му (зам.) - треба (гл.)

Кога неочекувано загрме за време на перформансот на Гилхрист во Фрајбург, на отворено, техничарите прво ја заштитија опремата - потоа публиката ги предупреди на тоа дека и на озвучениот спијач му треба некаква заштита.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓутоа, колку и тоа да е чудно, најмногу од сите беше исплашена Ирина; таа лежеше во градината на трева и ги милуваше своите дебели бутини; стравот од лудило ја беше приковал за земја; но и во ужасот, таа покажуваше здрав разум: овој настан ги урна нејзините планови, и сега се плашеше и да помисли на тоа да го напушти Вадим; „кому би можела да му требам ваква“ - се матеше во нејзината нежна глава...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вадим почна да наликува повеќе на шумски дух отколку на научник, и најмногу се плашеше да не ги изгуби своите математички способности.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
При последните операции тоа создаде слика на леш на аутопсија којшто не престанува да зборува. (Orlan 1995:8) Во смисла на ризик, озвученото, успиено, ранливо тело на британскиот уметник Bruce Gil- christ, изложено на благи електрични удари, може да делува алармантно - но ризикот од техниката е незначителен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Малку му требаше да ја испружи раката посегнувајки по куршумот ама стравот преовлада над љубопитноста па тој се созема и се скри што подлабоко во козјите килими...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Му требаше само чекор, пресуден чекор, да купи коза, па да го фати чекорот на нивниот марш.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така секому му треба помалку време да го чека автобусот одошто да оди в гаража, да го запали автомобилот што ја ќе го запали ја не, да ја извади од гаража, да ги разнесува жената и децата и да не заборави гаражата пак да ја затвори.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Бесплатен и со помош на електрониката организиран така што работникот навечер, пред да си легне, од својата домашна тастатура јавува во колку часот утре му треба автобус и за каде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ниту нему му треба вода како вода, велат, ниту црква како црква, ни светица како светица, туку нему му треба, велат некни во дуќанон на Чанета, ние да клекнеме, да му бациме рака, да му оддадеме почест, а тој да стане пратеник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На улицата пред Ману во пресрет му притрчаа две дами кои прво љубезно му побараа запалка, па го прашаа да не му треба нему нешто за возврат.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ако му треба, каква култура му треба?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ќе го решат, евентуално, разни индивидуалци. То ест, на операциона маса.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Можното паралелно прашање е, дали на одреден народ му треба култура.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мала канцеларија, канцеларијата на Мартин, иако поголема и не му треба, во целина уредна, освен скромниот неред на работната маса.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во овој хотелски комплекс има сè што му треба на патникот: и грилови од нога, самопослуги, каде што цените се многу прифатливи, специјални продавници во кои може да се купува стока за конвертибилна валута.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Секој земаше толку за да може да мине едно деноноќие, а и зошто повеќе да ја натрупува, торбата - треба да остави нешто и за својот собрат, а и не му треба повеќе, и утре, пак кај „Халите“, ќе има „продукти“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Му требаше уште еден мал чекор па да ја искачи задната скала.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Погледнувајќи го така стражарот, Пискулиев можеше да заклучи дека неговото лице не издава ништо грозно, ништо што би влевало во човека особено тревога, ами напротив, иако строго, што е во моментов сосем разбирливо, тоа изразува извесна мерка на правичност, а од тоа повеќе на Пискулиева ништо и не му треба.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Што му требаше да се препира со Боцета за свештени работи?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Веројатно на кметот толку му требаат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А само оние кои добро научиле дека животот трае одвратно долго знаат дека на лозарскиот полжав му треба цел еден ден да ја помине асфалтната улица.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Покрај јадењето, судењето, наложи и парични давачки — „за пашата" — од секое село, покрај оние што и собра есеноска од црквите. Му требаа на пашата бели меџудии да ја подреси уздата на коњот; му требаа лири и половини лири за ќостези на саатите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Главниот пак доход го носеше, оставаше (а кога му требаше земаше) кај Митра во Полчишта кај која наоѓаше сѐ она што, му требаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но овојпат тој е научник кому веќе не му треба куче за да ги потврди неговите теории - најдобри резултати се постигнуваат кога самиот научник станува куче.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На Ренди воопшто не му требаше многу време да се разгневи.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тоа упорно се докажува со фактот дека очајнички му треба публика, галерија, или воопшто големиот Друг.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ќе му треба шиење на тетивите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
