. За малку одново да се задави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Отпи малку, му се стресе раката или устата, и останатото од чашата се излеа на земјата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Војниците гласно почнаа да се смеат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Студот штипеше, а под носот и на клепките му се фаќаше укит.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Му се чинеше сосем возможно дека едноставно направил глупава грешка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кирија не плаќа, на господа му се потсмева.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од каде ќе се најдат средства за нови учебници, кој ќе ги подготвува, од чии средства ќе се издржуваат училиштата со македонски јазик? – Очигледно, штом комитетите и македонската интелигенција во Бугарија ќе почнат да му се противат на новото течење, или, ако не му се противат, просто не го поддржуваат, јасно е оти од него нема да остане ништо: фантазиите на неколцина Македонци ќе бидат исмеани и повеќе ништо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Неговата утрена сенка лежела преку распарчениот и безобличен труп на младиот арамија или бег.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сега, кога се потсети на него, чекорот несвесно му се забрза и срамот повторно го здоболе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На Адем му се нажали за Катето и пишман се стори што му го натрапи со сила на овој едепц'з, ама сега беше доцна да може да ја исправи таа грешка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Можеш ли да ми одговориш, се сврте тој кон мене, кое било првото прашање што си го поставил Адам кога се нашол во надворешниов свет во кој ќе треба самиот да одлучува а притоа не му се дадени или нема при себе никакви упатства и елементи што ќе му помогнат да донесува одлуки што ќе го поведат по вистинскиот пат?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мајка му беше перачка и татко му една година му се порадува на своето единче и се изгуби отаде океан барајќи среќа и леб.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сепак, толку колку што му дозволува болката и треската од која сета става му се грчи и тррепери, се обеспокојува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Досега нашиот народ се интересуваше повеќе само за полна политичка автономија, а во националните наши интереси допушташе башибозучки да му се набркуваат разни неканети гости, како: Бугари, Грци и Срби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но и не знам дали треба да се кајам или да се радувам што предоцна забележав дека онему чевлите му се одврзани.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Му се заблагодарив за малкуте песни кои ми ги објави во збирката Песни од Картагина (пишувани како еден вид дипломатски анти-телеграми во времето кога бев амбасадор во Палестина, во државата која беше прогласена, според неговата напишана декларација), кои беа печатени на арапски јазик во неговото списание Ал Кармел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Прашуваше има ли некаде во Европа старски дом за сиромашни галабици на кои, нели, не им личи да пцовисуваат на улица, а и да сакаат веќе не можат никому да му се одмаздат за беспарицата што им ги кубе крилјата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И нему не му се брза, се договоривме да се видиме за две недели.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А кога некако го заврши школото во гратчето, никако не му се остануваше да пасе добиток или да ора нива, туку запна да продолжи со учењето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Всушност, некои луѓе ме критикуваа за тоа како го спелувам во книгата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
еднаш, за една иста коска се фатиле со едно куче и се наттргуваат, си ја отимаат коската, се дават, крв им тече од ноктите и од забите, на Стевана, ко вода му се нишаат забите, не знам кај беше ова и не знам кога беше, јас мислев во цвеќе ќе ја најдеме Македонија, а таа во казан клаена и сите ѓаволи играат околу неа, ќе ја посееш жито, а кукавици ќе ти никнат и после не кладоа да вежбаме војнички работи, фронтот е како кај Бигла, а ние како кај Зајгазица во ливадите вежбаме: напред, назад, клекни, легни, а командирот, некој добар, Благоев го викаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Половите органи му се со совршен облик - сецнат пенис среде блескавите, црни влакненца.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Дувај ги, викал татко, издувај ги, велел, да нема ни раска на јатките. - Да не сакаш и да ти ги џвакам, мајката, му рекол еднаш Јоше Свирачот, ама татко не го заушил убаво, оти устата му била преполнета со ореви што ги крцкал со забите и од тоа не му се дослушувало.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од устата му се излеваше, не темна, туку фосфорна вида и паѓаше во едри капки што светеа како сјајни џамлии.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И, сетне, тој нема да ме припушти да му се доближам, не пак да ме остави да му се молам за прошка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Татко ти никогаш не умееше да го оддели она што е вистинито од она што можеби го сонил или пак само му се посакало да го види.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Започнаа со некоја балада, Александар ја имаше чуено неколку пати на радио и немаше некое посебно мислење за текстот, но овој пат, претпоставуваше поради пејачката, песната почна по малку и да му се допаѓа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Фрежис, 5 марt 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Од кафезот се слушна жестоко цивкање. На Винстон му се чинеше како да допира од голема далечина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги продаде кравите, но магарето го позадржа. Не му се даваше за триесет аспри и реши да го врати назад.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Немал два живота; сепак дење го презирале, ноќе му се восхитувале со морничавост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама што беше беше - вели жената со сета сериозност со која располага - на твојата несреќа ѝ се виде крајот, идниот пат и ако дојде до страдања тоа ќе му се случи на друго ајванче.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во мислите му се отвораше светот, полн со секакви потреби, нужди и страв во разни облици.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На Трајка оваа и други вакви постапки од Достина страна почнаа да му се бендисуваат и немаше случај да не ја искаже својата наклонетост кон помладата снаа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го гледам така, секој ден увилен, само молчи и само се сука. Стои задуман и ништо не му се работи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Внукот му се одѕва од горниот крај на Заветна, а потоа само за минутка, задишан, палав и весел се најде пред деда си.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Му се овргали право в очи, и како на дедот Јована преѓеска што му удри една клоца во слабината, сега и на Бојка му удри една уште посилна меѓу нозе, та, макар да беше силен, млад и јак не помалку од Брниклијата, Бојко се фати за удреното место и се свитка на тревата крај дедот Јована.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И просто му се идеше да летне, да најде некој од големите Турци, да го заколе и да дојде да му се пофали на ова дете.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Знаеше: пред да му се предаде на сонот, на сите искинати соништа, ги фрли еполетите далеку од колибата. Не ги заслужувам, мислеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ја избриша потта од чело и му се обрати на офицерот за врска: - Земи одделение за врска и веднаш да воспоставиш команден и телефонски пункт на ритчето надвор од шумата во Лобаницко со директна телефонска линија со Фалцата и Косинец.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Некој го сожалуваше, некој му се потсмеваше. Така ти е тоа секогаш.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Во своите кристално едноставни и директни поетски повици, во чудесната синтеза меѓу индивидуалната поетска судбина и колективната палестинска меморија, во своето пеење Махмуд Дарвиш супериорно се надоврзува на големите медитерански митови, како и на арапските од предисламската епоха.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Едно само му се налути на Толета, шо му го зеде печеното јагне та не можеше убаво да ги нагости гостите; но тие сами видоа дека кривицата не е до домаќинот и се задоволија со кокошката, пржено сирење и јајца, та поминаа на алвата и виното.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нему му се приклучија и други луѓе од селото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Неколку војници ги откопнуваа крстовите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По неколку дни му се смилило на Силјана да појде кај трлото да си ги види јагнињата, чунки тогај се јагнеле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Што беше тој крив? Можеше ли тој да знае дека неговата тиха појава ќе предизвика таков немир во оваа осамена куќа, дека ќе му се противстави тој на еден човек што ќе се најде побуден да го брани од него најмилото?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Според Х.Х., од А.А. би можеле да учат и идеолозите на до вчера братските партии, но тие застранија во ревизионизмот на марксистичката доктрина, му се вратија на Бога и нема спас за нив...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Оливера Поточка пред сите кажува дека е трудна и дека не сака овде да го роди, а на Филип Хаџиевски одново му се одзема умот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Салиери не е ниска душа: потребна е гордост, не за да му се биде љубоморен на Моцарт, туку за да се предизвика и да се праша Господ: без да се залажуваме, зошто не сум Моцарт?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Потоа сите излегоа надвор, па почнаа да пеат и да играат, а кога одново требаше да седнат на своите малечки столчиња во собата, Зоки пак си седна врз својата масичка. Ова на Зоки многу му се допадна.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Но, ох, царе!“ се бранеше летачот, на колена, додека солзите му се лееја низ образите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не му се јавив. Ја скрив главата под покривката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И да се стрчнел не ќе можел да ја стаса девојката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но Бојан упорно ја одбиваше мислата за волците, која со истата упорност одново му се враќаше в глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И откако нему му се поврати здивот, тие го замолија да им ги каже имињата на сите растенија што ги приготвува, каде ги бере, на кои места и во кое време.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Напротив, кога престана самиот да свири и наместо тоа почна да пушта музика, често му се случуваше да стои зад диџејскиот пулт и речиси несвесно да менува една по друга песна (исто како што сега ги менуваше во главата), додека околу него, пред него, зад него стотици тела танцуваа, рефлекторите кружеа по кренатите раце, тие пееја наглас, врескаа со ентузијазам на оние песни што им се допаѓаа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога се доближија до самиот брег и се слушна роморот на брановите што надоаѓаа, Али Фети му се обрати неочекувано на Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Детето се одлепува од решетките и претпазливо му се доближува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Му се појави носталгична слика, на неговата маса во аголот, со весникот и со шаховската табла и со непресушениот џин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште на почетокот од насмевката му се познава радоста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште го болеа рацете, а на две места му се беа направиле плускавци.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Јане сфати или барем така му се стори дека го прашува како му и на брзина рече: - Добро, добро, многу добро.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но, колку што повеќе минуваше времето, нему – наместо да заборава – сѐ почесто во сеќавањето му се јавуваше мислата на затворот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го бараше тоа како да е тоа четкичка за заби што некој ја откраднал; беше невозможно да му се отфрли таа желба.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тихо ѝ шепоти на Малинка: - Ама му се големи рацете! Ама му се извалкани!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Неколку минути му се чинеше дека ќе умре ако не стигне брзо до некој клозет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Витгеншајновиот аргумент за приватниот јазик претставува напад врз идејата дека може да постои јазик кој би можел да биде разбран единствено од неговиот корисник, т.е. логички приватен јазик. 64 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Собата му се заниша.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мораме да научиме да му се опреме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не мислеше ништо, не слушаше шум, а земјата под него се лулееше како езерски бранои; му се стори како да се наоѓа на каик, а модрината на топлата летна ноќ му се причини како лесно разбуричкани води на мирното езеро.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Распеано му се обрати на Жеро Жерав: Летај, лилаво џуџе, славата до небо крени ја.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На тој начин, за секое предвидување направено од Партијата можеше документирано да се докаже дека било точно; исто како што не му се дозволуваше ни на едно парче вест, ниту на какво и да е изразено мислење спротивно на потребите на моментот, да остане запишано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но човекот во рамката веќе му се вклопува во мислите, пали во нив немир и жолч.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
По околност што некоја година престојувал во Мелбурн, зборуваше по некој збор англиски и му се стори важно со мене да зборува на тој јазик, бидејќи јас сега, поради треската, изгледав бледо и нежно, и уште свежо избричен и облечен во ново, токму како странец во Маказар. „Јес“, повтори тој, „егзектли, точно за гараж!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како одговор, трите слогани на белата фасада на Министерството на вистината му се вратија: ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Погледна уште еднаш кон небото, никако да му се разбистри мислата како во утрината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најдовме слободни мигови на височинката на Свети Наум, на подводната гранична линија, која ги делеше моите две земји, Македонија и Албанија, да разговараме за минатото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Стоев збунет и раскрвавен; ништо не преземав (всушност знаев дека паниката нѐ прави невнимателни, а при вакви состојби невнимателноста е сестра на несреќите), а потоа, сосема неочекувано, како од некоја непресметлива далечина, се јави гласот на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На убивањето и на клањето јас му се преплашив во времето кога од Комитетот ни наредија да ги испотепаме селските кучиња.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ако во неколку моменти престраши да се подзагледа, сепак ништо не виде зашто веднаш почнуваше да му се врти во главата и пред очите му стануваше матно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Иван Иванович многу се лути ако во чорбата пронајде мува: тој тогаш просто излегува од кожата - и чинијата ќе ја фрли, и домаќинот ќе го искара.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Одвај го распозна чуварот. Неговата фигура ја виде чудно изменета во трепкавата светлина од фенерот што му се лулаше во раката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој првин се соочи со турските заемки во христијанските текстови и молитви, кои првин му се видоа невозможни, неприродни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Навистина, тој му се радуваше на топлиот ветер и на пролетта, но сега беше тажен зашто знаеше дека ќе се вратат ластовиците.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И наеднаш коњот 'рзна и му се поткина 'ржењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Александар, ланската година заедно со Влатко беше во тимот којшто ја организираше кампањата за регрутација и не можеше да му се доначуди чуму се трошат време и пари на кампања?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Митко би ставил дрва, та тоа е барем лесно, но зошто да му се покори на еден Сашо, кој ни на школо не оди!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сѐ му се гледа во очите, што се вели, му се гледа и душата и сѐ друго што не се гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одеднаш му се свртува на машкото, го фаќа под брада, го гали: - Теткин, теткин, мил, мил.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Под кожичката на долната усна му се собира и му се растегнува гасеница.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На шијата му се протегаа брчки: можеби навистина многупати и се бесел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Добро, штом велиш, вели со глас што му се намалува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
НАЦА: Пополека стапнувај, немој како амал со двесте оки товар на грб.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кому му се нозете лесни и снагата јака нека биволите веднаш ги впрегне во коли и тргне во Стан.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Вистина е дека ни беше голема просторијата за спиење... А сега огромна...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Јуначиште, - мрмореше старецот, а на лицето му се сменуваа ту радост, ту загриженост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И запамти! - таа пак го фати за брада, го растресе, стрвнички му се загледа во малите гурелави свински очи, му се закани со прстот од слободната рака, мавтајќи му пред нос: - Да запамтиш еднаш за секогаш!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чу како шушливо му се пушти гласот и млитаво и тапо падна во свеста на Арсо: - ... Смрт со бесење...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тропна со железото на портата и бргу слушна глас одвнатре: – Кој е? – Јас сум, Сефедине – му се кажа кадијата на својот домашен слуга, Сефедина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се сетив на Мила и на нашето заедничко замислено патување, тогаш во нејзината соба, кога ме праша дали тој мој Игбал е згоден.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
кај станицата синџуку во токио тој петок, да беше петок, се собираа педери кои во јазикот на новото време се именуваат како хомосексуалци а нивните паради се именуваат како геј паради и навистина чиста случајност е што токму во геј улицата близу станицата синџуку во токио имаше многу бездомни кучиња, мала парада на бездомни кучиња кои никаде не брзаат а дишат испрекинато и кога зјапаат во минувачите и кога се клецкаат, да простите близу станицата синџуку се наоѓа градската куќа на токио вообразена и вообличена како бетонски нотр дам баш тука како да се разминав во врвулицата со професорот кензо танге арно ама не стасав да го поздравам од пријателите од скопје професорот кензо танге кому во токио сите му се поклонуваат сигурно горчливо ќе се насмевнеше ако успеев да му го спомнам скопје тој и онака севезден се смее, се смее и на легендата дека токио и цела јапонија се создадени од божјата насмевка и онака низ смеа професорот кензо танге кај станицата синџуку во токио шутна една празна лименка од пиво а знаеше дека го шутира испиеното минато како што знаеше дека син му кокомо кога тогаш во токио ќе сади нови јајца и на врв јајце ќе се насладува со цедени насмевки и ќе ја ишка секоја идна катастрофа пред да удрат ѕвоната на бетонскиот нотр дам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Главата му е толку обесена на претенкиот врат што чиниш сега ќе му се истркала пред нозе.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога му се сипуваа ракија на здробената шепа, воздивнуваа пучно: „Не пиеше, а господ сепак те заборави.“ Крвта се разводенуваше од лутата течност, капеше низ мртвите прсти и си го копаше сопствениот гроб во сувата земја.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дени, станарката на Clock House, е вдовица на сликарот Алберт, кој до интервенцијата во Унгарија, бил тврд комунист, а потоа минал во „зелените“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Букавичи, му се гледаат забите, истргани од непцата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ете, го облекла; ќе го носи додека не се врати, и најпосле ќе ја објасни својата постапка како единствена можност да му се згазне на опашот на машкиот шовинизам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И дури тогаш станал голем, бидејќи стекнал некого кој можел да му се восхитува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа воопшто не му беше тешко со оглед на тоа што тој беше стручњакот кој, обраќајќи му се на доктор Фауст, знаеше да се претвори во витез со црвена наметка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Засега му се знае само името: „Островче на ветериштата“.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сувата миризба на правлива волна му ги суши и стега градите и му се сака да избега надвор на отворено каде што има воздух и ширина за погледот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Едноставно да помислиш дека е во прашање некој отсутен или поточно непристапен но само за твојот поглед.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го гледа Томета и му се смешка. Му се сити на Томета.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Набрзо почна и пепел да му се качува и да го запретува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му се запалиле очите, дури до Корча му светат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
– Животните, кога им се ближи смртта – рекол тогаш Чанга – ја бараат темнината. – Не ја знам причината – се сеќава татко ми на својот одговор – но човек кога му се ближи смртта, бара светлина, уште зрачец, небаре за да понесе светлина во темнината, во смртта! – Зошто ли е така? – бил упорен Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие месеци брат ми секојдневно се јавуваше кај Софи; еден месец пред породувањето таа му кажала дека се чувствува многу лошо, следниот ден му се јавил зет му Макс Халберштат и му рекол дека состојбата на Софи се искомплицирала, и била итно префрлена во болница, а ден потоа Макс му се јавил одново и му кажал дека Софи починала.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И си ја зеде Бахтијар грижата да го докусури востанието со фаќањето и ликвидирањето на самиот востанички штаб, кој по сите сведенија беше склонет во непристапните мариовски планини.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мастиката му се излева од раката, пепелта од цигарата паѓа на сите страни а од устата му излетуваат колку зборови уште повеќе плунки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ковач еднаш му се налутил на Буле.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
В грло како да му се насобра сув пелин.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И кога се сети дека сега веќе по негово Мариово фуртуните наближуваат, а тој треба пак да го дочека со ланското сакме и шајаче, косата му се наежи и ладна пот му го облеа челото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И нигде на планината не можеле да најдат трага од неговите големи стапалки, и ако нашле не ќе се излажале - ногата на тој изрод не можела да застане ни во детска колепка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаеме дека тие му се најсигурни сојузници на непријателот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
КЕВА: (Влегува и гледа низ прозорецот.) Уште не стасал куќата му онемилела. Дома не му се влегува.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Навистина, што згрешил Чардаклија? Колку што сфати: бил виновен дека чувал некоја стока на Баручиеви кои му се паѓале блиски роднини.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
— Што велиш? Лажит овој што испратил овој писмо до мудурот?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му се може - осмоодделенец и претседател ни е.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Полека чекорејќи, влезе во стајата и љубопитно гледајќи го коњот, го погали по јакиот врат, го повлече за ретката грива и му се наведна над увото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Под истрпнатите нозе му се тргаше земјата, болка слична на кинење го стегна во колковите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зад нас се залепи автобус и труби та труби. Изгледа му се брза.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Една вечер тој му се довери на Чанга дека пишувајќи за козите, трагајќи по бројни податоци за нивното заедништво со луѓето, се надоврзувал на еден свој животен труд за Историјата на балканските империи, во која биле замешани и козите!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Туку седи Силјан и се чуди на тоа што му го кажувале; каква работа ќе биде таа, луѓе невидени ни чуени да му прикажуваат за сѐ што имал дома и за што му се сторило нему и во селото.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Мачорот Фигаро... – прошепоти Зоки, но знаеше дека децата ќе му се смеат. Та мачорите не јадат чоколадо!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Наметнато од повисоки структури од претпријатието „Центро“, главната идеја беше, што побрзо, да се „елиминираат“ вработените од фирмата, по доброволен пат – во- ведувајќи ја франшизата, кадешто новооснованите фирми ќе ги преземаат дотогашните вработени во „Центро“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дури утредента, братучедот на татко ми, Илјо, објави дека му се вратила свршеницата, истата онаа Дафе која со години му пишуваше од Ташкент.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Понекогаш се запрашував: дали првиот поттик да му предложам на брат ми да се запознае со Сара беше ужасот од онаа помисла дека тој ќе го побара телесното задоволство во некоја од оние улички, доколку не му се случи вистинска љубов?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оние Меги и Душко од Студио „Пинокио”, приватното школо за англиски, се сјајни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А кога јас, со солзи на очи влегов и сакав да му се исповедам, да му признам сѐ, видов дека светлината околу неговото тело ја нема, оти јас не ја виѓавам веќе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Текстот на записот, според сведоштвото последно на отец Мида, бил напишан во форма на клопче, така што не можел да му се определи ниту почетокот, ниту крајот; од каде да си тргнел во препишувањето, поинаков распоред на буквите си добивал и поинакво слово.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сѐ што сакаше беше да лежи мирно и да чувствува како силата му се насобира во телото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Нели, најрано созреваат оние плодови што ќе из'ртат на највисоката гранка и на најпогодно место за да можат да му се изложат веднаш на сонцето?“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Му се чинеше дека е тоа нешто најмногу до кое може да достигне во својата љубов, да го има при себе барем отисокот на нејзиниот лик.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Очите по навика му се лепеа по сивите тантели од пајажината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му се падна на Филип Хаџиевски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И затворена да ја држи устата, што се вели, пак ќе му избега насмевката, ќе му се украде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трајче го зеде торбичето, итро му се фрли на самарчето од Дорча и го потера кон Караорман...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Му се чинеше дека сиот свој живот чекал да се случи тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Илко се загледа во Доста, па во месечината, пак во Доста, пак во месечината и почувствува дека навистина му се смее и го гледа, ама место да се уплаши или засрами, тој го собра лактот на раката на која лежеше Достината глава и оваа се најде под неговата гуша.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Арсо ги брои секундите. Му се стори многу време минало.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Погледна и ја опфати целата негова фигура, но веднаш се тргна нешто. Му се приближи, го поздрави и го праша: — Е, готов ли си, господин Ѓорче?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оти речено е: оној кој рамнодушно гледа на злото, набргу ќе почне да му се радува!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Иако не правеше сенки, Горда му се приближи како сенка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
липа _ 1) дрво липа, 2) несреќа, зло го најде, човекот. Му се стори липата маѓер — готвач мазгалка — камарче во ѕидот мака — волку мака — сермија макцам — дете малечко, неразвиено уште мал — имот, земја малчок — исто нагалено (диминутив) мандак — пес.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Имало тоа и дедо а дедо му се викал... - тука дедо Спасе застана.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Баге заустува да му се спротистави: дека син му не е педер, дека е нормален, дека е женет, дека има дете, дека во нивната семејна лоза нема ни намек на самоубиствен ген, дека сета таа работа е наместена, изрежирана и подметната од некои мрачни сили што се испилија во овој наш плурализам (беше готов да плукне притоа, но во последен момент се воздржа), дека неговиот син е нивна невина жртва и дека токму тие како служба се должни да ги откријат, да ги казнат, а на синот негов да му го обелат образот, макар и мртов.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Разбра ли? — Му се врекна и го клоцна со ногата, го истурка со раце низ врата, а сам излезе по него, викајќи: — Да не те лаже умот да водиш потера или да чиниш давиа, оти мисли му.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, задкулисните игри не изостануваат никаде, па ни во овој случај – што е и сосем очекувано и не треба многу да нѐ изненади.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ах, таа волшебна птица на радоста која на животот му се свети - живеејќи го!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Всушност, Марко својата шоферска работа во Канада ја започнал како совозач на Али во истата компанија во која што Марко уште работи па сега, од првиот паркинг, му се јави по телефон.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На ушите имаа златни алки, во рацете држеа по едно долго копје.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Лабавиот колан на пушката му се лизна од рамо, долгата цевка се заринка во јагликата и не ја откорна, туку ѝ ги растури златестите круни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Му ги покажав празните дланки да го разуверам, но Генералстап му се доближи, како перце го дигна од земја и го однесе в соба.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Некоја влажна сенка од чадот му се присобира околу устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во рацете на Нуне, на пергаментен свиток, двојазично беше запишано: „На блескавиот ум, поетска проникливост, научна аналитичност и храброст во верувањето и докажувањето на „Пакс-верс теоријата“ за мирољубивото решавање на маалските ненавидности и кавги, меѓународните омрази, меѓудржавните судири и војни, му се доделуваат ордените на Волкашин Нунески, поетото и изумителот од с.Варош, околија прилепска, во земјата македонска.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сеедно, си мислам, веќе нема излегување со тебе. – Враќај го – велам – да му се сневиди!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имаше моменти кога толку живо си замислуваше што ќе му се случува, што срцето почнуваше да му галопира, а здивот да му се одзема.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му се наполни душата од мојата несреќа и собра две шмизли.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Често лицето и расположението, поради реумата, му се менуваше спрема денот: убав ден - убаво расположение; лош ден - лошо расположение.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Е, колку нѐ изврте човеков, токму како јагула, никако да дојде до вистинското прашање што му го постави секретарот за јагулите, за рибјите патеки, за да му се спаселе јагулите, - повторно коментираше Јагулче Дримски, но сега нечујно, онака за себе.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Јосиф Висарионович му се појави на рускиот народ како демиург кој потекнуваше од друг народ (грузискиот), за да го оствари божјиот сон на мистична Русија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Искикоти му се в лице, предизвикај го, да те гони и да не може да те догони!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со едната рака ќе го удира, а со другата ќе му ја затвора устата за да не му се слуша плачењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Денес, како што ми се гледа, нема да му се израдувам на сонцето“, си рече.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Дали смееме да му се препуштиме на самоубиствениот инстинкт на надживеаната власт, бившите луѓе и нивните бивши борби?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сетилата се мртви, мтрво е и се она заради што тие му се дадени на животот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Неговиот одговор ме зачуди.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не сосем во тој момент, туку дури некаде наредниот ден, му се роди идејата да ја изнајми собата од г. Черингтон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А и тој некако ѝ признал како му се случило да се најде во шумата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Толе, изгледа, му се насити на Ќосото и почна да пребира други мариовки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
6. Го однесов детето дома и не можам да му се изнагледам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се обиде на грб, на мев, — ничкум, ама сѐ некако очите не му се заклопуваа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Однадвор доаѓаше завивање, квичење, му се чинеше дека слуша и стружење на вратата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Виде што му се случи нему”.  „Видов”, си помисли и не му одговори зашто знаеше дека претседателот на Советот Саломон Бити беше сменет по кратка постапка, по налогот спроведен од премиерот Метаксас, моќниот диктатор и заштитникот на нејзиниот маж.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Челото му беше покриено со измрсена и леплива коса, по лицето му се спуштаа линии на брчки и пот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога старецот му се обрати, се збуни и ја наведна главата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш Елефтерија му се виде пожелна, иако беше калеша и со дамки, како сипаничева.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со големо спокојство му се доближи на автото, миговно оперираше, откорнатиот амблем го мушна под маицата и сосем спокојно се врати кон нас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Локал, кинел со заби, збивал и не слушал дека неговиот втор син (првиот го барал одметникот татко по планинската непроодност) нечујно му се доближувал од зад грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Клун на птица можеше со еден удар да ми го ископа срцето, штрковите можеа да ме приковаат за земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Види ваму: човек што не е за својот народ, не останува со ниеден. „Гомното од сите страни исто смрди, велеше дедо, од кај да му се доближиш, исто.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во тој момент еден овчар, од кого разбраа дека во овој крај уште нема потери, доведе еден Мегленец, селанец од Пожарско, кој штотуку си дошол од Воден, испратен со специјална порака до самиот востанички штаб.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Рангела го викнаа надвор. Требаше да се стане, а на Кочо не му се стануваше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И уште му се подбива... Но ако - тој не ѝ се лути.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И ете, дури тогаш нему му се враќа силата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
На Ратка Мајка како мајка: и на јаве и на сон севезден ги распетлува јазлите на судбината - тагата ја обликува во скулптура на молкот а сиот вишок светлина му го испраќа на синот единец во туѓина, да му се најде.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Јас бриши, тоа мрсулави се. Ѝ велам на жена му на Јована дека детето е поднастинато, треба нешто топло да му се даде, па и лекче. Таа вели: Ех, деца!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се упатува во самракот кон ходникот и, одненадеж, му се прилепуваат четворица, ги сеќава остриците на ножовите допрени на градите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пол цело време умираше од смеа: „О, Боже, доктор Лири е фантастичен! Вистинско медицинско шоу!“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И за него беше договорено, ќе биде на гости кај едни пијатели на татко ми и, истовремено, цел месец во Лондон ќе оди во англиско летно училиште, но не беше сигурно дали ќе успее да добие виза.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Овој го дочека, го стисна со левата рака околу врат додека десната ја држеше над него како да го посолува со нешто но веќе Андон му притрча отстрана и му се фрли в нозе а јас преценив кај е најслаб противникот и му се обесив на грб.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На стариот Караман оваа детска палавштина не му се допадна, па почна да ‘ржи, да се отима, додека Стрела, која беше летошно кутре, ја прифати оваа детска лудорија како знак на највисоко внимание .
