му (зам.) - чкрта (гл.)

И Богдан вслушнувајќи се инстиктивно во ветките што му чкртаат над главата, помислува дека тие ја имитираат исчезнатата птица.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Му чкрта дишењето на човекот, слушам како му чкрта дишењето, мислиш неподмачкана кола. И остана така подзинат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Коските му чкртаа. Над неговата глава студено блескаа ѕвезди.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јордан Шоп го распрета огнот и стави врз жарот располовена тиква - оскрбен е, му горчи душата, ќе се засладува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)