1. По технологија, тоа е главно вака: откако ќе се постави претставата, делото по правило го снемува, Режисерот го има во главата, нему не му треба (поправо, тој го има во главата уште пред претставата; а по претставата, воопшто не му треба, заправо му пречи, зашто треба да му влезе во главата друго дело според кое ќе ја прави следната претстава).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Му требаше светлина, таа беше неговото единствено оружје што го имаше и со кое можеше да им се противстави на волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зашто во овој свет, ако гледаш и размислуваш, никој не прави нешто што не му треба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А можеби и не му треба на тоа раѓање насмевка и допир на прсти.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Колку години му треба на патот на јагулата до сонот што блескоти во зелената мов на карпите и е населен со псалмот на оплодувањето?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Татко ѝ на баба Севда, тогаш уште беше човек кој добро се држеше на своите нозе за да му треба патерица, но ја имаше земено зашто во тоа време овде, по овие села, таква беше модата, луѓето од средни години натаму да одат на гости со патерица и во преплатата од џамаданот да имаат бројници со чие броење ќе си го одржуваат ритмот на достоинственоста на разговорот со домаќините.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Секогаш размислата го враќаше на веќе здодевното и бескорисно прашање зошто му требаше да има куче?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Братучед ми Методија, откако умре татко му, испофрла од дома сè што на една селска домаќинска куќа каква што беше неговата има, и ја наполни куќата со книги и семсекаков градеки џутур-мутур што во Скопје не му требал.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Татко ѝ на баба Севда, како и другите домаќини луѓе, кога ќе почнеа да одат со патерици, тоа го оправдуваа велејќи дека му треба за да се одбрани од кучињата, што беше вистина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На сонцето, сето вцрвенето, уште само чепорок му треба за да се сокрие зад Плоштина, но небото е толку изјаснето и таму, на западната страна, прекриено со црвени облаци, па се чини дека изгрева нов ден, а не дека овој зајдува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Толку и сол ќе му треба за да го штавам.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
КОТЕ: Ујдисавте што му треба на детево за пат да земе?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А можеби ваквите помисли ми идат и заради она негово обраќање што беше пресметано да ме замолчи. ( Или неговата интервенција беше со друга намера?) Навистина не знам дали му требаше тоа: "Другарке Огнена, за се што ќе ни се случи не се свикува конференција.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Кога ги открив помеѓу нејзината облека розовите гаќички и свилениот црвен комбинезон што пред малку ти го пробував си реков зарем може да е грев ваквите убавини ако ѝ ги облечам место на Натето Дуково на Огнена што уште не сум имал среќа да ја допам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А ти, речиси, веќе си втасан таму“, ми беше рекла.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Те молам, имај го на ум тоа".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На човеков му требаше многу, многу борина за да спотни поубаво гламната.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Едно утро наеднаш се загледа во мене изненадена: „На човекот му требаат многу години за да израсте од дете во човек.