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Треба да си одиме Цви”, го преколнуваше, „токму сега кога сѐ изгледа средено.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој пропис му се допаѓаше зашто му даваше и нему можност да се правда и му ја смируваше совеста пред недоверливите погледи и замолкот на пријателите што таа политика не ја одобруваа, но во напливот на суровите времиња не се ни осмелуваа да ја коментираат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ние не му се противевме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Ќе работиме и за другите села, се замешал вториот; и тој бил Онисифор, само со поинакво второ име: го викале Мечкојад, му се тргале од пат, повеќе му се плашеле отколку што го сакале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откако се уверил дека луѓето и воловите не може да бидат видени од ниедна точка на патот, Онисифор Проказник нашол засолниште од кое сета околина му била пред очи како отворена дланка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Отрчав, му ја фатив воѓата, оглавот, и му се врипнав.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Меѓувреме му се случуваа необјасниви работи. Чиниш провидението му даваше некакви знаци што тој не ги разбираше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Злосторник - Бич на божественото Корист - Идол, му се жртуваат сите правосудство. богатства.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Го помина камениот мост со неговите четиринаесет свода и со двата гроба отстрана на неговите градители, и токму кога се загледа кон многуљудната врева кај Даут-пашиниот амам, пред него, пак поради некаква важна случајност, застана чуварот на мостот и му се загледа со лутина в лице, небаре Ибн Тајко имаше скриена намера нему, кој се грижи за мостот и за неговото одржување, на некој начин да му наштети.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој е оддалечен од централното подрачје на градот - од најблиската железничка станица се пешачи петнаесетина минути, а влезницата чини 17,5 долари; на просечниот Јапонец, кој во уметнички музеј оди еднаш на две години, МОТ веројатно нема да му се види ни доволно евтин, ни доволно убедлив. 140 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога беше со војниците не му се разговараше, сега, без ниеден сопатник, сакаше да се разспие пред некого, да се откопча како школка и да го покаже својот мрак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- И јас, и мене ми е доста – му се придружив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
При секое исправање на неговите дебелушкави коленици беше очигледно дека му се тресат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И така жените го посвоиле попот да ги извртува псалмите Давидови во нивна чест и да ги возвишува зашто го прогнале и не им дале на враговите негови да му се одмаздуваат, да пее со толку мило лице што и не барале да знаат на каков јазик пее.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секое решение мора како такво да се означи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
— Тоа е омаловажување на братскиот бугарски народ, црка Панделеев, сапуница му се полни устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се сопна, кутрото. Цокулите, гледаш, му се големи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мажот, да не му се опчади, ја остави на годината откако го купија анот и така таа од Велика стана Чакарвелика, ќерка ѝ се омажи во некое село, а синот еве четири години служеше нечија војска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но сега и самиот нејќеше да му се сврши така одеднаш денот, а ако појде дома, денот се свршува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И така писмата на Патрокле до жена му се жалосни и плачливи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Устата му се лепеше и му горчеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но пред избистрените стеснети зеници му се нишнала сенка на која не можел да ѝ го сфати обликот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа е она вистинското на кое треба да му се посвети ултра-експо внимание.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сите тие што го оставија ѕидот на темната мансарда, меки и тромави дождалци и исто толку безопасни и непријатни, љубопитно му се доближија.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И му се чинеше дека пругата, ридот, куќичката, тополата и небото се денес нешто најубаво и најинтересно во светот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
По толкуте прочуени води, долови, вирови, извори, бунари и чешми, човек, да си рече дека просторот што го оградуваа Потковицата плива во вода и дека е таа вистински Елдорадо на барски птици.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го заплиснуваше со сите изглодани мрши и со сите свои соништа, она обезличено суштество на три нозе, кое просто цвичеше, сонувајќи за тоа свое очекување, лижејќи ги неговите стапалки во снегот, при што носалките му се собираа и му се грчеше неговата остра муцка, а притоа од таму доаѓаше и некое на прв поглед ќе речеш презриво, шеговито мрморење низ полузатворени очи, потсветнуваше едно чудно здрава белина на неговите очници, обвиткани во розовоста на неговите непца.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од издишката, низ подотворената рибја уста му се цедеше некоја црна леплива магла која ги нагризуваше или наразуваше, како со киселина, очите на секој кој ќе погледнеше во него, волно или неволно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
ПАНДЕ: Еден од докторите, го главал али има заби и али му се здрави...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Пред да падне со лицето в трева, му се стори дека неочекувано брзо се стемни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Оди си сам!“ му се врекна таа и додека тој зјапаше во неа, збунет, потивко му прос’ска: „Оди си сам кај тоа курвиштето што ти е мајка“, и со трчање избега од него за да не види дека очите ѝ се полни со солзи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како второ: ако посакам слатко и убаво да се истегнам под зраците на топлото сонце, ниеден младич нема да ми побара исполнување на желбата да води љубов со женска од која потоа нема да му се гади.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ама кој како ќе му се доближи на Дука Вендија, овој - пам по муцка и ќе го кутне во ендекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Според држењето би се рекло човекот се штукна од умот, ама според оваа блажена насмевка што одвреме-навреме му се појавува на лицето, јас велам дека е подобро што тоа се случи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ја чувствуваше опасноста што му се заканува.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И ушите му се мрдаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Змејко сега просто го голташе како му се киска во лицето, понекогаш му се чинеше како да го дофатил со своите дланки, тој бел питом кутрак на ветерот, имаше еден таков впечаток за неговиот волтнест мек допир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На оние што сѐ уште се подготвени налутено да се присетат на „турските ѕверства“, ќе им одговори Владимир Соловјев: „Турските ѕверства ние ги помниме, а зарем одамна во Русија, па и во другите земји, сопствените турски ѕверства исчезнале?... а што се однесува до вашите христијани и нехристијани, за жртвите на сите ѕверства la question manque d’interet (прашањето е лишено од интерес): ако мене некој ми ја гули кожата, јас нема да му се обраќам со прашањето: од која сте вие вероисповед, милостив господине? - и ни најмалку нема да бидам утешен ако се покаже дека луѓето што мене ме мачат се непријатни и неугодни не само за мене, туку згора на тоа, како христијани, гнасни се и за својот сопствен Бог, со чиишто заповеди се подбиваат“. 10.08.1992.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ланската година, во пролетта, кога Јаузоските раетини кршеа камен за новата кула Јаузоска, Андон Анѓелов Јанчески, вториот Анѓелов син, бил искачен најгоре на спилата и како што измавнувал со чеканот, однатре од спилата бувот му се џитнал право в лице и додека Андон се тркалал прудолу по спилата, тој, бувот, како од праќа фрлен, се изгубил во шумата под Камен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Штотуку ми јавија“, рече тој, ставајќи ја својата рака врз нејзините.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Додека Петре Даскалот со куц-куц му се приближуваше, татко ми од дисагите извади еден шеј завиткан во некоја црна басма.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кашлаше чудно, суво и тивко, божем му се потсмева на некој старец.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повторно, без да сака, му се јави истото она чувство на губење воздух. Градот го гушеше.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
„Не бегам, господине, одам по детето во парк“, му раскажувам, а тој ме мери и не верува, го отвора гепекот... и оп!... му се посреќи.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во срцето ѝ биеја камбани.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Брчките од долгнавестиот лик му бегаа кон ушите, кон тие сплескани полжавчиња од 'рскавица и кожа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сега, кога беше сигурен оти е навистина слободен, му се отворија очите и почна да гледа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како да не претпоставувал што може да се случи или како да сакал да се случи нешто заради што ќе му се памети името.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дедо Мраз многу се збуни. Пред очите сѐ почна да му се врти, па и гасеницата од сенки, и елените, и крошните од оголените дрвја.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Градите му се подигаат високо и со мачнина се обидува да фати воздух.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Над поспаните очи на Мечета пак му се замрешка сон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Молчевме, само што Петко понекогаш страшно се закашлуваше; од тоа очите му се полнеа со солзи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Рода, не рода, јас повелам овде! — ѝ се провикна Толе и му се опули на Брниклијата, а овој ја налегна Ѓурѓа и замава со дреновицата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама, кога не му се спие нему и болките не тивнуваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Во нашине села нема ваква жена, со дланка го милувал полниот сад Куно Бунгур; пред да отиде - Фиданка Кукникова му се насмевнала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му се стори необична на Чанга синтагмата „брато-козоубиствена војна”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Виде невиде се согласи Ѓурѓа, и Неда му стана невеста на Митрета, како Ката од Стевана ковачот што стана Толева невеста под притисокот од Адема.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во рацете држеше пушка, а на капата му се црвенееше петокрака ѕвезда.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ми беше рекол оти му се смачил животот по бараки и оној војнички казан од кој можеш да зафатиш со водата само ориз и моркови.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На излез од градот, Кикицас му се обрати на офицерот: - Јас, морам, знаете, неопходно да стигнам отаде што побрзо...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но зошто е таа толку мирна, ни да се изненади, ни да се вцрви, а уште кротко му се осмевнува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Веднаш му се обрати на својот Месади: - Кој е бре овој ќерата на говорницата?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Јас мислам обратно... - рече Бонети малку погласно бидејќи му се отпушти гласот од виното.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Изгледа не ја сфаќа смислата или некои неразбрани мисли му се мешкаат во главата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
— Бегање? — се испушти од триесет грла.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оди во Крушевица твоа; малку е подалечку од аскерот, белки не ќе се забележи толку колку овде пред носот негов! — ја повторија и потретија селаните молбата, но Толе си остана на своето и нареди преку ноќта да му се зготват пет шест кокошки и толку мазници за неговите луѓе и остана да преноќува в село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кажи: имаш потреба да се скриеш од сѐ и од секого, ништо и никој да не те гледа, така ќе ти биде полесно да излезеш на крај конечно на крај на светот но барем кажи: тогаш сфаќам дека се претворам во некого друг налик на говорна фигура, и се гледам со очите на другиот и не сум сама, не сум јас ... кажи - очите на јазикот дебнат саноќ, дебнат везден јазикот е видовит гата, прорекува и се провлекува отаде времето кога му се испушта да каже нешто што не треба кажи: јазикот не е само јазик!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Очигледно потсмевајќи му се на оној што вообичаено се нарекува перверзен, во рамките и сексуалните обичаи и перспективи на гледањето, тој ингениозно ги нападнал и уништил овие статички конвенции.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тие силно му се заблагодаруваа климајќи со главите и насмевнувајќи му се, а тој само немо им се насмевна и замавна со раката покажувајќи дека тоа не е ништо.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но ако се осветлат тие како што се, тоа не ќе му се бендиса на комитетот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За миг, очните капаци му се спуштија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— Сега ќе разбереме сѐ што ни треба, — му се обрна мудурот на јузбашијата и двајцата почнаа да кројат планови како ќе се заштитат при евентуален напад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Томето немо стоеше потполно предавајќи му се на мигот, на најубавиот момент во нејзиниот живот, чувствувајќи ги прекрасните топли, меки усни на своите како ја исполнуваат со чудесен длабок мир и бескрајна топлина, светлина и убавина кои ѝ се ширеа се низ телото до сржта на секоја клетка.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во еден миг, додека стоеше потпрен до едно од тие стебла, реши дека ќе продолжи напред сѐ додека тие просенувања не му се доближат толку многу, за да му го стеснат кругот така, што веќе да не може да пречекори од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но балетот е нејзината најголема страст. Цела му се предава.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сега на покривот, над истиот оној празен простор, стои човеков што тогаш беше дете и тогаш гледаше оздола со отворени зеници и запрен здив кон височината што му се чинеше недосеглива, кон работ на покривите; стоеше сега поднаведнат а сепак достатно задржан од железата околу рацете, затегнати со сигурност над таа улична празнина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Овде им било и ним местото”, - помислува Соколе и ја погледнува како пропаднат в земи, стопати колнејќи се во себе зошто се нашол овде и молејќи ја, не знае зошто, тој неа да му се смилува, како да кренал секира над неговата глава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Најдо се израдува што така бргу ќе му се исполни желбата да си одмазди за нивата и маките во јамата од стрика му. — Јас — рече — ќе ода напред.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Почувствува како желудникот му се превртува додека ја поминуваат дрвената табла со името на населбата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На деда си ни збор не му кажа за тоа што му се случуваше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Како навлегуваше во сивиот мрак, така му се изоструваа сетилата за мирис и слух: испарувањето од мочката на ноќните грабливки и од крвта на нивните последни жртви, трепетот на листот што паѓа и зуењето на невидливите инсекти не го оттргнаа од главната трага што ја следеше како извежбан загар.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Синот, повторно, за да докаже дека таткото не е во право во мислењето што го има за него, прави секакви мајмунлаци за да му се доближи на таткото и да го придобие неговото внимание, но како контраиндикација, наспроти тоа, успева само да го оддалечи и да ја удвои нетолеранцијата меѓу нив.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
— И мене ми се пие, Петре, и мене, та сигурно ќе му се најде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Али Фети, држејќи ја запалената пура, во еден миг му се обрати неочекувано на својот внук, оддалечувајќи се од претходната тема, која оставаше да ја продолжи во некоја друга средба: Ти, синко, бездруго имаш свои планови, да ги продолжиш студиите во Цариград?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
О'Брајан никогаш не пропушти да разбере што му се кажува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И Влатко се загледа накај тополите... му се сторија како изморени старици, одвај стоеја така извишени... да можеле би се згутавиле и би чемрееле покрај Маркова Река.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кога се вади од вагонот, му се исфрлува и лебот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Очигледно разбра итрецот дека неговите луди постапки му се допаѓаат на татенцето, па тој тераше докрај.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Попот прочкрта со забите и ја заврте главата настрана да не го гледа не кадијата, ами новиот бег Јунуса, кого уште кога се предаде го позна дека е ланскиот калуѓер од света Богородица и толку го замрази, што не можеше да му го гледа суратот, па ништо не му одговори на кадијата. – Не зборуваш, а? – му се врекна кадијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Геј-научниците и геј-критичарите воопшто не се понесклони кон тоа од другите геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сето му се гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во еден миг борачите се приграбија преку половина, тогаш на сите им се стори дека е сѐ свршено, дека Исо ќе го свитка вудве Лазора, ќе му го здроби `рбетот, но се случи спротивното: Лазор му се извлече на Иса малку настрана, го преграби одзади за половина и како да беше од лесен полесен го префрли преку левата рака и го акна од земја.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сѐ повеќе и повеќе му се чинеше дека тој куферчето во сонот го додал откако се разбудил...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
ДЕПА: Кому му се клава в уста!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Му се истркала по лицето и му се скри во џебурките, во брчките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По брчката која му се врежа, не можеше да ги насети зборовите кои следуваа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Небото имаше потопла сина боја од кога било таа година и одеднаш долгата вечер исполнета со врева во Центарот, здодевните, исцрпувачки игри, предавањата, врескавото другарство подмачкано со џин, му се сторија неподносливи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Договорот за вработување се склучува во писмена форма и се чува во работните простории на работодавачот каде што работи работникот, а примерок од склучениот договор му се врачува на работникот – и тоа на денот на потпишувањето (чл. 15, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ашлак, - му се истопори Аргир. „Самоволник, секогаш сака да врви само по неговото“ - помисли со негодување Веле за Аргира.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Слетај ми на дланка, му се обратив на утот, пак со мисла.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Баба ми му се фрли со плачење околу вратот, а тој, како да се правда, ѝ рече: - Се загуби, Сандо.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ненадејно, како потопена урнатина што ќе исплива на површината на водата, една мисла му се проби во свеста: „Но тоа не се случува навистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— Нѐ истепаа ноќеска Турците, господин војводо, — му се поплака момчето и му ги покажа сињилата по образите и вратот од Расимовиот камшик.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И командантот му се плаши. Му можеш ли нешто?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го гледам - спие. Знам дека спие, оти му се поткрева мешето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој умееше да ужива во неговото расправање, и едновремено да му се подбива безобидно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Телеграмата му падна од раце, лицето му помодре; касарната му се сврте, се потпре до ѕидот за да не падне.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Се согласуваш со мене, Дудо? - прашуваше Џорџ сениорот и грлено се смееше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но на 26 февруари 1941 година СО2 добила информација дека шефот на бугарската фабрика за тутун, кој му бил пријател на Михајлов, истакнал дека Михајлов во тој момент бил во Рим каде што соработувал со силите на Оската и покрај тоа што тој не го сакал тоа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Му се стори дека и стражарот го забележа него и дека на секој поврат со коњот, навидум намерно и како случајно, неговиот поглед пак се запира токму на него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се разбира дека душманлакот го има на целата земја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Шишман прво му се насмевна на ефрејторот и во тој момент ги отвори очите. - Спиеш? - рече ефрејторот. - Не, - рече Шишман.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Откога виде дека нема никој, се искачи горе по скалите и ги спушти чергите на подот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Наплашен е човекот и не му се верува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Боли изгубената надеж.... Зачмаен е, збогоросан, збобрен, сѐ му згорчи, сѐ му се зборави.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Меѓутоа, кога виде дека децата му се скрија во орманот не свртувајќи се, одеднаш стана и тргна по нив со очите полни со солзи од лутина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Како и секогаш нафрла храна во јаслите, го срина малку ѓубрето кај говедата, им посла сува слама, па чекајќи така добитокот да му се порадува на убавото зимско сонце, да се надише свежина гризеше јаболко и пребаруваше низ мутвите на кошарата, низ сеното и сламата во плевната, низ сомнителните места во ѕидовите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Збровите со кои се трудеше да ме одбраниш умни ти беа, батка, и добро обмислени.: „Афериве што се обидуваме да му ги припишеме на наш Боге, тврдам јас, се обични скалила од чад по кои се обидува неговото машко его да се покачи повисоко од другите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се појави Лена. Ми се стори, без брзање, и туку плесна два-три пати со дланките и прибрано изговори, мирен Гаро, на што ѕверот, за чудо, се поколеба, се заврте лево-десно, а опашката и застреланите уши му се олабавија.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но таа не влезе кај него зад братучеда му, како што очекуваше, таа влезе прва и му се исправи убава и насмеана, така што тој се најде смешен во својата првобитна намера, мал и збунет пред неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И Толе реши да не остане подолен од чаушите, па фрли очи во една русјачка, со која сакаше да ја замени Миша од Полчишта. Па и таа не му се спротиви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Обемните обравчиња му се зацрвуваа сѐ повеќе и повеќе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тој ѝ порачувал секоја ноќ да дојде, како знае да ја мине границата крај Езерото, оти му се броени деновите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа диво и разлутено му се спушта по патот, а ние со Васета викаме и се дереме: - Уааа! Држете го крадецот! Уааа!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А Славчо си мислеше дека Сурко разбира што му се зборува, па затоа приказните што ќе ги чуеше од баба си му ги раскажуваше нему.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- А, бре, така наистински, ако му се загледаш, тогаш ќе видиш дека има криви нозе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јаков Иконописец останал сам, врел и во оклоп на модрици, наеднаш безимен и бутнат на некое дно на кое само месото ја памети својата болка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Мој бил, мој. И не срами се. Ништо ти не си крив тука.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Снагата што пукаше од здравје и енергија почна да му омлитавува, да ослабува, да се суши и да се смалува, така што износените костуми му се мавтаа како околу сарак за бостанско плашило.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Неколцина другари на стројниот стрелец Рамиз-бег, пред тоа прострелан низ гради, со тешко и соголено стебло ја пробиле окованата врата на куќата-кула, се качиле претпазливо по тесни басамаци и го нашле безумникот вкочанет; нечија пушка во ноќта сепак му станала судбина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За несреќа, Петре ја земаше неа како главно мерило за неговото место во светот. Ѝ се противеше со збор, ама душата му се џврчкаше како влакно на пламен.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од јужната страна ќе се јават стотина востаници да ја разделат силата на аскерот, а од запад Толе со своите четници ќе навлева во селото да му се доближи на конакот и да му влезе на Арсланбеј како пред неколку години што му направи кај Сивета во Старавина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По нозете му се качуваат водни змии, го препашуваат ко јажиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И оваа сегашнава што блудничи со младиот роб, потсмевајќи му се на одртавеникот што немоќта си ја покрива со тајни дипломатски мисли.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Но и на возачот, кој од селанец станал војник а од војник службеник, колку и да ги менувал воланите од голи до облечени, порадо му се ширеа носниците од комињето на грапата одошто од тафтабитите на вискито и повеќе му се полнеше срцето од шилерот одошто од гемиштот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Широките рамења му се спуштаат низ рацете, како да крева нешто од земјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега дури му се насмевнува олеснето и пријателски на Младичот.) ...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој, поглаварот на Ескимите, му се поклони на Дедо Мраз сто и еден пат со зборовите: - Добре дојде, господару наш, најголем меѓу господарите земни, оној што носи благодат и среќа!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Траверза- препречница, која како попречен бедем се спротиставуваше на секој отпор, при тоа препречена во ходникот на животот му се спротиставуваше, истовремено потпирајќи го како негов главен р`бет, столб на кој животот се држеше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Силјан беше многу гален и од татка и од мајка, чунки од многу синови Божинови само Силјан беше останал жив, та од тоа беше гален многу и беше го ожениле уште на шеснаесет години и на седумнаесетте години му се роди на Силјана едно дете машко, му го викаа Велко.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Скот да бидам, јас едно време и богу и пред луѓето најлудо се молев, и денеска тоа го правам, - кога му се суди на еден човек колку е тоа можно слепо да не се гледа само на еден дел од неговиот живот, за што можеби тој самиот не сноси никаква вина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На едно повисоко место, божем стокмено за караѓози, се туркаа изврзаните, стуткани мажи со момчиња, жени со девојки, и настрана децата, голуждрави и исцибрени како тукушто породени мачиња. Срцето му се стегна на Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Жива рана да му се отвори, И Здравко си ја носи раната, како капче овдека, горе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Овој млад човек му се допаѓаше на Глигора.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кутри Донче Спискоски, ја испушта капата од раце и само се држи за градите, се префаќа. Му залетнува некоја осилка и му се кинат некои конци под рацете. Не може да запре, да се соземе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Како да не! И не само еден. Ти аги тепај колку ти душа сака, но ќе гледаш да не биде лошо и за селаните каде ќе и тепаш агите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само што погледна надвор од градите му се истргна весел извик: - Иииј!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Од допирот на седефот и од самиот поглед на него му се тресеа забите и морници му минуваа по кожата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Некој мршаво ги уверувал дека сето тоа е претсказание, дека не му се мили на господа. Другите останале тврдоглави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Саше престана да плаче гласно и продолжи да липа, тивко, без да испушти звук, само солзи му се ронеа низ образите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа следуваат и „вообичаените“ реперкусии за тужителот кој, нели „се дрзнал“ своите 148 законски права да ги бара преку суд: тој е викан на разговор „во четири очи“ од страна на своите претпоставени, со цел да му се изврши притисок да ја повлече тужбата; потоа, откако овие заплашувања на надредените не вродија со плод, тој е шиканиран како „нелојален предавник на фирмата“ и повеќе не му се давани никакви дополнителни ангажмани, коишто претходно вообичаено ги извршуваше и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сепак, чувствувајќи му се должен, како токму да му текна го потпраша: - Да немаш телефон? - Имам. како немам!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Прекина. Му се пристори дека гласно зборува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Каде е и зошто не ја пречека? Да не му се случило нешто?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Брат ми знаеше колку можам да бидам незгодна ако се запијачам за нешто и го смени однесувањето: - Слушај, Бреза, не сум те излажал, само убаво размислив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Ете уште една причина за уште една чашка,“ рече, и тргна кон масите на кои се точеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И глас му се јавил, велејќи: „Не бој се, оти вистината е тука, во ковчежето, а од лицето на вистината не праведниот, туку оној што лаже треба да се бои“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ме гледа и како со умилен глас да ми вели: - Убаво ли е, сине, ми ти се допаѓа ли домчево, кажи што не ми ти достига, татенцето сѐ ќе стори за моето соколче, - чинам така ми вели татенцето и јас сѐ поблиску приоѓам кон него, божем ќе му се фрлам во прегратките, ќе го гушнам како роден татко, а тоа од страв му се доближувам да не ме запне од подалеку, да не ми го скине главчето, та без главче да останам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Гласот му се ширеше по целото Езеро! – Тој барем почина среќен, не го виде твоето заминување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Си зел в раце едно дрво некастрено како за стап, раце да му се најде, за од лошо да се брани, и тргнал на угорното да оди.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ме повредија. Ќе му се посветам на Бога. Јас сум Јан Лудвик, циркуски уметник.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нозете му се протегнаа дури до самиот влез на колибата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Оти, со доаѓањето на денот, јас го имав Земанек; Земанек беше веќе во Партијата, со мене; одевме заедно на сите кружоци; тој напредуваше одлично, и набргу ме надмина и мене во Партијата; таа наша упатеност еден на друг, преку партијата, ми пружаше утеха и мене, а верувам и нему, после она што му се случи на Јан.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Останал сам, никој не му се придружил за враќање. Продолжувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што мислиш дека е паѓањето ако не незнаење дека сме во Рајот? – Розата може да се изгори – предизвикувачки рече ученикот. – Сè уште има оган во каминов – рече Парацелзус. – Ако ја фрлиш розата во жарот, би поверувал дека изгорела и дека пепелта е вистинска.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во четвртокот наутро, сѐ уште немаше никаква трага каде е и дали е жива.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еве, го видов, а и тој мене ме гледа – весело му се обрати таа. – Ме гледаш ли, бе, или да ги кренам ролетните?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не бегајќи од конкретното и секојдневното, а напротив, впуштајќи се смело во искажувањето на она што бездруго треба да се рече, за да му се затре семето, за да не се повтори, Чинго ја зацртува својата социолошка линија антиапологетски, во највисока мера критично, непомирливо, бескомпромисно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во турнирската сала, пред очите на тиха публика, тој ги смислува, како сосем отсутен од стварноста, своите потези или пак прошетува со одмерен чекор меѓу шаховските столчиња, погледнувајќи ги позициите на другите табли, а изразот му е задлабочен, продуховен, и некако само од себе му се налага да ја чувствува својата важност и како случајно да погледне во публиката сакајќи да види дали се одразува на неа сугестивно тоа негово чувство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Беше нешто, што мораше да се носи во себе, а додека заминуваше под тоа црвеникаво сонце му се чинеше дури и дека е добра.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Леле, колку ми беше жал за него! Толку тажни солзи, немав видено никогаш дотогаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
По еден долг час, отворајќи се докрај пред него, го замоли да ѝ дозволи да му се јави на сопругот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа Бошко Манев го исплаши уште повеќе, та почна да му се моли на Дика и да го колне во сѐ живо и мртво да му помогне некако, па нека сака што ќе сака.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Само ако се спомнеше бебето, очите му се заматуваа со замаглен премаз, а на измачениот лик му се отсликуваше некоја длабока тага.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По таа причина поубави му се чинат на човека речиси само оние наречја и говори што ги слуша тој или ги има слушано почесто.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но главно, како што напомнав пак погоре, ќе му се помогне на нашиот народ со културно работење, а најповеќе со просветувањето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Де, бре, кај ја отера, му се насмеале луѓето, ако треба да ти попуштиме!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури и во неговата родна земја, во која не му се приклони на фашизмот, во периодот на сталинизмот, сакаа да му организираат заседа, односно стапица, откако го ликвидираа неговиот брат, поради англиската врска, да го судат и него поради антисталинизам, поради ревизионизам и што ли сѐ не беа спремни да измислат, во еуфоријата на големите ликвидации, во таа бесна синдромска фаза на саможртвување и на самоуништување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Илјади мисли му се плеткале во главата. Најпосле му светнало!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Војницте запалија огнови.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Да му се искараше некој друг, тој не ќе се посрамеше толку.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Никогаш не сте ме запрашале зошто се вика Шесте чешми, тоа сосем нормално сте го прифатиле,а еве, ни дојде Влатко и му се виде необично - Зошто Шесте чешми?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
кој знае да свири на гајда, прашува со полна уста јадење, и ние со очите го предаваме Флорина Богданоски и Флорин ја донесе гајдата и ја наду и војниците почнаа да ѕенѕаат со газот и тогаш се налути тој старшијата и од раце му ја дрпна гајдата на Флорина Богданоски и, гледај како се свири, му вели и ја дуе гајдата одново, му се црват образите, му се шират како и гајдата, и војниците стануваат, се фаќаат околу трпезите црквински, пијана работа, се фаќаат околу трпезите и после нѐ натераа и ние да играме, а тој свири, беше знаело мртвото, ако војник, беше знаело да свири и ние се фаќаме, било пишано да играме пред мртвите,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ме фати страв; се чувствував одговорна за сѐ што му се случува, и не знаев што да преземам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега се плашеше да се опули надесно оти му се чинеше, ќе го види Неда.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој тебе навистина ти кажал како што велиш, ама дома рекол инаку: за да не му се случело нешто лошо, ќе го пуштел Лумана по друг пат да помине.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Понесен од сопствениот занес, кога таа му се изгуби од погледот, продолжи да гледа во тој правец додека меѓувремено, во неговата умисла таа стануваше уште поубава и попримамлива одошто ја виде...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се знаеше, а тоа можеше и да се види, кога доаѓаа или си одеа, дека многумина од нивните млади мажи учат или попуваат некаде во Битола, во Солун или во Света Гора, дека кога требаше да му се исплатат давачките на дворот, сами тие му ги носеа, дури во Константинопол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во тој миг таа застана, се наведна, крена едно листенце што не го беше настапнала, а се жолтеше со сета своја убавина и му се зарадуваа.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
- Па како е утрово мојот драг пријател? - му се обрати Виктор на Томо, со намера да го поткрене неговото расположение.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пишуваше, како во денови на затишје на фронтот, при врвење низ селато, некаде ќе чуел гајда и срцето му се штрекнувало, му се возбудувало; ќе застанел да слуша, а душата му се исполнувала со милина, со радост, но и со тага.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Затоа ми „враќаше“ на соодветен начин. Прво му се израдував.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И повеќе од тоа ... Му се замрежија навлажнетите и растреперени очи. Ни се замрежија и нам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Животот на дедо е сврзан со вулканот, - велеше Богуле. - Не умира додека не го види згаснат за да му се исполни желбата: да се изгради бањата на брегот...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Стефан беснееше, се престоруваше во гуштер одвратен, во молец што ги јаде јаслите сопствени; Пелазгиј веќе сосема побледе и само јас видов дека дланката од десната рака на Писмородецот му се стега под ризата во тупаница.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Продолжија да одат, но Мече газеше како на игли, плашејќи се пак да не му се закачи некоја пијавица.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И ние му се претставивме и го замоливме да нѐ упати како да излеземе на автопатот што води за Тирана.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мирче ми пиша дека го видел таму. Му се прикажал и се познале.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа непогрешливо му покажуваше каде демнеа опасностите, каде му се подготвуваа стапиците.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зашто само со такво сознание можеш да се спасиш од она што му се случило на Форест Гамп - да те лансираат во вселената заедно со жена - типична феминистка и женски мајмун-орангутан како необични примероци на човековиот род од планетата Земја.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Експертите по сликарство, спротивно, откако со пробивен поглед, низ трепките или окалките, ќе се здобијат со општ поглед, односно впечаток за сликата, му се доближуваат на платното со бесшумен чекор на ловец кон дивеч и со око како лупа во едната а со нокот како пинцета во другата рака почнуваат да чепкаат по боите а особено под боите, во потрага по тајната или прелагата на мајсторството.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Неговото срце и плуќа не беа во добра состојба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Смеата можеше да му се види со очи: од устата му шибаше коњска пара.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
се фаќа за носот и повраќа, некој снебивлив и кревок човек, ние одиме и смрдиме, ни смрдат алиштата, ни смрди и дишењето, душата, одиме меѓу пушки и штикови в затвор, а таму - пак сослушувања, нови премрежиња, кај ви се пасошите, ни велат, ги фрливме в море, велиме, од страв да не бидат откриени, велат, не од страв, туку од радост, велиме, не можеш со ѕидон да се разбереш, ние кажуваме едно, тие прашуваат друго и ништо не помага, нѐ осудуваат на смрт со стрелање, мене, Стевана Докуз, Илија Јованов, Добри Закоски, Јоше Богески и Силета Плевнеш, Стеван се тресе, го собира срцето ко полжав роговите и олкави солзи му се тркалаат по образите, му паѓаат в уста, а тој само шмрка и ги подголтнува и идат две војничиња со муцки од глушец и со ситни очи како топуски и ни собираат сѐ што имавме купено: чевли, шапки, палта, панталони, обетки и прстени за жените, џепни сатови, пари, сѐ, еден зема, другиот ги собира на една мушама, ги подврзаа плачките и ни даваат белешка, што зеле, ја подврзуваат мушамата со крајовите, ја креваат и си заминуваат, отиде печалбата наша и седиме, никој не заспива, од утре ќе имаме напретек време за спиење, уште една ноќ живот, си светкаме со очите и прашуваме кој го фрли прв пасошот,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но на Делин душицата не можеше да му се смири.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му се спиеше, а знаеше дека бадијала му е да се враќа в кревет.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„Да му се сневиди,“ си помисли Дејв. „Сирото дете. Што ли правам?“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во пазарните утра, кога некој селанец ќе му се обратеше некому со прашање кај може да купи лек за своето болно дете, тој го испраќаше на сосем друга страна, кон оној крај што нема аптеки а отаде друг еснаф го испраќаше кон стариот град што се давеше во штавени кожи и лој.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И да му се пикнат во газот на газдата на некој кафич.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Почувствува дека овие што му се смееја ќе се најдат надитрени и драго му беше поради тоа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој вриеше; жилата на вратот му се наду и мислев дека ќе прсне крв.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Наеднаш престарен и наполно рассонет почувствувал дека во неговата утроба се кине нешто што било веќе подолго време клопче на болка и дека по сета снага му се разлева горчливост од која не ќе се ослободи долго време.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој знае дека Митра се лути, а и мајка му, кога не се прибира навреме дома, а најмногу му се лутат што оди сам на реката, само тој не може да ги слуша како постојано зборуваат за умната, убавата, стројната Пела на тетка Пелагија која веќе ги знаела сите букви, ги знаела и приказните за сите светци (мајка Перса ја учи като даскалица!), а и молитвите ги пеела како поповите во црквите и Чана, неговата мајка ја кажува Оче наш, ама со свои лафови ( Оче наш кој си на небту да ти свети имту твое да ни доа царството твое и как сакаш ти т'ка нека е как на небтту т'ка и на земната лебут исушен да ј ни гу вадин плати ги долговите наши как шо ги плајќаш и на тиа шо ни са должни и не на пикај у гревуви истерај гу ѓаволот), ете оваа молитва и други ги пеела Пела исто како да е поп!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ми бидуваш ли? – отворено праша Луман и му се загледа на деда Бошка јатак да биде не сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Колку ѝ било тешко тоа чувство дека тој се оженил и живеел со друга жена, толку се радувала и плачела во исто време кога следната година разбрала дека му се родил син.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Законодавецот се обидел да ја санкционира и одмаздољубивоста на помоќниот in concreto, пропишувајќи дека поради поведување постапка за правна заштита од мобинг, како и сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може, на посреден или непосреден начин, да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, посебно со намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на напредување или стручно усовршување – т.н. деградација и/ли стагнација (чл. 2, ЗИДЗРО/септ.09); 23 в) во оваа група на антидискриминаторски одредби спаѓаат и оние кои се поврзани со кандидирањето и селекцијата за одредено работно место.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Зарем можеше ова нему да му се случи? !
