Толе го нарача Колета уште од саботата навечер и овој даде збор дека утре само нему ќе му свири, па ако сака и самиот Челебија нека слезе да му наредува, нема да го слуша.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се држи за гради зашто таму нешто му свири; непрекинато долго се закашлува, посинува, се гуши и никако да ја откине и да ја исплука кашлицата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Да знаеја чалгаџиите дека му свират на утрешниот свршеник на Викторија, бездруго ќе му ја испееја и песната на нејзиниот дедо, кој истурил, по битолските меани, крбли злато од мерак по убавата Еврејка... Но не знаеја.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Додека газеше низ плевелот, си го слушаше дишењето, како му свири низ носниците, и тогаш сфати дека целото негово тело е во еден вид бунт.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ушите почнаа да му свират како парни котли.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Еве за што станува збор во расказот: Откако Петре му рекол на Кубеш, после добра пијанка дека е ништо друго до обичен шпион, овој му удира таква шлаканица од што на Петрета почнале да му свират ушите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
— Ти ли си Бесното, ми вели, а мустаќите ко струни му свират и му светкаат од росата што му се нафатила на нив.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Раснел близу до Минхен, а доволно длабоко во природата; додека татко му сликал, тој бил покрај неговиот штафелај по полињата, до потоците и во шумата во околината на домот; остатокот од денот го минувал со мајка си, која понекогаш му читала поезија и му свирела на пијано.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А сепак тоа идилично постоење не ја намалувало тагата на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И дека татко знаел колку сакал многу да свири Јоше Свирачот, постојано го терал да му свири одозгора.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Па после ќе го натерал да му свири со гајдата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)