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Даниел знаеше дека на Френк не му требаше многу за да направи некоја духовита забелешка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На Филип му требаше време да ми ја отвори душата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Шатев пишува дека му треба простор за да ги прикаже сите соучесници во солунската динамитна акција, меѓутоа, поконкретно зборува само за неколку, а на другите не им ги посочува ни имињата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Едно попладне на почетокот од јуни, кога Матилда го остави јас да го причувам додека таа бараше лекови за Зигмунд низ Виена, Хајнерле ми рече дека мора да е многу убаво сега во парковите, а јас само климнав со главата, „И цветовите сигурно чудесно мирисаат,“ продолжуваше, јас промрморев нешто, потврдувајќи, додаде дека и птиците сигурно пеат поубаво отсекогаш и двапати свирна со устата, имитирајќи птица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите мислевме на Зигмунд – Ана се грижеше дали му заздравува оперираното место, мајка ми се плашеше да не е тоа некоја поопасна болест а не обичен израсток, Мина внимаваше тој да има мир за може да се посвети на своето пишување, Марта не му дозволуваше да се преморува во работата со пациентите, Матилда постојано набавуваше нови лекови, јас правев сѐ да не бидам премногу упадлива во настојувањето да бидам што е можно почесто кај него, придружувајќи ја мајка ми, и така не успевавме да забележиме дека Хајнерле сѐ повеќе и повеќе слабее, дека главчето му се претвора во неколку прамени руса коса под која светкаат испакнатите очи и темнее зеленикавата кожа, никој не помисли дека му треба разговор кога го слушавме како, додека разговаравме за Зигмунд, си шепоти некои зборови самиот за себе, не го прашавме од што сѐ има страв, кога видовме дека го плаши чаша превртена со дното нагоре а отворот поклопен на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе срипаше од постелата, ќе свикаше не баре му дошло крајот, а со крикот ги будеше и соседите кои знаеја дека Сане се одлепил од земјата, го изгубил здивот и оти ќе му треба долго време на земјичката да си се врати.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа прво се уплашила за здравјето на дојденецот, но кога овој почнал да и поставува прашања од типот дали го познава Бихнер и дали ја читала неговата пиеса, сфатила дека на дојденецот му треба помош, ама поинаква.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мислатa му луташе низ главата наместо да се смири и да му го даде одговорот што го сакаше, одговорот што во тој миг му требаше за да не биде толку проклето изгубен во овој туѓ простор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш, во топлината на селските куќи во какви што никогаш не живеел, тој сфаќаше колку во тој миг му треба да ја слушне музиката и колку многу му треба да ја сети жената што ја љуби.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Книги, музика, филозофии – доста му беше од сè, му требаше да почне вистински да го живее својот живот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Така му треба.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Бидејќи на човекот, на секој човек верувам, а особено на осамениот, најмногу од сé, можеби повеќе и од самата вулгарна храна, му треба човечки збор, јас него го наоѓав во деновите пред вселувањето во оваа “моја” гарсониера, во читањето оти тоа за мене беше најдобар, највдахновен и најбезбеден разговор со човекот што се потрудил, ризикувјќи ја сопствената приватност, да ги стави своите размисли и чувства на хартија а потоа, претрпувајќи го цел оној унижувачки чин на оценка, уште okno.mk 71 и да ги обелодени пред јавноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сега ќе одат, мислеше. А имаат две добри пушки, и добро се облечени. Најпосле тоа е сѐ, што му треба на човек тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не му требаше многу, од Задругата, што ја сонуваше тој, Змејко, оној таму да го создаде овој свој пекол.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, не. Му требаше за тоа доста време, но тој најпосле сепак виде дека тоа се само неколку блиски гранки, избрстени и црвеникави, порастени на врвовите на неколкуте околни дрвја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Љубам да го дочекам сонцето кое доцни по светлината зашто му треба време да ги искачи зградите околу мене, смешно надградени како вила „Слога“, во различни бои, тесни а долги.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Му ги собувам чевлите, на умрен чевли не му требаат, си велам, и му ги отпетлувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали му треба нешто? Да знам што да раздавам за душа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Зошто? На мртвиот не му треба ни прстен ни оков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можел да загризе и во врат на ѕвер. И сепак ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гледам, си се накитил со неговиот прстен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Без објаснување во себе и за себе, темен и тромав, неприродно наведнат над живото петно во мантија, со претчувства барал да ја прочита вистината од челото на заспаниот, најпосле, навистина, куќата горела, некој пуштил од дланка пламната птица врз 'ржениот покрив, Гавруш Пребонд или попот Панделиј Каламарис, и тој станал бескуќник; спиел во тесниот дом на шурата Адам Лесновец, јадел негови компири, благословувал на софра со негово вино и осамен бил: не му треба жена, топло месо под ленена кошула и подвижни мали дињи под кожата на градите, му треба мајка на двете негови деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ајде, да кажеме добро направил тоа што ја спасил, ама што му требало на раце да ја носи дури горе, кога ја дочекал жива. Тоа не го разбирам!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