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На единаесет, го поткажал вујко си на Полицијата на мислите, откако чул еден разговор што му се сторил како престапничка намера.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Марш, скоту еден, вика, му се закрвавуваат непцата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Пандели - тивко и скоро нежно му се обрати на командантот на бригадата. - Тука Кикицас. Да, да.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ги затвори очите и ги притисна со прстите, обидувајќи се да ја истисне сликата што постојано му се враќаше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога го позна оти е тој, стана сета разбушавена, заплашена и уплакана. , — Шо сторите, бре, јок да се сторите, баби ниедни? — му се врекна на Јована и тргна да излегува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Војникот му се доближи на офицерот и зборуваа нешто.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
— Толе! — Му се впи уште пострасно и почна да го бакнува по образите, челото, устата и каде стигна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Влечејќи се, се најде до убиениот командант. Почувствува како му се стега грлото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зло на кое треба да му се оддава принудно почитување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дури и сега јасно се сеќаваше на мирисот на градот – мирис на топли вафли со сладок сируп, кои му се топеа во устата додека низ толпите купувачи се пробиваше накај пристаништето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Веќе беше забележано дека овој напад, доколку се покаже како успешен, не само што блокира еден извесен начин на размислување за тоа како ние зборуваме, и учиме да зборуваме, - за нашите сопствени ментални состојби и процеси, туку засега и некои поопшти епистемолошки преокупации; имено, покажува дека на „картезијанскиот“ пристап кон прашањата во врска со знаењето може да му се упати особено остар предизвик.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мојата муза е нешто несовршено, но нешто на кое му се восхитувам. Феномен кој најмногу на светот ме нервира.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Трагичната мудрост подразбира негово отфрлање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Што е убаво-о! - му се радуваше Милка и пак си замислуваше како сите ќе ѝ завидуваат на убавото маче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Македонија ја признаваат за бугарска во етнографски однос, но мислат дека е излишно да си ги трошат силите за да научат нешто за таа земја, затоа ништо не знаат за неа ни од историјата ни од географијата и етнографијата нејзина, освен дека има таму чети и востание, на коешто треба да му се помогне само со лотарии и не со самите себе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На Пол сето тоа му се допадна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Суз, бре, ќепазе, не сакам од тебе акал, - го пресече како со нож башмајсторот и му се скара дека ќе го испрати веднаш в село, ако проговори само уште еден збор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се заредија тешки ноќи на она циганско лето во кое природата со последни сили му се отргнува на сонот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кој тргнал ќе се врати - ако му се отворени патишата!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
На сон почна да му се јавува затворот, а од ноќните соништа, како некој определен ужас, затворот минуваше најаве и му ги труеше деновите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На Махмуд Дарвиш таа година народот на Македонија во својот свет храм му го подари најсветото што можело да му се подари на еден поет - неговата тиха сина светост и тишината на истрајбата во времето, како пристан во враќањето од егзил на поетот во прегратката на човештвото...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вода да се напие низ кожа ќе му се види.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го превртува едното око, другото веќе не му се гледа од јачменчето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Патешествието е веќе во тек“ („The seeker on the way of sound“).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
10. Најпосле остана Толе сам да „пашува“ по неговиот „пашалук“ — старо Мариово, со своите арамии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се обѕрна околу себе и погледот му се насмеа додека го одмеруваше нараснатиот куп црвеникави штици, нафрлани на подот, уште топли од неговиот допир, а од другата страна смалениот за една добра третина куп на истркаланите трупци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе се измори добриот дедо Спасе, ќе му се приспие но за да му угоди на внучето раскажува ли, раскажува...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Пред два месеца, Лила требаше да му се придружи тука и да му ја скрати многумесечната осаменост, но таа веќе по третпат му најавува дека сѐ уште не ги решила прашањата со одржувањето на нивниот комфорен апартман, па уште извесно време ќе остане во Софија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Песната многу му се допаднала. Го повикал поетот и го назначил за советник за литература, да не речам, за поезија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Иван Никифорович многу сака да се бања, и, кога ќе седне во вода до грло, наредува да му се стави самоварот и многу сака да пие чај во вакво студенило.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Господи, тоа беше клокот од грофтање , од мукање, од блеење; булукот протатне покрај мене и низ мене како најбрз летен порој кој остава зад себе пустош а во нас ја поттикнува рамнодушноста и тоа само заради немоќта да му се спротивставиме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Изгледа сѐ уште те немам прочитано до крај, почитуван колега, му се обраќам во мислите на мојот потчинет без да го погледнам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сите го чувствуваат цутот и не мислат на него сал човекот во тремот во нем разговор со дрвото го брои цутењето што повтор му се враќа.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Само треба на врата, кога трга на излет, да му се подаде тефтер и пенкало, зошто бајаги е излапен, па да си запишува што му се случува и да си ги скицира тоа позите, за да ги испробувате по дома кога ќе се врати.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кочо тргна прекупат в крчма. Тој одеше замислен и не забележа од кај му се испречи некаква кална фигура, во градски алишта, со искривен качкет. Човекот беше пијан.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Погледна низ прозорецот и воздивна: „Сега, повикај го брат ти!“, а кога заедно се појавија, му се обрати на вториот син: „Појди во бакалницата и прашај колку е брашното“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од напнатост Србин дослушнуваше или му се чинеше дека слуша некакви крцкања.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Затоа, скриено, со лукаво притворство и в очи му се смее, а зад грб нескриено го исмева и го карикира, наоѓајќи во тоа особено задоволство, некаква одмазда за сѐ што трпи од него.) Е, жено, ем бргу, ем полека!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Деновите ги минував чистејќи ја и преуредувајќи ја куќата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се плашеше да не го оставам среде ноќ... Ужасно изгледаше! Сам, умираше од страв... Да му се сневиди.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Погледна преку река, а таму децата наседнале на гредата што ја имаа спрострено на другиот брег, и ситејќи му се, го гледаат што ќе прави.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Замислете си: илјадници читатели застануваат зад делото на Меша Селимовиќ „Дервишот и смртта“ и ги плукаат илјадниците читатели кои стојат зад делата на Андриќ оти овој рекол дека на Селимовиќ едноставно му се случило прочуеното дело.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Личните расположенија на валијата беа, значи, поволни - пишува Стег - но требаше без одлагање да му се каже дека злоупотребите беа веќе сторени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Нели беше само фатаморгана, што му се јавува на очајникот во пустиња, тоа наслутување на спасителниот потез? - помислува тој.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Добро го разбираше и му се восхитуваше на неговата виталност, но не можеше да разбере зошто операцијата ја ставаше во втор план.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сѐ што треба да направи е да го пренесе на хартија бескрајниот неспокоен монолог што му се одвиваше во главата буквално со години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дозволуваше Трајче да му се качува, да игра со него, да трча по ливадите и беа како најарни другари.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сега не беше време да се седи надвор, но на Бојан воопшто не му се спиеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Море, шо му се плашите, ослепаго, на еден стар дркул; ќе го налегниме како вол, — им влеваше кураж Бешот на другите селски војводи, псуејќи го стариот мудур, Арсланбеја со кого беше долгогодишен пријател, како коџабашијата Трајко од Витолишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Лицето не му го гледав, ама знаев дека очите му се исто толку темни колку оваа ноќ во Гоа и дека во секоја зеница му се огледува по една сјајна ѕвезда.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Желбата му се исполнила, но набргу дошла друга и тој посакал да биде селски кмет.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Истиот момент лицето му се вцрве и солзи му потекоа од очите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаеше како се чуваат доенчиња, иако самиот никогаш немал деца, се впушташе во неверојатно интересни разговори околу исхраната за определена болест, ги предлагаше тие и тие видови пудра, на ливчиња испишуваше рецепти за приготвување лековити масти, ги регулираше квантитетот и квалитетот на напивките за бебиња, дури знаеше и како да ги држи: расплаканото дете веднаш се смируваше кога ќе го кренеше в раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сеедно, иако не беше потпишано, ракописот го познаваше. Не му се извинуваше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јоргос (сите Грци, како што му се причинува нему, се викаат Јоргос), му се јавува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му се чинеше дека испливува од длабочините на тивка вода.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А како да му видов солзи да му се покажаа на очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури го учел Божин Силјана сина си, се пулел во гредите и во ѕидовите, чунки како крв му се гледаше татко му пред очите кога го учеше.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Ова го велиш веројатно од завист!“, се обидов да му се спротивставам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
До читалната имаше пушална, но Грдан ниту имаше цигари ниту пак пушеше; во библиотеката имаше и бифе, но тоа беше за оние што имаа барем ситни ако не крупни пари - од чадот на цигарите очите му се мрежеа, а од миризбите на бифето носниците му се ширеа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Наеднаш, преку негова волја, во зборовите му се проткаа непозната тага и чувство за човек што му ја отрул душата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Командантот на нашата бригада го разоружа командантот на бугарскиот полк во мое присуство, му пријде малку поостро и бугарскиот командант му се сврте со овие зборови: Ас сичко ше ти дадам, и коњот и сѐ што има на него.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На прозорецот од собата слета бела птица која од некаде му се чинеше позната.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Просто, му се раздроби и ќе му препукнеше до колку не праша: - Целиот бел север го испросанкав, многу видов и превидов, ама ваков панаѓур, волку убав свет, не сум видел ни насоне.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Некако чудно го погледнало и нему му се сторило дека му се смее в очи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со првите пролетни дни, по сите зимски мори и плашења, едноокиот дошол ноќе од непознат крај, убил туѓа кобила и со големите нокти ѝ ја искинал утробата; ѕверскиот корен можел да му се напои само со густа врелина на крв...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто да не ја замоли Јованка да го потсети на некои од поединостите што можеби не му паднале на ум, не ги забележал, или пак му се измолкнале од вниманието додека ја земаше поканата во оној налет на еуфорија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Е, баш ја искомплицира работата, мој Братиљубе, - му се подналутив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
За миг лицето му се разведри.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А мнозина го заборавија тоа така, за веќе ниеднаш да не можеш да ги потсетиш на тоа; беа послаби и отидоа со него и не само затоа што немаа доста здрави раменици за да останат сами во снегов и да му се допрат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А од баџата ако нѐ виде свети Јован? — му се плачеше Митра на Толета во рацете кога веќе си лежеа спружени на постелката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Наместо било што во директна врска со О'Брајан или со Братството, во свеста му се појави некаков комбиниран приказ од темната соба во која мајка му ги помина последните денови од животот и од малата соба над продавницата на г.Черингтон, со стаклениот тег за хартија и со металната гравура во нејзината рамка од ружино дрво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И ние му застанавме, му се наредивме оздола.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му се креваат мустаќите над носот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најмногу му се бендисуваше тоа дека во тоа ново општество на секој денот и ноќта праведно ќе му бидат распоредени: осум часови работа. осум часови спиење и осум часови учење и забава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега не знам со кој образ да му се појавам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На испитаникот му се сугерира дека во часописот се наоѓаат рубрики и статии коишто тој ќе треба да ги оцени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
БАРБОШИН: (на Мешаев.) Според некои надворешни знаци, што му се достапни само на опитното око, можам да речам дека вие сте служеле во флотата, дека немате деца, дека неодамна сте биле на лекар и дека ја сакате музиката.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Госпоѓа Гологанова не издржа, обраќајќи му се на својот сопруг, а да не воскликне: „Никола!... Види го!...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Дедо... – му се обратив на дедо, ама тој ме прекина, ставајќи прст на усните.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Што убав брат имам, го гледав и си мислев.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На сповојницата се изредија сите можни и неможни благослови и на сите Митра викаше „амин“, иако во себе си повторуваше на благословот „да не е жив новиот човек“ — „до дните — од дните на пците“,на благословот „к'смет господ да му даде“ — „краста и орлови нокти да се чеше“; „голем да порасне“ — „една педа од земјата“; „мома убава да стане“; „плашило на векот да биде“; „за изгора во село да биде“ — „папакот да ѝ гори, и нејзе и на таа шо а роди“; „ергените по неа да лудуат“, Миша додаваше: „да даде господ она да полуди, та и татко, и мајка од неа да бегаат“; „да му се живи родители“ — „довечера, дај боже“ и така натака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ѓорѓија само молчеше и јадеше, не со сласт, бидејќи му се мешаше дури и во тоа колку шеќер ставаше во чајот: - Шеќерна болест ќе добиеш!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Од песок, од ветар, од темница и од жед многу ми се спиеше и јас заспав, заборавајќи да му се заблагодарам на пустинското дете што ме возеше на камилата.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Блискоста на Сара и брат ми започна при нивната прва средба, уште во мигот кога тој ѝ се приближи во нејзината соба, благо подавајќи ја раката, а таа стана, обидувајќи се да ја одржи рамнотежата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Доаѓал ноќе и ги кршел чиниите или ги тркалал тепсиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не сум питач, со закана стушено се исклештил Онисифор Мечкојад; забите не му се гледале од густата четина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бара збор и Михајло Горачинов: му се собираат мускулите околу носот, му се тресе вилицата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги испитуваше копнените патишта, но тие веднаш му се покажаа поопасни и потешки за минување, особено за нас, помалите деца, кои не знаевме што е граница и зошто бегаме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јас му ја држам дланката до гушата, му ги начекувам капките што му се враќаат од устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Брус рече (со лаконско јужњачко отегнување) „бета-фенетиламин“. И тоа е во книгата. Бета-П.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Откако ќе нацрташе еден таков предмет – како што реков, тоа се случи само еднаш додека бев кај него – со кола заминуваше на творечки одмор што траеше повеќе од осум дни, додека црташе само четврт час.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Му се ежави кожата од непријатното претчувство.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му се нафрлив. „Марко, немој! Лошо ќе поминеш!“ исплашено извика Влатко, ама веќе беше доцна.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Укажа и на мислењето на рускиот цар Николај II, кој во тоа време изрично барал од Конференцијата на амбасадорите манастирот Свети Наум, како словенско светилиште, да му се додели на Кралството Србија, а со што се согласила и Австро-Унгарија...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Па еднаш си велам: подобро што не знам, што не можам да ја погодам. „Стравот е страшен само за оние што му се плашат“ , си спомнувам на зборовите од Лазора Ночески и се враќам кај Здравко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас така си го објаснив и појавувањето на сомнението во врска со намерата да му се обратам на натрапникот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Цртежот му се фрлаше под нос на мајсторот кој го ставаше на мајсторското тезге, го проучуваше муртејќи го челото, потоа ја проверуваше издржливоста на дрвото и најпосле почнуваше со производството.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Настапија компликации, неминовни во периодот на транзиција - транзиција... трансформација... дестабилизација... приватизација... изговара Влатко со забавено пулсирање... мислата се кине, концентрацијата попушта, се завиткува во некаков бел превез, нема сила да му се спротистави на сонот, му се предава без отпор - сонот е смирувачки, благотворен, мирислив, мек - небаре е скутот на баба Мирјана...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И му се чинеше дека сега е над сѐ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Онисифор Проказник гледал зад неа, во древниот ѕид на манастирот. Врз едното око му лежело густо перче коса.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сиот нејзин живот согоруваше во тоа верување на кое му се надоврзуваше и последната мисија на враќањето во родната земја...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ама пусти зет е, срамота е да брза тој. Ќе речат: не му се чека.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стражарот те удира со камшикот, велам, а детето ја испушта дојката и, од уста, му се истура млекото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мече се премислуваше нешто за час и наеднаш му се сврте: - А како би било да дојдам и јас со тебе?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тој велеше дека тоа сега не е добро; велеше дека е решен да му се предаде на Бога и дека такви искушенија не му се потребни; потем повторно одевме, тој погледнуваше на часовникот, и брзаше; многу бргу стигнавме до мостот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Времето за танцување помина, времето за љубовење помина и тој разбра дека веќе нема време за ништо, дека животот му се изменил, не по негова волја, туку по волјата на колективната судбина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мојата одбрана на задолжениот офицер му се виде сомнителна и јасно ме предупреди да не ја потценувам моќта на нашата силна и непоколеблива армија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А вие Семјон пожестоко и од мене се судривте со тие зла бидејќи бевте помлад кога нѐ подбраа Црвените, долу на Крим, му се обрати тој на татко ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Вади пакло цигари, му ја подава на Саздо; овој зема цигара, му се заблагодарува со нишање на главата, па откако ја навлажнува, го прифаќа огинот што шефот му го подава од скапоцена запалка.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Старецот се сметаше себеси за среќник Бидејќи му се измолкнал на фатот на судбината.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Некои од селаните по цел ден клечеа на колена во црквата и му се молеа на бога за спас.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Му се стори како да го познава местото. Па се разбира!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— А на кого ќе го оставиме народов? — со тага процеди преку заби Сугарев, на кого му се придружи Џеров.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нозете му се тресат и во главата му се врти.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Стравуваше, еден ден, тој да не споулави од толку читање и заборавање на вистинскиот живот, да не му се случи како на едно друго дете од соседството кое, заминато во младоста во туѓина, во Романија и во Австрија, се врати со многу книги, а заврши зборувајќи си, со денови, самиот со себе чекорејќи брзо крај Езерото и служејќи им за потсмев на суријата деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кажи ми, сакам да научам да бидам најсилен! –Еразмо бараше да му се исполнуваат желби.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Со еден збор отворено му се ругам на мојот потчинет, иако сум свесен дека она неуморно демонче демне над секој мој неизречен збор, го лови со акробатски скокови и му го поднесува на мојот потчинет на начин што јас не можам да го одгатнам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И кога ќе му се скриеше, ќе го најдеше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
— Машала, машала, убаво си можел да викаш, — почна да му се руга онбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дајреџијата му се внесе во лицето, целиот насмевнат и блажен, како да сакаше да му каже: „Ништо ти, комшија, не бери гајле, јас сум тука, јас ќе те одведам дома...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Ми се чини дека нема да ми биде полесно да научам да се движам помеѓу луѓето - рече.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Жена му и син му Ном го успокојуваа и му велеа дека нема ништо, дека така му се причинува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
8.1 Вечното стебло страда од потајна ровја Му се умилкува на огнот што потонува в земја И ги впишува нашите имиња на небото Со хлорофил што капе на дланките на Мајка.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Пак во главата му светна мислата да не му се случи да го убие.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мнозина му се додворуваа на Боро Селински, небаре тој самиот ќе ги претставува пред Бога и пред св. Петар, небаре тој самиот ќе го држи кантарот на кој ќе се одредува местото во рајот или во пеколот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
При глетката на неговото тешко, избрчкано лице, толку грдо, а толку интелигентно, му се стегна срцето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред секој дуќан стоеше подаден цреп со цвеќе - тоа беше стар обичај на чаршијата и затоа низ нејзините сокаци толку опојно мирисаше - но ова беше јасмин и ибн Тајко го зеде тоа како јасен знак дека ќе му се случи нешто важно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во зимскиот период и во раната пролет му се лутеше дека е немирно, дрдорливо, летно време го молеше да не пресушува, зашто неговата водичка ја бараат и градината, и дрвцата, и добитокот да се разладат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По исклучок, со посебни прописи може да се предвиди дека на решението може да му се даде и друг назив.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Само очите му се зголемуваат, му се поткривуваат и му светат. Пипер му мелат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чекај. – Му се обрати на телефонистот: - Каде е, бре, командирот? Викни го! А ти си?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Глигоре, зар тоа си ти? - извика Арсо и гласот му се распадна во ненадејна расчувствуваност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Јас, јас... јас од компликации и така наеднаш!“, проговори повторно младичот, „Мене Шулц уште вчера ми вели, вие, ми вели, имате компликации, а јас наутро и умрев. Ах!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дворот се начичка добро до народот и од неговата таговна вика. (Сите пак, не ги ни собра.) Сред плачот се стегаше народот надвор и благо секој на мртвото тело Кузманово сакаше да му се доближи: да го бакне неговото чело.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Џон Х., средновечен инженер, опишува колку бил обесхрабрен кога повторно му се вратиле стомачните болки.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ноќта ја минале со молчење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Рецепционерот го виде Камилски без митското куферче, му се виде како друг човек и нешто запишуваше без да го покаже изненадувањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ете, црниот петел лежи кај стрикови. Па му се бендисуат стриковите кокошки! Било та се рекло: туѓото е послатко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Арно ама еден човек го препозна и излегува по него, му се придружи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
По ѓаволите! Денес самата фаталност решила да му се исмее жестоко и подмолно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но се покажа дека токму ваквото однесување на татко ти најмногу му се допаѓаше на Иван Степанович.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но, кога јас настапив со мојата дискусија, внимателно ме следеше и како што врвеше времето, му се гледаше на лицето и во погледот дека полека ја прифаќа мојата теза барем засега да не се градат браните на реката, а со тоа јагулите слободно да си го минуваат патот до морето, океанот и назад.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Деловите на полегнатите човечки стави како да биле поделени на студени и топли зони и додека стомачните мускули им трепетеле на тврдата земја, преку тилот и меѓу плешките им се разлевала морничава врелина, и некој, едниот или другиот Онисифор, мислел дека крвта бара пукнатина на кожата да шибне како црвен знак и да му се придружи на сонцето со брзина на светлоста ослободувајќи се еднаш засекогаш од кожурците на глупавата препаленост, на страдањата и искушенијата што некогаш биле склопец на животворен течен мерџан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа анка е додаток на многу македонски имиња, но ако пак зборот трај му се одземе првата буква се доаѓаше до зборот рај!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тогаш тој му се наведе до лицето, ослушна за час – во ноќта осем песната на штурците не се слушаше ништо друго – и му шепна: - Ќе одам на Младинскиот канал ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Можеби затоа не можам да му се нагледам на Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама не би многу време и крвта му се крена, му оживе, му се свапери. И почна да се качува по војниците. Голи војниците, безмалку, се сите исти.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ѓорѓија не се двоумеше и ѝ рече да влезе, да се напијат по едно кафе.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Биле начнати, крастите не можеле да им ги излекуваат ни со стопена лој од зајак, ни со лист од тегавец, ни со бајачки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не сонував: долгата абердарка му даваше сила да се чувствува голем и силен и да се смета за вистински челник на дружината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
14. СТАРИЦАТА ТРИ ГОДИНИ НА СВЕТОТ МУ СЕ ЛУТИ - а тоа, пак, тој свет, неранибабо, и да не го знае!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Од заседа му се препуштаме на сонот Слекувајќи ја од себе Баналноста на животот. Се подготвуваме за новиот ден.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
На тој ден стана обичај луѓето да му врзуваат мартинки на добитокот: да не куца, да не се шине, да не му се јадат копитата, да не буца со роговите, да не фаќа дрскосерец, да е плоден.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Види го она малендавото, испиеното, како удира со поткованите цокули, - му се обрати Пандо на Нумо: - Оп, за малку што не падна.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тогаш тој ќе фрлеше еден поглед на едната и другата страна, кон Мама или кон мене, ќе ни намигнеше со нежност и ќе продолжеше, сведнат, со лицето кон земјата, додека небото му се загледуваше во грбот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
— Сега? Што сега! му се врекна Шаќир. — Гледај да ги продадеме кожите поскапо. Тоа е сега.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кој знае што му се случило на дедо.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На сѐ живо му се подбиваат. Инаку, верувај ми, не се лоши.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Неговиот пријател продолжи да се поднасмевнува, но сега отвори и еден мал нотес и со левата рака (понекогаш му се чинеше дека кај ниедна друга нација нема толку левучари како кај Американците) почна нешто да запишува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Збориш? Зборам. Со што? Го прашаа со здив кој гори, Тогаш некој тајно проговори: „Зар не гледате, устите му се затворени, Но душата отворена, со душата говори.“
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Тој се мачи да им каже нешто, го знам каков живец е човекот, косата му се костреши, ко запци од гребни му се костреши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Очите му се испаруваа од зловешта омарнина на болките.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му ја кревам главата, му ја бришам устата од крвта што му се потсирила и го бацувам в лице, в уста, му ја давам душата моја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Намерата (искажана со невидена мирнотија) е да го реши својот сексуален проблем така што ќе престане да му се згадува сексот со девојките, затоа што со истиот испробан метод престанува да му се гади од татка си, откако ќе појде на чешмата и добро си ги измие рацете... (Што, по ѓаволите?!..)
