му (зам.) - спомне (гл.)

- Јани не му спомна за тоа што му се случи по првата борба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Значи јас не му спомнав ништо за Филип ниту пак тој ми спомна дека постои Евелин во неговиот живот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Инаку за излегување не ќе смеев ни да му спомнам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зар на Никодин да му спомне дека носи некое копиле.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Марша и татко му понекогаш ќе му спомнеа за тоа дека неговата мајка е во друга држава.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На Даскалов не му спомнав ништо ни за фирмата Декоратер што му остана на Ристе како наследство од реализацијата на сценографијата за едночинката Аналфабети.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога му спомнав дека мајка ми ми нема зборувано за тој Боге од Бањи, Даскалов ме праша дали познавам некого од роднините на кои треба да им јавиме дека мајка ми починала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Треба убаво да си ги отвораш очите".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му го спомнав само оној дел од разговорот со Ристе што се однесуваше на Маџунката од Криви Дол; за мајсториите на Маџунката во правењето на ковчези; а патем ја спомнав и последната желба на мртвиот, како и иштавот на покојникот што не смее да се погази.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само како напомена еднаш му спомнав дека ќе треба да внимава, да си седи мирно; додека си ја средува иднината да не буричка премногу наоколу; добро, мислам дека ми се отпушти и она, ако буричка тоа да го прави со усул.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Реков дека не познавам никого.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бидејќи и самиот помислив дека можеби сум згрешил и дека можело да се случи да сум го упатил во лоша насока со спомнувањето на она буричкање следеше напомената: „Ова е град, момче.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Знам што ве мачи“, ми упадна среде збор Иван, а притоа се чинеше и самиот загрижен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога тргнував за овде на другарот Ѓорѓи Смокот не заборавив да му спомнам дека кога ќе втасам во Виена на Благоја ќе му ги предадам и одличијата што му беа доделени.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Другар Ѓорѓи, му се обратив на Смокот, и одличјето што ти ми го предаде ќе му го однесам за да види дека не бил отфрлен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Па за оној кај кого се парите, пред малку за него зборуваше со „Амбасадорите“, - му спомнав јас.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Човекот во престилката и Живко се испоздравија како да служеле заедно војска, но Живко сепак стаса да му спомне на Предо да ја паркира колата во најдлабоката сенка, зашто овде сонцето особено печело напладне а ние може ќе се задржиме дотогаш, мислејќи притоа на месото посолено со црн пипер и на рибата обложена со коприва.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Зар не му спомнав на татко ти оти Ролан Јаковлевич и премногу го сакаше животот за да може да стори нешто за да си го прекине.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А татко ти тврди, и тоа кога сè излезе на виделина, дека сакал да останам скраја од тој злостор.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Сето тоа се гревови што го полнат, и покрај нашите добри желби, оној ненаситен бунар на нашиот заеднички живот!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)