За ова девојче, како што си било ваков ќибар и маж му треба ќибар.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
РИСТАЌИ: Што му требало пак на раце да ја носи дури горе?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Му требаше половина час за да го најде коњот и да го врати. – Добро, – рече тој, – скокај. – Цел свет сега се буди. – Што ќе правиме, – реков јас. – Или ќе го вратиме, – рече тој, – или ќе го скриеме до утре наутро.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Сепак, – продолжив јас, – колку време јаваш секое утро? – Само ова утро, – рече тој. – Ја зборуваш ли вистината? – реков јас. – Се разбира дека не, – рече тој, – но. ако нѐ откријат, тоа ќе треба да го речеш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Никогаш не му требаа лично за него, туку секогаш најпосле цврсто да ја втемели својата егзистенција.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ги анализираше со ракија или со три шишиња вино, зависно од штотуку изнудената сума.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Смета дека конечно ја добива заслужената казна затоа што го „напуштила“ семејството толку години порано, кога било полно со проблеми и му требало помош.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сфатив дека му треба запалка. Немав.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
За што друго можеше да му треба тоа дрво ако не за некаква ѓаволштина што му светнала во главата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На умрениот му требало бел чаршаф за да не го гори сонцето, чаршаф веднаш се донесува.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сигурно долго време му требало на Кејтеновиот син за да ме изнајде меѓу стрижените глувци.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На умрениот му требало шамиче за да му се избрише крвцата од устите, другарката Оливера Срезоска со солзи го подава своето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
В земја никому ништо не му треба, ни дожд, ни маслинкени стебла, ни Марија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не му требаше долго да почне а кога почна - потекоа прашања и се затркалаа околу него како топки од гума.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На човештвото веќе не му требаат херои од воените полиња, бидејќи, а ете до тоа сфаќање конечно се дошло, новото воено поле за искажување на старите подвизи би значело смрт за човештвото.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Чкртајќи на салфета се сетил дека на брат му, рок-музичар, му треба фонт Маргина 36 179 за постер на бендот што воедно ќе го рефлектира карактерот на бендот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ако не му требат, нека ги тргат на страна, па да дојдите да нѐ посетите тука, Филаделфија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Многу минувачи се чудеа како можеше во таа континентална клима под Пелистер да вирее едно растение на кое му треба топлината на медитеранот, а таа, мимозата, таа се хранеше од топлото македонско сонце во летните горештини и љубовта на ќерките на Таки мумиџијата кои ја негуваа со огромно внимание.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На секој оброк таа го преколнуваше да не биде себичен и да не заборави дека неговото сестриче е гладно и дека исто така му треба храна, но немаше фајде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му го велам тоа, а знам дека нему не му требаат зборови.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога мислев дека ништо нема да биде од оваа работа, уредникот на "Цвет" сам ми се јави, ми рече дека само што почнал со читање и дека мојата книга му се допаднала, но ќе му требаат неколку денови да ја прочита целата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Уелкам ту парадајз Откако авионот ќе направи тач–даун, му треба уште пола саат за да се откотрља до терминалот.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Тачно знае кога е четврток (гарбиџ деи) и редовно ги отвара сите кеси со ѓубре, за случајно да не си фрлил нешто што му треба.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Го имаш тој глупав мал глушец на кој му треба само едната рака, и очите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Незнам кому му треба одговор?!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Па дури и за такво лесно забавување, навистина не му требало да ја довлечка од "таму".