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Така стоејќи со неопределен поглед, како да го јавнале две тешки планини, челото, разгораштеното тело, му се нагроздија со пот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Бела книга, црно писмо!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Погледот му се сосредоточи во триаголникот што го сочинуваа блиску поставените очи во неговата глава и тенките, собрани усни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Л.А. го гледа затекнато: А кого тоа? (а како да прашува „Извини, ама за што зборуваш?“) - Девојката крај шанкот. Знам која е, Стјуардесата од авионот. ***
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Другари се нешта кои можеби му се случуваат на мојот внук, роднините ги среќавам само на свадби и погреби (ги избегнувам и едните и другите), а тебе, тебе би можело да те избегнува само моето бесчувствително минато.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Се привлече уште повеќе и клекна. Зајачето се долепи до коренот на глогот. Ушите му се слепија до грбот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Заборавиле што е страв, а кога им дојде ноќеска тие му се подадоа да ги зграпчи за гуша, немајќи ништо, со што би му се спротивставиле, така што оној немаше повеќе ни со што да докрепи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му се приближуваше со оние свои огромни скокови, од чии што удари потреперуваше, протатнувајќи, сета земја, и Змејко сега можеше со свои очи да види како оние негови завиорени в страна огромни заби ги делнуваат како завиорени сабји доста дебелите стебленки на дрвјата, што му стоеја на патот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пш...пш... чувте ли што му се случило на Фигаро? Пш...пш...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И, ако имаме среќа нашето дете да стане нуклеарен инженер, во што ќе вложиме сѐ што можеме и имаме, не прашувајќи се дека тогаш тоа наше дете ништо друго не ќе сака повеќе одошто да му се даде можност да ја стави во погон нуклеарната сила чии тајни ги владее, ако ништо друго да проектира и изгради нуклеарна централа!...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Топлата вода пријатно му се слеваше по рамената, по грбот и по градите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не се допираа, но нему му се чинеше дека го чувствува треперењето на Џулиното тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За ова време откако беше дојден во нејзиното одделение, учителката можеше да рече за него само олку: „Кон учењето и задачите што му се поставуваат, се однесува сериозно.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Го облакаа и во овча кожа за да му се изгубат модриците по телото.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не валкај му го името на мртвиот брат, му се фрлив тогаш јас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Песот што пред тоа го ловеше опашот на својата сенка, жално квичеше пред нечија куќа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сѐ му се врти, а на оската од вртелешката стои омајниот насмев на убавата кукла на Добре, најдобриот човек на светот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Мислеше: да ја фатам планината, па да видиме кој кому ќе плати, стар сум, а и окото веќе не ми нишани; да побегнам некаде – нема каде, а и ако побегнам, тој ќе ми плати со крвта на некое од децата; да седне да чека да биде што ќе биде – ни тоа не му се сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тој одново усети дека се лулее на езерски бранови и клепките му се склопија, тешки како налеани со олово.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Веднаш по приемот на писмено изработената пресуда, работодавачот – незадоволен од истата, преку својот адвокат (Т.Неделков) – поведе второстепена жалбена постапка, но исто така жалби поднесоа и тужителите незадоволни од одмерените трошоци – па предметот беше препратен до Апелациониот суд Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Е, некој паметен решил да му се спротивстави на создавателот, користејќи ја моќта на обратнопропорционалниот свет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кога го слушна и Петре Митревиот глас, ги ококори очите, ја отвори широко устата, му се загледа право во очите и почна да муцка одоздола: — Ми ... Ми ... Митре, брате Митре!!? Ти ли си, или твоата сенка?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Меѓу другото му се јави мислата дали не би можело, барем засега, фотографијата да се замени со некаков цртеж.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа се држеше исправена и горда, дури и кога двајца турски гавази ја беа претепале во ендекот близу Бразда, забранувајќи ѝ да му се меша во животот на Музафер-ага.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ајде, ајде, моме Стојне, да бегаме! Аман, моме Стојне, да бегаме!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Зошто му се потсмеваат!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нему почна да му се леди усмевката на устата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На Стојана навикна како на другар и брат, но од Неда се некако му се тресеше душата и никако не сакаше да остане насамо со неа, макар колку да другаруваа. Не знаеше ни тој, ни таа што ги плаши толку едно од друго, но, ете така, просто се плашеа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ти си јак и можеш да му се допреш на сѐ, уште ниеднаш досега не си се почувствувал преборен, кутнат наплешти, и можеш да бегаш од тоа. Но, дали е и тоа како што треба?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Седеше склупчен на креветот со нозете поставени како Турчин, а Стомачето смешно му се заоблуваше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дури и да се обидев да му се спротивставам, тој не ќе попуштеше, туку ќе почнеше да ми објаснува за некои опасни заразни болести што се добиваат од нечистотија, мајка ми ќе продолжеше во негов стил, а мене таквите нешта ми се страшно здодевни, зашто ги знам веќе напамет.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Некои работи се дадени од Господ. Тие се дар на кој не треба да му се противречи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа што од љубопитство се мешаше во туѓ живот му се виде непристојно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пластови снежна коса му се испушташе од главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа дете понекогаш, навистина, стануваше досадно, но не можев ниту да му се налутам, ниту да викнам по него.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Вака, ќе појдеме заедно, ќе му кажиш ти оти се сардисани и белки ќе се теслимат кога ќе видат дека не можат да се спасат — заврши Трајко, — Ама кај ме тераш ти мене, Трајко? — му се врекна дедот Паленѕа на Трајка Ташков, кој одеше потера со Турците како варија — за пари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му се товари анџијата на дуовникот и го моли да го земе Силјана на аџилак, да отаде назад како знае нека си прави.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Во постари времиња и градската населба, како и засебно поставеното еврејско гето, се наоѓала зад ѕидините на венетската тврдина распослана на ридот, но со тек на времето, градот, како и секој жив организам, едностано ги премавнал високите камени огради и се источил кон морскиот брег.  Во главата му се појавува сликата на рабинот Елеазар Корео.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беше есен, а јас му реков: „Нашите сенки можат да се допираат дури и ако ние не се допреме.“ И нашите сенки си играа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пумпаше, се плискаше со водата и ја истриваше кожата, сѐ додека не му се стори дека мирисот на Ребека сосем го снема од него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Откако си ја исрка теглата со слатко од бели цреши, зашеќерено или не тоа си знаеја тој и братучедата, младиот Курназ му се сврте на Ване: - А ти, Двојаков број два, од каде и каде?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Зад сека грмушка се крие идеалот за збогатување набрзина, зад сека грмушка на оние кои се стискаат да не се измочат в гаќи силници им ги превртуваат џеповите и кога нема да најдат ни петпаре од бес ги плескаат по газовите, ги влечат за уши, им бркаат во очите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Гледа Богдан: во сѐ личи на него кога тој беше на таа возраст; исти очи, исти веѓи, нос, насмевка и ретки заби, остри како клунчиња од птица; на лицето му се забележуваат исекотини и лузни од мавање со децата; насмевката му е недовршена, изнасилена; на рамото се гледа дел од раката на мајка му која веројатно го задржува да се слика.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Клечеше пред иконата на свети Наум и се молеше да му прости господ за ова што го стори со Наќо, зашто го навјаса страв и лутина да не им се случи нешто на полковниците, та сета работа да пропадне - да му се запечати судбината на манастиров.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Минат неколку чекори, а таа сѐ го гледа и му се смешка, така што и тој мора малце да ѝ се насмевне, чувствувајќи по нешто дека така треба.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Му се јави ли?“ „Му се јавив”, рече Дејв.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Таа му се доближуваше со насмевка, му го вадеше метрото префрлено преку шија, го фрлаше врз машината за шиење со движење како да го соблекува и ги подаваше усните кон неговите, а тој збунето погледнуваше зад малиот излог на дуќанот и откако ќе се увереше дека нема никој, ја гушкаше и ѝ ги возвраќаше бакнежите со своите полни усни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Околу Мученици се пораспарталија облаците и се прозаби небото за да може да се пробие некој и друг зрак од пролетното сонце. Му се израдуваа тие што останаа живи и излегоа крај ѕидиштата да ги затоплат измрзнатите коски и да ја поискашлаат кашлицата што ги нападна уште пред два три месеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Животот на Зоки Поки му се стори многу тежок. Посака дури да си оди и дома.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Беше беспомошна. Му се препушти на тоа прекрасно чувство... Дојде само од себе. Па и да заврши... ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нему да му се открие Арсо? Овој човек не е достоен за такво пожртвување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
6.  Штета е намалувањето на нечиј имот [обична штета] и спречувањето на негово зголемување [испуштена корист], како и нанесувањето на друга физичка или душевна болка или страв [нематеријална штета] (чл. 142, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Онака цел, вели, сосе капа, сосе шинела, сосе чизми се врти, му се веат мустаќите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сепак, во последниот момент, пред самото излегување, по силно двоумење во себе, му се доближив повторно, но сепак на крајот се предомислив, одложив за еден ден да се раздвижи една друга линија на проклетото полициско прогонување...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ако веќе ја зборуваме вистината, каков лукав и препреден беше тој, какво вретено беше другарот Анески, тогаш ќе треба да му симнеме капа, да му се поклониме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кучето му се плеткаше галовно - де пред него, де зад него - зарадувано дека домаќинот и домаќинката се вратиле.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тоа стоеше во погледите на оние двајца такво, што на Змејко еднаш му се стори и дека му се допаѓаат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нивната постапка на никого во Потковицата не му се допадна, но и зашто никој не ги познаваше Акиноските ниту нивните обичаи, сите со притаена сомничавост исчекуваа да видат што наумиле тие со тоа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој „човек" на којшто не требаше „да му се дери кожата“ ѝ беше поблизок од татко ѝ и таа се стави во негова одбрана против родениот татко како пред неколку дена против мајка си.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Што?“ рече како да е изненаден, но и со тон на подбив, како што во еден миг му се пристори на авторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А некому кожата му е стара и танка, не му се шие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пред да почнат да ручаат, Митре му се стегнал на деда Гера смешка да му каже.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А чашата си стоеше сѐ така, полуиспразнета, и на Франц треба многу да не му се брзаше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Авни се радуваше на своите внучиња кои му се јавуваа на интернет преку скајп мавтајќи со рачињата за да му кажат: „Вујче те сакаме. Те сакаме вујче Авни!“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ќе го наговориш мажот ти да направи дарение на манастирот, та така гревовите да му се простат.“ Тодора ги избечи очите: „Дарение!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Старата ја отвори вратничката но во тој момент се исправи пред мајка си Толе и му се овргали на Муарема.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пребледнуваше, а празнината, што му се таеше под стомакот сега му се рашируваше по целата внатрешност, сушејќи му го грлото и носејќи вртоглавица. Тој застануваше да здивне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Работел бавно и молкум, секогаш со скусена кулаклија во појасот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја чекаше да се врати и сакаше на смеа да ѝ се изгребе од наполитанките, со надеж дека таа ќе престане да му се лути.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Затоа, испиен и невозможно аглест под излитената мантија со боја на исчадено вишново дрво, го оживувал стравот на Откровението од многуглавата Библија: Фиданка Кукникова еднаш се заколнала на верност пред олтар а маж ѝ е жив, скита и се откупува од гревови негде, ќе му побелат очите од печал и копнеж, ќе се врати на своето парче камен во некоја од пештерите и ќе му се пожали на господа - делкав по светов крстови за твоја слава, зошто ме фрлаш во нови искушенија?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не само што Германија му се допаѓаше туку тоа, исто така, му ја галеше суетата, му будеше чувство на гордост.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја мрда главата, ја врти и ја ниша, а капата никако кон негде да му се мрдне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На пример, кој можеше да се заколни дека тогаш кога стана збор да му се „пресретне“ патот на Хаџи Ташку, прв Боше Јанчески намниса.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од ноздрите му излегува пареа и снегот му се топи околу устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На авторот му се виде дека младиот човек поради сопственото несфаќање дури и како да почнуваше да се нервира. Задоволен, авторот му се насмевна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Уште како дете, дента на Шабат, Лука одеше во домот на Кореови да го пали огнот за подгревање на саботниот ручек, па тие го задржуваа и го помагаа на начини што ќе бидат полезни, а нема да ги навредат ни него, ниту пак неговите родители.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се знаеше, татенцето го имаше земено на нишан и во овој случај ништо не можеше да му се приговори, проклет да бидам, сакаше да направи човек од Кејтеновиот син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ми стана мило. Се орасположив. Имаше со кого да си поразговарам, имаше на нешто да му се радувам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Место тоа сега се’, и работата на бригадирците, и каналот, и она блато што светкаше на сонцето како мало езеро сред непрегледната зеленина на полето му се виде неинтересно, бесмислено и глупаво.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
По сѐ изгледа стануваше збор за црвец бидејќи старецот рече дека му се гади од суштества без опаш и без глава.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дури и толку богат и добар како што е, мислам дека не беше среќен со она што му се случи креативно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го прашувам што најмногу му се допаѓа, а Демијан ми вели: она со трубите!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Со еден збор, одеа за да му се пофалат на Унгарецот дека пред турсково и овде имало многу нешта за пофалба.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Инаку постојано тонеше во бунило; му се заплеткуваа некакви полипи околу нозете и го тргаа надолу кон длабоките води во кои тој не можеше да дише; се задушуваше, скокаше, се поткреваше од креветот и дишеше лакомо од воздухот за да се поврати во живот; со погледот шеташе низ болничката соба и се мачеше да се дофати за нешто: за лустерот на таванот, за вентилаторот, за корнизите на прозорците, шишето обесено над него од чија течност му се полнеше телото за да му се врати силата; се мачеше да се дофати за било што само да не втонува надолу, да не им дава на полипите да го тргаат во длабоките води каде што не може да поземе воздух.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И токму кога сакав да го прашам Абрам каде и кога ќе разговараме насамо, забележав дека Мечка, божем случајно, му ја подметна ногата на Влатко-Цвик, кого што ние понекогаш го викаме и Окомен, а нему тоа му се допаѓа, зашто му личи на Супермен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сериозна непретпазливост беше тоа што воопшто се врати тука, откако го купи дневникот и без да знае дали на сопственикот на дуќанот може да му се верува. Па сепак...
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Преостануваше Таа. Да му се подаде, во празниот апартман, меѓу рамнодушно расфрлените плочи и книги и парченца хартија со страстен ракопис од незавршени реченици.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Името се состои од два слога трај и анка! Ако на слогот трај му се одземе последната буква ј ќе се добие тра.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И ова утро полковниците се искачуваат со коњите по падините на планината над селото, додека селаните празнично облечени излегуваат од куќите и се упатуваат кон црквата Св.Ѓорѓија на утринска молитва да му се помолат на светецот за живот и здравје и да им помогне во спортот...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дури по пубертетот почнаа да му се јавуваат знаци на машко: да му се здебелува гласот, да му се јавуваат првите влакненца под носот и на лицето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Добар ден, сестри, браќа! топол поздрав цветот праќа Со сонцето збори цветот, му се радува на светот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
— Ах, да му се невиди во работата, — се издиши длабоко Илко и тргна дома со извесна надеж, дека после недела, месец, ќе се враќа дома и ќе има на кој да му наредува за вечера и постела.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Му се дожали на татка му што му е детето така невесело и сожално го прегрна Мартин тој час удри да плаче, да се тресе целиот и одвај да вели: - Тате, сладок тате... децата... децата... јатаче ме викаат...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дојде до Бошка и му се сплетка во нозете. - О, Перо! Мачорче убаво! - Рече Бошко, го зема мачорот и заедно со него легна на креветот. - Слушај, Перо, бато ти Бошко ќе ти раскаже нешто убаво!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој така ја гледаше. - Што е ова!? - прошепоте. Му се причинува или сонува, со Рада кон него одеше уште една Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Има чиста кожа со боја на непечено кафе и широки црни мустаќи што му се надвиснале над влажните усни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега агата го викна в дуќан за да му плати, му нарача и шербет и почна да го распрашува и да го исмејува, да му се руга, сметајќи го за глупак. – А така, суреди вас Мариовците кадијата наш, а?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не знам дали две години имаше: го нафатија некои мозолчиња, на слапој му се нафрлија, нешто како сипаници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Жената му се заблагодари и одвај, носејќи ги чергите, го мина мостот на реката Вардар...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На Петрис уште повеќе му се собираат наборите на челото и му се кинат небаре бранчиња вода што се кинат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми светнува, ќе се случи вистинска несреќа!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се изнасмеавме сите четворица и се фрливме на играње бриџ.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не, мила на мајка, ќе му се отворат патиштата, ќе ти се врати - како јас што сум се вратила.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Попули му се уште малку на сонцено, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Грлото ќе ти се стегне.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Душата на Александар му се наполни со дотогаш за него непознато чувство, страв од грандиозноста на балот, самозадоволство што е повикан на најважната приватна забава во земјата и презир кон нејзините гости.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Галебот што на сонце си ги чисти крилата треба да биде оставен на мир, а не да му се каже ‘значѝ; него тоа го боли.”
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кожата му се тресеше, му поигруваше во ситни бранчиња.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Поучуваше Гаудама Буда: Само кога би смогнал, сеедно на кој начин, да ја искусам силата - да се втројам и размножам себеси во еден и единствен - ќе можам да кажам дека светот не е она што му се открива на окото туку само она кое се чувствува и не збиднува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- Значи така, а? Претпладнево ме лажеше, а? – му се нафрлив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Неочекувано му се стори тоа, му се јави како нешто сосем неиспитано, - а всушност сето си дојде наполно подготвено од она негово секидневно гледање.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Арно ама, кротката и молчалива млада жена не го ни прашала од каде толкава тага, зашто не сакала да го принудува да ѝ се исповеда, ниту пак ѝ требало да знае што мака го мачи за да го теши.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа дотогаш не беше забележала дека Крсте ја гледа, та дури чудо ѝ стана кога слушна дека овие му се фалат и сакаа дури да го тепаат заради неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега жештината му се примолкнуваше преку вратот, до образите, како топло вино.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И султанот го награди за таа негова верност и храброст. My ја даде цела Румелија да пашува во неа, но да не го заборава; секогаш да му се најде во лош час. И му се наоѓаше Мехмед.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе му се замешам на Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сати, кој му беше мрачен, монотон и здодевен, го слушаше само навечер, кога му се спиеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Авторот го слуша и не може да му се изначуди.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- А ти правиш на старос магарос, - забележува Боце меко, како да му се смислил.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сега таа сала, огромна и спарена, ќе му се искикоти на живиот и мртвиот Арсо, вака рамнодушна, љубопитна и пакосна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега, допишувајќи го ракописов во утринските часови на средата во таа недела, тој се плашеше дека може да му се случи да го развлечува раскажувањето само и само да навлезе во последната страница од зелениот блок и така да го подмири својот предрасудок на штета на ракописот, да не му направи услуга на своето дело.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Турците помислија дека четите се движат кон исток каде на ЛиЃураса веќе беше започнато сражението од Златков, Железаров и Пешковчето, та место да трчаат по овие што побегнаа кон југ, тие се назагнаа на исток, убедени дека натаму бегаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му идеше во телото студенило и од тоа му се ежеше кожата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Салоника, како што е добро познато, е една од најстарите еврејски заедници.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Маската му се прилепуваше за лицето. Жицата го гребна по образот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- „Стравот е страшен, велеше Лазор Ночески, само за оние што му се плашат.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Околу гробот на свети Наум полегнати се болни луѓе, сакати, слепи, неми и му се молат на чудотворецот да им помогне.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ја тераше што повеќе да му кажува, да му зборува за своите маки, за своите тегоби, да се исплакува, да му се исповедува и на тој начин да ѝ олеснува болката во душата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој умирал среќен. Му се врати синот, и нема да замине, се задоми и внуци му се родија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но таа стравуваше книгите да не го испратат таму од кај што можело да нема враќање, како многумина, како што можеше да му се случи на Климент Камилски кога, сепак, се врати од Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ненадејно мислата му се насочи кон можноста за сожалување, компромис и проштевање, или кон било кој друг сожалителен нагон.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„... Ама бургијата на Еда не му се разврте во главата како што треба.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И сочини Писмородецот точно триесет и две букви, триесет и две сликички за зборови триесет и два без кои не може ниеден владетел, и кои нужни му се во уката на владеењето со други, меѓу кои најважни се: „јас“, „власт“, „уво“ (доушник што значеше, човек што слуша кој што говори за власта и потем преподава кај царот) и други, а писмото тоа изгледаше целото вака: Кога виде отец Стефан дека е добро словото што со своја рака а со писмото новородено го сочинува логотетот, му предложи да издаде заповед: по целото царство да се изучат сите нови букви; писарите, отците, управителите и сите грамотни да ги заменат старите со нови букви, за да го разбираат владетелот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ќе ја задавам! Ќе ја видам како прета оваа!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Насити му се, скини го - убавината еднаш се дава и се зема.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Старецот снемоштено запре, му се отпуштија рацете во кои ги држеше виолината и гудалото.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зошто да не го прашам кого го чека?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мајсторот, веќе покорен на судбината, ја испружува раката да го направи тој потез, но токму во моментот кога треба да ја фати фигурата, погледот му се слизнува на другата половина од таблата и тој нагло си ја прибира раката.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
— Охохо! — се издиши длабоко Толе. Му се симна товар од душата и разврза разговор со комшијата, кој му објасни дека тука нема никакви Турци, дека, и војската, и заптиите, и кајмакамот, и валијата,'и пашите, та и царот се христијани — Срби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Поризливо е детето, затоа му се бендиса, — одговараа другите четници и не му даваа особено значение на тие блиски нивни врски. * Не помина ни месец од вракањето на Шаќира и Ѓура во Толевата чета, Шаќир доби писмо од Петрета Ацев во кое му пишуваше да го замоли војводата Толета да се стави со него, како знае, овие дни и да поведе еден од своите најдобри другари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Раздвижени како мрави, работеа младинците ... – А ти? – му се сврте Мечета. – Шеснаесет ... – излага и Мече, гледајќи в земја сцрвен до ушите.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Танаил користејќи го правото на жалба, го обжали решението на судот со кое му се наложуваше да му ја плати на Китан штетата за куќата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога ќе дојде Јован до три метри, си велев, ќе треба да му се придружам, а ќе можам ли? Тоа ме правеше напнат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Тој ви го кажал тоа и ви оставил пари. Капар, нели?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама тука си е милата учителка - да утеши, да избрише солзи и мрсулаво носе - и така ми стори, и ме убеди дека тоа можело секому да му се случи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Црвени сенки му играа по лицето. Брадата му се оцртуваше во профил убаво заоблена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И затоа се опечалив повеќе да ги донесам злато, да му се отворат очите.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Онаа, распуштеницана од вториот кат, фризеркана, како му се ували на докторон... и сега ужива.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мирисот веќе ја исполнуваше собата, богат топол мирис, кој му се чинеше како испарување што доаѓа од неговото рано детство, но, со кој повремено се среќаваше и сега, додека се ослободуваше таинствено во некоја улица полна со луѓе, почувствуван за миг и повторно загубен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изгледаше задоволен затоа што му се дава можност да поразговара.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се работеше за ампутација на половина нога на еден стар искусен цврцнат морски волк кому почнуваше да му се развива гангрена, која се должеше на напреднатата артериосклероза.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Недалеку плаче дете, му се оѕвива шумата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Војникот ме врати кај офицерот и, откако му рече нешто, оној што зборуваше нашински ми пренесе: - Господинот офицер вели дека ние ќе ги закопаме, а ти да ја земеш маската што пасе онаму и да одиш на чешма да ги наполниш бурињата со вода, товари ги на маската и терај горе, на ридот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Бошковица, која ѝ помагаше на снаата во миењето на чиниите од вечерата, му се приближи и го праша: - Бошко, да го запретам огнот?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе речеш дека на младиот секогаш му се спие, ама не било така.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ова беше прва закажана средба, другпат Камилски идеше кај Татко по тамина, а и тој не му се најавуваше кога го посетуваше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ех!!! - А ти, колку години имаш? - му се обрати Боливиецот на оној што седи во ќошот од земјанката. - Јас ли. Седумнаесет.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Велат дека болеста му се манифестирала по посилен стрес, но и како резултат на хронични стресни состојби.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Виде едно безредие на бои и предмети и се зачуди: зошто му се стори далечно, во правечност, едно мислење, кога тоа било сега, пред еден миг, пред да влезе, дека на секој акт закован е со печат по еден човек, нумерирано е по едно стебло, фатена е во челична закачка по една овца.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Аман, само со дикат да не се докачат... - почна сега и Панде растревожено, за да не се расипе нешто од целата работа, која му се чинеше поубава и од најубав сон...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во очите му блеснаа неколку солзи. Никому по враќањето од затвор вака не му се исповедал.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа девојка сега има дваесет години, а јас веќе триесет и пет; тоа е сосема пристојна разлика за здрав маж како Земанек, господине судија, разлика која привлекува, и јас не му се лутам; моите гради (простете за ваква индискреција, господин судија) веќе не се она што беа; не се веќе ни моите колкови, ни кожата; Земанек, едноставно, замина затоа што мораше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го знајте, зет му на дедот Ѓура. Токо, јас се плаша дали ќе кандиса, сирома, оти децата му се ошче малечки, та може човекот ќе бара некоа сиромашка, да се прежени, а канонот црквени не дава преженет човек да застане на алтарот и да служи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Немав кому да му ги носам своите текстови за мирно просудување, за моја заштита, немав кому да му носам книги за потцртување со молив на најзначајните места, на страниците со пепел и потоа за разговор во врска со нив, немав кому да му се восхитувам за мирната храброст, моќ и трпеливост.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
— Е, добро, добро, така нека биде, само мене се нешчо ми зборуа дека и на ним треба да му се помогне — заврши Толе; а локомотивата го успори своето бегање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Емплфорт“, му се обрати тој. Телекранот не се развика. Емплфорт застана, благо сепнат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но што можел да спечали од една воденица пребогатиот бег?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
6. НАДВОР ОД ОРОТО МНОГУ ПЕСНИ ЗНАЕ - мелодија тананика, но зборовите му се туѓи, а на оро штом се фати ќе почне и да се кае дека нозете му се плеткаат по тактови други...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Стално војувал за да си ја покаже силата и ги пустошел крајевите, кај што ќе поминел, така да луѓето многу му се плашеле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но случката често и во сонот му се повторуваше и го измачуваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Погледот му се избистри и сега можеше да ги види другите двајца како гледаат долу во него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко му беше толку точен, што прв стигнуваше на работа, а последен си одеше, како да не беше шеф. Како Германец, му се смееја колегите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Седеше и се грееше, но набргу од топлината му се приспа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Туку ти, мил брате, ти што мислиш да правиш?“ му се одврза најпосле јазикот на Пандо.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И почнуваше: како од пред една година скоро секоја ноќ му се јавувал на сон свети Илија, го носел во Мелница во нивата на Сталета Петков и го обесувал надолу со главата на големиот даб и му велел: „Ете тука до дабов сакам мекан да ми подигаеш да не одам да се потуркам од немила — до недрага", и го плашел оти душата ќе му ја извади ако не го стори тоа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ЛУКОВ: Само... (Му се доближува. Доверливо.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но не можеш да му се препуштиш на тоа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не беше пресреќна ни со тие понуди, зашто сакаше да се вратат онаму кајшто припаѓаат, во Галиција, во Полска, во Германија или во Австрија, а им се случуваше спротивното: како семејство сѐ подлабоко навлегуваа во Ориентот, кој – си мислеше Гита Корец во бессоните солунски ноќи - него можеби го влечеше поради традициите што му се допаѓаа на салонскиот ционист во него, но и на сѐ повидливиот, автократски дел од неговата личност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Вистинска будалетинка сум, нели?“ Јас не одговарав, само се смеев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше чувство со кое се потупнува по вратот коњот под себе, кога се тргнува на далечен пат, она чувство, со кое што му се префрла раката преку рамо на другарот кога се има да се стори нешто тешко заедно со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Видов еден Русин, милиционер, и му се залепив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Текст - тоа е игра, слобода, концепт, вештина, дух, а не раскажување што му се случило на овчарчето Климе (структура: ред ресентиман -плач, детство, ред наци романтизам, ред “лирски пејсажи” дегутантни барем двесте години, ред политиканство, ред безвредно недуховити алегории што кобајаги се критика, и на крајот ред поуки и морални заклучоци).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Претседателот Бургиба, сега при целосно повратена луцидност, му се обрати на министерот Есебси: - Задржете го тој човек како знаете во Тунис. Најдете му нова работа!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го молеше Бога да му даде сила да го издржи искушението и да му даде сила Давидова, мудрост како на Соломон и поддршка како на Мојсеј да го спаси народот од смртната несреќа што му се доближуваше како огромна луња најавена на хоризонтот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Навечер, ќе се слушнеше пукот, ’рскот и ропотно паѓање на дрво на кое далечината не можеше да му се одреди зашто укитот и сулундарите по стреите долго одѕвонуваа во темнината, како да офкаа наместо дрвјата осудени на таква смрт.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На сокак, без двоумење, донесе решение никому да не кажува што му се случило а своите да ги поучи да се клонат од стопаните на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А идната година, уште во почетокот на март, го даде на хемиско чистење. Палтото пак светна, стана како ново.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ако му се истури чашата, капка по капка ќе ја собира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Митра не можеше да се помири со оваа положба и му се плачеше сега пак на Илка, гледајќи да го раздразни и него како Доста што го дразни Стоја, та да го предизвика и тој неа да ја натепа, но не можеше да успее, бидејќи Доста му даде да разбере со два збора: — Јас ти реку тебе кога ме бараше за жена, оти не су кобила да се продавам за пари.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Што можело тоа да биде?– прифати возбудено Чанга и додаде: – Да цркне комшијата па да му се земе козата! – Може да се рече! – прифати татко ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А имаше еден младич, не му се сеќавам на името, но беше навистина моќен говорник. Тој ништо не им премолчуваше!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа втора акција (палењето на паробродот) ги натера да затреперат сите: Турци, Евреи, Грци, Европејци103 - сите беа поразени од невидливата рака што висеше над градот и му се закануваше да го запали од сите страни...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
