Усните безгласно му шепотат милосни зборови, за кои ни самиот не знаеше дека ги таи.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Жената од АФЖ-ето се наведна до оној што седеше од нејзината десна страна и на уво му шепотеше: - Оној, што многу опитва, имај го на око.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се потпре на неговото рамо и почна да му шепоти, покажувајќи со главата кон вратата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И татко му, прекрасниот вљубеник во Платона, избезумено пред смртната постела му шепотеше, чешајќи се по косата како да истребува вошки: „Ги гледаш ли портокаливе. Мајка ти ги донесе.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
По операцијата, кога се освести во собата и кога ја виде Марија над себе каде што му го брише оросеното чело и му шепоти: ”Ете бидна...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И му шепоти нешто на уво. Му вели: - Знаеш, детето што ти умре од ехинококту умре.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Кога ќе заминеше, додека лежеше сам во затемнетата соба, си замислуваше дека ја слуша како се смее, како пее, како му шепоти нејзиниот глас, течен и леплив како мед.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Сега веќе не се ни сеќаваше кога почна да ја изневерува, барајќи ја кај другите единствено топлината што таа не можеше или не сакаше да му ја даде.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Срамота е! - му шепоти Малинка и гледа дали чичкото ги слуша.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Ана го дочекува во спалната, во креветот. – Сонував дека се борам за тебе – му шепоти, додека тој силно ја бакнува по бледото лице.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Сега на сон зема часови по летање и букви му шепотат нова азбука: пет букви научи момче! стани петкрилна птица, цвеќенце - детенце петлисно! пет крила порасни си! (зар ќе те казни некој за тоа?!) секое крило - различна боја.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Митре го пофаќа Колета и му шепоти: - Кој ли го наговорил?
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Некои, пак, со пријателска и строга доверливост му шепотеа на кметот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Долго во ноќта, Мајка, дури и низ молкот, му шепотеше на огледалото.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Срамота е! - му шепоти Малинка и гледа дали чичкото ги слуша.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Ајде, пред мене, му шепотам, и молчи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)