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Колку малку му требаше... Трошки внимание.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Карл е малечко момче. Му треба време да се навикне, дека таму, некаде далеку, во некоја далечна земја, има уште една мајка, за која првпат станува свесен...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На детето му треба вистинската мајка.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во тоа време, шест седум месеци по свршувањето на војната, останаа полни магацини со оружје, а во секоја смрека имаше по петшест пушки, револвери, бомби, та дури и цели митралези се наоѓаа ако му требаше на човек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Наречниците разбираат и шо мисли човек, не само шо зборуа, та една од виа мојте да го вати, не му треба повеќе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Митрета не му требаше повеќе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Разбра и која е субашицата во харемот на кадијата; кој е евнухот кај каданите, што прават и каде живеат тие, колкава е заштитата ноќно време таму, и сѐ што му требаше за еден напад.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нему не му треба ни Пелагија за да го донесе дотука!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога ќе стасаше во селото, слегуваше од коњот на широчинката крај езерото, а ако беше убаво времето, селаните му носеа масичка и стол под сенките на муренките и тој седнуваше и започнуваше да пишува кому што му требаше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На коњот со кој доаѓаше, го носеше потребниот прибор што му требаше за пишување: хартија, индига, прописи, мастило, перодршки, моливи во разни бои за поцртување на поважните работи; им пишуваше на селаните жалби, тужби, молби за судовите, началството и секакви поднесоци до органите на власта.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Што му требаше свињи. Зарем не знаеше како порано настрадаа нашите стари од таа чума.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Едо му се заблагодари бидејќи нему му требаше уште време за да дојде на себе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Имаше чувство дека сè што му треба веќе е на пат кон него само од себе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беше толку збунет што тоа му овозможи да си рече дека треба сè добро да се промисли, дека му треба време колку-толку да се смири за да може да размисли.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нему му требаше некаква врска што во Скопје не ја најде, а сега е прашање на среќа дали таа врска ќе ја најде и каква ќе биде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тие денови навратуваше во библиотеката на Домот за печат каде што држеа комплети од дневните весници, да продолжи, додека вака ништо не работи, да ги листа старите комплети, да фаќа белешки заради хрониката што му требаше за еден проект.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во секој случај, прво малку се збуни од моето прашање, му требаше нешто време да се потсети, но потоа за миг лицето му го греа милина па пак му се смрачи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како Господ да му имаше дадено сè што му треба.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нему му требаше девојка којашто ќе ја сака и ќе го сака.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сегана таа мапа што веќе ја имаше во главата, му требаше да ги постави локациите на своите информативни извори.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така, на Најдо Пашалески, детето на Ица не само што не му пречеше туку го сакаше како свое зашто знаеше дека тој деца не може да има, а освен тоа нему жена му требаше да има кој да му ја гледа куќата, да му зготви, да го испере и да го закрпи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А Сврделот, не само што го подмирувал партизанскиот одред со сè што му треба туку ќе собере повеќе леб, сирење, облека и други работи и утредента, преку своите луѓе, преку тој Војнета и неговите пријатели во Ливаѓе, отповеќето што ќе го собереле по селата, ќе им го продаделе нешто на луѓето по селата и повеќето овде во Битола бидејќи по градовите тогаш се гладуваше за корка леб, а тој за возврат, за храната лесно добивал добри пари дури и од изгладнетите италијански војници.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беше сигурен дека тоа е тоа што му треба.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сите му беа убави, но не знаеше која му треба нему.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Секој од нас до задишување брза да ги стигне дуќаните отворени за да купи тоа што му треба за денеска, тоа што одамна веќе сака да го купи или тоа што би го купил.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нему чиниш му требаше напор да го крене погледот кон соговорниците при што веднаш се забележуваа неговите раширени зеници во изморениот поглед.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Некаде во април или мај идната пролет чичко Васко како да го најде токму тоа што за Еда му требаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На Еда Бранов, писателот, не му требаше многу да се досети дека автор на овој идентичен ракопис не може да биде некој друг освен оној Методија на Јосифа Јовановски од Брајчино.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Баш му требаше едно вакво добро утро“, му рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На она што се раѓа во овој миг – му треба море!