(Авторот е склон кон суеверие, кон откривање знаци што нешто укажуваат; така, на пример, кога при бричењето ќе се исече, верува дека е тоа некој лош знак и цел ден страхува дека може да му се случи нешто непријатно)
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сполај ти Господи! нека чујат и другите наши братја бугари пак може да му се најде крајот да испаднеме на харен пат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кајмакамот пак почна да вика за предавање. Му се придружија муљазимот и бимбашијата; Шаќир врза на пушката едно бело шамивче и го подаде низ прозорчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Е, па кој ти се скакулците? - му се свртува иронично Боце на Соколета. - Германците, кој!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Размислувам за бизнисот, - му се доверив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Арафат ми зборуваше за средбите со Тито во Белград, на Бриони, на бродот Галеб. Му се насолзија очите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Рече дека пробал да живее и во големиот, и во малиот свет, но дека никаде не нашол среќа: конечно, ќе му се посвети на Бога, оти има назнаки (токму така рече) дека Бог сака да му се јави.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа беше и правило на играта: насмевка на прозорското стакло и правото да следам една жена очекувајќи како очајник дека нејзината врска ќе се синхронизира со онаа што самиот ја одредувам пред секое возење, а тогаш - секогаш до сега - да ја видам како свртува по друг ходник а не можам да ја следам бидејќи сум приморан да му се вратам на горниот свет и да наминам во некое кафуле и понатаму да живеам сѐ додека постепено, после неколку часови или денови или недели, жедта пак нѐ ме натера да ја испитам можноста еднаш сѐ да се поклопи, жената и прозорското стакло, насмевката прифатена или одбиена, врските меѓу возовите, а тогаш, најпосле - да, точно, потоа правото да пријдам и да го изговорам првиот збор, густ од улежаното време, од бескрајното прпелкање на дното на бунарот меѓу пајаците на грчот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Она што му се спротивставува, она што треба да биде совладеано најчесто само го потсилува неговото значење, ја искажува бурната дијалектика на превозмогнувањето што е неодлачен дел од живиот живот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Знаеше секој израз од неговото лице, секоја сенка во неговите црти, имаше еден постојан впечаток дека го гледа пред себе тоа лице, а додека ги изнаоѓаше неговите зборови, на Змејко му се причинуваше дека тој го зел на себе дури и омјазот на оној старец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Птиците умираат невидливи, мислел некој од нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше навистина необичен и пред се весел тој наш разговор, и мислам дека од него не се изроди никакво недоразбирање.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако по операцијата се чувствуваше добро, по извесно време болеста пак му се влоши.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И возрасните, без оглед на напорите во изминатиот ден, и без оглед на утрешните напори, долго не заспиваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чувствува дека очите му се навлажнуваат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Фази се извадил за влакно, а тешко дека вицот нема да го сфатат и геј- и стрејт- публиката.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, малото суштество требаше сега да се внесе дома, да му се смлачи млекце, ако досега само цицало.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Оливера Срезоска особено на него се навраќаше, друг некој да направеше прекршок а таа нему му се развикуваше: - Зошто се нишаш кога одиш? или: - Не мавтај со рацете, оди мирно! или пак: - Што си ја кренал главата толку високо!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Црните веѓи не беа повеќе толку бушави, брчките ги немаше, сите црти на лицето изгледаше како да му се промениле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаев дека во одредот е и ќерка ми, та затоа се занишав, зачекорив и ми се стемни.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мирниот војнички живот скоро без малтретирање му се виде убав.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како и на секој Јов, најден на мака, ќе му се прикраде како змија мудриот пријател кој ќе почне да го советува да се мавне од „глувчешкото пријателство“ зашто, како што се случувало, и тој можел да се глувчоса.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Па, сепак, и покрај силното препотување, и покрај тоа што сѐ му се сплетка и измеша во главата, и покрај госпоштината со каква тој по прв пат се сретна и се уплаши од неа, реши да остане упорен и да ги прекори.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А токму таа ноќ, матроната не можела да го совлада своето разбуено тело и да заспие, зашто се преиспитувала во себе во што не му се допаѓа на својот господар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како ли ќе одвикнеме од тоа и како ли ќе му се вратиме на ралото, на чеканот, мистријата... на тишината, на топлината под топло веленце и на меракот, а мерак е и тоа - да знаеш да гледаш и ѕвезди да броиш и во сено да се прпелкаш и меѓу снопје да се валкаш, на момина коса да погледнеш и длабоко да здивнеш - воздивнеш и да се радуваш - изнарадуваш затоа што си жив...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Некогашниот аџами оглан беше единствениот на Балканот, но и во Европа кој можеше да му се спротивстави на освојувачот султан Мурат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со смртта, со наближувањето на смртта, човек насетува како му се смалува кругот на светлината на семејството, народот, татковината, светот... – Животните немаат татковина, немаат некаква светлина да бранат! – ја упростувал мислата Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој ги прави сите овие чуда... - Кој? - Лангачот, име му се сотрело!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Стрела, која за сето време на неговата болест беше заробена во оваа просторија, радосно заквичи и му се сплетка во нозете.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го слушаме закопаниот длабоко во ѕидот глас но никако да му се приближиме.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
„Ќе си купам топ!“се фалеше Бебек, а сите од публиката беа готови да му се потпишат како жиранти, ако за купувањето требаше да подигне кредит.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Татковата библиотека на Климент Камилски му се виде како митски и алхемиски центар на клучните идеи на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка му на Димка вртеше глава, чиниш кос е, и му се потсмеваше: - А јас поинаку ја знам таа приказка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сега го гледаше овој друг лекар, а краевите на усните му се виткаа како врвови на вжештени игли.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Очите му се искривија и пашата просаска, не слушајќи го веќе и не чекајќи да заврши гласникот: - Сиктер!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Најпрвин, не за долго, ги поздравуваше луѓето и прозборуваше со нив по некој збор за татковината или за земјите што само тој ги познаваше, сеедно каде, на Полуостровот или зад неизмерливите мориња, потоа се закопча некако однатре, стиснатите усни со повлечени краеви надолу можеа да му се отнат само со магија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Чувствуваше како му се повраќа силата, животот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Забите му се стегнаа. Сакаше да плукне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Отец Симеон му се смееше на господа, под црна неверничка ѕвезда беше роден Отец Симеон. ...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Најмногу му се допаѓаше тресената риба од која беа извадени сите коски.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ти пречи светло?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Сакаше мигум да го запраша чуму му се овие книги, но Татко продолжи: Кога ја читав твојата Книга Книга за спасот спасот на детето, мене ми се будеа асоцијации за лавиринтите чии излези треба постојано да се откриваат на нашиот заплеткан Балкан!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се сеќава, памети птицата пустошат околу неа сега кога беше живот... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Само земјата му се радуваше на Сане Сандин, зошто еден век ја газеше и ја лазеше, од која ни на сон не се одвојуваше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Докторот ги избриша очилата и пак почна да го намотува брадичето околу розовото полно прсте. „Ова е заблуда“, рече докторот промрморе нешто нејасно, тапо, двосмислено; науката му се викаше сомневање.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Му се чинеше дека тоа е од доаѓањето на есента, од пријатните жолти бои на коријата, од тихото шумолење на јасиките.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Едното око, нешто понабабрено отколку кај жив човек, застрашувачки гледало во пламенот на нивниот факел, устата се доискривувала како пред несфатлива смеа, чиниш пред тоа тој итречки му се доверил некому дека ги измамил противниците со тоа што се исправил во прозорецот кон блесокот на нивните пушки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
КОЊОТ ВАРДАР Тоа беше во септември месец, заробивме еден бугарски полк меѓу селата Борово и Крњево, Кавадаречко.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ставот кој изискува секој попрво да ја подарува довербата на своето мислење го потценува обратното тежнеење кое своето мислење би сакало да го закачи за мислењата на другите лица кои се многу поповикани да имаат мислење (како што во кинеската еротика се одложува сопственото уживање за да му се приушти на другиот и за да се стекне една снага и продлабочено знаење).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Трајче, - му се обрати командирот - можеш да си одиш, а за чичко Анѓелета в село ни збор.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Само во куќата на Попставревци како да не му се радуваа на овој убав пролетен ден...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Задоен со старински сфаќања за бракот и семејството никако не го прифаќаше тоа што му се зборуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Му ја враќам пак на мртвиот. Му ја фрлам. Му се лутам оти ништо не оставил.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А што ако имам некаква страшна болест и умрам од што не се грижи за мене, а на своите пациенти дење-ноќе им посветува внимание?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Најпосле шумот можел да биде дел од сон и ништо повеќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој некако необично и чудно се беше обогатил во социјалистичкото време и за разлика од многумина кои на ист начин се обогатија и страдаа, нему ништо не му се случуваше, имаше многу пари, а некогаш немал, копук, за разлика од тројцата стари играчи, кои некогаш имале, а сега немаа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во овие десет броја Маргина се обидуваше да го разбива оној нарцистички (автистички, во крајна линија), оној апологетски концепт (симптом, поправо) за културата, кој богами е доминантен во нашево кревко и бедничко културно живеење; од уличните минувачи затекнати во глупавите анкети, општинските чиновници, директорите на културните институции, министрите, преку новинарите и уредниците на културните рубрики, до претседателот на државата (кому, сепак, единствено и може да му се прости таа јазична помпезност, бидејќи работното место му е такво, церемонијално), речиси секаде (особена чест заслужуваат ретките исклучоци) владее тој бомбастичен, провинцијален дискурс кој повеќе прилега на мобилизациски плакати и на продавници за вештачко цвеќе отколку на еден јазик кој треба да критикува, да продлабочува, да артикулира разлики.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Легни, Витомире, му се одѕивам, легни! Витомир само трча, не ме слуша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мртовецот сметаше дека таа долго ќе му трае.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бонети ја фати и почна да ја повлекува кон себе, но таа замавнувајќи силно со рацете и телото му се оттргна и избега.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Често кога ќе го чуеше татка си да плаче како мало дете и да моли за ракија, нему срцето му се нажалуваше, солзи му идеа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој ја галеше по косичката со другата рака, а очите му се искреа од радост.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ама, уште кога ме виде како да се сети на нешто и почна да му се враќа плачењето, дишењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Човекот со црна креста на темето избегал крстејќи се во скокови зашто мислел дека и него го демнат како тој самиот што демнел и што го начекал дојденецот со превивка преку едното око доколку не верувал во подгробни сили како, малку подоцна, што можел да се вангелоса и Лозан Перуника: во дворот на манастирот видел трепетливи пламенчиња што се движеле кружно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секој може да бара од друг да го отстрани изворот на опасност од кој му се заканува позначителна штета нему или на неопределен број лица, како и да се воздржи од дејност од која произлегува вознемирување или опасност од 216 штета – ако настанувањето на вознемирувањето или на штетата не може да се спречи со соодветни мерки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Над главата му се занишаа и зашумија гранките прострелани од куршумите на неговите гонители.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му се чини, а и како на другите да им станува јасно, дека наскоро сиот воздух во собата ќе се истроши и тие сите ќе поцркаат, додека под скафандерот, Мишкец и натаму упорно ќе продолжи да се бори за живот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тогаш му се чинеше дека ѕидовите на станот ќе се срушат од дивиот ритам на бесот што го слушаше во себе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се надевав дека ќе најдам барем и друг што треба сега да ги поправа чевлите, па јас да му се придружам како помал брат, да се јавиме заедно, и така покрај него, без да излегувам на прв план, да ја свршам и јас својата работа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Оваа, уплашена од Толевото ортомче, мораше да бара средства да го спаси животот, но знаејќи дека кај Толета нема аманзаман, прибегна кон тоа средство најмногу што дејствува кај машките.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја извадив онаа негова фотографија што му беше останата од неколкуте што ги имаше направено за пасош, а не му се допаѓаа, оти не бил убаво излезен на нив, па ги имаше скриено во фиоката, никој да не му ги види, ја извадив од фиока и ја ставив пред себе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Токму ова му се случи на Јаневски. Имено, тој работеше во новото претпријатие извесно време – до октомври 1994, но, од ден на ден сѐ повеќе и повеќе, лукративните капацитети на фирмата опаѓаа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Трајко бил напрек човек, секогаш намуртен, носил награната гуња, со кубур и долг нож во појас, па таков наоружан влегувал во пазарите во град Куманово, каде му се склањале од пат каурско и турско сметајќи го за опасан.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Си одеше тој по улиците, допираше одвреме-навреме по нешто што ќе му се испречеше на пат, а потоа со задоволство гледаше како луѓето се тепаат кршејќи го златото.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Еврејските попови за тешки дукати му се молеле на својот светец, Парамахуј или Махупаруј - не се сеќавам, клечеле во авра, пееле, светеле и вода и масло, ја прскале куќата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За сите други податоци препорачувам да му се обратиш на Боге од Бањи бидејќи и самата знаеш дека тој е нарачателот а можеби ќе биде одговорен и за погребот“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да му се одземат и претседателството со еврејската општина и функцијата на главен рабин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
При секое погледнување во тие белини, Богдан го обзема силна возбуда; по телото му врват благи трпки и му се искачуваат во главата; го чувствува движењето на крвта во него, а рачката од фанглата и мистријата му се навлажнуваат во рацете и потреперува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Јас кажав сѐ што знам. Не се сеќава точно но му се причини дека иследникот беше затечен од прашањето на обвинетиот па затоа ништо не одговори.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Додека си ја подготвуваше вечерата, устата му се полнеше со вода, а носот се ширеше, вдишувајќи ја пријатната миризба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По една невесела седенка зад која остануваат расфрлени карти, купови отпушоци и студенило на луѓето еден кон друг, се враќав низ заспаниот град без движење на коли и без минувачи и му се простивставував со чело на остриот дожд, на тој предвозник на утрени мразови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се запре пред огледалото и кога го виде својот лик, со потечени очи од спиење, со расчорлена коса траги од мармалад околу устата, останати од синоќа го исплази јазикот и му се искриви на својот лик.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Потем се созеде. Ме погледна зачудено и му се обрати на својот министер: - Кој е овој млад човек?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како што му се фрлив во босите нозе, се заниша и се струполи на плеќи.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Залудно е да го стега перото, залудно е да зјапа во месечината, оти канџите на Нечестивиот му се закачија во срцето и тоа сега крвавеше со сомнеж, со тага и со безнадеж.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Одвај му се држат ковчињата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но гледај: зад ќошето од кошарата некој од ненадеж му се фрли зад грбот, го стисна за вратот, а друг му ја грабна пушката и го тресна по муцката. Полјакот згасна. Потаму - што стана, господ би знаел!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Му се услади кога виде како без многу мака паричките му се зголемуваат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ние во Америка не знаеме за брејк додека не ја завршиме работата што сме ја стартале“, ќе речеше Иле Брчалото и пак се вртеше кон падините на планината каде што секогаш погледот загадочно му се задржуваше на Тумбица.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога му се приближи на половина метар, позиционирано некако отстрана, одеднаш и понатаму не тргајќи го погледот од него, како да се трудеше да има некој сервилен однос кон гостинот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Со бес во утробата што му се крева до повраќање, и со метеж во мозокот што не знае каде му е главата, Баге се метка по улиците на градот како билјардска топка под последен удар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Затоа можеби и му се сторило - ако игуменијата се насмее, усните ќе ѝ испукаат на сите оние места кај што биле испресечени со танки женски брчки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа лице со преклопени клепки, како да тажеше, му се исповедуваше на светлосниот млаз што го поврзуваше осаменото момче со она, длабоко надвор од овој строг мир од ѕидови, потиснатост и мрак.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Затоа и му се лутам на оној мојон: Македонец, роб, туѓ овдека и сегде по светот, запнал светска револуција ќе ми крева.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
На прашањето од каде му се бомбите и фишеците, тој велеше дека така вреќите ги купил полни од некој кочанец. Но од кој?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Како што велеа мажите што биле таму, даскалот онака горделив, излегол надвор и почнал да му се дере на стопанот: - Како, бре керата, незнамитис ниеден, ти му дозволуваш на син ти да го зборува тој гнасен и варварски словенски јазик?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со растреперени прсти извади бело марамче, го избриша челото, помина и по проседата растресена коса што му се спушташе до вратот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Рада прво му се обрати на Томо, гледајќи го право во очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И како што беше стегнат во брич, целиот труп му се издаваше понесразмерен.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Потоа, додека девојката точеше пиво, со едната рака држејќи ја криглата, со другата рачката од чепот, со дојките предизвикувачки напнати, на неколку пати го крена погледот и загледувајќи му се право в очи на Еда, со искричав блесок што зрачеше од нејзините крупни сиви очи, милно му се насмевна...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И ако метафорички кажано тргнете по удолница нема на кого да му се обратите за помош.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Околу главата му се врти облаче пареа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа во ушите му се издвои и лаење на далечни кучиња.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неговата зачуденост удри на крстост на каква не беше свикнат во канцеларијата со опор мирис на нешто непознато од што душникот му се сушеше до корен. „Јас сакав само да јадам“ , рече Отец Симеон. „Сфаќаш ли - леб? Само леб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Велам: и ако сум таму? (Зашто сето ова го мислам со тајната предност да не сакам всушност да поверувам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Му се расчекорив, со проштение, му се дадов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не му се дели од нас, му навираат солзи, ама ги голта. Не ги пушта на земја, не остава да му се видат... 222
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мајката си ја ебал тој Томе Манев. Му се пикна в гаќи на стрика Бориза и, иако кулак и реакционер во душата, помина како никому ништо.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Овој отомански дел на Балканот му се чинеше како клет Вавилон во кој луѓето не само што го загубиле заедничкиот јазик туку останале и без кодовите на меѓусебното разбирање, кодовите на генерациските поврзувања и разделувања, поради промената на Бога, поради преселбите, идеологиите, фрактурите...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Нејзиното лице, особено срцоликите усни, истакнати и со карминот (или можеби со поизразитиот пигмент) му се чини познато.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Од јазикот негов капеше крв. Ни на господа не можеше да му се помоли.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не беше повеќе во тесниот бел коридор на Министерството на љубовта, се наоѓаше во еден огромен, осветлен од сонцето пасаж, еден километар широк низ кој одеше, како што му се чинеше, во делириум предизвикан од дрога.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Нема што да се прави, младичу“, милостиво и очигледно радувајќи му се на новиот забележа генералот, „Треба да се утешиме!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Стоевме од спротивната страна на реката, го гледавме немоќни ниту да се насмееме ниту пак да му се лутиме.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
4. СЕ ДРЖИ КАКО СЛЕПИОТ ЗА СТАПОТ - така и за бирократот се говори често, но пак му се уважува жилавиот напор за авансирање и за нестоење во место...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
На патувањето на германскиот император му се придава политичко значење, меѓу другото и за македонските работи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега му се одолжувале на покојникот за прикаските со кои ги обогатувал во Кукулино во претпразничните ноќи или во празничните попладниња и брзале да бидат мудри како што бил тој некогаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да бев во една од куќите на Кукулино: од огниште на кое виси поцрнет котел се шири црвеникава топлина, удира во луѓето и им ги брише од лицата грижите и годините: светлоста се мрешка по земјениот под, мислиш вода е над кој минува здив на ветар: чкрта стара маса на долги нозе, на неа е дрвена карта со ракија, зад луѓето плашливо трепка око на кандило и потсетува на заборавена ѕвезда под проѕирни партали на пајажина: топло е, животот е далеку од светот на домаќините и гостите, обесената низа лук на ѕидот брани од урокливите очи на темницата зад прозорците. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се разбира, и денеска е понеделник на морскиот брег пред куќата на Маркес во Картагена де Индиас, и денеска две петлиња се перчат и му плачат мајче на Хозе Буендија башка и се занесуваат дека петлињата што ќе се најдат на морскиот брег кога тогаш ќе станат галеби, гиздави и отмени, кои во даден момент нема да ја пропуштат приликата да му се посерат на немиената глава на Хозе Буендија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
— Јас немам апцани да ве затварам и да ве држа со месеци и години како Турците, ами вака: вртомчето и стапот нека ми се живи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Поп Данаил Москополчанин не може баш да се сети дали кога првпат беше во Венеција беше измислен фудбалот на мали голчиња и на што мислеа Венецијанските трговци кога претскажуваа светска економска криза.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
А мајсторот и понатаму го искушувал: „Нели, не е најумно да му се препушташ на стравот кога ќе се спуштиш волку длабоко?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Најпосле, кутриот Акакиј Акакиевич испушти душа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нему, да речеме, повеќе му се допаѓаше пристапот на Италија, каде што Евреите беа притиснати кон маргините на општеството и замолчани, не и правно, стопански и фактички прогонувани. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
— Е! Прочита што пишува казмакамот? — му се обрна стариот мудур на младото офицерче и го покани да седне на столот од десната страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Она што му се допадна не беше толку неговата убавина, колку изгледот што му се чинеше дека го поседува, како да припаѓа на време сосем различно од сегашното.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Боге попушти да притиска на педалот за гас кога стрелката на патот му се изгуби пред очи, но колата ги фаќаше свиоците како нишалка на рингишпил - тамам мислиш ќе излета таа ќе се врати и ќе се исправи, и во наредниот момент е подготвена да ја повтори истата игра на другата страна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но беше доволно бистар да не оди далеку, зашто знаеше дека сега неговиот пријател ќе го викне и, кога Милан не му зборуваше, мачорот не се враќаше веднаш, туку чекаше малку да му се умилкува, нешто што беше добро за гордоста и самопочитта.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сеќаваше како пријатно го галат меките тревки, како му ја нудат својата миризба шареноглавите цветчиња и како го гледат и му се радуваат многубројните бубалки.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Појасот со повеќебојни риги му се одмотал од половината и се влечел по него, го чинел бавен, грмушките и камењата му ја кинеле линијата на движењето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој ќе се сврти кон мене, а јас ќе му се поднагалам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А тоа му се радуваше нему буден отскакајќи преку сѐ, што можеше да биде прескокнато во таа собичка, и палавејќи и пепелничејќи и по пилотините на работилницата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
МАЛИОТ: Очите му се мртви и бледи. Има заспан поглед. Ќе му ги скршам цвикерите.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
- Немој, бре Вендија, не расипувај ја свадбата, ќе му се доближи трет да го смирува, да се разбере, а Дуко Вендија и него го светнува преку муцка и црвени мазници му потекуваат од носот, од устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да му се довери на некој друг работата на желбата, верувањето, љубовта, одлучувањето - не значи одрекување, туку тоа е стратегија: правејќи ја од него својата судбина, вие оттаму ја црпите најпрофинетата енергија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
— Не знам да лажам, велам, многу му се лутам на татка дека не ми остави лаги.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Луѓето од тој крај никогаш не им се чуделе на крастите - срцето е здраво, и на ѕверот кожинката му се митари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор од другото племе уште еднаш го погледнал преку рамо неодредено и со едно око поголемо од сечии две.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мустаќите му беа машки кренати, одвоени од горната усна, на рамениците можеше да му се постави темел за манастирче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас сум, ти доаѓа да му се одѕвиеш на тој глас, јас сум тоа, мајко, и сенка само гледаш на некоја митска птица која прелетува и павта со крилјата пред врата да ѝ отвориш.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сѐ му се виде слично како на сите беговски кули.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа со пеперутките на Еда многу му се допадна. Ништо не покажа, но просто го развесели.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Усните благо му се развлекуваа во широчина само во моментите кога зборуваше, а го правеше тоа со паузи меѓу секој збор изречен тивко до шепот што продолжуваше во издив на загрижен човек.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Влегувањето во црквата беше своевиден свечен чин, зашто со тоа секој му се претставуваше и на Бога ама и на луѓето, чии очи највнимателно ја следеа секоја постапка.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Моето летовање веќе беше договорено, ќе одам со „Студиото Пинокио”, со цела група деца, во Охрид и во Крушево, а брат ми сѐ уште не беше сигурен дали ќе му се оствари животниот сон да оди во Лондон.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Андон одвај го дочека тој предлог, бидејќи и тој цела зима преседе како глушец в дупка кај дедот Паленѕа на колибата, та и нему му се заминуваше преку Дуње, да ја наѕре Андоница и децата. Само Стојче се понамурти, но не одрече.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Што рече? - му се обрати Нумо. - Гледај горе, на свијокот... Кој пат ли по светлината ги броиме камионите?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Гласот не му го чув. Молчеше постојано како немтур, кому зборовите и мислите му се сплеткале во плетеница од суви гранки и никако ни да ги проголта, ни да ги исплука.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Па и сега, за првпат ја положи пред поп Илија и му се предаде на „богдуша“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Лицето не му се гледа од крв и од прашина. 30
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, имаше убави, малечки стапала.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На небото ракетата полека му се измолкнуваше на видот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога огнот светна, на Горјана му се виде белиот завој на десната нога.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Местото што му се отстапува во романот на иронијата, како и на смирениот крај (читај­те го рецептот за питата „тикуш” која мајката му ја приготвува на истоштениот повратник), можеби, на прв поглед не се упатни за такви цитати.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Горните и долните клепки му се составија и ја собраа кожата на крај очи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во текот на трите следни денови, за кое време не можеше ни око да затвори, се обидуваше да смисли нешто што ќе го надмудри врагот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога рацете се обвија околу него, се стресе, зашто не ни слушна дека некој ја тргнал пластичната завеса.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Вистински посакав да му се исплазам, веројатно забележил.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, не можеше ништо да смени, па затоа фокусирано одеше право накај бакалот, не вртејќи се налево, надесно, радувајќи му се на сонцето и уживајќи во опојниот пелистерски воздух.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Мочта му се затна, му стана гној и го докутна. Му ја затна и устата да зборува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му запира срцето и некое облаче од над него му се постила во очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ајде да ти ги покажам другите простории,“ реков, па излеговме од салата и побрзавме по ходникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тажните гласови на репортерите, долгите кадри, сликите на мртви тела, погреби, лешеви завиткани во национални знамиња, ритуалните примања на воените одликувања, толку слични на примање хостии, ужаси проследени со балканско новокомпонирано дрндање, шлагери што со фолклорно дерење му се закануваат на непријателот дека ќе биде уништен, сиот тој новокомпониран патриотски фалш, таа кичерска пропагандна индустрија на војната - сето тоа се крчка во балканскиот лонец помеѓу трагедија и фарса, страдалништво и рамнодушност, сочувствување и цинизам, гроза и пародија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Заслужуваш јадење – заклучи таткото и ѝ тури на бабата полна чинија манџа со прекрасно парче месо. На Зоки му се наполни устата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Дали некој живец му се има скинато или нешто повеќе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Неговиот брод паднал на Сонцето. А Сонцето е големо и вжарено и немилосрдно, секогаш е на небото и не можете да му се измолкнете.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во одеднаш разбудената ноќ околу него тропотеа чекори, лаеја кучиња, пискаа женски гласови, пцуеја мажи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И ќе им кажете и тоа оти ако до зајдисонце не донесат, ќе им го отерам преку планина сиот добиток, а тебе – му се сврте тој на Пецета, - ќе те заколам.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Поарно ќе биде додека му се врати присебноста Арсо да остане на ковачкиот мев, работа мирна и дремлива.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Имаше луѓе кои постојано бараа спас од демонски сили, но не од оние кои се претставуваа себеси за такви, туку од, за нас другите, невидливи ѓаволски суштества: плукаа во воздхот, бегаа пред воздухот, удираа во воздухот, му се закануваа на воздухот, врескаа преплашено гледајќи во воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Земјата не би можела Одново кога би се случило земјата да му се врати на нередот, да му се врати на својот колосален хаос, на бесконечноста и на пустошот од што потоа пак би одекнал големиот big-bang, во таа повторна експлозија воопшто не е веројатно дека одново би бил создаден човекот: земјата, сепак, не би можела да ја издржи таа голема реалност - бесконечните човекови страдања...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Кажувај што можеме да направиме? — продолжи нашиов Шаќир, на кого не му се одеше 101 година сургун, а можеби уште на втората и третата да му го најдат чарето агите и да го испратат кај Алекса и Дончето ќираџијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие со стравопочит му се приближуваа на чудото на светскиот напредок.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ја немаше бојата на ѕивт темната ноќ, или барем така него му се причинуваше. Таа е предалеку од неговиот видокруг.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Низ отворите меѓу штиците на сточниот вагон, Јаков ѕиркаше кон небото на кое наеднаш му се стори дека го виде Шабтај, кој оттаму му се насмевнуваше како тогаш, на првата вечер од последната Ханука, како да се сите дел од некој голем и непознат празник што се одвива далеку, на небото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На Калешка му се придружи еден ортак и тој доби кураж да си го каже своето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Му се чинеше дека во џебот од униформата има неколку трошки леб.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Трајче го одврза Дорча, му се качи и го потера да го пасе на Велјанова Ливада...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сакаме да му се придружиме на Момчило и со него да ги возиме нашите трицикли на небото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Од краевите на устата му се слеваше маст, брадата му светеше измастена, но Бојан немаше време да се брише.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Илко рипна од столот, му се приближи на дедот Карабуклија; овој го зеде котлето од невестата Менка и го затсачи на верушките, а невестата Менка излезе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ко скината кошула му се отворени градите и, голо, му се покажало срцето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чуму му се книгите, ако еден ден не ќе може, не дај Боже, да ги чита, прелистува, гледа?, помисли, но ништо не рече, Паскали.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, во овој случај се покажа дека иако судот не донесе одлука, целата постапка ја водеше законски и правично.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Нели рековме нимфоманките да останат во нивните простории и да немаат пристап на карневалот?,“ викаше однекаде медицинската сестра Хилда.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Азра целосно му се доверуваше на Авни. Во него гледаше човек со душа. Со срце.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога сега, помисли, кога сега би го наполнил празнион простор под себе со своето паѓање и со еден крик, нивниот крик, кога би ги собрал раштрканите луѓе околу една црна сенка на плочникот!
