му (зам.) - свика (гл.)

Кој знае до кога ќе тераше вака ако некој однатре не му свика да ја остави.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Занеми! - му свика Коле. Ние молчевме загледани во камењата пред нас, страшно стиснати.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Ехеееја, полека! - му свика овчарот. - Кај си залетал со рачката?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој знаеше и на Трајан и на стариот велгоштанец и на кој и да беше и каков да беше мајстор, штом работеше со него, да му свика и да му се скара за најмала работа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сега Веле сам ги мереше и ги разгледуваше полека, како што го правеше тоа и башмајсторот, без да се плаши дека ќе му свика некој или дека ќе сретне злобен и завидлив поглед на мајсторите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа не е наредба, му свикав јас нему.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Змејко му свика на коларот да растовари под него, но оној како да не го чу. Тој замина нагоре по сретселото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако му свикаа да се сврти како што треба, џвакаше безволно, споро, како секој залак да го испитува и проверува во устата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И долго тоа седеше така вкочането сè дур Богдан не му свика и не го истера.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Постојаното свиркање на Темелко, му ги истенчи нервите на сакатиот и тој не можеше веќе да издржи, та еднаш кога му свика да запри кога Темелко не запре - сакатиот го удри со патерицата по устата и темелко падна.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Еден ден се боревме и почувствував дека се заборавил во жарот на борењето, ја зеде машата, а јас избегав зад еден плет, тој удри во плетот, дотрча мајка ми и му свика: Што стори бре, Тасе! а тој – Остави Ристено, ќе си го утепав детето, цел ден немам тутун и таков сум.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Само еднаш се осмели, на еден помлад референт за вработување, во фабриката за чевли, да му свика: - Јас не дојдов да те прашам како да си го редам личниот живот, туку да барам работа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Правеше напори Богуле пак да ја сретне, да ја разувери, но еден ден татко ѝ го забележа каде што се врти околу куќата и му свика: - Ако уште еднаш те видам да ѝ додеваш на ќерка ми, ќе те прекршам...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Жена му излезе на чардакот, го забележа и му свика: - И куќава да се урне, тебе ти е сè едно...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Мил му свика, но тоа не запре: запре дури кога го удри со клоца и го спотера во куќичката.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Каде одиш - му свика пак и го фати за раката.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Илко му свика: - Не слушај, зете, такви глупости...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дозна за тоа татко ѝ Илко и растревожен, лут, му свика на Дукле: - Ни со животно не се постапува така...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Таа го згрчи лицето. - Варварин! - му свика и почна да плаче.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Некои одеа првин кај мртовецот, му изразуваа сочувство на Танаил и ѝ палеа свеќа на мајка му; ѝ ставаа овоштие, локум и босилок на ковчегот, поседуваа крај неа и издишувајќи од жал, подречуваа нешто за кутрата старичка како се мачела како вдовица да го гледа и одрасне Танаила; и сега кога треба да проживее во полна куќа луѓе, таа си умира, си оди од овој свет; подречуваа нешто и за нејзината кротка, блага душа која на сите во селото, и роднинина и нероднина, само убави зборови им велеше, и која ни на живинче не му свикала, лош збор не му рекла; ќе сронеа по некоја солза, ќе поплачеа, и ќе си заминеа дома; ќе се измиеја на чешмата средсело или езерото, ќе го соблечеа црното руво, ќе облечеа други алишта, и одеа кај Китан на свадбата, на веселбата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Еден од луѓето што го држеше младичот, го завлечка посилно и му свика: - Оди, оти ќе те врзам за коњов...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таа му се оттргна и му свика: - Јас не сум курва...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога по трет пат му свика да ја извади капата, Рогле започна да ја одврзува, но нерешително.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мајка му свика: - Немој, синко, немој!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Пусти Силјан тогај дури се сетил оти штрк е и може син му да го удави и умре, ако не беше му свикала мајка му на Велка да го пушти од раце, и умирачка ќе си го најдеше, чунки можеше да го врзе Велко со еден сиџим за нога и да си игра со него, како што си играат деца кога да врзуваат врапчиња и чавки.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Поорале уште една бразда, пак Велко беше се опулил и бидејќи дете, пак му свикало на деда си: „Дедо, дедо, ете го штркот зад тебе, заврти се да го видиш.