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
На она што умира во овој миг – му треба страстната душа на мракот Како говор на запалени бои во црвено.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Малиот ги шутира.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
КУРТА: Колец му треба!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
КУРТА: Зошто му требаат нашите легенди?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Веројатно трагам по некој збор или сеќавање за некој негов гест кој понудува еден вид утеха, или барем мало олеснување покрај разговорите во „Изгрев“ и неговите ламентирања седнат врз исклештениот тигар.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Сега, откако ја навлече пердувестата небесна блуза нему тоа најмалку му треба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги собра со раце последните грутки од дното на гробот, и излегувајќи, рече: - На детето не му треба подлабоко да почива...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Потоа помисли на сите со кои некогаш имал разговор, но знаеше дека никој од нив не ќе го ислуша со толку срце колку што му требаше нему.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Така и му треба на јатак арамиски.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Колку ли денови нему ќе му требаат за да се врати, се прашувавме ние?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури и не се знаеше кој треба да го одбрани а кој да го освои тој проклет куп земја и камења, и зошто воопшто му требаше некому!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не му требаше многу да сфати дека молчеливоста, проследена со воздржаната љубезност е најдобар начин да се остане безбеден.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Му треба и на мажот ми.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Нашата вистина никому не му треба, вели Апостол Макаровски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На Дедо Мраз толку му требаше за да зине: - Аааа, значи ова е таа земја скриена во глобусот што ме довикува со години!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Толку му треба за да види се што има во најмалата, најнепознатата, најскриената државичка на светот, чудната земја Дардаванија.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Позитивноста, позитивно насочете ја, кај оној на кој најмногу му треба.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Имаше изедено безброј букви и азбуки, па му требаше неполна минута за да испразни чинија супа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Да му остане само толку време колку што ќе му треба за да се врати, се разбира, ако успее да извлече глава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ами, зошто ли му треба куталето?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И мој долг сакате да плаќате, рекол тој и, без некој да го знае што прави, се стокмил сè што му требало за тргнување.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сонцето и на поетот му треба во сончева песна да го стави и убавината на светот да ја слави.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сончевите зраци ги чека рипчето в езеро, река, сонцето му треба на ќосето црно, на мравчето, на житното зрно.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сонцето му треба на славејчето да пее, сонцето треба и бубачките да ги згрее, сонцето им треба на нивите, на сливите, на смреките, на реките, на ливадите, на зградите, на прозорците, на луѓе, птици, елки и борови, по шуми, полиња, долови и дворови.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Најпосле, Тоа мора да зборува, затоа му треба барем неговата вилица и вокалниот тракт, Тоа мора и да слуша, затоа му треба неговиот перцептивен кортекс и ушната школка, му треба и неговото внимание, затоа најверојатно ќе преземе и дел од неговата мозочна кора.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
На Фокс му требаше Хироши, Фокс го сакаше Хироши толку силно да тоа можеше да го вкуси.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Да ја родев јас, немаше да заплаче, ама сираче си е сираче, не му треба многу.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Онака огромен и разлутен Лазо го грабна Турчинот одзади, го свитка на коленици, велејќи му: Малку му беше тежок каменот, малку сонцето што го пече, па и камшикот уште озгора му требаше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
За да се состават буквите за само една страница од оваа книга, знаеш ли колку време му требало на еден работник? Цел ден!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
За тоа му требаше уште со темно да појде од Блатието, да се изложува на опасности од зулумќари и разни силници кои толку често се среќаваа по друмовите, па потоа и да чека пред градските порти додека да помине деврието.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јас му требам нему како аза, зошто да се турчам?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го погледа Сандрија откосо, божем навистина му треба неговото мислење.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А, сега уште и тоа, состанок! Што му требаше таа беља? – се јадосував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ајде биди кулл – го имитирав брат ми – во Охрид стори го она што треба, а ти ќе знаеш како и кога, само малку подразмисли.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Истиот начин на разговор го применувавме со моите кога се јавуваа од Индија, а така мора зашто разговорот оди преку сателит, оддалеченоста е голема и му треба време на гласот за да го мине сиот тој пат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За попладнето имав договорено да играме „народна” со другарките на “Плавата уличка” и очај ме фати кога помислив дека тие ќе играат, а јас ќе треба да седам на тие наши глупи состаноци.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се чувствував некако понижено и навредено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Слично како со грмотевиците – ми објасни татко ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е, претера – си помислив, ова со килимот не му требаше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Истото охрабрување му требаше сега на Саше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го замислував како лежи на каучот изморен од бурните неколку дена и сега, кога му треба некој да го згрее и утеши, мене ме нема.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Си велев, ете го стариот и добар глумец, се враќа во форма кога сака нешто да си добие, му требаат жртви стари, нови не е важно, важно да има со кого да се изживува.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Нели правевме муабет и менаџерот рече дека му требаат девојки за таму.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)