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Овој гледа некое време и го слушам, вели: - Селото гори, баба се чешла! – вели првиот и додава, му се обраќа на својот противник: - Што велиш, да ги спастриме прво нив па после јас и ти да си го видиме алот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
13. ПОАРНО ЧОВЕК ДА ПРОСИ, ОДОШТО ДА КРАДЕ - и просеше тој и крадеше, но арно му не е, кога наутро сонцето на небото ќе се здаде гледајќи го жалосен и жално му се смее...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Наближуваше кон куќата, а нозете сè повеќе му се сечеа, срцето премалуваше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во некаква мртовечки зелена светлина што му лежела од другата страна на очите гледал танконог белец со проѕирна кожа како удира со копита крај гол куп месо на својот господар, потоа со нечујни скокови доаѓа до јама на чии запалени гранки догорува облеката на неговиот јавач, ја крева муцката кон небото и пишти со детски глас; под гранките догорува мртовецот и никој не ќе знае кога ќе му ја најде черупката дека жилата на челото била сечена - нејасна вина, ништо повеќе, грч на душата што се јавнувал само ноќе; гори мртвиот Дмитар-Пејко, коњот ја издолжува уште повеќе танката шија, копнее по сребрената 'рж на небото или му се моли на некој коњски бог да му ги исцери раните од селанските секири и колови; на жилава гранка зад карпите под кои пред тоа била дружината се мавтаат на ветар скинати узди.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Молк! - му викна и му се доближи толку многу што Нумо почувствува мирис на евтина колонска вода и брилјантин.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Одеше тоа по неа, како да имаше под себе еден широк мост, сосема слободно, и Језекил, љубувајќи му се, просто сети како почнува да оздравува, но тоа траеше само додека момчето не беше стасало до средината на талпата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа систематски ја поткопува солидарноста во семејството, а го нарекува својот лидер со име кое директно му се обраќа на чувството на семејната лојалност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но бев сигурен дека на дипломатот му се пружа историската шанса да излезе од својата вообичената орбита, да ја потврди смислата на амбасадорскиот чин, на пресуден фактор во меѓучовечката универзална комуникација, во смислата на која упатуваше Егзипери, со максимата дека вистинската професија е таа која му служи на зближувањето на луѓето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Книгоиздателствата му се традиционално повеќе наклонети на романот отколку на пократките прозни форми, така што веќе од педесеттите состојбите се менуваат и расказот веќе не е доминантниот облик на фантастичната книжевност во Соединетите држави.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Плодовите му се сторија слатки а не кисели, па седеше под нив и ги зобаше како зајак во недоумица на крстосница.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Големиот килим да му се даде на брат ми Александар, а помалиот на Томислав, а останатото на сестра ми Љубица.“
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ама ништо, не му се лутам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Молчеше и ги стегаше забите, а една жила му беше излезена на слепоочниците и убаво се гледаше како силно му чука, како да ќе му се скине секој момент.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Судбината му се смилува. Се оддалечи од Тирана, за да работи како адвокат во крајезерскиот Поградец.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Магарето успеа некако да се зачепи со предните нозе на брегот од коритото, напна да излезе, но меката земја му се срона под нозете и тоа пак продолжи да плива по водата надолу кон Методија.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дали поради загреаноста од пишувањето или пак поради нешто друго, му се причини дека студот што го чувствуваше утрово некако намалил и кога погледна низ прозорчето, виде дека надвор почнало да вее снег.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му се кине, ко излитена шамија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Заборави да му се пофали на чичкото дека татко им е мајстор, најмајстор, дека може сѐ да поправи, дури и гласовите на луѓето што зборуваат во кутиите, ама си има човекот некоја болка во мевот или во срцето, така вели, е неа ја лекува понекогаш со ракија, ама не, не, не се опива.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Му се приплати студот и му ги одзеде и рацете и нозете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не можев да видам од моето место како потоа ја загризува сливата и како му се освежува сувата уста и киселавоста му се шири по жилите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Песокот беше скоро црвен во зажареноста, како засирена крв, па девојката која молчеливо му се обраќаше ја осети како пленичка во пустина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
За да не ве исплашиме веднаш, ќе ви кажеме дека кога Зоки Поки се буди и протега прави – ааааа-ах, кога се смее – хо-хо-хо, кога плаче – ооооолелееее, а кога некому му се подбива – у-у-уаааа!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И навистина, во кафеанчето му се приближи еден од прилепските чорбаџии, со кого кајмакамот често пиеше кафе и нарача две кафиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зошто, си реков тогаш, не пишувам за самиот живот, за она што го гледам и што го слушам, за она што се случува, па макар некому и да му се стори дека не сум пренел сѐ точно како што се случило.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Судот, веднаш по приемот на тужбата, по службена должност оценува дали е надлежен и во кој состав е надлежен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Подоцна таа му се свиде и започна сѐ посилно да налетува на моите испружени раце.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Го држат така расчекорен, пилата му врви меѓу нозете, му се доближува кон ципите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Или само така му се причинуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Штом ќе препознаам некаде присуство на невиност ако не можам да му се придружам барем сочувствувам со него - реков во желба да го дообјаснам карактерот на моето учество во настанот кога веќе беше речено дека сум го подржал она што се случуваше минатата ноќ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој, иако му се паѓаше некаква улога на предводник и закрилник, не чекаше долго да му ја предаде иницијативата на Ордета, и да се пушти да биде воден од своето крштениче, на кое и без тоа му домачне да го гледа како се тутка и како одвај прозборува по некој збор, со загубен глас, на оние две-три места каде што прашаа за стан.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Зошто му се овци, кога собира попот по дваесет руна од селото?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На воденичкиот ѕид секогаш висела долга кременарка со изрезбан кундак и ги поучувала копуците да не му се спротивставуваат кога ќе ги заборавел поранешните спогодби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Да му се предада на Бина?“ — почна да се колеба по Биновото писмо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беснееше таа сѐ повеќе, ама ѓоа не знаеше кому попрво да му се одмазди за својата мака.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Грешел, страдал, заслужил да се именува праведник. Брадата на попот апостолски му се кадрела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По неколку години служба во Здружението, му се чинеше дека тапка во место.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Само, ви се мола на обајцата, да си го држите зборот. Бесата бес, шо велаат Арнаутите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Утрото мртов беше Гојко. На спиење беше му се испроврела душата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му се чинеше дека веќе не е оној уважен, сериозен научник, доктор Коста, туку дете, составен дел на некоја одмината убавина и добрина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Даскалот замрзна и почна на турски да се моли да не го срами пред толку свет да го врзува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога престана ветрот и се одврзаа коњите Таа уште не се исправаше, лежеше како болно дете На кое му се суши срцето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Погледот му се искачуваше долж огромната разбранета маса на океанот што се креваше и спушташе рамномерно, и големата сребрена круша, што се полнеше со блескави воздушни струи исфрлани од пламеникот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Секогаш му се радувам на она што опстојува и покрај нашите страхувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Втората тужба за слична трудово-правна работа е упатена преку истиот адвокат – но, сега таа е по основ неисплатени надо- местоци за исхрана и зголемувања на плата по повеќе основи, согласно веќеспоменатиот Закон за полиција/06 и Одлуката на Уставниот суд за укинување на членови од Законот за Буџет за 2008 година.5 Вкупната вредност на овој спор е 26.904 МКД (440 ЕУР) зголемена за камати и трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога го виде Толе овој џин за малку што не му се поклони.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Имаше во таа насмевка потсмев; јас тоа добро го знаев, оти во една прилика му се исповедав на отец Пелазгиј дека сум слушнал небесна музика во храмот, додека сум го призивал Бога, во часови бестелесни и бесчулни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но наеднаш сонот му се зби. Му се затресе куќата како земјотрес да му ја сниша, како вулкан да избувна под неа или како да го накрена некој езерото на една страна и сета вода му се истури на куќата со силен тресок.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Без сомневање, тој стар поет, Ласгуш Порадеци, би му се радувал на тонот на Патот на јагулите, ода на слободата испеана близу една најсурова граница на студената војна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Скоро сите нови попови одеа со магарето (за да изгледаат сиромаси) по селата и од куќа на куќа прошетуваа — за нов поп, а селанките ги даруваа што имаа: брашно, волна, јајца, кокошки, некој побожовен чорбаџија им аризуваше по некое јагне или jape, од кои на попчето после му се правеа булучка, ако немаше и свои по стотинадвесте глави, та со испросените се намножуваа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еден возрасен маж, на кого Бојан му се обрати со „Добар ден чичко Станојко“, мавташе со вила пред себе, зад себе, в страни, и одвај ли погледна во момчињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За среќа, сеќавањата му надоаѓаа без некој посебен ред, а музиката не престануваше да му се менува во главата како на џубокс во кој различни раце пикнале цел куп парички, па сега песните се редеа една по друга без некои поголеми паузи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Една куќа, свате, една куќа, на здравје... - радосно отпоздравуваше Карче, среќен што најсетне му се исполни големата мечта да може со најприкажаната охридска фамилија да се смета една куќа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нешто тајно, кое гали, стишува Кое спокојно во себе го запишувам, Го притајувам, не го објавувам Скриено го чувам, го заклучувам Сетне му се насладувам, се радувам.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Само на човек роден во пролет, вели Велика, дрвцата му се фаќаат како пиреј. Ниедно не го проскокнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јован замижа и оптегна. И кога ја погледна сламката, длабоко воздивна, како тежок товар да му се симна од грбот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- А ако можел? се придигна Петко и му се внесе в лице.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На Мусли бег и пазувите и папокот му се наполнија со пот; грашки пот му избија на челото, на лицето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, колку повеќе се искачуваше по ричката, зад која беше долката со млаките, кон кои водеше онаа дира, толку почесто здивот почнуваше да му се напнува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаел што ќе се бара од него: секогаш на денот на свети Никита бил дерач и готвач во манастирот, сега ќе дере и ќе сече месо а во него се буни нешто, стар е, не сака утре никој да го проколнува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но и кога порасте, пак понекогаш му се јавуваа некои женски манири останати од порано, и од кој не можеше лесно да се ослободи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Немој после да жалиш како мене, рече мајка ми. Нема, реков јас.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во тој момент нему му се потребни програми од „високо-нивовска” визија кои ќе активираат перцептивни шеми кои содржат знаење за објектите што би можеле да се појават на фотографијата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
На нозете му се нафрлиле живи рани, сараџи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Арсо се пробиваше, ги вкрстуваше своите чекори со многуте чекори на другите и чувствуваше и му се чинеше дека тоа се многу чекори на неговите сопствени нозе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Толе вечерта го најде гајдарџијата Колета, му лупна неколку тупаници по нос и по рилка и му се закани дека ќе го заколе, како пиле ако и до недела го направи истото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во погледот можеше да му се прочита дека не му е право што му е откриено врталиште од друг – туѓ и непознат другар.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Бетонските блокови, кои само до пред една минута му се чинеа дека се креваат од некоја бестемелна празнина, за да бидат поставени над нематеријални темелни ѕидови, сега се стврднаа во неговите раце, и темелите на кулата преминаа во своите вистински димензии.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Значи, местото на таткото на детето кое му се жртвува на јаничарството го зазема императорот? коментира Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Многу време замина и болката почна да му се собира горе на главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Очите му солзат, носот му се замрсулавил, лицето му се зацрвенило, заедно со ушите. Дури му помодрува. И само напнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе и учиш селаните да стапуваат во организациата, да си прибираат оружје, да и пазат луѓето шо ќе идат кај ниј, да не жалаат оти ќе дадат парче леб на такви луѓе и; шо е најглавно, да се спремаат за големиот ден кога ќе му се каже да се дигнат сете како еден во оружана борба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Утрото, кога ја виде умрената овца веднаш, без негова желба му се наметна мислата да ја расчеречи овцата, да ги храни со неа кучињата, како што правеше понекогаш дедо му, но веднаш потоа таа мисла му се виде одвратна, а сега речиси и не дозволуваше да мисли на такво нешто, па ја одвлече овцата преку потокот и ја закопа длабоко во снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И ќе се молам, цела ноќ ќе му се молам на господа, поскоро да ме прибере кај него, кај децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ставајќи го лончето на решото ја сети до себеси неа. Нозете му се подкосија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Вечерта научената девојка го нарами ранецот во кој го стави торбичето со вендузите и му се јави во земјанката на командантот на баталјонот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Гази по пресно рилано лозје а не сака да му се видат трагите!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ѝ кажуваше дека од истата болка боледувала и Ксенија Римјанка кога била девојка и Марија Египјанка, но собрале сили, се совладале, се откажале од сѐ и се покалуѓериле, му се посветиле на бога - и станале светици.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Еден примерок на „ Тајмс“ кој, поради промените во политичките сојузништва, или поради погрешните предвидувања изречени од Големиот Брат, бил исправен можеби десетици пати, стоеше во архивите носејќи го својот оригинален датум, и не постоеше ниту еден друг примерок за да му се противстави.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никако не ми е јасно зошто и мене ме обвинуваат дека ми влегол ѓавол, кога всушност самиот ѓавол е брат ми. Никако да му се погоди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Гневот што му се беше стркалал до забите сети како го голтнува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сега можам да напишам илјади нови страници, но ќе го нема среќното лице на кое му се наменети.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ама плунката му се враќа и му паѓа на лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се исправи на коњот жив, та дур на Махмуд му се здаде јатаган да фати - Испреварен, му зајде здив . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но по улиците немаше чешми, чешмите беа по дворовите, а во дворовите имаше кучиња, кучињата беа одврзани и ‘ржеа со рѓосаните заби по секој неканет гостин што ќе му се доближеше до сопственичката порта.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но сите одбија да влезат внатре, зашто во градината околу куќата беше толку убаво и свежо, што никому не му се влегуваше во затворена соба.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ќерка му се качува горе по скали, пратена од една сурова волја да исполнува колку бесмислена толку смртоносна задача.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Го исвиркаа”.  Чекаше реакција од мене и откако место неа доби само прашален поглед, се дополни:  „Тоа не би му се случило на претседателот на вашата држава”. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пак му се јави епилепсијата, ако беше тоа, и го тера да зборува со Теменуга.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа му се враќаше на татко ми, велејќи му: - Сполај ти, синко!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Го поземам гласот на девојчето: И животот и љубовта - одвај едно зајдисонце... Atopia Се допираш себеси и рамнодушно му се предаваш на сеќавањето: па во ова тело некогаш имаше човек - копнееше, веруваше, пееше...?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Толе Паша собират селаните да бркат нас од уќуматот и кашлата, а ти мене маслосуваш и тураш вода под рогузина. Му се наднесе над лицето, го фати за раменици и му се заѕури во очите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одеднаш Трајанка изгледаше како да се покајала што му се насмевна и му сврти грб на Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Претепаните ги одвлечка аскерот во авурот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Онисифор Проказник клекна до мене. „Тој е зад ридон, така ли е?“ По белегот на лицето му се лизгаше жолтеникава шурка сонце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едната нога му се држи само на ногавица. Ја сечат ногавицата, ја поттргнуваат и ногата му ја извлекуваат сосе алати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Учителот бара погодно место па да му се доближи на овој скржав во зборувањето човек.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Потоа сеќавањето на нејзиното лице му се врати, а заедно со него и вознемирувачката, неподнослива желба да биде сам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ додека неговиот последен неизвикан вик не му се сви во грлото, бессилен дури и за да одлета и нем.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Призна дека е религиозен верник, дека му се восхитува на капитализмот и дека е сексуално застранет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Круме Волнаровски ѝ беше единствениот близок човек на кој можеше да му се довери и да му се предаде целосно, особено во оној дел од денот во кој, откако тој се разведе со Роза, го минуваше во неговиот стан.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сега сите му се смееле и го викале: „Малото маченце со грозното изгорено опавченце“.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Татко беше болен од плевритис, некакво вирче вода му се набрало под ребрата и стражарите ме пуштаа да му носам јадење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со ред сите пи врвеше во главата, а штом ќе дојдеше до Нешка Рожденкина, некако умот му се завртуваше и не можеше ни зло ни добро за неа да мисли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега знае дека Димостен ѝ има простено што не го дочекала во одајчето во Гаково, веројатно и се гордее што таа заедно со Танаско и Пена го вратија дедото Костадин при неговата Петра за и таа лесно да му се придружи за на тој свет.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мајка му се враќа од подрумот и продолжува да работи низ претсобјето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се исправи и ги стегна песниците. Здивот му се запре во градите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не му се живее повеќе на човекот, а слушаш: уште вика, го боли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Жалеше затоа што знаеше дека она старче сега веќе имаше поверувано, оти отсекогаш било подобро и ќе продолжи да биде, да се живее вака, без да му се даде на животот ништо од себе, без да се остави во него ништо свое.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бино пак го покани сега нему да му се предаде како пред дванаесет тринаесет години што го канеше да му се предаде на мудурот, бидејќи сега тој седеше на тој стол, но тоа само го налути Јована, та за инает на Бина реши да се предаде, но не нему, ами направо на окружниот началник во Битола.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ќе кажува што му се кажува, што му се претскажува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
така после и Бугарите нѐ држеа понастрана, првин ни дадоа да подработуваме околу казаните нивни, околу јадењата и Стеван Докуз стана поразговорлив, почна и тој да арчи зборови: ами судбина, Мирче, ќе ми рече, така ни било пишано, а јас ќе му одговорам: да му се мочам во писалката на тој што напиша така и Стеван ќе ја сврти главата и ќе земе да трупи дрва и да дроби компири и ќе џвака нешто-што било, - ќе прежива со устата, оти тој кога сака и колку сака може да огладне, колку што сака не може само да се најаде, гладта, ко кучка му стои на желудникот, во дупнато решето водата николку не стои,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Настапи тишина од која на човека му се присторува дека ќе потоне којзнае во каква бездна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Му се противставуваме на Сарафов, зашто, ако тој испратеше оттука луѓе за раководители... ќе станеше катастрофа...“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Народот се стаписа и тој тргна низ шпалирот, не престанувајќи да мава и молчи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Беше стар, раздрнкан, со оветвена црвена боја, и на Димче не му се допадна.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
— Сега по него, момчиња, — си ја даде бимбашијата наредбата на јузбашиите и мулазимите и овие му се зашија за врат на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога се разбуди веќе беше ноќ. Не му се стануваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тогаш знаеше, навечер, кога свеста ќе му се замрачеше од селската црешова ракија, дека ќе стане она што мора да стане.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Гледа наоколу. Очите му се заокруглиле од страв.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Да му се исуши раката и така да си ја носи!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зашто не сакаше да се замери, но и со волја ја работеше работата:како што го слушаше кљакањето на секирите во шумата така му се чинеше оти е во брезничка планина, со свои луѓе, по дрва, како што имаа обичај групно да одат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Ич, не си ода без неа, па ако сака и обете маски дедот нека и задрже“, — си рече Илко. Му се бендиса Доста на Илка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тргна, по долниот пат. На влезот на планината, студот го шибаше со снежни шлаканици, а тој пак опирајќи му се со подзамижување, навлегуваше сѐ подлабоко.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Напротив, дури и кога му се нудеа, не ги земаше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дебелите, бели подгушници како пивтија му се тресеа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А пред големите деца се испрчува како да добил орден за својата храброст, и додека бојата на лицето пополека му се враќа, тој вели: - Видовте... видовте ли кој бил кукавица?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Никој не греши душа, така е, рекол Доце Срменков а црната креста му се занишала на темето. - Само, ние ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Јас ѝ купив,- продолжи црнокосиот на кого што името многу му одговараше, - а, таа за да му се заблагодари ме покани дома.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„А кој спомена излекување? Па овде никој не е болен, овде само секој си живее во свој свет,“ и му ги поднаместив наочарите на носот кој малку му се беше вцрвил од алкохолот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Нашиот Пурим” Алегра ја нарекуваше нивната свадба што ја очекуваше со нежната женска душа, но и со сѐ порастрепереното тело со кое таа сѐ повеќе копнееше по него со една чиста и исполнета љубов што извираше длабоко од неа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бабава ја викаме Цонка, син ми — Аралампија. (Сосем му се приближува.) Го викаме Ампо. А старата моја — Пе...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Крени ја високо главата, не си ни прва ни последна“ - е најчестата реплика на мојата омилена колешка, која има и стручно објаснување за мојата состојба: дека, ете, сите знаат оти моето не се тегнело веќе и дека треба да се скрасам во некој нов скут, кој, по можност, треба да биде мрсен и стар, што во превод не значи ни дебел, ни „гробу до врата“, ами да биде ситуиран и доволно стар за децата негови да не се веќе деца, да му се мажени и женети, па да не ми се воевкаат по дома, освен на викендите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во својата медитеранска екстаза, како некогаш Албер Ками, Дарвиш ќе потврди дека јазикот и метафората не се доволни на пределот да му се наложи друг предел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поораа уште малку и бидејќи Силјан си одел по браздите сѐ близу, си зобал црвјето, чунки му се сладило, и му се чинеше оти татко му го милува, без да му текне оти е штрк во тој саат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Можеби ако се качеше на малото чардаче пред плевната и ако ѕиркаше кон коријата, ќе видеше нешто, ќе видеше десетина рала вжарени очи, но сепак, среќа негова што го фати страв, па не се решаваше да се оддалечи, среќа негова што не ги виде, инаку можеше сосем да му се потчини на стравот, па да изгуби моќ, за здраво размислување.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Очите му се крвјосани. Дишењето му е наврапито.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Но и низ џебови му се гледа тресењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но разумот, еден во некој од тројцата по облик исти Онисифоровци, се усвитувал да сфати што се случувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јован го зеде кафето од дизгот и го изгледа Катето од глава до петици. Убавко му се виде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го најде Петрета во колибата на Костевци, навистина со Пацето, кое беше дошло да му донесе на бацка си Петрета алишта за преслекување.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Всушност, Мише дишеше и мирисаше на гулабарник. Ноќе заспиваше милувајќи ги во сонот гулабите, се насмевнуваше среќно и блажено при помислата на нив или срипуваше, вџашен и исплашен, ако во сонот околу гулабите му се врткаа крадци.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога го видоа вака налутен, децата почнаа да му се смеат уште послатко. Умираа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во таков ред ќе се најде и татковиот брат, без апсолутно никаква вина, и нему без да му се знае гробот, како на многумина други од семејството во родниот град Поградец.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И пак мислите му се збираат и страшна, ужасна светлина избувнува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И чека сѐ додека не забележи дека стравот ти влезе в коски, дека ти го совлада мозокот, те фати за грклан, за гради, те стега, те гмечи, те дави, дека губиш виделина и кога ќе види дека почнуваш да се гушиш, да трепериш, да губиш виделина, тогаш знае дека во тебе го внесе зајакот; престанува да тропа чизмата на подот, тупаницата да удира на масата... од очите му се одлива крвта, на усните му се појавува некаква скриена итрина и без да откини поглед од тебе, ти подава ливче и тивко, тукуречи добродушно, ти вели: - Читај! Гласно!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бригадирецот се тргна изненаден, а од чанчето му се исипа водата по земјата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сега некаква треска го обзеде при самата помисла дека може да ја загуби, дека нејзиното бело младо тело може да му се измолкне!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му се стори дека `рскавиците на нивните носови ќе ја пробијат танката неотпорна кожа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Што сѐ не мислеше да му нарече од лутина, но кога напладнето го сретна, застана пред него, му се загледа в очи со рацете наопаку, сакаше да му зареди да му вели сѐ што имаше смислено да му рече, ама сите зборови му нагрнаа одеднаш и како ветерот да му ги однесе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Една игла се зари во надлактицата на Винстон. Речиси во истиот момент блажена, лековита топлина му се разли низ целото тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дали го рече тоа или само го погледна со топол доверлив поглед, та нему му се слушнаа тие утешни зборови што посакуваше да ги чуе...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Јас реков тогаш дека таква е вистината, којашто не ќе им се бендиса на мнозина, но јас не можам да го зборувам она што ќе му се бендиса на некого, туку она што е свршена работа, со која порано или подоцна ќе треба да сметаат јужните Словени, па затоа е нужно да се знае новото течење сред Македонците за да се определат јасно односите на јужните Словени кон него и да се избегне бесполезната и штетна борба помеѓу нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По оваа семејна трагедија Ејжа решава целосно да му се посвети на одгледувањето на децата и најавува затворање на сите свои веб-сајтови наменети за возрасни.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Земјата ни е посна и песоклива. Не ќе има што да се меле. Камења камен не дробат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И затоа тој го напуштил тој „божји рај" — Света Гора, и ете го, си дојде да ја исполни заповедта од „сајбијата" од кладенецот Илинец во Сталевата нива сака да му се направи меќани манастирче и дека ќе му направи многу зло на селото, ако не му помогнат во оваа работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ибн Бајко излезе на половина од молитвата на попот. Нозете му се тресеа. Колкот силно го болеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Секаде”, му велеше, „само не повеќе тука. Оваа средина не е пријателска кон нас”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
— Кој е тој непознат човек шо сака да ми помогне? — праша Најдо и се протегна да ги размрда мускулите, да му се раздвижи крвта, бидејќи ете, неколку дена како лежи во темната јама без воздух, без светлина, бетер од оние во прилепскиот затвор и во Катилане во Битола.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му се обраќаа довикувајќи го - црвената треска што трепереше во водата, - разголените гради на нашите жени, - молњите скриени во молитвениците на монасите...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Нему му се одговараше во полутонови, полни со покорно презирање.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во него нема човештина, никој за ништо не може да му се довери на овој груб и опасен човек.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му се смилило на Силјана да појде и тој на нива за да го гледа татка си како ќе ора.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Пишувам срања, му се обраќам на вискито.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Коста Ципата без зборови ги повлече синовите надолу, а и тие мирно му се покорија.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тогаш му се наложи потребата од туѓа помош, зашто самиот не знаеше што да стори. Но да се довериш не е лесно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И на татко ми му се заканувале, а тој им рекол: Прашајте ја првин Мила, ако сака, тогаш носете ја! – им кажал дека сум по вода.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Образите му се беа заруменеле, усните нешто шепоткаа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тие носеа нешто во себе што на Етхем-паша му се чинеше „зла вера“.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му се заканував дека ќе го убијам доколку оди со други жени. Одеше. Пукав во него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во кочините започнаа да му се котат глувци гризејќи го салото од свињите и селаните ги уништија запалувајќи ги и кочините и свињите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Да те нема! Поткини си ја шијата! - му се развика Коле. - Пушти го, - реков.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тромав од старост и со студ во коските, светлозејтинест и без надеж дека ќе му се спротиви и на помал волк, манастирскиот пес безволно им ги душкал опинците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гледаа во ѕвездите и гласно погаѓаа која чија е, а кога ќе му се стореше на некое за некоја од ѕвездите дека е негова, ја прескокнуваше, зашто постоеше верување дека тој што ќе си а погоди ѕвездата, ќе умре.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секој геј- маж што ги напушта редовите на повластениот род и на посакуваниот родов стил, кој се спушта на недостоинствениот, абјектен статус на женче, теткица, пешко, кучка, женско петле, распалена кралица, врз себе ги навлекува лесниот потсмев и евтиниот презир и од стрејт- светот и од геј- светот – па уште и, колку што знае (и стравува), презирот од сопствениот љубовник.341
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сети како по лицето му се прелеа една насмевка, која што не беше во состојба да си ја исчисти ни во своите очи од таа притаеност, кога го здогледа своето срнче, исправено на оние свои ноженца до самото негово зглавје, сигурно веќе одамна очекувајќи го неговото будење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На мигови, во тажаленка­та, му се обраќаше на Севишниот, да ѝ каже каде згрешила што повеќе не може да ги спасува своите чеда, а самата продолжува да живее.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не му беше сосем по волја на Бојан ова рано излегување, му се спиеше, но не можеше да му противречи на чесниот старец, а и знаеше што значи за целото негово семејство загубата на едно теле.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Шуќур што некој го барал Вилкабамба, па набасал на Мачу Пикчу, до највисоката тајна на Инките - да му се скамени среќата, да му се скамени компасот, да му се скамени и кондорот, и сликата на планината, да му се скаменат ќе да е и пехарите за вино, да му се скамени и перницата да не може главата да ја пика во неа па да му се потат соништата, баш најубавите, да му се скамени и времето како врховен доказ дека светот престорен во камен ниту старее ниту грдее.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
— Аир ефендум, ошче за кумити сме ние старите. Не гледате, едната нога веќе ни е во гробот, — му се испушти на стариот Главчета кој ги беше фатил 99те и ѝ се надеваше на стотата, која сигурно ќе ја фатеше ако не беше пријателот Арслан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Зошто мора да служи? - му се спротиви Маре.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Му се чинеше, всушност, дека ја гледа евразиската армија како надоаѓа преку досега никогаш не прегазената граница и продира кон врвот на Африка, како колона од мравки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Ниту сонувам, ниту имам слики како порано”, му се пожали Сандри.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На Дедо Мраз многу му се натажи срцето.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Лицето кое го прибавило предметот или правото за кое тече парницата може да стапи во парницата наместо тужителот, односно тужениот, само ако со тоа се согласат двете странки (чл. 185, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во друштво со неа крај морскиот брег, брановите звучеа како погонска сила за неговите чувства, дуваше освежувачки солен воздух со блага доза на афродизијак, добрата риба беше предобро приготвена и белото вино толку лесно му се лизгаше низ грлото правејќи сѐ пред него да биде рамно и проодно до бескрај.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ѕвездата му се гаснеше. Ми личеше на скршена порцеланска фигура на оној Пенчо, што го познавав, му завидував и се одушевував од него, пукна пред мене и ја откри својата празнотија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Откога се извишиле до облаци, беа му се пуштиле за кон кај нас да си идат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога ги виде децата, само почна да мавта со опашката и се обидуваше да му се протне меѓу нозе на Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
5 сертември 2000 г. Безансон Господине, Предметот за кој сакам да ви пишувам е мошне деликатен, но со малку скрофули сепак решив да му се препуштам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Слушај, и наслушај му се, како да си во сенката на брезата под твојот прозорец. 26 мај 2007.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
„Оди си“, му се испречи Минк.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Чувствувајќи како дождот сѐ повеќе го натопува, се пренесе во времето кога ја погребуваа баба му Депа кога исто вака туриваше силен дожд, а тој одеше во погребната поворка фатен за раката од мајка му, дождот му плускаше по главата, по телото, му се лизгаше по кожата и му слегуваше низ нозете во опинците; погледнуваше повремено во баба му во ковчегот што го носеа луѓето на раце: и нејзиното лице дождот го миеше, се лизгаше по него како по восок и ги натопуваше цвеќињата и овошките во сандакот; лееше на попот и му ја гаснеше кадилницата со која штркаше по ковчегот и пееше за покој душа, лееше на луѓето што одеа со наведнати глави.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ние со Уља му се лулиме во устата и само ги добираме залаците до тавчето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некое време тој, кое од лакомост, а уште повеќе за да ги заплаши селаните, порачуваше да му се носи сѐ што ќе му паднеше наум: пари, волна, сирење, платно, алишта, жито...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Иако Рози чувствуваше голема огорченост при претпоставката дека тоа може да е шега на Френк, поради што му се лутеше, сега, соочувајќи се со вистинска змија, невидлива и која бесшумно и злокобно, се движи тука наоколу, таа од сѐ срце посака тоа да било шега.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тоа целото се изгубуваше во длабоката дира, но чекореше пргаво, а од лицето му се гледаа само двете сиџимки од вршковите на мустаќите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На авторот местово му се виде доста чисто и уредно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Полковникот Бонети правеше напори да проба од јагулата, ја бодеше виљушката во неа како да ја убива, откинуваше парче, го ставаше в уста, но грлото му се затвораше: поголтнуваше по малку со мака.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