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Не знам како се сврте Велко назад, го видело штркот оти е близу деда си си му свикало: „Дедо, дедо, опули се зад тебе, ете го нашиот штрк.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Море сиктер, бре ѓаур, - му свикал бегот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го надушиле ѓаволите и кога еден ден, додека си молчеше затаен во сламата, некој како гром од ведро небо туку му свика: - Јатак!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Нему му се смачи молчењето на деда Бошка и му свика: - Кажувај де: бидуваш или не?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Луман не му даде ни да се прибере: - Ти ли си тој што не плати! – му свика.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Семјон, сега тебе ти е редот“, му свикал во еден момент тој Бјелоусов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дудан молчеше. Кога дедо му свика погласно, Дудан заплака.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Да те нема! Поткини си ја шијата! - му свика Коле.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Но овој му свика: „Не може; и без тебе ќе го закопаат...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со нејзината смрт жените во селото здишнаа олеснето, зашто пред извесно време, пред да се растури фронтот, Цанулица, сета бесна, влета во црквата на празничен ден кога попот Матлија држеше богослужба и му свика: ”Ти попе, црквата да си ја гледаш, а не да се мешаш во туѓи работи...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„По ѓавола фати!“ му свикаа тие, „Ако ни беше до овошки, ќе ископавме дупки на оние места кај што можат да растат...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Денеска го начека дома и му свика.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Не можеш ти да ми забрануваш да одам на својот имот!“ му свика Грдан.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во петок имаме тест. Денес на професорот му донесов домашна работа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ни крив ни должен, Ѓорѓија му свика околу проблемот на решавањето на една задача.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Баба ми налутено му свика.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Немој да го браниш - му свика таа на дедо ми, - нека е жив и здрав, син ни е, ама не е од збор.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Рошав, - му свика Абраш на оној со мозолчињата којшто замавна кон мене со синџирот околу раката, - остави го, Молња е мој!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ух, што си здодевен! - му свика Нацка. - Сѐ ти знаеш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Почна да бара нешто по џебовите и токму кога имаше намера да го праша нешто минувачот што брзо чекореше крај него, јас му свикав: - Дедо, дедо, што правиш во ова време овде?!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Затвори ја муцката Треска! - му свика Абраш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Глупав еден, - му свика Величе, - ние не си играме партизани и Германци, ние сме вистинска банка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ефрејтерот оттаму преку му свика: - Ајде Македонец, што чекаш?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се свртев кон влезната врата со цел да одам да му кажам на работникот Ристе Петревски кој беше во канцеларијата на секретарката, ама тој веќе беше на вратата и му свикав да викне брза помош.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Без пиво не те бидува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко ми се испречи меѓу нас двајцата и му свика: - Што ти е тебе?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Измиј ги прво рацете! – му свика пак Тета.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не туку фолирај, мислиш дека не видов дека ти се допаѓа? – му свикав на шега. – Не била лоша! Море, авион е за тебе!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Смири се, ќе ти ја врзам една, да знаеш! – му се закани за да го смири. Тоа помогна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ама смири се дете! – му свика строго тетка ми. – Престани кога ти велам!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не ти текнува да ги измиеш кога ќе го фаќаш Бак.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Што ми фали пак мене? - Ништо, ама не знам зошто сте вие машките такви, кога некој ви се допаѓа, не го кажувате тоа отворено, јасно и гласно, туку сѐ нешто изведувате – реков и во тој миг се сетив на Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ти па, уште невлезен, на пивата мислиш – му свика Тета.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко ми овој пат не беше во право што толку многу му свика.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко ми вели дека ќе оди во спалната малку да дремне, а брат ми повторно ги обува патиките, се разбира без одврзување, туку ги нагазува, токму така како што татко ми да го види веднаш би му свикал, и оди надвор: - Само да знам – довикува од вратата – ќе правиш денес колач или воопшто да не се надевам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)