му (зам.) - следува (гл.)

Ја измачуваше мајка си прашувајќи ја одново и одново зошто нема повеќе храна, викаше и ѝ подвикнуваше (се сеќаваше дури и на тоновите на својот глас, кој почнуваше предвреме да мутира и понекогаш ќе грмнеше чудно длабоко), или пак се обидуваше со цимолење да изнуди повеќе отколку што му следуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мајка му беше сосем подготвена да му даде повеќе отколку што му следуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во меѓувреме, се смилувал и дедо ми и му го доделил и делот од имотот што му следуваше на татко ми (ниви, овци, кози и говеда)...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Севкупните промени што настанаа во периодот 1993-2005 најдобро можат да се забележат од следната табела: Работен стаж во Максимален број Година години/број на плати на месечни плати 1993 2:1 12 2003 3:1 8 2005 5:1 6 Табела 1: Висина на еднократниот надомест при добивање испратнина Односно, ако во 1993 година на работникот со наполнет работен стаж од 25 години му следуваше испратнина во висина од 12 месечни плати, од 2003 тој имаше право на 8 месечни плати, за од 2005 испрат- нината, во неговиот случај, да биде преполовена на 6 месечни плати!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Дополнителен отежнувачки фактор за едно невработено лице да ги земе паричните средства што му следуваат со добивањето право на паричен надоместок е воведувањето на можноста времето на примање на паричниот надоместок да се скрати ако врз основа на авторски договор, вршење на занаетчиски и други работи или на некој друг начин се здобива со приход, кој месечно не е поголем од 80% од просечната месечна нето плата по работник во стопанството (чл. 79, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Парчето леб тој си го сметаше као некаков дел што му следува при секое јадење.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
А по второто судење, одлуката на Судот иако е позитивна за тужителот Божиновски таа е далеку понеповолна за него.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По оваа несреќна околност, Божиновски се решава да ја тужи битолската експозитура на „Кјуби“ АД за осигурување и реоси- гурување, за неисплатениот „минат труд“ без да бара враќање на работното место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По неколку месеци оттогаш, во ноември 2005, пресудата е извршена присилно од страна на судот (заб. со старите судски извршители тој е вратен на работа).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но сега, Апелациониот суд, преку советот (во состав В. Јанкуловска – претседател, А. Филипов и П. Лескова – членови), во април 2007, носи Решение со коешто жалбата на тужениот работодавач се уважува како основана, побиваната пресуда се укинува, а предметот се врати на повторно судење – поради утврдено користење на вештачење од предмет кој немал директна врска во спорот (заб. во текот на парницата пред првостепениот суд, во доказната постапка, беше превземено вештачење од друг сличен предмет од Основниот суд Охрид – П.бр.1697/05 од јуни 2006).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со новата тужба тој бараше, а подоцна со Пресудата (донесена од судијата Ѓ. Радојков) и доби надомест на претрпена штета [reparatio damni] поради незаконит престанок на работниот однос во вкупен износ од 286.121 МКД (4.690 ЕУР) и тоа: а) 275.811 по основ на неисплатена плата која би му следувала доколку одел на работа; и б) 10.309 по основ на пораст на животните трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Затоа Божиновски смета дека отказот намерно е даден по започнување на важење на новото законско решение, за да – на некој начин – тој биде „казнет“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А како причина плус за ова, покрај ликвидацијата,5 се јавува и смртта на сопственикот на СТД „Јасмина“ – со што настанува фактичка состојба, поради која не може да се оди понатаму со присилното извршување на побарувањето, кое иако правосилно и извршно, станува ненаплатливо.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тужениот „Кјуби“, кој повторно го изгуби спорот, незадоволен од ваквиот исход –  пак ја обжалува пресудата пред битолска апелација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова, својот оправдан гнев и револт Марковски го канали- зираше со поведување на уште еден, втор судски процес против истиот довчерашен работодавач – во јуни 2004.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Приказната на Јаневски, донекаде, има неуспешен крај... Тој не ја доби оштетата што му следуваше и му беше досудена, ниту пак доби ново работно место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Разочаран од самиот судски систем, а и од целокупниот институционален систем воспоставен во државата, тој не ја гледа добивката од сето ова и вели дека во иднина, доколку би имал повторно прекршување на неговите работнички права, тој воопшто не би 239 покренал судски спор!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А бидејќи тоа не било сторено, на работникот не му следува оваа разлика од четири плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како технолошки вишок стекнува право да биде регистри- ран како невработено лице во АВРМ7 и во наредните девет месе- ци (од јануари до октомври 2007) да прима паричен надоместок во случај на привремена невработеност од страна на државата, којшто му следува согласно ЗВОСН (1997).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено – во јануари 2008 – истата судијка, следејќи ги напатствијата и насоките на повисокиот суд, само делумно го усвојува тужбеното барање, при што „Кјуби“ беше задолжен да му исплати само K-15, а не и разлика на име испратнина – со мошне чудно и сомнително образложение дека ова право нема третман на „парично побарување“ (!?), па како такво прво морало да биде барано пред работодавачот, па дури потоа да се бара по пат на тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога компанијата „Кјуби“ дознава дека е тужена, го известува дека тој има акции кои, во негово име, биле купени од матичната компанија од Австралија (!?), и за да ги добие во валутна противвредност, треба да потпише Изјава – која му е понудена на потпис во август 2005, во која ќе стои дека сите права и обврски од компанијата се намирени и дека тој, како работник кој поседува акции, е согласен сумата што би му следувала од продажбата на овие акции да ја добие намалена, соодветно на 265 неговите „финансиски задолженија“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А по добиеното дело за разлика во плата, Божиновски покренува уште една – трета по ред – тужба, бидејќи на зголемената вредност на платата логично му следуваат и зголемени придонеси во ФПИОМ – кое право, во иднина, би му влијаело за висината на неговата пензија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За времетраењето на судскиот спор не беше ниту побарана, ниту пак изречена некаква времена мерка и Авдиќ не примаше никаков паричен износ, а не беше ниту здравствено осигурен од страна на работодавачот – иако тоа право му следуваше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред Нова година, Митревски го потпишува решението за технолошки вишок, а веќе следниот месец, во јануари 2007, му е исплатена и испратнина – во висина од околу 57.000 МКД (935 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)