— Е море, си ода, бацко Толе, си ода, бре, млада су, ми се сака да носа, да јада локумчиња, шиќерчиња? — му одговори таа слободно и му намигна со левото око. — Зар тебе не ти се каснуа пиленце?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бургиба, откако го рече ова со уверлив глас, му се обрати на својот министер: - Задржете го тој човек во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Другар Захаријадис - веќе налутено му се обрати Кикицас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И јас ќе побегнам, ќе му се скријам во класината, зад амбарот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му се чинеше дека облаците се настрвени кучиња и од сите страни лаат во синото небо, да го парчосаат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Селаните ги симнаа белите шамии од главите Добитокот грозно рика запретан во пепелта на летото И гласот му се престорува во ракопис на дожд.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сѐ започна кога раката му се промени. Десната.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Пота му ја виде окрвавената глава од што му се чинеше дека ќе му се слоши, дека ќе се онесвести.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Продолжи првин со одење, во кое имаше и демнеење на мигот, во кој таа и би се вратила, а кога човекот немаше со што да фрли, таа зеде пак да се шиба огромна и блиска, каква што беше, за да можеш да ги здогледаш и црните српови од ноктите на нејзините шепи, за да можеше да го видиш секое превиткување на тупата болка во нејзините скокови, за да можеш да ги видиш и нејзините крвави непца, за сето време испуштајќи некакво подмолно завивање, полно со една ужасна, здржана, придушена бол, а Змејко, кој уште на првиот нејзин чекор знаеше дека ќе мора да отстапи, сега, кога она завивање нараснуваше во некакво ужасно стенкање кај она ѕвере, готово да расчешне сѐ, што ќе му се најде на патот, го сети дивиот ветер како го подига угоре и како го урива во провалијата под неговите петици и расплакан и сосема совладан тој отстапи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нешто убаво како што му се боите.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Со брадата втисната меѓу колената што силно ги има зграпчено со обете раце, се ниша ту напред ту назад и не откинува поглед од огнот и до болка чувствува како му се стега желудникот и тие, кои до него најблиску седат, слушаат како гласно му кркорат цревата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Едно кафе, молам“, му се обрати на момчето што и понатаму стоеше како да е закопано во длабока соспа снег.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Имаше и предлози, ако не се фати Чанга жив, да му се организира, „монтира”, судски процес, со двојник!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, на огнето не му беше потребно многу време за да ги пушти своите корења во сувото дрво и да почне да му се спротивставува, обидувајќи се да му се отскубне од рацете.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ех, што „педери” сте – ни рече Аделина. – Ти Огне, остануваш или не.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како што почнуваа да се донесуваат првите прописи со кои им се стеснуваат граѓанските права на Евреите, така и нему почнуваа да му се јавуваат негови пријатели, некои со кои и студирал заедно на универзитетот, тогаш немајќи ни елементарен поим дека се со еврејски происход.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мртви, вратете му се на својот свет! Но мртвите останале таму кај што ги закопале живите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На ова убаво, навистина заветно место, низ кое растеа и високи, веќе остарени крушови и јаболкови стебла, поубаво, поприлежно име и не можело да му се стави.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Би сакала кога сме веќе таму, да ги видам и катакомбите под Тврдината, - му се обрати Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
— Море, ако е за тоа, ене го и Јошето мое, ако го гледаш нака слабо — како кремен е. Не може ни ерген да му се опре.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така си рече, но не му се веруваше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И тоа беше подарок од автопатот. Едно попладне му се дотркала во нивата како фрлена паричка, тркалест и блескав.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Местото ни е наше од дедовци и прадедовци и наше да остане. И си отиде.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не е можно тоа... - му се затресе целата снага, го фрли торбичето што го држеше в рака и стрчна по скалите, влезе во лабораторијата, виде дека го нема, растрча по сите простории, избара, и кога виде дека го нема, праша: - Кај е појден тате?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ја затече малата Снежанка како лежи крај својата нова мајка, ја погали нежно, при што лицето му се позлати со насмевка, па излезе надвор, затворајќи ја убаво кошарата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Откако ја завршија големата дебата за генезата на универзалните лавиринти, посебно балканските, Татко ненадејно го запраша Камилски: Знаеш ли, мој пријателе, кој е најголемиот лавиринт и на кој никогаш не може да му се најде излез?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И не знаејќи што да прават сега, кога не најдоа траги од ајдутинот и од Бошета,се здоговорија уште в сабота да заминат неколкумина во Прилеп и таму по роднини и кај светијоани да се распрашаат да не би тие ги виделе или начуле нешто за нив, за Бошета и за ајдутинот, а потоа сите зеедно отидоа дома кај Јанчевци за да му се чудат на чупалето и коњот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ибн Тајко дојде во Скопје тоа претпладне, чекајќи да му се оствари претчувството. Што ќе се случи?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се тргал, сакал да му се врати на својот свет што го измислувал, сакал да гледа како по усвитени карпи се лизгаат грешни души, со крици на врани паѓаат во густо и вжештено море и ѕурат со усвитени клобуци кон своето блажевито минато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Второто навраќање на Боге од Бањи, само за да проверел колку ми напреднала работата, го искористив за да му го соопштам моето мислење дека изгледа токму бабите се најдобро информирани за однесувањето, дејствијата и последиците на смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
— Мариово, Мариово. Зар таму нема да ги најдеме? — проговори Дургут и му се испули на Бахтијара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Меѓутоа, германскиот напад на Кралството Југославија на 6 април 1941 година го сменил расположението на американските новинари.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Вџашена од неговата тајна што бавно ми се постила в очи му се радувам на летото што мирува над просторот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Најтешка беше умирачката. Мртовецот се вадеше надвор извиткан во ќебе, зашто ни сандак можеше да му се направи, ниту на гробишта да се однесе, туку само му се правеше дупка во снегот во дворот и се оставаше тука за да не се смрди в куќи и да не се плашат децата; се забодуваше крај него висок стап со крст на врвот за да му се обележи местото: да се знае каде е ставен во снегот и да се најде кога ќе запре снегот за да се однесе на гробишта и да се закопа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Лесно се стрча по втората тура, а моите деца му се сипаа на бебето и го заиграа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Мамо! - тивко извика. Никој не му се одѕва.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Вратата се разгрна полека, но наместо да се појави остар јатаган, се појави една сејменска глава; се опули во собраниот куп и се насмеа. – Се собрале како пилиња под квачка – проговори и ја отвори едната пола на вратата. Му се поклони длабоко на тој што беше зад него. Му направи темане: – Бујрум, кади баба. Тука се како лисичиња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Зошто пишувам? Зошто им пишувам?!!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На ова Шарон иронично и цинично му одговорил: Понекогаш на Бога треба да му се помогне.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така и Силјан коњарецот, голема радост му се сврте на голема жалост, чунки од големата радост слегувајќи на земи не стори мукает да не го окрши шишето; да што рекле стари: "зла суправа – готова штета", така му се сторило и на Силјана, дека силно паднал на земи и го удрил шишето од каменот и го окршил парче по парче и водата се разлеала по каменот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Гласот му се здебели во грлото и тој стана да си оди.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Еден опцул, повеќемина му се придружиле - по таа двоколка на триесет и шест запреги им бил запрен патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зборот му е за на рана да го врзеш, што се вели, толку многу му се слуша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Раната му се гледаше како светулка, згмечена меѓу веѓите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе спомнам и еден детаљ што ме растажува но и разнежува истовремено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Челото му се набра, а очите му светнаа гневно и решително.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Светла како бел бигор, а мека и нежна како мирис од мошус и амбра, Калија, со збор што беше певлив и пријатен, чиниш по неговите синии бесшумно се тркалаше и ги мазнеше, ги мазнеше - така му се присторуваше на нејзиниот Марко, кога ќе почнеше да ги светнува дали синиите, дали ибриците, свеќниците, дали каделниците, ѓумовите, котлите, араниите, тавите, фенерите или леѓените.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На Татко оваа идеја му се виде прифатлива и чудесна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
— А за поасот, можиш да го сопашиш ваа вечер, па одутре тамо ,ќе му се учиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Богдан чувствува како со секој ден сѐ повеќе малаксува, сѐ повеќе го губи апетитот за јадење, сѐ повеќе креветот го држи закован за себе, сѐ повеќе ја губи волјата да стане и да појде во градината; воздухот чувствува сѐ поредок му е и со мака го дише; под кожата крвта му се згрутчува како црвени кристали, како да му се замрзнува, сиросува; гледа: со животот го сврзува само уште тенка нишка што се мачи да ја одржи; го чувствува нерамномерното чукање на срцето, и во мигови кога помислува дека ќе запре, ги трие градите за да го потсили или да го сниша како часовник што подзапира.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во почетокот тоа му беше интересно, но подоцна му стануваше непријатно: му се причинуваше дека тие оживуваат, гледаат во него, го демнат од сите страни, го следат секое негово движење.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Додека се обидувам, осмиот месец од оваа година, MCMLXXX достоинствено да го започнам писмово до тебе ја откопчувам душата како елек и шаторот твој го распнувам сосема меѓу вториот и дваесеттиот век резот е доволно длабок и горешт светлината да се прекрши и одбие твојот профил да се обликува појасно макар и ништо да не не објаснува: ни империјата, ни мемоарите ни градот што го подигнав во мислата променлива - еден град повеќе во Елада, љубената ниту слободата повеќе од власта што ја сакаше и Latio не, ни кованите пекунии со ликот на Антиној, обожаваниот Humanitas Felicitas Libertas ниту твојата библиотека која се обновува лека-полека по светот ниту противниците, не ни жените не ни смртта твоја и на твоите современици и коњот не, и знакот на небото и мачката со боја на пустина, мед и сонце (според описот на Јурсенар) ни патувањата, ни пророштвата не, не, не, во право си кога се сомневаш во смртта, кога му се предаваш на Допирот-Убавината-Сласта како на Смисла зашто, поместувајќи ги границите на крвта, плотта, идејата животот пренесувајќи го од една метафора на друга го одложи толку многу што остана и за нас! ________________________
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Јадар и плеќест, неговата тркалезна глава беше обрастена со бујно навиткана коса која му се мешаше со исто така бујната брада. Усните му беа набабрени и напукнати.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Добро дојде, еј ти, - му се смееше сега на она животинче пред себе. - Та довлези внатре, не срами се.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Погледот му се задржа на блатото и трските што се простираа далеку.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ако хомофобијата понекогаш дејствува не толку да ги угнетува хомосексуалците колку што да го варди однесувањето на хетеросексуалците и да ги тера еден со друг строго да се држат во согласност со наложеното од соодветните полови и родови улоги, од страв да не заличат настрани, можеби една од општествените функции на трансфобијата е да го варди однесувањето на лезбејките и на геј- мажите и преку терор да ги натера да му се потчинат на родовиот стил што се смета за соодветен за нивните полови. ‌А, се разбира, има и многу други лоши причини, покрај трансфобијата, геј- мажите денес без многу мислење да го отфрлат аргументот на Фелоус: сексизмот, мизогинијата, женственофобијата и/или некоја готовност ним да им се угодува; мачоизмот, снобизмот, срамот, одрекувањето, рефлексниот антиесенцијализам и најразличните други облици на постоунволскиот геј- ослободителен догматизам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еве сега и градите му се свиваат и му се чини дека земјата се затвора во смртен стисок.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Затоа оттогаш на „дедо“ Сталка работата му се олесни, а приходите зголемија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се свртев и се засмеав – за нозете му се имаа припиено тесните розеви панталони, кошулата беше во најразлични бои, а над сериозното лице со брада и наочари се издигаше капа со два портокалови израстока, кои завршуваа со зелени туфни.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од покривот шеташе со очите наоколу радосен како првпат да го гледа просторот што му се откриваше, измиен од дождот и блескав како при првиот ден од создавањето на светот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но му дојдеше ли писмо од дома или од неговата саканица Царјанка, му јавија ли дека има свадба в село, ум немаше во главата; како зашеметен, како споулавен шеташе низ касарната; ниту му се јадеше, ниту го редеше на ум она што му го зборуваа на вежбите.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Поминува пол час и повеќе. Мајка му се враќа. Во торбата носи леб.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Стомакот жестоко му се преврте од мачнина и тој речиси загуби свест.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мртовчето седна во центарот на кругот; отсекаде гледаа пријатели. Одеднаш запеа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Горе, под Сина Скала не му се допаѓала на Ивана оддалеченоста од потокот. - Веројатно и осаменоста - реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но зборовите на Петар го погодија и го навредија, па уште повеќе го намрази и оттогаш избегнуваше директно да му се спротивставува или да го критикува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Бог, се разбира, можел да постапи како сака, тоа е во неговата моќ, и не знам дали заради тоа може да му се оспорува добронамерноста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вакви особености не можев да забележам кај мене секако затоа што бев зафатен со другите и премалку се контролирав, кај Димка, едноставното и глупаво момче и кај полугладниот, издрпан студент, апсен на првиот ден Велигден, кому зад грб му се потсмеваше дебелата жена на инспекторот, покриена со голема сламена шапка и слична на отровна печурка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Оваа мисла на Ивана му се свиде. Но пред да рече „Ајде“, се сепна. - А, ако удриме некого?
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Зар навистина сметаш дека постои некој кој би убил заради Сузи па ти сега сакаш да му се светиш?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Затоа ѝ беше потребно по неколкупати да му повторуваш што си рекол, ако сакаш да сфати дека му се обраќаш токму нему, а потоа ќе требаше да му објасниш која ти е намерата или што сакаш да дознаеш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Му се придружувам на твоето патешествие - ми ја испрати насмевката Денко Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сѐ му се чинеше - ибн Пајко нешто таи, се преправа, му бега некако, му се измолкнува, реди само убави зборови, а друго мисли.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Девесницата ја искриви устата, го ничкоса погледот, небаре ја гледа потстанарот, па продолжи: – Земете ја ламбава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Под носот, устата никако не му се затвори, за целото време ја држеше во полунакривена насмевка, та му се гледаа забите, за чудо бели, па и добро подредени.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дали надвор му се виде студено? Како било...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На Караман Атанас му се придружуваат уште неколку машки играчи следејќи ја индивидуалната игра негова.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Насетував како му се будеа агресивните нагони кога од централата му сугерираа како да се однесува кон жртвата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во меморандумот изготвен од Морган на 2 февруари 1943 година се нагласувало дека при изведувањето на акциите предност требало да му се даде на рудникот за хром Алатини бидејќи таа акција можела да се реализира за многу кратко време.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Таа мисла можеби го преобразува просторот и преку апории ја расветлува потврдата (не позитивна) која им предстои на секоја критика и на секој негативитет.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Едно време чукањето запира. Чако уште лае, ама лаењето му се оддалечува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дадоа молба, а Мехмед-паша пак, да му биде височината долготрајна, побара од царската милост да му се издаде света заповед за меѓите од селото Булачани во Скопската нахија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се врати човек за триесет години назад и се почувствува момче од дваесет години, толку што му се свиде свирката од зетот Крстета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја завршија вечерата и изморената снага на Чана побара сон на кој таа целосно му се предаде.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ова чувство на премин - да се биде помеѓу состојби и оттука во самиот процес - посебно е очигледно за Бојсовото исклучително чувство за површина или текстура, различните „допири“ што ги поседува материјалот -мек или тврд, флуидно мазен или рапаво груб.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гонет од професионалното љубопитство и од потребата од документ, а и од мислата, искрено да кажам, дека можеби тоа ќе му се допадне на Борко, јас самиот зедов да направам топографска карта од Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Мајка му вели: Што ќе му се толку!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оној негов дедо или дедо на дедо му се викал Парамон и, како сите од тоа време во Кукулино, бил умен и со две очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А потоа и на вечера го поканив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Но и ти не спиеш, Куно, со мака исцедил од себе одбрана. - Се обидов, не можев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Треба да се исправам... да се приберам како знам...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Што има да се подготвувам? Само ременот да си го стегнам, патерицата под мишка и ајде. Ни шинел, ни капа, ни ќебе...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сал почувствува дека низ брадата му се стркалаа четири капки сок од капини
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Непрестајно му се појавуваа слики една од друга почудни: ту го гледаше Петрович и му порачуваше да му направи шинел со некакви си стапици за крадци, коишто постојано му се привидуваа под неговиот кревет, и тој постојано ја викаше газдарицата да го извади крадецот дури и од под јорганот; ту прашуваше зошто пред него виси неговата стара риза, кога тој си има нов шинел; ту му се чинеше дека стои пред генералот сослушувајќи го соодветниот прекор, и дека постојано вели: „Извинете, ваше превосходство!“ – најпосле, дури и пцуеше, изговарајќи најстрашни зборови, така што старата газдарица дури и се крстеше, зашто никогаш не беше слушнала од него ништо слично, дотолку повеќе што овие зборови следуваа непосредно по зборот: „ваше превосходство“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На Зоки му се чини дека тој сфатил оти и овде има пријатели.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Константин З , кој го презира и Скопје и Битола, и сите градови на новите предели, за оваа касаба, лесна за техничка обработка, има поеднакво и неподелено мислење, па го гледа командантот со празен поглед, технички заблагодарувајќи му се на предварителната покана што брзо ја запрета и ја отфрли меѓу неважните податоци во свеста. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не беше сигурен, но му се причини дека му е речиси врсничка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Друг да ги изговореше, или да му се спротивставеше со поблаги зборови, сигурно ќе беше земен на одговорност, ќе му се покажеше каде му е местото, и нему и на другите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
СПИРО: Никому толку не му се прави чапрасдиван. Се надул како мисирок.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Набожно се гледал себеси во светлост на идни божествени зори и ги пцуел четворицата шутови на своето подбивно кралство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И со овој документ му се признавало правото на македонскиот народ на националната посебност, а во новата федерација Македонија имала рамноправен статус со останатите федерални единки.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
„Мене ме доведе кај тебе важно дело, дарагој Семјон“, вели тој и веќе се гледа дека однапред му се радува на учинокот на својот вовед.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако му се дозволи контакт со странци, тој ќе открие дека тоа се суштества слични на него и дека повеќето од она што му е кажано за нив е лага.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И затоа, кога се случи веќе она што му се случи никој не покажа ниту тровче сомилост.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во следниот момент веќе тој лукаво му се насмеа и си ја избриша со белото шамиче потта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во зачекореноста пред очите му се спушташе една штипкава темница и од неа ќе прснеше по еден од оние сини кругови и ќе се засучеше за да изгине пак некаде скраја од погледот, зад него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа му се доблжи и неочекувано брзо го фати за уво.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Нему му се присторе дека семејството со оваа купувачка некако стана поцелокупно што, секако, му ласкаше на неговото татковско самочувство.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Овој миг нему му се стори дека наеднаш би можел и да го изрече, сето тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Плукнал. Од жлездите му се цедел сок на лутина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Леле, ќерко, вели мајка, од кај му се собра олку лоша крв во снагата, вели и му го брише челото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Следи ја татковата мудрост! Ја следев со внимание, таа продолжуваше да ми ги кажува пораките, кои како да беа татковите: Ние сине опстанавме како семејство на кое не му се смислува историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко само се насмеа на зборовите на Камилски, испи половина од коњакот во чашката и му се обрати на Камилски: И ни треба побрза крв во дамарите. Годините брзо минат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Доволно ќе беше само да го претстави, да го бакне, да му се обеси на вратот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Самопочитуваните тревари Никола Влашки и Пандил Димулев го следеле со машки разбирања оддалечувањето на оној чија лузна преку окото веќе двапати му ја преврзувале и го жалеле неснаодливиот млад и убав Куно Бунгур на кого во манастирскиот двор му се насмевнала жената на сургунисаниот маж.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тешко би можело да се најде друг пример во светот кога народот на едната вера бара да му се подигне храм на верата од другиот народ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И така, откако му се изгуби поштивијата работевме во манастирот колку за лебот и за по едно рало опинци што ги чувавме за зимата. 18
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нивниот став беше дека, на тој начин, ќе се зголеми мобилноста на работната сила, бидејќи му се овозможува на работникот да го промени работното место за некое подобро место без да има пречки од типот на задржување на работничката книшка од работодавецот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Оти тие најмногу му се радуваат на празникот, најмногу го разубавуваат. И го паметат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Штом се најде во широкиот трем од плевната кон него се втурнаа кучињата, плеткајќи му се во нозете, лижејќи му ги рацете.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во татковата свест, додека слушаше, јагулата ја водеше неговата мисла, понираше во неговата потсвест со цел да ги помири противречностите што му се наложуваа помеѓу внатрешниот и надворешниот свет.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој пак и видел однекаде, отрчал со секирата — по врат на еден два брава, и кутнал на место. Му се загнале овчарите да го тепаат ама тој јунак, му а навртил секирата, та и еден од овчарите кутнал наместо и еве ти беља на целото село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му се држеше само на ногавицата од панталоните.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
-Ах! Добога, Клеманс! Ме слушаш ли! Крв му ебем! Ќе легнеш ли, да му се сневиди!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Некако чувствуваше дека нема образ да му се приближи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Повеќе не му се седеше. Излезе и застана надвор колебливо. Кај да се оди?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ги влечка Глигор нозете во мекиот песок и му се причинува: таму зад жолтунестите рабови на хоризонтот го очекува бистрото око на кладенецот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го олабави прстот од чкрапалото, исцрпен, се бореше за здив, му се чинеше како точно во срцето да го клоцнал коњ.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му се чинеше дека страшните мечки гребат по вратата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
На Толета му се бендисаа сите тие новини и утринта стана поразведрен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Единственствен, едноставен, незаборавен, незаменлив, формален, кога и каде и да посака, нејасен за никого и ништо, посакуван само кога ни треба, не му се знае крајот, а и не ни треба кога имаме сè кога и да посакаме.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Петиците на неговите чизми се искривија, лицето му се збрчка, сјајот на копчињата под виснатите веѓи изгасна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој веднаш го изнел своето мислење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се врати пак во спалната и седна на креветот. Му се јаде а нема што.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Беше тоа еден таков морничав страв од височините, а во соништата тој му се прикраде така, што секогаш се изнаоѓаше себе си осамен и несигурно стапнат на скелето на една толку висока градба, која ја имаше височината на сите оние недобројни зданија, создадени од него, уште од неговото детство, наредени едно врз друго, од кој наеднаш тие скелиња почнуваа да се отпетлуваат, бетонските плочи остануваа да висат над провалијата, тулите се трошни под неговите стапала и тој онаков малечок, навистина пргав, кажав, но наеднаш толку мал и страсен не можејќи да стори ништо друго против тоа, се отпушта оттука надолу, во онаа бескрајна празнина под него, која чиниш со жед го впива во себе неговото до непостоење лефтерно и ситно тело...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зимата се погоди долга и сурова. Тутунот слабо се плати. Детето му се поболи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Виде папра, алпен, сини, црвени и бели цвеќенца, базер, врчки, блостур, виолетово расцутено трње и, како што му се чинеше нему, можеби уште двапати по толку други секакви растенија што тој не би умеел да ги наброи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И ова исплазување ми дојде, онака, без причина, од ќеф!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Му се јавив на Методија од Стрелеско да го спреми тракторот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога ќе му се загледаш в лице ќе видиш дека тој располага со насмевка што може да се окарактеризира како посебна.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Барменот Шкот негодува што губат од факинг Маседониа... а јас сум премногу поспан за да му се наебам мајка мајчина!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Дали во последно време си му го видела лицето? Очите му се пропаднати.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сѐ уште се надевал извлекувајќи го јатаганот од појас: можел да стаса до својот коњ побрзо отколку гонителите до него. Многуте гласови како да го сопнувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Дури ќе бидат тука четите таинот го сакам навреме, — си ја даде наредбата кога излезе од селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Завесите пред полуотворениот прозорец затреперија, му се причини една бледа сенка минува меѓу нив и се спушта во градината.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мајка ми прекорно и налутено го погледна татко ми: - Ете ти ги твоите зборови, - му се вдаде. - Дури и Бреза ги научила од тебе!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Понекогаш одеше во трапот кај Дрвото на умрените на кое луѓето бесеа алишта од умрени после секој погреб за покус да не умре друг од куќата, одбираше од алиштата и што ќе му се допаднеше облекуваше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Од сила...“ му се смееше таа и му оставаше угризи по телото. Ѝ возвраќаше и тој.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Какво е ова туѓо чувство на кое не можам да му се спротивставам?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Публиката заспива, му рекол атлетот, тој полудел и му се подал на својот познајник лав.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Марко на предното седиште, до возачот - а тоа ќе сум јас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Можеби затоа не еднаш, и тоа последниве две години, обично ноќе, в кревет, пред да му се приближи сонот, тој ги претресуваше предностите, можностите, а и сите потешкотии што би можеле да произлезат од влегувањето во светот на привилегираните, па дури и како обичен статист, или поточно само како набљудувач.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Одеднаш почувствува како ѝ се зажари и вратот и лицето, го слушаше топотот на срцето на сите страни, приближувајќи му се на парот кој во тој момент ги здогледа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сонцето се крева, го зафаќа ридот, му се пика в очи, му блеска.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ми стана криво дека толку се прави важен, но ништо не реков, зашто и му се може: автото е голема работа. Не може секој да го има.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„А што значи смртта? Кога умираме, умираме за да му се придружиме на Господа...“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Завитка мудурот, завитка и Сефедин и со апетит тргнаа од килибаровите чибуци, длабоко замислени.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стражарот го забележа огнот од цигарата и ја зеде пушката на готовс, но знаеше дека кој чури цигара не е лош човек, та го дочека на десетина метра пред него и силно викна: — Ќим с'и сен (Кој си ти?) — Бен'м коџабаши (Јас сум кметот) — одговори Илија и му се приближи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По малку време му се врати храброста и направи неколку чекори напред, но пркосно, како да им вели: елате да ве видам што можете да ми сторите!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И секогаш, како за инает, нешто ќе му се залепеше на мундирот: или парченце сено, или некакво конче; згора на тоа, тој поседуваше особена дарба – кога оди по улица, да стигне под некој прозорец токму во мигот кога низ него се исфрлаат најразлични гадотии, и поради тоа на својата шапка секогаш ќе понесеше корки од лубеница и диња и слични глупости.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Свесен дека го бие глас на слаб или никаков педагог (сега измислија и нов збор - методичар), Гого не му се мешаше многу во учењето на синот што му беше пошол по стапалките, освен што со едното око ќе ѕирнеше во неговиот блок - да види до каде е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Имаше облечено нова мантија и ставено нова шапка; инаку носеше фетва мантија, излижана и посивена од сонцето; имаше густа брада што му се спојуваше со косата и мустаќите; му се испакнуваа само јаболкцата на образите кои оддаваа црвенило и здравотија; кога газеше, газеше со појадри чекори, при што со нозете како да ја набиваше калдрмата по патот, а мантијата му се затегаше напната во колениците и шушкаше; крстот заедно со клучовите од манастирските порти и простории, провиснати од десниот џеб, му се нишкаа при одење и ѕвецкаа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во дејствието, субјектот да се прилепи на некој симболички определувач, ненадејно да му се додели некаков „мандат” како што му ја доделиле улогата во мрежа со интерсубјективни размери (“учител”, „водач”...) суштински е некој ирационален преседан, иредуктибилен елемент на заклучокот, т.е. поделбите на симболистичкиот „мандат” никако не можеме докрај да ги втемелиме во субјектовите „реални“ сопствености, единичности и т.н., така што поделбата, во крајна инстанца, има перформативна природа - субјектот е „учител” затоа што го признаваме како учител, а не затоа што самиот во себе е „учител”...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Исто така, факт е дека иако во Договорот за работа пишуваше дека нема отказен рок, самиот судија ова го потенцираше како правен недостаток т.е. пропуст на договорот и предочи дека законски мора на работникот да му се даде отказен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Некои од нашите во делегацијата му се придружија со аплаузот, но први престанаа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го крена погледот и гледа: се накачиле децата на плевната и низ една дупка одгоре му се смеат: - Уа-а-а-а-а, јатак...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А до каде одеше самоувереноста на тамошното раководство, 181 дека никој ништо не им може, говори и податокот дека по утужувањето – кое се случи во април 2010, а пред судењето во Основниот суд Скопје II, полномошникот на „Охис“, дипломиран правник која беше таму вработена (Р. Николовска) му се обрати на најмениот адвокат од Величковски (Д. Аргакиев) со зборовите: „Па што ако тужи кога нема ништо да добие“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Опавчето му е исправено како стрелка на метроном која го менува темпото од адаџо во алегро кога ќе му се приближи на потенцијалниот сопственик.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Во следниот миг Фисот веќе беше станат и ме удираше со тупаници; по лицето, по грбот, по вратот, по слабините; паднав и тој почна да ме гази и да ме клоца; Луција врескаше, го молеше да престане, и јас слушнав како му се обраќа, интимно: „Фис, престани, те молам, престани; тој лаже, тој само се преправа дека е голем маж, те молам, Фис престани, тој ме нема допрено, јаде ќотек од гордост, Фис, тоа е сѐ!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А најважното беше тоа што Митра не беше турска посестрима, та Толе не се гнасеше од неа. Таа и таква Митра му се бендиса на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Конечно, во декември 2006, судскиот совет (во состав: м-р Љ. Неделковски – претседател, П. Попоски и С. Спасеноска – членови), носи пресуда со која ги одби сите поднесени жалби на работодавачот и на поранешните работници како неосновани, и ја потврди исправноста на првостепената пресуда, која во јануари 2007 стана правосилна и извршна.6
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
15. МУ СЕ ЗДАЛО НА ПРАСЕТО ДА ПОГЛЕДНЕ В НЕБЕ - тоа в корито, божем в колевка, на грб штом го свртат со врела вода поливајќи го за полесно да се гребе белата кожа каде што скарата шарата ќе си ја црта...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Наметнат со долга гуна, што му се спушташе до петиците, стоеше пред него Гоце и го гледаше со својот огнен поглед.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога се исправи и кога повторно погледна кон кулата, и од неа се почувствува џуџест во однос на кулата, и чудното и нејасно чувство му се искристализира во одвратност поради задачата што беше пред него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Винстон престана да липа, иако солзите сѐ уште му се слеваа од очите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Попусто е човек да му се опира на тоа што станува и што треба да стане и да ја бара чистотата на својот убав сон во средствата на остварувањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Славчо го гледаше и му се радуваше. Тој сакаше да си има таков другар, како што е палавиот Месечков зрак.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
За Силјана и напре немало работа и сега немало, при сѐ што сега му се смилила работата и куќата; арно ама требало да си ја трга џезата што го колнале татко му и мајка му.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Се позамисли малку, се позатрлка, небарем триста болви го нападнаа, ама кога си ги припомни вчерашните маки, парите му се видоа ѓубре, та со светнато лице му ја подаде раката на Арслана, небарем ја постигна цената која требаше да се даде за купениот предмет или стока: — Аирлиа нека е муабетот тогаш, мудурбеј!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откако луѓето се собраа, запалија свеќи и му се помолија на Бога секој за себе, Петре Питропот дојде на пцалтирницата и оттаму го прочита Апостолот за Свети Никола и со тоа службата заврши.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Шо м'чиш сега како пењушка? — му се врекна Тода на Крстета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ѓорче се замисли и долго ги слуша грмежите од бомбите. Му се стори дури дека го гледа и чадот од нив во гората под Добро Поле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сега да почнеме со лебот и сирењето. Арсо, со незадржливиот нагон на гладно животно, откина јадар залак. Другите веднаш му се придружуваат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Па што мислиш ти! - раскажувачот го насочуваше мракот на своите очи кон правецот од каде што идеше прашањето и долната сува уста му се грчеше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во случај среќата да му се насмее, тој планира веднаш да купи монтажна куќа, во некоја од населбите во Скопје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„ Доцнел и порано”, рече другиот, „но никогаш како сега”.  Карер го разбира тој прикриен говор во кој се чувствува стравот поради кој поразните состојби во животот му се припишуваат, општо на времето, а не на воените или на политичките околности и затоа час поскоро се враќа, како впрочем и тие, на претходниот дијалог.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Легна да спие, но веќе не му се спиеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Рацете му се потеа од замислена белина на женска кожа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Три илјади“, рече тој преку главата на Винстон, обраќајќи му се на човекот во бел мантил.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Простено ти е, Луцијо!“, рече. И потем рече дека без разлика на сѐ, сѐ уште ме сака, и дека секогаш ќе ме сака; рече дека си оди засекогаш, затоа што му се гади од сѐ и дека сака да најде мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Си го протри челото на онаа точка на која веѓите му се спојуваа, а потоа и вратот кај што го болеше, преку линијата над распараната јака на кошулата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му се загубила плавта, што се вели, крв не му тече под кожата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Помисли дека уличното осветлување сковало заговор против него; дека го следат духови на мртви животни од зоолошката градина; дека тоа што му се случува е добра фабула за басна... секакви будалаштини помисли М
