му (зам.) - успее (гл.)

На обајцата им зоврело. На десно и на лево. Што не е лошо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Не, ова е далеку пострашно. Овој може целиот град да го претвори во една огромна зоолошка градина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дики: Како тоа ќе му успее?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На Лајбах му успеа уште еден, монументален екцес.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ова може да да биде сторено бидејќи на овој автор му успеа по­силно и потрајно отколку било кој друг за мене познат балкански автор, на зборот и на поимот балканско да му даде нова димензија во свеста на другите европски народи и култури...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа му се потврди кон почетокот на 1941-та кога уште еднаш, овој пат, сосем лесно, му успеа да издејствува потпишување договор за уште еден мандат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потоа, на 9 април 1941 Германците го окупираа Солун. И сѐ се смени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Последните два пати не му успеа, остана некаде при дното на табелата, во долниот дом, како што се вели на смеа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Иако немаше ветер пламенчето трепереше. Го гледавме со позинати усти.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Зинати, небаре не виделе пушач. Учете! Еве, вака: да си маж, вистински маж...“ се обиде да испувка тркалца, ама не му успеа. „Татко ми може“, рече Ташко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Љупчо вовлече чад, потоа полека пувкаше гледајќи нѐ подзамижано.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Одамна, уште пред да му успее ова последно киднапирање, “Рафал” се беше прославил со многубројни престапи.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Некако тоа не му успеа, додека нејзината рака се крена и го допре по зглобот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
При излегувањето од колибата Бојан направи усилба да се заниша на гредата во тремот, но не му успеа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За тоа време, пак, додека чекаше да види што ќе сторат сега Турците, старецот загрижено се прашуваше дали му успеа планот, дали успеа да ги смилостиви со тоа што ги дочека со добре дојдовте, со леб и сол, и потем, оти тие не нападнале првин таму, на Имотот, кога веќе тој прв им се испречуваше на патот, туку дојавале овдека, во Дупка?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вклучувањето на членови од околината, на индивидуи кои историски учествувале во формирањето и во дистрибуцијата на доминантната нарација од животот на индивидуата може да биде од голема помош.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На пример, останатите членови од семејството можат значително и автентично да учествуваат во овие алтернативни нивоа на акција: • Што мислите, како им успеа на вашите родители да делуваат заедно соочувајќи се со оваа криза? • Можете ли да посведочите за нешто што Хари неодамна го правел, а што може да објасни како му успеа да го преземе овој чекор? • Што направи Сара за да го постигне овој успех?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Оној којшто еднаш ќе ги раздува сите тие моќници со кои сталежот мавта како врачевите со своите фетиши - неговите големи писатели, неговата Џоконда, неговите столови Луј XV, неговата убава граматика, неговиот изумрен стерилен јазик, целото негово купиште конзервирани мртовечки коски коишто ги потстава како уметност и култура - оној кому што ќе му успее да му дојде од газот до главата дека вистинската жива уметност, единствена, и вистинското инвентивно творештво се на негова страна, а не маскарадите под покровителство на министерствата, тој ќе го потисне алчниот сталеж.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но, можете да сметате на тоа дека алчниот сталеж ќе се брани.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Своето здивено срнче го пронајде целото закопано во една од неговите стапалки и сега, многу потешко од секогаш, му успеа да го фати и да го однесе нараце во својата собичка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неколку пати се обиде да ѝ го фати погледот, но тоа не му успеа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сакаше да делува рамнодушно, но не му успеа, зошто на лицето ги помина сите бои од виножитото. Цела палета.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но уште неколку дена - уште неколку оброци - дури му успеа и тој потфат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сме произвеле многу малку софтвер, за да им помогнеме на нашите деца да ги употребуваат тие моќни инструменти. 80 Margina #17-18 [1995] | okno.mk u Но, не ли му успеа на Нинтендо да си ги сочува правата, да спречи куп американски претпријатија да изработуваат софтвер за него?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Методија ги дофаќаше предметите, се држеше да не тоне, но не излегуваше, туку мавташе со нозете, напињаше и гледаше да дојде до оглавот на магарето, да го фати, да го извлечка и него; но кога ќе му успееше да го фати за оглавот, матицата на водата ќе го зафатеше да го влечка и тој пак го отпушташе и фаќаше надолу.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Еднаш му успеа цела недела да удира врз железото во ритамот на срцето.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Дури по една година на тато му успеа да ја наговори мама и да ме зачнат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ако со тоа може да ми дојде до ак, не знам како ќе му успее.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Она што не му успеа нему и на неговата Пена кога одеа на посета во тесното подрумче, како да му успеа на синот на Борис Биџов, сосема попатно спомнувајќи дека за последен ден работи таму, си нашол место, амалско, во тутуновиот комбинат, а тоа беше доволно Пелагија тоа да го прифати како идеја.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сепак, му успеа ракописот да го заврши некаде во првата третина од последната страница на зелениот блок.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)