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Николче му се закани: - Ќе видиш ти кој е кокошкар! – и навреден почна да се разоружува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Имаше празнина во тоа негово создавање ликот на девојчето, па ќе му се обрнеше на Денко со некое заобиколно прашање, сѐ со цел да дознае нешто повеќе за изгледот на Елена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во вторникот утрото неочекувано Србин му се сврте на Шишмана.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
— Евет, валиефенди (Разбирам господин валија) — одговори кајмакамот на оваа порака и зачека да му се јави мариовката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И така, страсниот човеков порив да најде соодветна форма за надворешно изразување на чувствата – форма што би одговарала на тие чувства и што би била сосема сразмерна со нивната величина и со нивниот интензитет – е целосно заблуден, деструктивен и предосуден на пропаст.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оценувањето на надлежноста се врши врз основа на наводите во тужбата и врз основа на фактите што му се познати на судот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Му се стори дека го слушна и лаењето на дедо Ивановите кучиња, но не беше убеден во тоа, зашто колибата на старецот беше далеку и само во најмирните, ведри зимски ноќи лаењето на кучињата можеше да се слушне и долу, во Гогов Валог.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не ја сфатив сосема причината но во еден момент таа му се обрати на сениорот Џорџ: - Ти имам речено и пак ќе ти речам: човеков е виновникот што тебе те избрав за сопруг. – Знам, знам – грлено се смееше сениорот Џорџ. – Зарем ти немам речено дека Македонија е богата со умот, многу богата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Значи, еден Македонец од Источна или од Северна, или Јужна или Западна Македонија нема право да се противи да биде избрано централното македонско наречје за литературен јазик само затоа што не му се чинело убаво.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Кога се женев, ми купи појас и опинци. Со свој овен и со свое вино ги дочести моите гости. Сега како ќе му се оддолжам?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На Арса му е тешко. Светлината од ламбичката му се мати пред очите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сепак неколку жени го зграпчиле за мантијата и го напикале во тесна плевна заканувајќи му се дека со стапови ќе го испратат гол и со врзани раце до под самиот Црн Врв ако не престане да ги менува среќните мигови на свадбеното расположение. Не се шегувале, усните заканувачки им се кривеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа се навреди. Ги стисна забите и му се обрати на Мите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И во овие мисли му се наложуваше патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Слушај, - додаде тој брзо, се спушти пак и му се внесе дури в лице.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Како ќе живеат'“ ќе живеат како досега, шо има ние да му го бериме гајлето? — му се врекна Митра и уште повеќе се прицна до него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите сфатија дека зборува за вчерашната битка и никој не се обиде да му се вмеша во зборот, ами слушаат: - Од осакатените борови ко солза тече смола и од лисје лепи венци и ветерот ги постелува врз земјата што гори...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Прислужникот стоеше и се смешкаше на прагот како да не му се сакаше да си појде. Арсо за првпат го гледа ваков.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јас го реков тоа, или ти му се обрати токму со овие зборови на оној силен состав од умни партијски глави на состанокот што беше свикан со една единствена цел јавно да бидам кастриран?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но другите денови таа беше тука и тој беше тука за неа, се држеа за раце и шетаа околу квартот, или се возеа, додека на Мама косата ѝ се вееше како на девојче, и таа ги исклучуваше сите механички направи во кујната и му печеше неверојатни колачи и пити и медени слатки, длабоко загледувајќи му се в лице, со вистинска насмевка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Решаваше да му се исповеда на Кулета, којшто беше четири пет години постар од него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Врз основа на изнесените докази, Основниот суд – Куманово, преку судијката-поединец (С. Манев), во октомври 2010, пресудува повторно во корист на работникот Б. Н. – по што нему треба да му се исплати сума од: а) 15.941 МКД како разлика на надомест за исхрана (за единаесетмесечниот период од април 2008 до февруари 2009); и б) 10.963 МКД како разлика на име додаток на плата за извршување полициски работи (за единаесетмесечниот период од октомври 2007 до август 2008).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Човечкиот ум На Еразмо за миг му се пристори дека го слуша рикањето на бикот Чако.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Си велам: „Готово е! така ти е! Тоа е катастрофа, џанам!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Влегуваат во кафеаната на Јандро, ги запоседнуваат сите маси и столови, се точи, се пие, нарачува Лоте за секого, клокоти и одѕвива кафеаната од песни, од свирки, напнува од викот просторот внатре и, се чини, секој миг ќе пукне како меур; им наздравува Лоте на сите, му наздравуваат тие нему; станува, и мавта со рацете на музиката, и дава знак кај треба посилно, а кај треба потивко да свири, го следат свирачите под такт, го следат луѓето: му се пулат в очи, в уста и ги сливаат гласовите како речни брзаци во една заеничка утока, во една единствена мелодија што се шири полека, плавно.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Но нему тоа име му се допаѓа.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш на игуменијата ѝ се причинило дека и од очите на тој Онисифор Мечкојад никнуваат влакненца, се кадрат и се замрсуваат, и дека е тој сиот едно големо клопче козина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со ова, практично се допушти, пред сѐ од страна на државните органи, морално недопустливо, да се утврдуваат паузи при работа со странки, што е редок компаративен случај – бидејќи не е целисходно вработените во државната администрација да одат на пауза „сите заедно“, туку така што барем еден од нив ќе остане да работи на шалтер или во отворена канцеларија за прием на граѓани, а своето право на пауза ќе го оствари порано или, пак, подоцна од другите свои колеги; б) симптоматично е тоа што со новиот ЗРО (2005) се избриша експлицитната превентивна одредба, којашто предвидуваше дека работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати (чл. 51, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но нему му се допаѓаа убавите цветчиња и ја остави.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
СЛИКА: БАБА МУ ДЕПА Баба му Депа и дедо му Аврам се слагаа во сѐ: како грнче и поклопче; како оган и мраз: тој пали, таа гаси; ако тој нешто ѝ подвикнеше или ја потскараше, таа само ќе му се насмевнеше и ќе го разоружаше; а понекогаш му препушташе да биде по негово.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ете и самиот наш претседател никогаш не ги демантира новинарите кога му се обраќаат: „Вие сте, господине претседателе, доктор на науки, историчар, книжевник...“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Најпосле, само тој ли ќе јаде? Ѝ рекол дека очите му се покриени со пајажина на старост, дека не ќе види кај свршува кожата и кај почнува месото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ондека, е, вели, на ѕидон, само главата му се гледа. Друго не му се гледа, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како бубачки што светкаат или како лебарки што и ноќе ги гледаш како протрчуваат по собата Му се пожалив: „Тате“, реков, „посакувам проклетине труби засекогаш да замолкнат“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Александар во двете години што работеше во секретаријатот, не можеше да му се изначуди на неговото ревносоно работење.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Убавиот лик не го следеше тој со вртење глава, а го проследуваше, се така загледан в земи, внатре во себе, дури не му се сталожи како неусетна издишка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И пак и одново му се присторува дека некој таинствен глас на разумот, совеста и осудата допира до него некаде од срцевината на дебелите и многувековни дабови што растат на оброчиштето одспротива и го прашува: ЗОШТО!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
— Сѐ под нож, море, ова да се кладе! Семе да не остане од овој писмилет! — му се испушти од грлото, а брадата и косата му се наежија и засугравија од гнев.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Лежеше мирно и неподвижно и едно време на Мечета му се стори дека заспал.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тогаш на Арсо му препиша да ја изедува храната што му се доделуваше секој ден - некоја сивкава посна чорба и пченкарен леб сличен на добро препечена цигла.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој, спружен во еден прост дрвен ковчег, а врз главата му се извива влашката тажаленка на мајка му.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Коса има, а главата не му се гледа... Нејсе...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нешто му се накрева оздола, откај петиците и го кине во градите, во грлото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
СЛИКА: ДЕДО МУ АВРАМ Ковчесто лице со испакнати јаболкца, изразито четвртаста вилица, поврзана со горната со еластични мускули, чиниш како отпосле да е додадена, така што при џваќањето му се спушта подолу од вообичаено, но тоа не се забележува од густата брада; забите прошарани со по некој златен заб, како што ги топел прстените и ги преселувал на нив; со нив прегризува сѐ што ќе му притреба: нокт, конец, или да отреши јазол; кога луѓето ќе му заблазнеа на златниот блесок на забите, ќе им речеше: „Кога по смртта ништо не ќе остане од мене, по нив ќе ме препознаете...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сите пори му се отворија, испаруваа кон неа и очекуваа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Само за градите му се залепи тешка воздишка и никако не може да ја откине. Како сува кашлица.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога го виделе тоа царовите, рекле оти господ сака каурите да ја загубат царштината и да му се потчинат на Турчинот. Така Турците ни го презеле царството.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Му се чинеше не само дека неговото тело е омекнато како желатин, туку дека е и провидно како желатин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И ноздрите му се шират, фрчат и го шмркаат воздухот, го одбираат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога се правевме дека таа се загледала низ прозорецот надвор, а јас преку главите на патиниците на задниот крај на автобусот додека јас ѝ го подместував и таа му се подместуваше со помошта на движењата што ни ги овозможуваше клацкањето и нерамномерното одење и подзастанување на автобусот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Ајде боже, поможи", ми рече тој, тргна од пагурчето и го пробуцка лулето што беше се угасило дури го слушаше Ристета, па му вели: — А бре, така си е, Ристе сето шо го велиш, токо кога ќе заслепее човек, нишчо не му се гледа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како оловен ѕвон му се вратија зборовите: ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„А, и сигналот овде е каде, каде, подобар на телевизорот, и тоа со обична антена, нели Гого?“, му се радуваше Кизо на приемот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сопственикот на немирните раце лежи ничкум, неговата небричена брада втонува во ископаната земја и усните ја допираат нејзината студенина и мирис на нешто гнило му се вовлекува во дробовите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Цане многу нешто сака, но од сѐ најмногу му се допаѓа оној автобус што често стои на автобуската станица, пред киното.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ги почувствува дамарите во грлото. Слепоочниците му се оросија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Силјан ги слушал тие зборови од жената си и срцето му се корнеше, од жал што му идеше; арно ама канонот, што бил даден треќата вечер, требало да го трга.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Само оџакот на колибата стрчеше црн, висок, како да му се противставуваше на тоа семоќно белило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Слушај, Веле, - му се внесе во лицето, - кажи му утре на Трајана...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Матвеј Николаевич стоеше бос, наведнат над заспаната ќерка; неговото лице беше вкочането сосема блиску до градите на Наташа; на Вадим му се причини дека тој мошне смрдливо и чкрипаво мласка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Го почитуваше, се сметаше за негов должник од времето на својата свадба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ете и него ќе ми го продаде Адем" — си помисли Јован во себе, и кога го кладе филџанот на дизгот му се опули право в очи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„При царцката живот и сила немало кој да кренит рака на мене", а вие спремате и на самиот падишах да кревате рака; Мижи Асан — да ти бајам, правите вие работа, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Туку ќе му се смалат очите, ќе застенка и ќе падне, ќе си го голтне јазикот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа централност и таа ексцентричност можат само да допринесат за неговата налудничава пропаст, која на њујоршката „сцена“ естетски се транскрибира низ лудирање, низ жестокиот експресионизам, но која целиот град колективно ја негува низ техничката френетичност кон вертикалноста, низ забрзувањето на баналноста, во живоста на среќните или бедните лица, во дрскоста во која човечкото му се жртвува на едно чисто циркулирање. 66 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На почетокот си мислеше дали да го слуша Болеро, но реши дека тоа е веројатно големо клише за Французинката и дека - иако нему страшно му се допаѓаше - не треба да го пушта.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Вардеше само да може да го погоди оној миг, кога тоа прегладнето копиле ќе се обиде да му се приближи; важно беше да не му допушти да му се приближи така, за да може да го дрпне одзади со онаа своја шилеста муцка, друго ништо не можеше да биде важно таму назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во стравот и паниката магарето тргна уште посилно на оглавот да се ослободи, но тоа беше кобно: уште повеќе се стегна и почна полека мевот да му се надува, да му се полни со вода, да му расте, и по малку пливна над водата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Се здечкавте, а? - му се обрати Денко на Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
ВАЈ! - „Вај!“, му се жалел Анжеј Вајда на некој вајар: „не знам да јавам!“ „Е па, тогаш никакво фајде од тебе!“, му рекол вајарот на А. Вајда. (Оскар Вајлд си седел на страна и се смеел)
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој седеше дома и поради терапијата постојано му се спиеше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кој смееше да му се спротивстави.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во душата му се разлеваше чудна топлина и милина.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Логотетот се насмеа гласно, а тоа смеење му се зариваше на отец Стефан во срцето; жилата му скокаше на вратот и во еден миг помислив дека можеби ќе пукне и ќе почне да прска крв на сите страни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На хебрејскиот му се дава големо значење во животот на еврејската општина на Салоника”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
О, вие минувачи! Симнете му капа на дрвово и поклонете му се!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
И, најпосле, така подготвена, со својата бунда која одамна не ја беше облекла, уште од денот кога скришум ја носеше во малото сопче на киното во кое, еден период, беше продавачка на билети, во времето кога на семејството му се закануваше глад.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сонцето беше далеку од својот конак; подалеку од неговата секојдневна врвица бело блескаше месечината слична на парче валчест мраз.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жанко одма се упати кон Серовски и на сиот глас почна да му се дере: - Серовски копанче едно америчко.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„Понекогаш“, рече таа, „ тие те третираат со нешто... нешто на што не можеш да му се противставиш, нешто на што дури не можеш ни да мислиш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Што е за право ниту еден сонувач Нема да рече многу ми е гајле за иднината на сонувањето Не што нема да рече многу ми е гајле Ами ќе ја обнови и ќе ја поткрепи идејата За воведување светска сонувачка штафета Сега не мора таа да му се врачува на Врховниот сонувач Баш на 25 мај И не мора сосе штафетата да има и слет на стадионот на ЈНА Постарите сонувачи паметат и такви штафети и слетови Со кои некои неиспилени на несонувано тераат мајтап
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И тргна Димче Волшебникот да ужива по улиците, да ги казнува оние што не му се допаѓаат и не му ги исполнуваат желбите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога старецот го читаше писмото, коските му се тресеа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сега беше среќен со тоа што е толку добро сместен, а тука беше и неговата долга пушка, чии што метални делови му се впиваа врашки во јаболкцата од неговите прсти, но со која што тој можеше од своето место да ракува многу добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се напи вода, иако не му се пиеше и кога ја накрена лејката, му падна в очи големата плоча над кладенец.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во новово време се згоди во едно претпријатие да одработам цели десет години ама правилата на животот се сменија и веќе одамна никому не му се подарува никаков часовник што секако е една од причините некои луѓе сѐ повеќе да се чувствуваат изгубени во времето а нивните души да скапуваат во контејнерите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Само нека ме гибне по таа работа, лебами, ич нема да му се, плаша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Прашањево пак ги заплаши и пак писнаа во еден глас. – Co плачење ништо не бидува, туку ајде да му се молиме да нѐ пуштат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но тоа човече измесено од смола, влакна и болежлива пакост на вечно понижено суштество, сѐ уште покажуваше кон домаќинот додека по трепетливата вилица му се цедеа крвави лиги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му се бендиса на војводата Ќосото и стално со него го води.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не беа парите мотивот што го гонеше, дури и да му се нудеа, не ги земаше, зашто со тоа би им дал друг потход на своите идеи, би ги урнал на друго рамниште.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Реши да го посети дедо Иван. „Доцна е малку“ - си мислеше момчето, но не сакаше да му се потчини на лесниот страв што го обземаше додека сам чекореше по угорницата, низ темната корија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зоки Поки ги избриша солзите и му се фрли во прегратка на стрико си.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Читав: „Следната ноќ Мигуел лежеше без сон во својата постела; му се пристори како да слушнал нешто.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Оној што предложил да се вратат, да му се покорат на претскажувањето, можел од помладите да биде закопан со мртвиот: сам нека се врати, со ластегарка ќе му помогнат да побрза.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се исправив кога површината на реката се ослободи од жолтите и црвеникавите дамки и, бришејќи ги со влажното теме ѕвездите од чад и замагленост, му се вратив на градот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На секој од нас знаеше што ќе му се случи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Жими верата ти велам, со животот требаше да ми платиш, па сега како знаеш одборчувај му се на Дика...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
— Каде ќе оди аскерот од Мелница? — праша Толе. — Ами, којзнае!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И додека му се случуваше тоа, пропаѓањето во живиот песок, и тоа, изгубеното око во боевите, му плачеше, од под црната преврска прудолу по лицето се тркалаа крупни солзи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ти сакаш тоа да му се случи на оној другиот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Идејата што на Едо писателот му падна на памет при средбата со својот истоименик, не само што му се допаѓаше туку го правеше и нестрплив што поскоро да ја оствари.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беше навикната да ги проценува луѓето според нивните лица и ѝ изгледаше природно тоа што Винстон мислеше дека на О'Брајан може да му се верува само врз основа на една средба на нивните погледи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повторно му се вратила сликата од фронтот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- А не може ли со овој? -праша едно од момчињата кое седи настрана и на кое досега за првпат му се слушна гласот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Добар начин на човек да му се посака добре дојде во неговиот скромен дом, си помисли.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Рано изутрината тој се упати кај началникот; но му беше кажано дека спие; тој дојде во десет – пак му беше кажано: спие; тој дојде во единаесет часот – му беше кажано: па началникот не е дома; дојде за време на ручекот – но писарите во претсобјето никако не сакаа да го пуштат и на секој начин сакаа да дознаат каква е таа работа и која потреба го довела и што му се случило.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На работ на клепките му се собирал мраз. Тоа биле мигови во кои и омразата испарувала од неговите мускули.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Убаво ќе беше ако и на туризмот му се дадеше поодредено место, зашто овде, во Белгија и во соседна Франција, постои големо интересирање за летување на нашиот Јадран.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Да му се врати шапката на дедото!“ - помисли веднаш потоа, но ни шапката на дедото не се врати.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Се доискашла вриејќи од лутина што му се смеат и со оврлени очи им свика на децата: Што се клештите?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Полека, лебати, во колку не сакаш да останеме без душеме, - му се смееше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Современата уметност ја нема катарзичната улога поради едноставна причина што современите уметници не прифаќаат дека постојат „нормални” наспроти ненормални човечки услови; дека постои некој општ морален закон кому можете да му се вратите од абнормалноста.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Го трие по косата, пената му се спушта по лицето и го чеша, тој сепак гледа во нејзините мрзливи, сочни усни како му се наближуваат, за да бидат заменети со влажните кадри, со кои се поигрува, наизменично издвојувајќи ги, наизменично привлекувајќи ја целата глава.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Попот го почеша грбот од ѕидот и се стега да проговори, божем не му се проговара.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Двајца сме, за сто души вредиме. Крени ја главата Пупи Паф, и во чекор следи ме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кутричкиот, сигурно исчекува, слушајќи ја грмотевицата, да му се појави во куќата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Неказнето по серпентините! Зарем не рече така? - му се обратив на Б . С . - Да, ми се чини реков. Но не мораш да ме цитираш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Му се обесив да го тргнам за да се истави од пред мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ги менуваат имињата на луѓето и на местата, на својот јазик не смееш и да се расплачеш, мртвите да ги испратиш, ако зборот му се украде на јазикот, јазикот може да биде и пресечен и откорнат, мајките им ги затнуваат устите на децата, со раце им ги затвораат, ги задушуваат; од Јужна Грција се сите служби: и учители и попови и полиција, сите ни кажуваат што треба да работиме и колку треба да работиме, но никој не ни кажува како треба да живееме, ама кога ќе победи нашата партија, ќе нема човек на човека роб, ние слободно ќе зборуваме и на својот јазик ќе учиме...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но момчето не ги слушало веќе зашто во кафезот на неговите млади ребра срцето му трепетело како штотуку разбудена птица; не зашто умниот песнопоец Богдан Преслапец или најстариот со гајда Каменчо Скитник не можеле да објаснат дека битието се обврзува да му служи на духот што низ векови бил тајна и копнеел по тајни како кога се пеело ој ти тебе ѕвездо вечернице, уште мене јунак не познаваш и не зашто мирисот на смртта го урнал на коленици сневеселениот Богоја Гулабарин: зад нив, меѓу карпи и мртви или полумртви стебла, стоела како фатена во нишки на магија немата девојка Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас го фаќам за уши, шлибнувам нагоре и му се одзатнува душникот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш знаеше, само навечер, кога свеста ќе му се замрачеше од селската црешова ракија, дека ќе стане она што мора да стане.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Каков бенд е ова всушност? Не ми е гајле.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кожата му се наежи, како кога некое другарче како дел од детската игра ќе почнеше да стружи стрипор од ќошот на бетонскиот ѕид на зградата каде што живееше.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тој ѝ здодеваше на рајата и бараше млади девојки да му се праќаат во шаторот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Уште се тегави, не му се станува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Цело време Еда го стегаше нешто околу срцето, беше тажен, му се плачеше и – не му се работеше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Имаше пред себе сѐ, што му беше потребно; имаше едно одлично време, што му носеше многу, премногу вода, а тука беше и таа здивена машинерија, која беше готова да му се потчини и на најмалото движење на неговиот мал прст.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа ја фрли кафеавата торба за алатки на подот и му се фрли во прегратка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лисјата на големиот орев ситно затреперија од порекот, а меѓу нив една женска глава како да слегуваше пониско и пониско, така што му се стори дека дојде до врвот на оревот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прилегаше на пенушка од некое исечено дрво, а на сите страни му се простираа пипалки како корења.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се исправив кога површината на реката се ослободи од жолтите и црвеникавите дамки и, бришејќи ги со влажното теме ѕвездите од чад и замагленост, му се вратив на градот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Арно ама, едно мисли Митра, друго мисли Доста: „Браче Трајка го трна од Митра. Сега треба неа да а одалеча од него да не го соблазнуа, та еден ден да му се накриви самарот, да помини во нејзин табур.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кожата му е бела, му се изѕира, ко излитена кошула. Нема капка крв под неа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури и стручњаците сакаа да разговараат со него, го сметаа за иницијатор, за интелигентен, за исклучително симпатичен, сѐ додека не ги отрезнеше шокот по неговата операција за олеснување на ќесето, зашто тој не пустошеше само кај роднините, туку своите подмолни замки ги поставуваше секаде каде што му се чинеше дека ќе има полза од тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од косматите гради му се креваше пареа. Секој дел од телото му беше напрегнат и потреперуваше од силна возбуда.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Исто така, се зборувало дека Јапонците знаат како да ги воскреснуваат мртвите со помош на бисери, но и тоа, изгледа, беше една од измислиците на Марко Поло.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пред очите му се провлече мрак, засветкаа неброени ѕвезди, како во најѕвездената јулска ноќ, а потоа исчезна сѐ...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Залудно, оти мислата му се разбистри дури сега, овде, во снегов, во студов, во самотијата на чекорот, во студениот метал на оружјето, далеку од хаотичната пропаганда која го пополни просторот на непостојната заедничка национална идеологија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Погледот му се врати повторно врз хартијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Шанкерот брише чаша и како да не го слуша.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Тој многу пати велеше: кој оди од кол на кол, колот...... ќе му се пикне.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Уште многу нови загатки му се отворија оваа вечер.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Му ја наполнив чашата. Се тргна; згрчените мускули на челото му се измазнија.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„И цвеќа за под пазуви”, рече Калија растреперено, обесувајќи му се на мишката од Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
6.  Глоба во износ од 15.000 ЕУР во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на работодавач- правно лице; а на директорот, односно друго одговорно лице кај работодавачот ќе му се изрече глоба од 7.000 ЕУР – ако откажувањето на договорот за вработување е извршено спротивно на овој закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа едно, а друго сите кои чуле оти Лазор му се фалел на Хаџи Ташку дека и нему ќе му биде испеана песната, како што тој му ја испеа на стрика Анѓела, а и некои кои нѐ пизмат нас, можат да го отепаат на наш синор, или таков, отепан, да го фрлат кај нас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со почит му се поклони на пашата и му го даде прстенот. Овој со поглед ѝ заблагодари.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во молк го ислушав раскажувањето на сега осумдесетгодишната и некогашна партизанка на ДАГ, која неочекувано, со горчина во гласот, ме праша: - Како ли да го наречеме тоа време на кое често му се навраќаме во нашите спомени?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И ете откаде Карабоја и коли, и продава, и на есен му се намножил булукот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го гледам: не е да му се лутиш. А и не можеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги пикна во дисаѓите, му се очекори на коњот и си замина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури тогаш сфати колку е осамен во тој прекрасен, луд и неразбирлив град, во кој никогаш веќе нема да биде среќен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тешко му беше, нозете одвај го носеа. Пред очите му се плетеа мрежи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Умен е и мил! - рече Денко, откако се увери дека од кучето не му се заканува опасност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој дури помислуваше да се спакува и да си бега дома, но после му се виде дека баш тоа може да стане особено сомнително, да го открие како човек што си ја има мувата на капата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Авторот сега можеше да распозне дека она што му се чинеше бучава на бренер всушност е утринскиот рок-концерт на автомобилските мотори.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога некој некому ќе му гибне во крстот и во зборот негов со кој тој на Бога му се моли и мили, тогаш удира камбаната и народот го крева знамето со крстот на помош да си го брани и чува своето и на својот брат.“
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Замислете го тој добродетел ако бара признание, ако бара за неговата крв сите што ја добиле да му се оддолжат! Тоа веќе не би било добродетелство.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Оттогаш Луман постојано преку Бошка порачуваше што да му се носи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Акакиј Акакиевич навреме ја беше почувствувал задолжителната бојазливост, малку се збуни и, како што можеше, колку што му дозволуваше слободата на јазикот, разјасни, со уште почесто додавање на зборчето „онака“ отколку другипати, дека шинелот бил сосема нов, и дека сега е ограбен на најнечовечен начин, и дека му се обраќа нему, за да се заложи на некој начин онака, да му напише на господинот полициски врховен началник или на некој друг и да го пронајде шинелот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сојузот помеѓу едно домашно животно кој трае веќе миленуми и на човекот природно му се наложува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И не само мислење, нудеше сослушување, совети, рамо за плачење, пречекуваше, испраќаше клиенти, тешејќи ги дека сѐ ќе биде во ред, дека нема да биде залудно нивното барање што го доставиле, дека ќе се случи чудо и дека токму ним ќе им биде помогнато, дека не смеат да изгубат надеж во институциите на системот, дека тој искрено верува ... иако сѐ што му се плеткаше во главата, во моментите кога ги кажуваше овие сказни од земјата на заблудата, беше едно здушено „ееххх, кутри луѓе, штом животот не ви помогнал до сега ... но којзнае...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Златко мислеше дека човекот му се потсмева.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А магарето колку може да згази, кога копитата му се ко излижани стопариња. Ама ќе се мачиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја допира со раката, ја пофаќа, како да си го допира татка си; му се рони, му остануваат ронатинки од молци што ја издупиле оставајќи ѝ рани.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Водата на Пребег лете има примамлив глас, незадржлив. Тешко да му се отмеш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Замислено гледаше во пејсажот, копнеејќи по некоја глетка - изненадување: змеј што блуе оган во низок лет над нивите, пуфкајќи чад и притоа испишувајќи го на небото нејзиното име, или автостопер вонземјанин, со антени и влажни стаклени очи што на чист македонски бара превоз до најблиската бензинска пумпа, не заради горивото туку затоа што му се пријале Квики-гриц.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Скопскиот беглер-бег беше и паша – командант на скопскиот гарнизон, та нареди, еден табур од двеста души платена редовна војска да тргне во оваа експедиција, а во Кавадарци го пречекаа и му се придружија тиквешките бегови на чело со Јашар-бег со петстотини свои луѓе и уште толку башибозук, собран по целата Тиквешија за пљачка по Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој седеше сосем исправен во својот стол, додека неговите моќни гради се издигаа и потреперуваа како да му се противставуваат на удар на бран.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На прозорецот удираше студениот северен ветер, а над Јонија лееше еден од тешките зимски дождови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Погледнува: тоа не е Лила. Тоа е некое девојче што никако не личи на неа. Раката сама му се спушта долу.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Арсо малаксано се опушташе на леглото, а му се чинеше дека тоне во задушлива празнина и врз лицето му се дипли сребреникава пајажина која му пречи да дише...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му се внесува в лице.) И за сева оваа работа - ни збор. Никому. Проговори ли...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ама, сепак, оваа варијанта му се виде потешко изводлива.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа му доаѓа како да клекнал на коленици и така му се моли на Алаха“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ги поткревам панталоните, ременот и излегувам. Му се претставувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кузман почна да се пресвиткува, темето скоро му се состави со грбот, шашливите очи набабруваа кон небото.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Тоа е мојата касела, - му се пофали девојката на Пискулиева.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сакаше да прашува уште и за учењето и за Елена, ама му се стори дека Денко одговара некако без волја, па само одмавна со раката, си промрморе под носот „Да видиш и да не веруваш“, - па замавна со копачот во земјата пред себе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мечката, пуштена, полека се исправила. Стоела така некое време, како да се навикнувала да биде пак исправена, а после се свртела кон него и му се доближила.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Поради тоа веќе не навалуваше на нејзините гради, бирајќи помирни места, околу бутините или слабините.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Му се чинеше дека поминало многу време од оној разговор со Глигор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Да не подранив малку?“, го слушна својот глас, и самиот изненаден од сервилноста со која му се обрати и тоа на вратарот кој наеднаш се најде пред него.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И нозете му се истанчија, му се затресоа и го испуштија човекот одозгора.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од таа напара не го права сега тоа напарки — попреку нарилник — специјална направа која му се тура на добитокот на устата да не направи штета кога работи со него човек насадам — нафрлам снопје на гумното.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прво ги снема сите подвижни и неподвижни фигури што во текот на ноќта му се причинуваа и виде дека ридот под нив е гол сѐ до подножјето каде што почнуваа лозјата и бавчите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Најпрвин на зачудениот Али-бег му го споменал своето пријателство со мулазимот на градот, потоа им се заканил на неговите слуги кога разбрал дека преку ноќ урнале недоградена воденица на селаните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ѕвездите станаа посветли, штурците погласни кога го испратија него и неговите визии: спокојните и сонливи жители на Нојовиот ковчег без страв минуваат крај неговата празна соба, Мануш и Јанкуло му се враќаат покајнички на заборавениот бог Мирон, тој - стои на сред ринг и бесмислено се клешти кон публиката.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа му се гледаше на лицето. О'Брајан знаеше сѐ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја витка цигарата, ама несигурно. Рацете му се тресат. Тутунот му игра на книжето, меѓу прстите и му се подистура.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа му се прикова во умот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога таа ноќ ги испратија во извидница, додека еден зад друг чекореа низ шумата, му се чинеше дека студи толку многу што прстите и преку ракавиците му се залепиле за студената цевка на пушката.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога слушна Илко оти Доста рече „да се соблеча за легнување", срцето му се разигра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)